Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Над 400 дронови и 40 ракети упатени кон Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library0s99ieppvlg1dWOtv48

Со над 400 дронови и околу 40 ракети, Русија изврши масовен ноќен напад врз Украина во периодот меѓу 6 и 7 февруари, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски. Главна цел на нападите биле енергетските капацитети низ земјата, јавуваат украинските медиуми.

— реклама —

Зеленски преку социјалната мрежа Икс информираше дека руските сили ја таргетирале енергетската мрежа, производните капацитети и дистрибутивните трафостаници. Според неговите информации, регистрирана е штета во Волинската, Ивано-Франкивската, Лавовската и Ривненската област, а во градот Ривне е оштетена и станбена зграда.

— реклама —

Во Ладижин, во Виничката област, беспилотни летала погодиле управна зграда на земјоделско училиште. Напади биле регистрирани и во Киевската и Харковската област, додека во дел од регионите украинската противвоздушна одбрана и натаму дејствувала во моментот на објавата.

— реклама —

Украинскиот претседател повторно апелираше до меѓународните партнери за зголемена воена помош, посебно за дополнителни ракети за системите за противвоздушна одбрана, нагласувајќи дека заштитата на енергетската инфраструктура е клучна за опстанокот на земјата.

Министерот за енергетика Денис Шмигал потврди дека во нападот биле погодени клучни трафостаници и далекуводи со напон од 750 и 330 киловолти, кои, како што рече, претставуваат „’рбет“ на украинскиот електроенергетски систем. Тој оцени дека станува збор за сериозен удар врз стабилноста на снабдувањето со електрична енергија, особено во зимски услови.

Нападот е дел од континуираната руска кампања насочена кон слабеење на украинската енергетска инфраструктура, која последните месеци е честа мета на масовни воздушни удари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kremlj

Кремљ: Нема да стоиме на страна додека Куба страда

Свет | пред 9 часа

peskov-putin1

Кремљ: Србија е „пријателска и братска земја“, испораките на гас продолжуваат

Свет | пред 10 часа

media-libraryme5079vgccp59EEe3b8

(Видео) Руски аналитичар тврди: „Осудени сме на пораз во Украина“

Свет | пред 13 часа

media-libraryetjmqfmacn7u0iabNim

Рускиот ФСБ разоткри британски дипломат во Москва – мора да ја напушти земјата

Свет | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања