Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Над 49 илјади доцнења за три дена: воената ескалација го парализира светското небо

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library74bs01udvqn79mODa0S

Воената ескалација на Блискиот Исток предизвика сериозни нарушувања во светскиот авиосообраќај: во три дена има 49.154 доцнења и 8.080 откажани летови, според „Флајт Авеар“. По нападите на САД и Израел врз Иран, дел од воздушниот простор е затворен/ограничен, што доведе до пренасочувања и суспензии. Во сабота имало 21.071 доцнење и 2.758 откажувања, во недела 19.415 доцнења и 3.229 откажувања, а денес 8.668 доцнења и 2.093 откажувања. Експертите предупредуваат на домино-ефект, а патниците да го следат статусот на летовите.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Последиците од воената ескалација на Блискиот Исток веќе трет ден се чувствуваат и на глобалното небо. Светскиот авиосообраќај бележи сериозни нарушувања, со вкупно 49.154 доцнења и 8.080 откажани летови во изминатите три дена, покажуваат дневните статистики на платформата „Флајт Авеар“.

Ескалацијата на конфликтот по нападот на Соединетите Американски Држави и Израел врз Иран, што започна во текот на саботата, доведе до затворање и ограничување на дел од воздушниот простор во регионот. Ова предизвика синџирна реакција на доцнења, пренасочувања и суспендирање на летови на глобално ниво.

— реклама —

Во саботата биле регистрирани 21.071 доцнење на летови ширум светот, со 2.758 откажувања. Во неделата бројот на доцнења изнесувал 19.415, додека биле откажани 3.229 летови. Денеска се евидентирани 8.668 доцнења и 2.093 откажани летови.

Најголем број доцнења биле забележани токму во саботата, денот кога започнаа нападите и кога дел од авиокомпаниите итно ги пренасочуваа или целосно ги суспендираа летовите кон Блискиот Исток. Во неделата дојде до благо намалување на доцнењата, но порастот на откажувањата упатува на подолгорочно оперативно прилагодување на авиопревозниците.

— реклама —

Иако денеска се забележува намалување на бројот на доцнења, бројот на откажани летови и натаму останува висок, што укажува дека дел од рутите сѐ уште не функционираат нормално.

Експертите предупредуваат дека секое затворање на клучните воздушни коридори меѓу Европа, Азија и Блискиот Исток создава домино-ефект во глобалната мрежа на летови, со пренатрупување на алтернативните рути и дополнителен притисок врз системите за контрола на летање.

Патниците се повикуваат редовно да го следат статусот на своите летови и официјалните известувања од авиокомпаниите, со оглед на тоа што состојбата и натаму е динамична и подложна на брзи промени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 8 часа

— реклама —
lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 9 часа

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Иран може да добие уште три до пет дена

Свет | пред 9 часа

media-library4md44j2raa565nJ5iCE

Цените на нафтата надминаа 101 долар поради тензии во Ормускиот теснец

Свет | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања