Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Најмалку 87 морнари загинаа по потопувањето на иранска фрегата кај Шри Ланка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryl4js6v4rs4hobYAQxv4

Најмалку 87 морнари загинаа откако иранскиот воен брод „IRIS Dena“ беше погоден со торпедо од американска подморница во близина на Шри Ланка, јавуваат медиумите.

Министерот за надворешни работи на Шри Ланка, Виџита Херат, изјави дека досега се извлечени телата на 87 морнари, додека потрагата продолжува во водите јужно од градот Гале.

— реклама —

Во нападот се ранети уште 32 морнари, кои се хоспитализирани во болницата „Карапитија“ во Гале. На бродот имало вкупно околу 180 членови на екипажот.

Портпаролот на шриланканската морнарица, Будика Сампат, изјави дека веднаш била започната спасувачка операција откако бродот испратил сигнал за помош.

— реклама —

„Пронајдовме луѓе како пловат во морето и ги спасивме. Подоцна утврдивме дека станува збор за членови на екипажот од иранскиот брод“, изјави Сампат.

„IRIS Dena“ е фрегата од класата „Moudge“ која припаѓа на јужната флота на иранската морнарица. Според шриланканските власти, на местото на инцидентот биле видливи само траги од истечена нафта, а нападот се случил надвор од територијалните води на Шри Ланка.

Бродот претходно учествувал на мултинационалната поморска вежба „Milan 2026“ во Бенгалскиот Залив и бил на пат кон Иран кога бил нападнат.

Инцидентот се случува во време на ескалација на конфликтот меѓу САД, Израел и Иран, по серијата воздушни напади врз ирански цели во кои, според ирански извори, загинале повеќе од илјада лица, меѓу кои и врховниот лидер Али Хамнеи. Иран возврати со ракетни и дронски напади врз американски цели во регионот на Заливот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 11 час

— реклама —
lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 12 часа

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Иран може да добие уште три до пет дена

Свет | пред 12 часа

media-library4md44j2raa565nJ5iCE

Цените на нафтата надминаа 101 долар поради тензии во Ормускиот теснец

Свет | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања