Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Најмногу заглавени државјани имаме во Абу Даби, па потоа во Катар и Израел - вкупно 473 лица побарале помош од МНР

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryfptj8pcjs80s1AaZxQs

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473 македонски државјани контактирале со дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Тел Авив, Доха и Абу Даби.

Според последните податоци, 19 лица се пријавиле од Израел, 106 од Катар, додека 348 граѓани се обратиле до ДКП Абу Даби. Во оваа бројка се вклучени и 18 лица од Кувајт, како и 12 лица од Бахреин.

— реклама —

Согласно информациите добиени од надлежните власти, во моментов сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати. Од Министерството посочуваат дека евакуацијата ќе започне во првата безбедна прилика, при што веќе се разгледуваат можностите за нивно безбедно извлекување веднаш штом се создадат соодветни услови.

Во однос на македонските државјани кои се наоѓаат во Тел Авив, Министерството активно ги анализира можните алтернативи за нивно безбедно извлекување од државата.

— реклама —

МНР повторно апелира до македонските државјани редовно да ги следат предупредувањата и насоките на локалните надлежни органи, додавајќи дека дежурните телефонски броеви на кризниот штаб при Министерството, како и контактите на дипломатско-конзуларните претставништва, остануваат достапни 24 часа дневно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 11 час

— реклама —
lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 12 часа

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Иран може да добие уште три до пет дена

Свет | пред 12 часа

media-library4md44j2raa565nJ5iCE

Цените на нафтата надминаа 101 долар поради тензии во Ормускиот теснец

Свет | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања