Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Најнови вести

7 год.
steti

Охрид: Штетите од пролетното невреме изнесуваат околу 350 илјади евра

19 милиони денари или околу 350.000 евра се проценетите штетите од пролетното невреме кога поради високите бранови на Охридското Езеро и силнот јужен ветер беа направени штети на угостителските објекти и домовите на охриѓани сместени покрај езерското крајбрежје.Елаборатот за штетите беше усвоен од страна на Советот на општина Охрид и истиот ќе биде испратен до Републичката комисија за проценка на штети која треба да ја донесе конечната одлука дали и во колкав процент ќе бидат обештетитени граѓаните. Од 129 барања за обештетувања, 20 се на правни лица, а останатите на физички лица.„Ние како Комисија извршивме проценка и на легално и нелегално и на осигурано и на неосигурано. Тоа е законски. Тоа го праќаме до Владата и Владата ќе одлучи дали ќе ги обештети, дали ќе бара нешто дополнително. Мислам дека за скоро ќе бидат обештетени, но со кои проценки ќе бидат обештетени ќе одлучи Владата“, рече Раде Вељановски, општинска комисија за проценка на штети Охрид.

Македонија | пред 7 години

7 год.
idiot

Османи во Атина, на средба со Катругалос

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска ќе отпатува во работна посета на Атина, каде што ќе оствари средба со алтернативниот министер за надворешни и европски работи на Грција, Георг Катругалос.На средбата, како што соопштија од кабинетот на Османи, ќе стане збор за билатералните односи меѓу двете земји, договорот од Преспа и обврските што тој ги создава за двете земји, но и за сите други прашања од билатерален интерес, како што се мерките за градење доверба, унапредување на односите меѓу двете земји, поддршката од страна на Грција за нашите европски интеграции.Вицепремиерот Османи и министерот Катругалос ќе присуствуваат заедно на првиот лет по пауза од над 10 години од Атина за Скопје, при што делегацијата што ја предводи вицепремиерот Османи ќе се врати во земјата со истиот тој лет, се наведува во соопштението од кабинетот на Османи.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Македонија рангирана како најзагадена земја во Европа

Европската агенција за животна средина предупреди дека загадувањето на воздухот предизвикува повеќе од 500.000 смртни случаи во Европа секоја година, известува БиБиСи.Извештајот од агенцијата вели дека нивоата на загадување полека се подобруваат во земјите на ЕУ, но се далеку повисоки од стандардите кои ги имаат поставено ЕУ и Светската здравствена организација (СЗО). Наодите се базираат на податоци од 2015 година од повеќе од 2.500 локации.-Загадувањето на воздухот е невидлив убиец и ние треба да ги засилиме нашите напори за решавање на причините”, рече шефот на агенцијата, Ханс Бруни.Проценетиот број на предвремени смртни случаи годинава е зголемен за разлика од претходните податоци, во кои загадувањето на воздухот предизвикало околу 476.000 предвремени смртни случаи во Европа во 2013 година. Околу 422.000 луѓе прерано починале во европските земји во 2015 година поради изложување на штетни нивоа на фина честичка (PM2.5). Овие честички се премногу мали за да се видат или помирисаат, но имаат разурнувачки ефект – предизвикуваат срцеви заболувања, астма и рак на белите дробови.Европската агенција за животна средина објави дека пошироката проценка вклучена во извештајот покажала дека раните смртни случаи поради PM2.5 биле намалени “за околу половина милион” од 1990 година.Ова намалување се должи на европските политики за квалитет на воздухот и локалните мерки “кои доведоа до, на пример, почисти автомобили, индустрија и производство на енергија”.Во 2015 година, концентрациите на PM2.5 беа малку пониски од претходната година, додека нивоата на NO2 и O3 беа повисоки. Регионите со најлоши нивоа на PM2.5 останаа источно-европските земји како Бугарија, Полска и Словачка. Други европски земји над границата на загаденост се Хрватска, Србија, Албанија и Босна.Македонија е најлоша од сите земји, со повеќе од една третина повисоки нивоа PM2.5 од земјата која следи по неа во извештајот.Од власта оваа година парите ги распределија за референдумот, како што известуваше во август годинава Телевизија 24 вести. Имено, наместо за еколошки  проекти, 160 000 евра државни пари биле пренаменети за „операцијата референдум“.„Направена е пренамена на средства во две категории, по 5 милиони денари, од категоријата за мониторинг и за инвестиции за животна средина. Станува збор за повеќе од 160 000 евра. Кратењето и на тие како важни средства покажува само немање слух за едно од основните права на граѓаните, а тоа е здрав живот и чист воздух“, изјави тогаш  Ели Пешева од Коалиција О2 за чист воздух.Во контекст на изјавата на Ели Пешева за пренамена на средствата за подобрување на животната средина, заменик министерот за животна средина во август годинава изјави дека парите наменети за референдумската кампања се минорни кога се во прашање аспирациите на Македонија за членството во НАТО и ЕУ.„Буџетот кој го имавме зголемено за 2018 ќе претрпи намалување, но сакам да уверам дека тоа не е во делот на борбата против аерозагадувањето. Важен е и референдумот и државата треба да обезбеди демократија секој да може да го искаже своето мислење. Од друга страна пак започнувањето на преговорите и влезот во ЕУ и НАТО нуди дополнителни средства за борба против аеро загадувањето“, изјави Макрадули.Јани Макрадули ден по таа изјава, за Цивил рече дека популизмот не може да ја заштити животната средина и дека се надева на помош од меѓународните институции.„Не постои земја што се справила со загадувањето или поврзано со животна средина, а да не работи со масовни инвестиции во зелените иницијативи“, изјави Макрадули во август годинава.Се чини дека иако Европската агенција за животна средина не’ рангира како најзагадена земја во Европа, надлежните институции ги прераспределуваат парите на други места, без да дадат важност на степенот на смртност кај граѓаните во Македонија.Во декември 2017 година форумот за јавни политики: „Интегриран пристап за заштита на квалитетот на воздухот: Унапредување на соработката помеѓу централната власт, локалната власт и граѓанските организации“, го отворија заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и директорот на канцеларијата за развој на УСАИД, Едвард Гонзалез.Тогаш Макрадули изјави дека сите досега преземени активности на Министерството за животна средина и просторно планирање се усогласени со политиките што ги води Владата, а подразбираат интегриран и координиран пристап на сите засегнати чинители и сектори, заедно со активностите и идеите на граѓанските организации и граѓаните воопшто. При тоа Макрадули нагласи дека Владата преку интер-ресорската работна група во своите мерки ги има интегрирано сите релевантни предлог-мерки пристигнати по официјален пат или по пат на социјални мрежи.Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, на форумот потенцираше дека единствен исправен начин да се води борба против нездравата животна средина е заедничкиот интегрален пристап на сите нивоа на власт, заедно со граѓанските организации.Но, се чини дека нивните изјави на форумите и во јавноста се дијаметрално различни со постапките во пракса. Остана Македонија да чека инвестиции од Европската Унија за решавање на сериозните проблеми за животната средина, а од друга страна оние средства кои се предвидени не се искористени во таа насока.Со последната изјава на Јани Макрадули за Отворено Студио 1, се потврди лошото работење на Министерството за животна средина и воопшто способноста на власта да се справи со проблемот на загаденост во Македонија.„Поделивме некои задачи, за жал некои се завршија некои не се завршија. Некои институции потфрлија и тука треба да бидеме искрени да признаеме. Доцни процесот на категоризација на возилата, не сите општини ја исполнија обврската да на Советот донесат план за справување со воздухот“ -изјави последно Макрадули за Отворено Студио 1.

Скопје | пред 7 години

7 год.
mickoski-umd-696x465

Стружанец нов вд претседател на УМС на ВМРО ДПМНЕ

Јован Јаулески од Струга е нов в.д претседател на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ, дознава „Скопје 1“.Деновиве Јован беше фотографиран заедно со лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски.Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Лука Кржалоски, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја објави на својот фејсбук-профил. Како што наведува, во продолжение на текстот ги наведува и објаснува причините за неговиот потег, за кој, како што додава, дошло по долго и сериозно размислување.По оставката на претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Лука Кржалоски, неотповиклива оставка од функцијата поднесе и претседател на Градскиот комитет на УМС, Томи Кепевски. Тој во писмо до јавноста вели „оваа оставка не е предавање, туку само гласен крик против ова што ни се случува!“

Македонија | пред 7 години

7 год.
45419939-8A3C-4733-8A91-C151C66671D1

Амбасадорот Бејли приреди забава за Ноќта на вештерките

Ноќта на вештерките секоја година се слави во САД на 31 октомври, а традиционално се одбележува во Амбасадата во Скопје. Годинава, амбасадорот Бејли со сопругата приредија забава под маски за децата на вработенитево амбасадата.Амбасадорот со бонбони и чоколади и  Happy Halloween, ги пречекуваше малите гости.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Богатите туристи веќе не ја посетуваат Будва, тие имаат нова хит-дестинација

Сумирајќи ги резултатите од овогодишната турстичка сезона во Будва, угостителите истакнуваат дека богатите туристи, кои со децении доаѓале во Будва, сега ја менуваат насоката.И 2018 година покажа дека гостите со полни џебови сè повеќе доаѓаат во Тиват и Порто Монтенегро, кои Црна Гора ја позицираа на високо место на туристичката мапа на Медитеранот. Туристичкиот центар Порто Монтенегро, најатрактивен комплекс од ваков тип на источниот јадрански брег, е преполн со туристи, и тоа и овие октомвриски денови, пишуваат тамошните медиуми.„Нашиот центар во текот на сезоната го посетуваат 10 000 туристи дневно, дури и повеќе”, рече Данило Калезиќ од Порто Монтенегро Црна Гора за „Новости”.„Посетителите доаѓаат да го поминат денот или неколку часа во нашите убави ресторани, базени, во галерии, бутици и други објекти на ова големо пристаниште, каде има и шест луксузни вили и луксузен хотел со пет ѕвездички. Доминираат гости од Западна Европа, има Руси, гости од Обединетите Арапски Емирати, Катар, Бахреин, а оваа година имаше гости од Далечниот Исток, но и од Србија, БиХ, Македонија”, пишуваат медиумите.

Свет | пред 7 години

7 год.
ohrid-trcat

Хуманитарен настан ,,Охрид трчат за Сара”

Со почеток од 16 часот ќе се одржи хуманитарен спортско-социјален настан под име ,,Охрид трчат за Сара”.„Охрид трчат за Сара“ е симболична трка без натпреварувачки карактер со цел сите заедно сплотено да истрчаме во насока на подоброто утре за нашата Сара Настеска.Учеството е минимум 100 денари и сите средства ќе бидат донирани на фамилијата Настески. Стартот на хуманитарната трка е во 16 часот пред „Куба либре”, а целта е пред Дом на култура ,,Григор Прличев”. Уплатата на котизацијата/донацијата ќе ја спроведат волонтерите на Црвен крст Охрид и таа ќе се реализира на стартот на самата трка.,,Подоброто утре за Сара можеме и мораме да го постигнеме со дополнително собирање финансиски средства, но и можеме и мораме да го постигнеме и преку моќното градење на еден тим од илјадници охриѓани кои во еден момент и на едно место ќе пратат силна порака до неа и нејзината фамилија дека не се сами и дека сите ние сме Сара и фамилија Настески. Изминатите денови на многу хуманитарни настани и на разни начини сигурно сте донирале средства и на таков начин сeкој вас  бил дел од поддршката за Сара. Она што сакаме да го направиме преку овој настан е дополнително да ве мотивираме да донирате минимум 100 денари и на таков начин да бидеме уште поблиску до крајната цел.Почитувани, ве повикуваме сите, сопственици, директори, раководители, вработени, сите заедно на едно место, на една трка, да ја направиме најголемата ТИМ БИЛДИНГ ЕКИПА во светот наречена САРА НАСТЕСКА ! Излезете од работа, од дома, од кафулињата, од обложувалниците, од продавниците и придружите ни се во оваа заедничка наша мисија”, порачуваат организаторите.Настанот е во организација на атлетскиот клуб „Охрид трчат“, Сојузот за училиштен спорт, основните и средни училишта од општина Охрид, Црвен крст Охрид и Општина Охрид.

Македонија | пред 7 години

7 год.
homepageBannerSKP

По десет години, прв лет Атина – Скопје

Македонија и Грција ги обновуваат директните летови помеѓу двата главни градови после повеќе од 10 години.Директните летови меѓу Скопје и Атина постоеја помеѓу 2003 и 2007, но се прекинати кога претходната влада на Македонија на аеродромот во Скопје му го даде името „Александар Македонски“ што ја разгневи Атина.Владата на Заев пак во февруари во рамки на обидот да се реши долгогодишниот спор околу името на Македонија одлучи аеродромот да се преименува во Меѓународен аеродром во Скопје.Според скопскиот аеродром, грчката авиокомпанија „Aegean Airline“ ќе има двенеделни летови почнувајќи од денес.Вицепремиерот Бујар Османи и заменик министерот за европски прашања Јоргос Катругалос ќе бидат на свеченото отворање на првиот лет после десет години од Атина за Скопје утре во 18.55 минути а делегацијата која ја предводи Османи со тој лет ќе се врати во Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Почина еден од повредените во престрелката во Куманово

Почина повредениот кумановец во кој вчера беше пукано со огнено оружје, потврдуваат од Ургентниот центар во Скопје.Тој беше повреден доцна синоќа во Куманово, по инцидент на улицата „Тоде Мендол“, откако имало вербална расправија меѓу две семејства.Увид изршил и јавен обвинител заедно со екипа на СВР Куманово.Претходно: Пукање во Куманово, погодено едно лице, неколкумина повредени (ВИДЕО)

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сончево време со температура до 27 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.Утринската температура ќе се движи од шест до 14, а дневната од 18 до 27 степени.Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 25 степени.Продолжува периодот на умерено облачно и топло време со температури кои и понатаму ќе бидат над просекот за овој период од годината. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла. За време на викендот ќе преовладува сончево време, но температурите постепено ќе опаѓаат.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Николоски: Договорот дозволува грчки премиер да може да става вето на преговорите

– Теоретски Македонија  да прифати се што Грците ќе побараат и да дополнително национално се понижи, секогаш кога на грчки премиер ќе му е потребно да си го крене рејтингот дома ќе стави блокада на следното поглавје во процесот на преговори со ЕУ што во превод ќе значи дека ние никогаш нема да ги завршиме преговорите за членство во ЕУ, изјави во емисијата Клан Дебата, на Телевизија Клан, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.Тој потенцираше дека  тоа ќе се случува затоа што согласно договорот Грција има право да стави вето на отворање на секое следно поглавје во процесот на преговори на Македонија со Европската Унија, доколку е незадоволна од извештаите кои ќе се поднесуваат во јуни и декември секоја година.– Со овој договор Македонија никогаш нема да стане членка на ЕУ, затоа што Грција тоа никогаш нема да го дозволи, односно ние ќе станеме втора Турција, ќе бидеме секогаш во процес на преговори но никогаш нема да станеме членка, истакна Николоски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Делови од Скопје без струја

Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат делови на Сопиште, Бутел, Кисела Вода, Студеничани, Ѓорче Петров и Зелениково.Во периодот од 9 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од селото Горно Соње во општина Сопиште. Од 9 до 14 часот струја ќе немаат корисниците од дел од улицата Љуба Ивановиќ и улицата Црвени брегови во општина Бутел и корисниците од дел од улицата Христо Татарчев, ул. 1511 и ул. 1512, во општина Кисела Вода.Во периодот од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од селото Батинци во општина Студеничани, дел од селото Кучково во општина Ѓорче Петров, корисниците од селото Долно Соње во општина Сопиште и од 12 до 15.30 часот корисниците од дел од викенд-населбата Јане Сандански во с. Орешани во општина Зелениково.

Скопје | пред 7 години

7 год.
45233640_2258986557682764_8120573990298189824_n

(ВИДЕО) Момчето чиј другар се онесвести пред Груевски по една година ја испрашуваше Рангелова

Рангелова кажа дека ВМРО ДПМНЕ е далеку од распад и дека  тоа е реалноста.Ова таа го кажа одговарајќи на прашање на момчето кое јавноста имаше прилика да го гледа како дава поддршка на неговиот другар кој се онесвести додека Груевски држеше говор.Момчето прашањето го читаше од мобилен телефон.

Македонија | пред 7 години

7 год.
nikola-micevski

И координаторот на ВМРО-ДПМНЕ си отиде, а дојде Никола Мицевски

ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Македонија ќе има една пратеничка група, наместо досегашните десет. Ваква одлука е донесена на синоќешната седница на Извршниот комитет на партијата. Нов координатор на пратеничката група да биде пратеникот Никола Мицевски од Штип, кој доаѓа на местото на Драган Данев.Местото координатор на пратеничка група остана празно откако Драган Данев пред неколку дена најави дека се повлекува од функцијата. Данев ја извршуваше функцијата неполна година, а неговото повлекување следи по низата исклучувања, разрешувања и оставки од партиските функции поради несогласувања со раководството.За формирањето на единствена пратеничка група, според собранискиот Деловник, ВМРО-ДПМНЕ треба да го извести претседателот на Собранието, Талат Џафери.Повеќе детали се најавени за денеска.Вчера претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Лука Кржаловски и уште неколкумина лченови на подмладокот на партијата дадоа неотповикливи оставки од функцијата. Претходно, оставка поднесе претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова, како и потпретседателката и генералната секретарка на Унијата, Лилјана Кузмановска и Лилјана Затуроска.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Orbis-logo

Одземена дозволата за работа на ТВ Орбис – Битола

Згаснува локалната телевизија Орбис од Битола. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната седница донесе одлука со која се одзема дозволата на ТРД РТВ Орбис ДООЕЛ Битола поради не исполнување на условите за работа.Телевизијата веќе неколку месеци работи со емитување на репризна програма без продукција на нова, откако сите вработени во еден ден ја напуштија телевизијата.Донесената одлука сега треба да биде објавена во службен весник и во два печатени медиуми.Орбис ТВ беше приватна локална телевизиска станица, која започнала да емитува на македонски јазик на дваесет и петти декември 1990 година во Битола.Пред Орбис, во Битола се затвори и регионалната телевизија Мега, а во моментов работи само Тера ТВ.Телевизијата неколку месеци беше во стечај.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Пукање во Куманово, погодено едно лице, неколкумина повредени (ВИДЕО)

Вечерва се случила караница меѓу две семејства во Куманово, после која дошло и до пукање. Епилогот е едно лице рането, и истото со тешки повреди е донесено во Клиничкиот центар во Скопје каде што му се укажува лекарска помош.Лицето било погодено од огнено оружје, а повредени се уште неколку лица кои учествувале во оваа тепачка во која било употребено и оружје.Полицијата во моментов е на местото на настанот.Извор ТВ 21

Македонија | пред 7 години

7 год.
trajko

Трајко Славески: „ Виша сила “ стои зад оставките на Кржалоски, Рангелова и останатите

Трајко Славески вечерва пред почетокот на заседанието на Извршниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ изјави дека скор осите кои одеднаш почнале да поднесуваат оставки редовно присуствувале на сите активности и состанови во ВМРО ДПМНЕ , не покажувале незадоволство и немале забелешки.„ Најверојатно станува збор за некоја „виша сила“ која стои зад овие нивни одлуки “ - рече Трајко Славески пред почетокот на седницата на Извршниот комитет.

Македонија | пред 7 години

7 год.
2ae429b4c1cd591f2c458b76f0cd7263_L

Кривична пријава за пратеникот Љубен Арнаудов кој гласаше „за“ уставните измени

Пратеникот Љубен Арнаудов, кој гласаше „за“ пристапување кон уставни измени, заработи кривична пријава поради несовесно работење во службата додека бил в.д. директор на Општа болница Охрид, преенсуваат од МВР, објави Инфомакс.СВР Охрид поднесе кривична пријава против О.Л.(50) од Струга, шеф на отсек за комерција и јавни набавки во Општа болница Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, против М.К.(59) од Охрид, помошник директор за економски работи и против Љ.А.(60) од Охрид, поранешен в.д. директор во Општа болница Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во годишниот план за јавна набавка за 2015 година во Општа болница Охрид за јавна набавка на канцелариски материјали биле одобрени 1,8 милиони денари, додека О.Л. изготвила одлука за два милиони денари. По спроведената јавна набавка биле потрошени, 2.186.346 денари, односно 386.346 денари повеќе од предвидената сума, а второ и трето пријавените дозволиле тие да бидат исплатени– стои во Билтенот на МВР.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mickoski-umd-696x465

Мицкоски објави фотографија со дел од УМС

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски попладнево на Фејсбук објави фотографија со дел од членовите на УМС.-Младите се најголемата сила, а УМС најважниот чувар на нашите идеали.Да живее ВМРО ДПМНЕ, да живее Македонија!, напиша Мицкоски под фотографијата.Ова следува откако утрово оставка си поднесе претседателот на УМС, Лука Кржалоски со образложение дека раководството ја носи партијата во изолција.

Македонија | пред 7 години

7 год.
IGOR-NIKOLOV

ВИДЕО: Отворена можноста ВМРО-ДПМНЕ да изгуби повеќе пратеници, тврди член на Извршниот комитет

„На Централниот комитет се споделени докази во форма на СМС-пораки, во форма на сведоштва на членството. Немам информации за содржините на пораките, но тие се во правец да се поддржи процесот. Се согласувам со одлуката за исклучување на Мијалков и Тодоров од партијата. Одлуката била прифатена од членството со посебно задоволство и олеснување. Од тој ден па наваму добиваме пораки и потврди, олеснување од членови, но и од оние кои не се членови на ВМРО-ДПМНЕ кои ја поздравуваат одлуката. Истото се добива и од меѓународниот фактор. Со одлуката, ВМРО-ДПМНЕ не направило никакво чудо“, тврди Николов за МАКФАКС.[embed]

Македонија | пред 7 години

7 год.
petre-i-natasa-bitola

Фала ти Петре за крш автобусите што ги даде на Битола, се шегуваше градоначалниката на прославата кај Шилегов

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов синоќа преку комични и сатирични оценки за неговата работа даде отчет за сработено во првата година од неговиот мандат, пишува СДК.МК.На вечерата „Скопска прес дружба“, на која присуствуваа новинари, градоначалници, директори на јавните претпријатија на Град Скопје, како и дел од министрите во Владата, за работата на Шилегов говореа новинарот Сашо Ордановски, Бранко Огњановски и градоначалничката на Битола Наташа Петровска. Тие се шегуваа за комарците, проблемот со кучиња скитници, загадениот воздух, ваучерите за пијани возачи, сообраќајниот метеж…„Бидејќи градоначалникот дели субвенции за сè и сешто, за печки на пелети, велосипеди, електрични тротинети, за чистење оџаци, јас предлагам да даде субвенции и на Градежен факултет за да воведат предмет како се поставуваат шахти на улиците. Нема ниту една улица на која шахтата е рамна со асфалтот, или се над или под улицата“, се пошегува Бранко Огњановски, пишува СДК.МК.Градоначалничката на Битола Наташа Петровска му се заблагодари на нејзиниот колега Шилегов за трите автобуси од јавниот превоз во Скопје, што ѝ ги подарил за превоз на учениците.„Фала ти Петре за трите крш автобуси што ми ги подари. Си ми ги оставил и отчитувачите и сега не знам како да наплатувам. А најстрашно од сè е што на нив пишува ‘скопска’, а во Битола тоа звучи лошо. Ама да не застане тука нашата соработка. Сакам да ми дадеш и една галија“, му порача Петровска на Шилегов.Градоначалникот Петре Шилегов и одговори на Петровска дека со тоа што ѝ ги дал трите стари автобуси ја намалил староста на возниот парк на ЈСП„Скопје“.Шилегов на крајот исто така на комичен начин даде отчет за она што го сработил во првата година од неговиот мандат. Тој кажа дека знае и слуша сè што говорат граѓаните за него и дека добро му е познат муабетот дека „градоначалникот ништо не работи“.„Јас слушам повеќе и од Мијалков. Имам 3.000 легални такси превозници и не знам колку диви таксисти. 3.000 жолти комбиња на улиците и слушам сè. Во изминатава година главните скандали во мојата работа беа комарците, кучињата скитници и буквите од пораката на Тито за земјотресот. Се зборуваше зошто не сме ги поставени оригиналните букви, а не знаете дека новиве ги изработивме од стопениот споменик на Ќосето“, шегувајќи се рече Шилегов.Тој кажа дека оваа година Скопје добил нов, поинаков концепт и дека граѓаните наутро се буделе без страв дали во Скопје ќе биде поставен нов споменик или ќе почне да се гради нова барокна фасада или зграда.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Ја уценувал бившата дека ќе објави видео со неа ако не му се врати

Тетовец од селото Камењане заработи кривична пријава затоа што ја уценувал бившата дека ќе објави компромитирачка содржина од неа на социјалните мрежи, доколку не ја продолжи врската со него. 46-годишниот Ф.А. ќе одговара за сторено кривично дело „уцена“.„Во текот на септември и октомври 2018 година пријавениот на жена од село Камењане, тетовско, со која претходно бил во љубовна врска, во повеќе наврати и се заканувал дека доколку не ја продолжи љубовната врска, на социјалните мрежи ќе објавел нејзини фотографии и видео записи со непристојна содржина“, соопштија од полицијата.

пред 7 години

7 год.
bageri-majcin-dom

Зградата кај Мајчин дом ќе се гради

Уставниот суд на Република Македонија на денешната седница едногласно одлучи да не поведе постапка за поднесените претставки за оценка на уставноста и законитоста на ДУП И10 во Општина Аеродром.Постапката за донесување на ДУП, според Уставен, била спроведена согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање. Уставните судии укажа дека тие ја ценат постапката, а не содржината на планови или нивна усогласеност со други планови. Од апект на Судот, ДУП И10 е согласно закон и Устав.Претставката до Уставен за ДУП-от ја поднеле 12 физички и правни лица во 2017.ДУП И10 јво Општина Аеродром ја опфаќа локацијата кај Мајчин дом каде што треба да се гради деветкатна станбена зграда, на што реагираа локалните жители кои организираа и протести. По реакциите на јавноста, Општина Аеродром издаде 15-дневна времена забрана за изведување на градежните работи.Од Општината претходно соопштија дека ги имаат доставено сите потребни документи и оти понатаму ќе постапува согласно одлуката на судот.– Претходното општинско раководство, предводено од ВМРО-ДПМНЕ, го донeсе ДУП И10 тајно и без дебата и директно ја овозможи изградбата на зградата кај Мајчин дом. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ кои пред само една година го изгласаа спорниот ДУП, на 15-та седница на Советот на Општина Аеродром побараа негова ревизија и мораториум, се наведува во соопштението од Општина Аеродром.Оттаму посочуваат дека Општината, како што на неколку наврати најави градоначалникот Златко Марин, веќе работи на интерна ревизија на ДУП И10. – Во рамките на овој процес Општината ги прегледа и достави до Уставниот суд сите потребни документи поврзани со овој случај. Општинската администрација до Советот ќе достави писмен извештај за сработеното, додаваат од Општината.Во однос на мораториумот за градење, Општина Аеродром останува на ставот дека тој воопшто нема да го реши проблемот, туку само дополнително ќе ја искомпликува целата состојба.-На сметка на ова Опшината може да трпи и финансиски штети, што значително ќе се одрази врз работењето и е спротивно на интересите на граѓаните. Мораториумот не му го одзема правото на сопственикот да гради, не го оспорува носењето на ДУП-от и не влијае врз маркицата за градба. На овој начин само се блокираат сите други неспорни градби и тековни работи во Општината, се наведува во соопштението од Општина Аеродром.Од 10 овој месец, градежните работи се привремено стопирани во рок од 15 дена со одлука на градоначалникот Марин, поради неправилности констатирани од инспектор.-Градбата е стопирана, влегуваме во барање решение низ дискусија, ги преземам сите можни мерки и напори со сите засегнати страни да најдеме начин трајно да го заштитиме плацот пред Мајчин дом, изјави Марин.Протести на жителитеЖители на населбата Аеродром одржаа неколку протести и го блокираа сообраќајот на булеварот Јане Сандански во знак на револт, главно насочен кон градоначалникот Марин, поради неговите ветувања дека тоа нема да се дозволи.

Скопје | пред 7 години

7 год.
041

Средба на министерот Оливер Спасовски со Амбасадорката на Украина во Република Македонија Наталија Задорожњук

Денеска  во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се сретна со Амбасадорката на Украина во Република Македонија Наталија Задорожњук .„На средбата беа потврдени пријателските односи, довербата, отсуството на отворени или спорни прашања помеѓу двете држави, како и соработка во голем број области од заемен интерес. Соговорниците разговараа за продлабочување на досегашната меѓусебна соработка, особено во областите на миграцијата, организираниот криминал и корупцијата, тероризмот, како и борбата против екстремизмот и насилниот радикализам“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kosta-10.20

Костадин Костадинов е нов портпарол на СДСМ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија соопшти дека пратеникот Костадин Костадинов е нов портпарол на нивната партија.Костадинов од 2013 до 2016 година бил советник во Советот на Општина Струмица. Во периодот од 2010 до 2018 година бил претседател на подмладокот на СДСМ во Струмица.Во февруари 2017 година Костадинов ја презеде функцијата вршител на должност градоначалник на општина Струмица, којашто ја извршува до ноември 2017 година.Од 2017 година Костадинов е пратеник во Собранието од СДСМ и коалицијата.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања