Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Најнови вести

7 год.
Нема фотографија

Делови од Скопје без струја

Од „ЕВН Македонија“ АД соопштуваат дека поради технички зафати во дистрибутивната мрежа, без електрична енергија во текот на денот ќе останат делови од Скопје.Во периодот од 9:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од село Морани во општина Студеничани.Понатаму во периодот од 8:30 до 14:30 часот струја ќе немаат ниту корисниците од фирмите „Фокус“, „Дарко Алексов и Славе Андреев“, „Синтек“, бензинската пумпа „Мустафа и Неат“, фурната „Валдрим Насуфи“, „Медикус Хелп“ и дел од некои други фирми на Качанички Пат во општина Карпош.Како што информираат од ЕВН, без струја во периодот од 9:30 до 13:30 часот ќе бидат и корисниците од село Средно Коњари во општина Петровец, додека, пак, во периодот од 8:55 до 12:00 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од село Булачани, населба Кучевишка Бара, село Љуботен, населба Радишански Пат, село Виниче, село Црешево, село Раштак, населба Љуботенски Пат, село Страчинци, населба Радишани, село Радишани и село Смиљковци, во општините Бутел и Гази Баба.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Променливо облачно и ветровито, температура до 24 степени

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и ветровито, попладне со локални врнежи од дожд кои во западните подрачја ќе имаат пороен карактер со услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер поради што ќе има транспорт на прашина од Африка и наместа појава на обоен дожд.Утринската температура ќе се движи од 10 до 17, а дневната од 17 до 24 степени.Во Скопје слично време, променливо облачно, попладне со повремени врнежи од дожд, а ќе дува и умерен до засилен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 24 степени.Од среда следува период на умерено облачно и топло време со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Во Скопје вчера осум сообраќајки, пајакот подигнал 66 возила

Еден сопатник и еден возач  се потешко повредени, а шестмина се здобиле со полесни повреди во осум сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во три сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.Според билтенот на СВР Скопје, 21 возач се движеле со поголема брзина од дозволеното, а тројца возачи возеле под дејство на алкохол.  Дваесет возачи возеле пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило, а од сообраќај биле исклучени и четворица возачи почетници.Исклучени од сообраќај биле и 16 нерегистрирани, едно технички неисправно возило и осум нерегистрирани.Изминатите 24 часа сообраќајната полиција издала 87 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 66 возила.Полицијата санкционирала и четворица возачи кои поминале крстосница на црвено звето, двајца возачи кои не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин и еден за неправилно престројување.

Скопје | пред 7 години

7 год.
venecija

Венеција под вода, туристите евакуирани

Повеќе од 70 проценти од историскиот центар на Венеција попладнево е поплавен, кога брановите достигна 156 сантиметри.Поради поплавите туристите се евакуирани од плоштад Сан Марко, а сообраќајот на водните таксисти беше привремено прекинат. Само превозот до поодалечените острови остана во функција.Венеција, која е изградена на неколку острови, со високата вода се справува со подигање платформи за да им овозможи на луѓето да одат. Поединци и трговци обично ги зајакнуваат влезните врати на зградите за да спречат влегување на водата во долните катови.Градоначалникот на Венеција Луиџи Брунаро изјави дека на дното на лагуната се изградени многу бариери за да се спречат поплавите. Имплементацијата на проектот траеше долго и беше обележана со превирања и корупциски скандали.Прогнозите за денеска беа дека брановите ќе бидат 160 сантиметри над нултата точка на Пунта дела Салуте, на јужниот влез на Каналот Гранде и плоштадот Сан Марко. Ова ќе биде најголемата поплава во крајбрежниот град од 1979 година.Најголемата поплава што го поплави градот во модерната ера беше во ноември 1966 година – бран од 194 сантиметри. Тогаш Фиренца беше уништена од поплави.Во многу делови на Италија, каде што имаше поројни дождови и силни ветришта со денови, службите за цивилна заштита се постојано на терен.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Бранови од седум метри го погодија хрватското крајбрежје

Силен ветер, што предизвика бранови на отворено море високи и до седум метри го погоди јадранскиот брег на Хрватска. Поради невремето во прекин се траект линиите од копното кон островите Вис, Хвар, Шолта, Брач, Корчула и Ластово. Ветерот дувал со брзина од 50 до 60 километри на час.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Тркалезна маса за водоснабдување и отпадни води

Здружението на даватели на комунални услуги на Република Македонија – АДКОМ денеска организира тркалезна маса на тема „Поттикнување на дијалог во секторот водоснабдување и отпадни води во Република Македонија преку евидентирање на клучните предизвици со кои се соочуваат засегнатите страни и препораки за нивно надминување“.На траклезната маса ќе присуствуваат претставници од јавните комунални претпријатија, министерствата, инспекторати, Регулаторната комисија, Швајцарска развојна агенција, Делегација на ЕУ во РМ, Германско друштво за меѓународна соработка.Секторот за водни услуги поминува низ реформски процес кој беше инициран со потребата да се усогласи националното законодавство со соодветните Директиви на ЕУ или пак од потребата за подобрување на ефикасноста на работењето на јавните комунални претпријатија (ЈКП) и обезбедување долгорочна, пред сè, техничка и финансиска одржливост на квалитетни услуги за корисниците.Според организаторот, во овој сектор потребно е вклучување и ефективна координација на голем број засегнати страни во државата. Секторот се одликува со слаби технички и финансиски перформанси и за нивно подобрување потребно е да се обезбедат соодветни човечки, технички и финансиски капацитети, како на централно така и на локално ниво.

Скопје | пред 7 години

7 год.
merkel

Меркел потврдува: Јас се повлекувам од политиката по 2021 година

Ова е мојот последен мандат како канцелар на Германија.Германската канцеларка Ангела Меркел го потврди ова на прес-конференција, цитирана од светските агенции.Претходно извори од Христијанско-демократската унија објавија дека Меркел повеќе нема да се кандидира за лидер на партијата и за германски канцелар. Отсекогаш сакав да ги напуштам политичките станици со достоинство “ , рече канцеларката. Таа додаде дека нема да заземе политички позиции по истекот на нејзиниот мандат во 2021 година.Меркел ја напушти лидерската позиција на христијанските демократи по 18 години влада Јас ја преземам одговорноста за тоа што се случува со минатогодишните сојузни избори “, продолжи таа.Одлуката на канцеларот доаѓа по последниот удар врз нејзината партија. Демохристијаните победија на локалните избори во Хесен, но поддршката за нив се распадна од 38 на 27 отсто.  Денес е време да се отвори ново поглавје , истакна таа.

Свет | пред 7 години

7 год.
nikoloski

Николоски: Формираме политичко обединување наречено „Македонска платформа„

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во денешното гостување во емисијата „Јади бурек“ откри нов вид на политичко обединување наречено „Македонска платформа“ која ќе има за цел зачувување на Република Македонија.Тој додава дека покрај политичката битка потребно е и една силна општествена битка од голем број на граѓани кои што и мислат добро на Република Македонија преку сите голем број на формални и неформални групи на здружување.– Македонска платформа ќе значи еден нов вид на политичко обединување во Република Македонија која што нема да се стандардни познати коалиции помеѓу една голема и 20-тина помали политички партии, туку е една форма на обединување на сите слободномислечки индивидуи, формални групи во смисла на невладини организации или здруженија на граѓани, неформални групи во смисла збир на луѓе, кои што мислат добро на Република Македонија, со кои што не мора целосно да се слагаме за се, но имаме неколку јасни основни принципи и постулати – вели Николоски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Заев: Амнестија е неприфатлива, национално помирување ќе се прави во Собранието

Барањето за амнестија од ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо, националното помирување ќе се прави во Собранието, изјави денеска премиерот Зоран Заев по средбата со осумте пратеници кои гласаа „за“ процесот кон пристапување на уставните измениЗаев истакна дека се разговарало за три од четири нивни барања, а во дебатата нашле и конкретни насоки за делот за зајакнување на македонскиот идентитет.Kажа дека до петок ќе има уште една средба со осуммината пратеници кои ги поддржаа уставните измени, како и дека продолжуваат консултациите за нацрт-амандманите со другите пратеници од мнозинството, но и од БЕСА и Алијанса на Албанците.  -Заедно со министерката Рената Десковска направивме консултација со новата пратеничка група. Констатирам дека изнајдовме конкретни насоки во делот на гаранцијата дека процесот ќе биде завршен од страна на Грција. Македонскиот идентитет ќе биде зацврстен, рече Заев.Додаде дека една од точките што  денеска ја имале на консултирањето била токму четвртата точка од барањето, а тоа е создавање на координативното тело на Парламентот кое треба да зборува за помирувањето кое треба да се случи.Заев посочи дека денеска се обработени и сите детали при што остануваат следни чекори за формирање на таквото координативно тело кое што треба да биде водено од претседателот на Собранието, да има тројца членови во координативното тело од новата пратеничка група и во него да бидат сите пратенички групи, каде со формирањето на тоа координативно тело ќе бидат разработени сите аспекти на самото национално помирување за кое заемно постои интерес да го спроведеме.-Ги разработивме сите детали. Заедно со правните тимови ќе ги вградиме трите барања“, истакна премиерот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
bugarski-pasosi

Нема повеќе бугарски пасоши под рака, службеници се сомничат за злоупотреби

Бугарските власти соопштија дека почнале истрага за голема малверзација на државни службеници што продавале потврди за бугарско потекло на државјани од земји што се надвор од Европската Унија врз основа на што добивале бугарски пасоши и државјанства.Бугарските медиуми наведуваат дека претежно државјани на Македонија, Украина и на Молдавија плаќале по 5.000 евра за лажна потврда, со што доаѓале до бугарски документи. Постои сомнеж дека на тој начин неделно се издавале од 30 до 40 пасоши, а сè уште не се знае кога почнало ова нелегално дејствување.„Службениците се осомничени за корупција, злоупотреба на службената положба и фалсификување документи“, соопшти Обвнителството за гонење организиран криминал.Бугарските медиуми наведуваат дека меѓу 20-те приведени е и шефот на државната Служба за Бугарите во странство, која има клучна улога при натурализација на странски државјани. Оваа служба издава потврди за бугарско потекло на странците кои ќе докажат дека барем еден од нивните предци бил или е Бугарин.Бугарија годишно во просек издава околу 10.000 бугарски документи на странци. Веќе долго време во земјата се води расправа за критериумите за докажување бугарско потекло. Некогаш за тоа било доволно да се даде изјава, но од 1 мај 2017 година Софија бара документи што го докажуваат бугарското потекло на родителите или на некој од бабите или дедовците на подносителите на барањата.Службата што ги издава потврдите е блиска со националистичките партии што сега се во владејачката коалиција на конзервативниот премиер Бојко Борисов, објавија бугарските медиуми.

Свет | пред 7 години

7 год.
44941004_378336159375229_2915014661940183040_n-1

(ФОТО) Реакции: Безбедноста на сите кои минуваат низ булевар Србија е загозена

Минатиот месец 61-годишна жена загина, а нејзината тригодишна внука се здоби со тешки телесни повреди минувајќи го булеварот Србија во Општина Аеродром.Веднаш по овој настан се започна со поставувањето на семафори. Преминот и тротоарот на булеварот беа раскопани и се започна со поставувањето на кабли, но останаа само ископаните дупки. Жителите на општината се жалат дека повеќе од три недели стојат ископаните дупки на тротоарот, па пешаците мораат да се движат по улица, со што се загрозува нивната безбедност.https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=378336192708559&id=313588822516630&__xts__[0]=68.ARCKTtCr_A40neIXIqu7E39lcIqTK2ZcHGOJCTkpH8BWLYdPT5KMpqPSApV1LKEuI7Kdo7_cxXIyb6_KYdKWmE22aDdRs487Ltcr-YYOV9jIXgYKsyoVSEvzaJnMDdVOhucqlKgcbblLlZe7j-4ER8EjfGoCeO4VgYbMLt_uazbzPfYmjoPZbS4mdWRPt5BtQspXTyvRpLIcv9YbGtYOvorp&__tn__=-R„Булевар Србија, Аеродром - Лисиче. Кај пешачкиот премин кој се води како доста ризичен и небезбеден.Град Скопје ќе поставува семафори. Браво.Но повеќе од 3 недели стојат дупкиве вака отворени со цел еден кабел да се протне.Ниту пешаци можат да поминат, ниту мајки со деца, ниту инвалидизирани лица. Безбедноста на сите е загрозена.За 3 недели голема улица се реконструира.Град Скопје земете ја работата во раце. Ова не треба да е лице на градот.“

Скопје | пред 7 години

7 год.
krediti-za-skoluvanje-denari-1

70 годишна дирекеторка на јавно претпријатие местела тендери

Директор на Јавното претпријатие Хидросистем „Злетовица“ – Пробиштип иницирал постапка за јавна набавка за градежни активности, без претходно изготвена документација и одобрение за градба. На тендерот била избрана фирма од Кочани, која добила од претпријатието над 13 милиони денари.Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривична пријава против С.М. (70) од село Тополовиќ, Кратовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.Во текот на 2012 година пријавениот како директор во Јавното претпријатие Хидросистем „Злетовица“ – Пробиштип, преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство иницирал постапка за јавна набавка за градежни активности во наведеното јавно претпријатие, без претходно изготвена проектна документација и одобрение за градба. Притоа, за изведувач на градежните активности била избрана фирма од Кочани, која стекнала противправна имотна корист од 13.150.062 денара.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kola-veter

Силен ветар однесе пет жртви во Италија

Пет лица ги загубија животите денеска во Италија, при инциденти предизвикани од налетите на силен ветер, пишува Курир.мкДве млади лица загинале недалеку од Рим, кога дрво паднало врз автомобилот со кој патувале. Во сличен инцидент, едно лице загина во град Терачина, на сто километри југоисточно од Рим.Четвртата жртва на невремето е 21-годишен човек во Неапол, врз кој паднало дрво додека одел по улица.Жена загинала во Савона во регионот Лигурија, кога била погодена од предмет носен од силниот ветар.Италијански медиуми јавија за десетици дрвја искорнати од корен насекаде низ Рим, поради што многу паркови се затворени.Во училиштата беше прекината наставата, а локалните власти ги повикаа граѓаните да не ги напуштаат своите домови ако немаат голема потреба.Во поголемиот дел од Италија во сила беше предупредувањето за поројни дождови и силни ветрови.

Свет | пред 7 години

7 год.
star-avtobus

Битолчани: Ги гласавме за да ни дадат стари автобуси

На Фејсбук страната „Битолски факти” објавени се фотографии од старите автобуси на ЈСП Скопје, од кои дел како донација завршија во Битола за да ги возат учениците.https://www.facebook.com/bitolskifakti/posts/1131475003670912 

Македонија | пред 7 години

7 год.
mickoski1-02

Мицкоски оствари средба со францускиот амбасадор, Тимоние

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари средба со амбасадорот на Република Франција, Кристијан Тимоние.Како што информираат од партијата, на средбата се разговарало за актуелната политичка и економска состојба во која се наоѓа Република Македонија, како и стратешките и реформски процеси кои се од голема важност за државата.-Мицкоски на средбата информираше за политичкиот прогон кој го спроведува власта, преку монтирани случаи и злоупотреба на институциите. Претседателот посочи дека таквото однесување на власта е далеку од европските вредности кон кои се стреми државата. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ изрази загриженост за се полошата економска ситуација во која се наоѓа земјава. Заради неспособноста на власта да обезбеди економски раст и катастрофалната реализација на капитални инвестиции граѓаните живеат се полошо, се вели во соопштението од партијата по средбата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Граѓаните на Скопје со реакции на социјалните мрежи

Граѓаните на Скопје се револтирани поради големите гужви во градот, но и поради уништувањето на урбаната опрема. Тие на социјалните мрежи бараат одговорност од градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, но и од инспекциските служби.Денес демонстрантите пред Собранието на Република Македонија ги извадија клупите од паркот Жена борец и истите ги поставија  на улицата Даме Груев со што целосно го блокираа сообраќајот. Поради блокираниот сообраќај сите возила мораа да кружат со што се создаде метеж на околните сообраќајници, а возачите нервозни чекаа во огромни колони.

Скопје | пред 7 години

7 год.
nikola-todorov-696x463

Тодоров исклучен од партијата бидејќи му ја дал на СДСМ базата на податоци со гласачи од ВМРО-ДПМНЕ?

Неофицијално, според извори од ВМРО-ДПМНЕ, Тодоров го обвинуваат за тоа што базата на податоци со телефонски броеви на партиските членови на ВМРО-ДПМНЕ му била дадена на СДСМ, за што се доказ СМС пораките кои на денот на референдумот ги добивале членови од ВМРО-ДПМНЕ. Наводно, само Тодоров имал пристап таа база - пишува „Слободен печат“.Поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, во изјава за печатеното издание на „Слободен печат“ вели дека точната причина за исклучувањето не му била соопштена.ВМРО-ДПМНЕ една недела по одржување на Централниот комитет пред јавноста не понуди докази врз основа на кои ги темели сознанијата за организирање група за притисоци, уцени, закани и поткуп на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, со цел да гласаат за уставните измени. Поради ваквите сознанија, од партијата беа исклучени пратениците кои гласаа „за“ уставните измени, како и Никола Тодоров и Сашо Мијалков, додека Митко Јанчев беше разрешен од фунцијата потпретседаел, а Костадин Богданов беше исклучен од Извршниот комитет. Исклучените од ВМРО-ДПМНЕ очекуваат писмена одлука од партијата на која имаат право на жалба.Поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, во изјава за печатеното издание на „Слободен печат“, вели дека точната причина за исклучувањето не му била соопштена. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ФОТО) Еден час возење од Центар до Влае

Од Центар до Влае се вози подолго од еден час поради протестот пред Собранието на Република Македонија, но и поради реконструкцијата на булеварот „Партизански Одреди“.Поради блокираниот сообраќај сите возила мора да кружат со што се создава метеж на околните сообраќајници, а возачите нервозни чекаат во огромни колони.Од Град Скопје информираат дека оваа реконструкција е предвидено да заврши во наредните две недели.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Koncert-za-Tose

Балканските музички ѕвезди ќе пеат во чест на Тоше

На големиот концерт во чест на нашата најголема музичка ѕвезда кој ќе се одржи во петок во VIP Арена Борис Трајковски ќе биде промовиран албумот Secret Place, со нови, досега необјавени песни од Тоше Проески. Тој е и автор на дел од песните, а неколку песни се заедничко дело на Тоше и познатиот англиски композитор и продуцент Енди Рајт. На концертот премиерно ќе бидат прикажани два нови видео записи со Тоше.Борис Новковиќ, Владо Калембер,  Александра Радовиќ, Александра Јанева, Каролина Гочева, Бојан Маровиќ, Тијана Дапчевиќ, Ања Рупел, Тамара Тодевска, Даниел Кајмакоски, групата „Фрајле“, Наум Петрески, бугарската пејачка Клавдија, Борис Режак, Антонија Гиговска, Александар Тарабунов се дел од ѕвездите кои ќе настапат на концертот и со кои публиката ќе ги пее најголемите хитови на Тоше, а неговиот внук Кристијан Ристески ќе ја изведе We are blood, песна која се наоѓа на новиот албум.Организаторите, Фондацијата „Тоше Проески“, велат дека со овој концерт продолжува хуманата мисија на Тоше. Средствата се наменети за Домот без родители „11 Октомври“ во Скопје.Концертот во петок почнува во 20 ч. Влезниците се по цена од 250 и 350 денари и може да се купат во Југотон, Розе Веро 2 и Носталгија Рекордс.

Магазин | пред 7 години

7 год.
krediti-za-skoluvanje-denari-1

Директор на ЈП Хидросистем „Злетовица“ наместил тендер од 13,1 милиони денари

Директор на Јавното претпријатие Хидросистем „Злетовица“ – Пробиштип иницирал постапка за јавна набавка за градежни активности, без претходно изготвена документација и одобрение за градба. На тендерот била избрана фирма од Кочани, која добила од претпријатието над 13 милиони денари.Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривична пријава против С.М. (70) од село Тополовиќ, Кратовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.Во текот на 2012 година пријавениот како директор во Јавното претпријатие Хидросистем „Злетовица“ – Пробиштип, преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство иницирал постапка за јавна набавка за градежни активности во наведеното јавно претпријатие, без претходно изготвена проектна документација и одобрение за градба. Притоа, за изведувач на градежните активности била избрана фирма од Кочани, која стекнала противправна имотна корист од 13.150.062 денари.

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_11111

Роденденска хуманитарна акција во Општина Карпош

Со голема хуманитарна акција Општина Карпош ја започна  неделата на поголеми активности за одбележување на роденденот на локалната самоуправа-3 Ноември. По тој повод, своја донација врачи и Градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, кој ги повика и другите хумани хграѓани и општествено одговорни компании да се отповикаат и да се вклучат во акцијата:-Граѓаните во изминатите денови имаа можност да донираат производи, облека и средства за хигиена во 14-те  урбании месни заедници, како и во самата Општина, а во донаторската акција, се вклучија и вработените во општинската администрација.Денеска, со помош на Црвениот крст, Општинска организација – Карпош, која ни помогна да ја спроведеме акцијата, собравме поголема количина на донирани средства. Кон акцијата, како општествено одговорна компанија, ни се приклучија и маркетите „Тинекс“ со поголем придонес со повеќе пакети производи, изјави градоначалникот на Карпош, Богоев.-Во наредните денови, најави тој, Одделението за детска и социјална заштита ќе ги комплетира хуманитарните пакети кои натаму ќе им бидат врачени на оние на кои им се најнеопходни, социјално најзагрозените граѓани, а дел од донациите ќе бидат доделени и на СОС Детското село во Бардовци, стационарот за бездомни лица во Момин Поток и Домот за стари лица „Мајка Тереза“ во Злокуќани.Оваа година, за разлика од останатите, решивме  Денот на општината да го прославиме сосема поинаку, стриктно со работа, посветеност и преку конкретни акции, се разбира, со поддршка и вклучување на сите граѓани и општествено одговорни компании и организации и со тоа да ја одбележиме 42 годишнината од постоењето на Карпош, изјави градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев.

Скопје | пред 7 години

7 год.
obvinitelstvo1

Обвинителството отвори предмет за доделувањето на концесија за центрите за дијализа

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори предмет во врска со доделувањето на концесијата за центрите за дијализа во земјава.„Следејќи ги реакциите на „Нефрон“ – Здружение за бубрежно болни граѓани и написите на одредени медиуми кои укажуваат на низа недоследности при спроведување на постапката по Огласот за доделување концесии на центрите за вршење дијализа, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оцени дека постои основ на сомнение што треба да се провери. Сомненијата укажуваат дека постапката е спроведена на нетранспарентен начин со индиректно фаворизирање на правни и физички лица при што познати меѓународни провајдери со големо искуство се ставени во подредена положба“, соопштуваат од ОЈО.Од Oбивнителството додаваат и дека воедно, постоел и основ на сомнение во врска со одлуката за утврдување на референтна цена за хемодијализен третман согласно упатството за начинот на вршење на здравствената дејност која се однесува на лекувањето со дијализа, со која што референтната цена на чинење на пакетот за хемодијализен третман кај хронична бубрежна инсуфициенција е зголемена од 4.855 денари на 5.400 денари.

Македонија | пред 7 години

7 год.
avtobus-zapalen

Во запалениот автобус нема повредени војници, Министерството за одбрана ќе преземе соодветни мерки

Во запалениот автобус, кој изутрината превезувал припадници на АРМ не е повреден ниту еден припадник на Армијата. Фирмата која што го врши превозот за кратко време испратила друг автобус и сите патници пристигнале со мало задоцнување на своите работни места и веќе нормално си ги извршуваат задачите.Автобусот се движел на релација Пробиштип – Касарна „Илинден“.Министерството за одбрана, како што се наведува во соопштението, жали за случајот со запалениот автобус кој изутрината до нивните работни места во Скопје превезувал припадници на АРМ од Пробиштип, Кратово и Куманово.-Од досега утврдените факти соопштуваме дека инцидентот се случил околу 6:10 минути изутрина, на излезот од Пробиштип. Веднаш штом е почувствуван чадот, припадниците на АРМ од страна на одговорното лице биле повикани да го напуштат автобусот и го напуштиле. Во автобусот останале само два војнички ранци. Според првичните сознанија, автобусот бил носен на сервис во текот на викендот. Согласно Договорот, ги исполнувал условите кои што се побарани во тендерската документација, има потврда за исполнување на посебни техничко-експлоатациони услови издадена на 1 февруари 2018. со важност до 1 февруари 2020 година, бил од марката „Марбус“, производство 2007 година и го исполнува стандардот ЕУРО 4., нагласува МО во соопштението.Припадници и стручни лица на Воената полиција веднаш излегле на терен за да ги утврдат околностите под кои се случил настанот.МО од фирмата која го обезбедува превозот очекува да биде извршена анализа на случајот со цел да не се повтори.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ФОТО) Блокиран центарот на Скопје, сообраќаен хаос по улиците

Околу десетина граѓани во моментов протестираат пред Собрание против промена на Уставот и името на државата. На протестот главно се излезени постари граѓани.Демонстрантите ги извадија клупите од паркот Жена борец и истите ги поставија на улицата Даме Груев, а со тоа целосно го блокираа сообраќајот. Поради блокираниот сообраќај сите возила мора да кружат со што се создаде метеж на околните сообраќајници, а возачите нервозни чекаат во огромни колони. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
rudarska

Рударска индустрија – за компаниите богатство, за граѓаните отров

И покрај засилената пропаганда на корпорацијата Еуромакс Ресорсис, за чија лиценца Владата пред неколку месеци објави дека постојат повеќе правни основи да биде одземена, истражувањата кои се достапни во медиумите сериозно ги демантираат тврдењата на оваа контроверзна компанија за економскиот бум кој би го реализирала со минимални последици врз животната средина. Покрај тоа што во јавноста се шпекулира дека имињата на еколошките експерти ангажирани од оваа компанија претходно се среќаваат и во други контроверзни проекти, како магистралниот пат и комплексот хотели во националниот парк „Галичица”, податоците кои беа објавени деновиве покажуваат дека рударската индустрија има незначителен импакт врз развојот на економијата во државава.Од анализата на бројките произлегува заклучокот дека сите 12 концесионери кои експлоатираат метални руди во државава во 2017 година  уплатиле само 4,95 милиони евра или 2,74% во државната каса како надоместок за концесијата, додека пак, дури 38% им останале како профит, односно 68,9 милиони евра. Односно за компаниите богатство, а за државата трошки.Овие 12 концесионери, пак, вработуваат вкупно 2.175 луѓе, што е далеку помалку од бројките со коишто рударските здруженија лицитираа во јавноста и достигнуваа и до 13.500 вработени. Додадената вредност што ја создаваат изнесува 108 милиони евра и тоа значи дека уделот на активните рудници за метални суровини во вкупниот бруто домашен производ (БДП) е само 1,3%. За споредба, додадената вредност на секторот земјоделство, шумарство и рибарство, според податоците од Државниот завод за статистика, изнесува 923,9 милиони евра, што е осум и пол пати повеќе отколку додадената вредност во секторот вадење на метална руда и учествува во БДП со 10,9%Токму непоправливото загадување со опасни материи и уништување на почвата и водата е една од главните пречки локалното население да го прифати најавениот рударски проект во овој крај, чија животна егзистенција директно зависи од земјоделието, со оглед на фактот дека една третина од земјоделските производи во државава доаѓаат токму од овој регион. За контроверзноста и штетите кои ги предизвикува работењето на приватните рударски компании говори и фактот дека државата се уште нема усвоено Закон за максимум дозволено загадување на почвата поради силното рударско лоби, со што рударските компании можат непречено, неконтролирано и неказнето да загадуваат. Податоците за почвата во околината на Пробиштип, каде има рудници од затворен коп, покажува  дека таму се наоѓа најзагадената почва во Европа. Иако секоја стопанска активност е поврзана со одредено нарушување на квалитетот на животната средина, експертите предупредуваат дека рударството и металургијата се при врвот на списокот на активности кои имаат негативно влијание.Иако актуелната влада на СДСМ стекна политички капитал со својата бомбастична предизборна кампања и гласните ветувања дека рудници во Југоистокот нема да има, сѐ  уште не е на повидок затворање на рудникот Иловица – Штука. И после една година од локалните избори, силниот отпор и протести од локалното население и најавената радикализација од иницијативата „Здрава котлина”, оваа Влада сѐ  уште калкулира со инвеститорот Еуромакс со најави за формирање независно тело(изјава која беше демантирана и отфлена од „Здрава Котлина”) и потфрли да ги изгласа измените за Законот за минерални суровини со кои се забранува употреба на опасни материи при експлоатација на нови рудници.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања