Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
42465215_1995261163853419_3550302108123136000_o

Привремен сообраќаен режим на улицата Антон Попов

Град Скопје информира дека поради извршување градежни работи во рамките на реконструкцијата на улицата Антон Попов, од денеска, па сè до завршувањето на градежните работи, се воведува привремен сообраќаен режим.„Привремениот сообраќаен режим се воведува на потегот од крстосницата со улицата Павел Шатев до крстосницата со улицата Димо Хаџи Димов (кај „Шампионче“). За време на извршувањето на градежните работи на оваа траса ќе биде забранет сообраќајот за тешките товарни возила, како и за автобусите на јавниот превоз, кои ќе се пренасочат и ќе се движат по булеварот Борис Трајковски“, стои во соопштението на Град Скопје.Од Град Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Следува богат спортски викенд во Кисела Вода

Во сабота и недела во спортската сала „Независна Македонија“, девојките од ЖКК Бадел 1862 од Кисела Вода ќе одиграат три кошаркарски натпревари.Имено, во рамки на второто коло од првата лига - жени, сениорската екипа на ЖКК Бадел 1862 ќе игра против екипата на ЖКК Гостивар. Натпреварот ќе се одигра во сабота со почеток во 15:00 часот. Истиот ден во рамки на првото коло од јуниорската лига М16 со почеток во 13:00 часот ЖКК Бадел 1862 ќе и се спротивстави на екипата на ЖКК Спортисимо од Гостивар.Додека, во недела во рамките на првото коло од младинската лига М18, со почеток во 13:00 девојките од ЖКК Бадел силите на теренот ќе ги одмерат со екипата на ЖКК Вардар. За посетителите влезот на овие натпревари е бесплатен.

Спорт | пред 7 години

7 год.
vesna-boskovska

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните на Кисела Вода го немаат видено Темелковски

Граѓаните го немаат видено градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, една година, колку што е на функцијата, изјави денеска на прес-конференција Весна Бошковска од ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека единствени кои го виделе се претседателите на месните заедници.„Иако во изборната кампања ветуваше стотици проекти што би го подобриле животот на гражаните, од тоа нема ништо.Ветена е нова градинка во Расадник, но сè уште нема, за нов булевар од Пинтија до Драчево, но нема. Пред изборите ја најавуваше гасификацијата како голем проект и тој не е започнат. Општинската администрација на чело со градоначалникот Темелковски остана глува на барањата на жителите за нова фекална и атмосферска канализација во Драчево“, рече Бошковска.Таа додаде дека единствен проект со кој се реализирал е ваучерот за секое новороденче, што е проект на ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје | пред 7 години

7 год.
policija-3-640x382

Кривична пријава против поранешен вработен во битолскиот Центар за управување со кризи

Секторот за внатрешни работи во Битола поднесе кривична пријава против 26-годишен битолчанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстаниии и прекурсори“, велат од полицијата.Од МВР во соопштението се наведува дека 9 ноември минтата година во Битола во просториите на регионалниот Центар за управување со кризи, од страна на полициски службеници, при претрес во работната просторија на пријавениот била пронајдена и одземена дигитална вага со траги од непозната растителна материја.

Македонија | пред 7 години

7 год.
2

Пронајдени 40 пакувања со прашеста материја во патика на затвореник во КПУ „Идризово“

Во текот на вчерашниот ден во Казнено-поправната установа „Идризово“ при извршен претрес на 27 -годишниот Е.Љ. од Скопје, лице кое издржувало затворска казна, во патика му биле пронајдени 40 пакувања со прашеста материја и истите му биле одземени, соопшти МВР.Од полицијата наведуваат дека работат на целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
stip-3

Тевдoвски: Платите продолжуваат да растат, а со нив и продуктивноста на фирмите

„Платите во Македонија растат, тоа се гледа и од денес објавениот податок на Државниот завод за статистика, кој покажува годишен раст на нето платата во август од 5,7%“, изјави министерот за финансии Драган Тевдовски на дебатата „Иднината во нашите очи“ во организација  фондацијата „Фридрих Еберт“, која се одржува во рамки на Текстилијадата во Штип.Како што истакна министерот за финансии, целта на Владата е да обезбеди подобар живот за граѓаните и развој на економијата, а овие две цели се заемно поврзани. Тевдовски вели дека токму поради тоа, Владата истовремено го поддржува и растот на платите, преку мерки како минималната плата, но и техничко-технолошкиот развој на компаниите за зголемување на продуктивноста.Тевдовски посочи дека растот на платите најмногу се гледа кај секторите производство на текстил, облека и преработка на кожа. Тоа се оние сектори кои порано имаа плата под минималната, но сега прагот кај нив е изедначен со останатите сектори. И во август овие сектори забележуваат двоцифрени стапки на раст, или во просек околу 15%, одосно околу 2.000 денари раст на годишно ниво.Министерот за финансии вели дека растот на платите влијае на покачување на продуктивноста на компаниите, бидејќи подобро платените работници се помотивирани и попродуктивни. За да се поддржи зголемување на продуктивноста на компаниите, Владата обезбеди буџетски средства но и евтини кредити од Европската инвестициска банка, за да ги поддржи инвестициите во нови капацитети и опрема. Министерот рече дека зголемената продуктивност на компаниите на крај ќе се отслика на развојот на економијата во целост.На дебатата учествуваа и градоначалниците на Штип и Кочани, Благој Бочварски и Николчо Илиев.

Македонија | пред 7 години

7 год.
5

(ВИДЕО) Додевски: ООН препозна дека Македонија прави позитивни промени за остварување на правата на лицата со попреченост

Претседателот на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост во Владата на Република Македонија, Спасе Додевски, информираше дека ова тело подготви акционен план за 2019 година со точно дефинирани мерки и активности, кои ќе ја забрзаат имплементацијата на Конвенцијата на ООН.Тој истакна дека акциониот план е подготвен во соработка со организациите на лица со попреченост и дека двајца од членовите на Националното координативно тело се токму претставници на граѓанските здруженија.„Владата одлучно и посветено останува и продолжува на определбите за унапредување на животот и развојот на лицата со попреченост, како и создавање услови за достоинствено нивно социјално и општествено вклучување на принципите на еднаквоста и недискриминацијата.За таа цел, Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост на денешната одржана седница, меѓу другото, одлучуваше и за можностите за директно имплементирање на препораките од Комитетот на ООН за правата на лицата со попреченост, според начелата на Конвенцијата.Имено, после учеството на македонската делегација на 20-та Сесија на Комитетот на ООН за правата на лицата со попреченост, од 9 до 11 септември 2018 година, на која се објаснуваше и дискутираше по иницијалниот извештај на Република Македонија, за досега преземените активности, Комитетот ни ги достави заклучоците и препораките според кои треба државата да се движи кон имплементацијата на Конвенцијата“ истакна Додевски.Тој порача дека на 20-та Сесија во Женева било потенцирано дека со промената на политичката гарнитура на власт во Република Македонија, евидентирани се крупни позитивни придвижувања кон остварување на правата на лицата со попреченост, посебно во делот на усогласување на националните механизми со членот 33 од Конвенцијата, деинституционализација на децата со попреченост, усогласување на анти – дискриминаторските политики, формирањето на Национално Координативно тело за имплементација на Конвенцијата во рамки на Владата на Република Македонија и во однос на други преземени мерки.Со добивањето на овие препораки, рече Додевски, Република Македонија конечно доби јасен и отворен патоказ кон постапките кои треба да ги преземе кон постигнување на еднаквоста и унапредување на животот на оваа група граѓани.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-3-640x382

Четири лица заработија кривична пријава поради фалсификување исправа, злоупотреба на службената положба и овластување и несовесно работење во служба

Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Кавадарци поднесе кривична пријава против 37-годишниот Г.Ч. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, потоа против  37-годишниот M.Ј. поради постоење основи на сомнение за  сторени кривични дела „фалсификување исправа“  и  „злоупотреба на службената положба и овластување“,  како и против 63-годишниот нотар К.Г. и М.М. 63 години, вработен во МВР на РМ-Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „несовесно работење во службата“, соопштија од полицијата, во чие соопштение се додава дека сите осомничени лица се од Кавадарци.„Во периодот од 16.01.2015 до 01.09.2016 година првопријавениот, вработен во ‘Кожувчанка’ ДОО- Кавадарци, изготвил лажен договор за купопродажба на возило за чистење  снег и посипување со сол ‘UNIMOG U1400’, во кој истиот бил наведен како купувач, по што ваквиот договор го употребил при постапка за идентификација на патничкото возило, во Бирото за метeoрологија при Министерството за економија – Скопје, со цел да ја искористи погодноста по член 24 од Законот за возила. Второпријавениот, пак, како управител на ‘Кожувчанка’ ДОО и ‘ЈА-МИ’ ДООЕЛ – Кавадарци, и покрај тоа што знаел дека наведеното возило било сопственост на ‘Кожувчанка’ ДОО, со првопријавениот, склучил договор за купопродажба на наведеното возило, во кој како продавач бил наведен првопријавениот, а како купувал било наведено правното лице ‘ЈА-МИ’ ДООЕЛ. Третопријавениот, како нотар, и покрај тоа што не му бил приложен оригинален договор за купопродажба на наведеното возило, ја заверил копијата од лажниот договор за купопродажба изготвен од страна на првопријавениот, по што го заверил и договорот за купопродажба на наведеното возило помеѓу првопријавениот, како продавач и ‘ЈА-МИ’ ДООЕЛ, како купувач. Четвртопријавениот, како вработен во МВР – Одделение за управни работи – Кавадарци, издал согласност на ‘ЈА-МИ’ ДООЕЛ за регистрација нанаведеното возилото, без да изврши увид во царинската декларација за наведеното возило, во која како увозник и сопственик била наведена фирмата ‘Кожувчанка’” ДОО“, појаснуваат од  полицијата во нивното соопштение.

Македонија | пред 7 години

7 год.
IMG_7904

Николовски: Силно сме посветени на развој на органското производство

Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска присуствуваше на завршниот настан организиран од Швајцарската амбасада, заедно со Амбасадорка на Швајцарија во Македонија, Сибил Зутер Техада.„Политиките и мерките на Владата и ресорното министерство се во насока на зголемување на органското производство, како и подигање на јавната свест за значење на ова производството во севкупната исхрана на луѓето. За таа цел, преку Програмата за финансиска поддршка во земјоделството, нудиме мерки кои ќе го поттикнат развојот на органското производство. Субвенциите за примарното органско производство од 61 милиони денари оваа година ги зголемивме на 81 милиони денари оваа година. Поддршката во зависност од органската културата е до 100 отсто повисока од субвенциите наменети за конвенционалното производство“, изјави Николовски.МЗШВ неодамна го стави во функција Регистарот на органски производители. Тој има значајна улога за зголемување на довербата на потрошувачите во системот на органско производство соработката помеѓу сертифицираните органски производители, трговците и преработувачите на органски производи. Паралелно, МЗШВ интензивно работи на промоција на македонските органски производи и мотивација кај младите земјоделци да се вклучат во овој сектор. Така, во новиот повик за финансиска поддршка од  неповратни 10.000 евра за млади земјоделци од Програмата за Рурален развој предност ќе имаат оние кои што ќе одлучат да се занимаваат со органско производство.Во насока на зголемување на органското производство, наскоро ќе биде објавен оглас за закуп на државно земјоделско земјиште до 3 хектари, на кој предност ќе имаат повторно органските производители. Македонија е во напредна фаза на усогласување со европските регултави во делот на органското земјоделство, што беше нотирано и во последниот извештај на европската комсиија.Преку проектот „Консолидација на локалните органски сертификациски тела“ -„КонсСерт“, Швајцарија го поддржа македонско тело за органска сертификација, Балкан Биосерт, да ја воведе и задржи акредитацијата за меѓународно бараните органски и други сертификациски услуги. Овој проект значително придонесе за развој на органското земјоделство и подобар пристап на органските извозници од Македонија до меѓународните пазари. Негова крајна цел е да ја намали сиромаштијата на малите и средни земјоделци во Источна Европа, преку промовирање на трговијата со сертифицирани органски производи и олеснување на пристапот на органските фармери кон европскиот и швајцарскиот пазар.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Untitled-9

В недела на кејот на Вардар ќе се трча за поддршка на заболените од Вилсон

В недела, на 21ви октомври, на кејот на Вардар кај мостот кај луна паркот, со почеток во 11.30 часот, ќе се одржи хуманитарна штафетна трка Подај рака 2018 за поддршка на заболените од ретката болест Вилсон. Собраните средства од котизацијата, оваа година ќе бидат искористени за запознавање на матичните лекари со можните симптоми и начините за рано детектирање на болеста, што ќе се спроведе со карван низ повеќе градови.Трката, која се одржува по четврти пат, е во организација на Здружението на граѓани за поддршка на лица со оваа ретка болест - Вилсон Македонија, а во неа ќе учествуваат и лица заболени од Вилсон и од други ретки болести со што симболично ќе се покаже дека кога дијагностиката и терапијата се навремено аплицирани, со најголемиот број ретки болести, може да се живее нормален живот, рамноправен со сите луѓе.„Со овој настан сакаме да им дадеме поддршка и на сите лица кај кои најчесто, како последица на ненавремена детекција, ретките болести оставиле непоправливи последици, како и да им оддадеме почит на оние кои прерано го изгубиле својот живот борејќи се со нив“, велат од Вилсон Македонија.Трката како и досега ќе биде штафетна и ќе се трчаат четири пати по еден километар, а ќе има и детска трка бидејќи е многу важно најмладите да се запознаат и од мали да даваат поддршка на лица кои се соочуваат со ретки болести, паралелно развивајќи ја својата хуманост.Повеќе информации и пријавување за трката Подај рака се достапни на следниот линк https://www.smartrace.club/Болеста Вилсон предизвикува нарушување во метаболизмот што доведува до таложење на бакар во црниот дроб, мозокот и очите, процес што се одвива постепено, со години, пред појавата на првите симптоми.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Андоновски: Со новиот ребаланс на буџетот, СДСМ ја уништува перспективата на младите

Со новиот ребаланс на буџетот СДСМ ја уништува перспективата на младите, обвини денеска на прес-конференција Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.„Штетните политики на власта го поттикнуваат егзодусот на македонските граѓани. Сега предвидени се нови кратења најмногу за оние граѓани кои допрва треба да го дадат својот придонес за државата и да ги решаваат проблемите на општеството. Со предлогот на СДСМ, се кратат средства во образованието и образовната инфраструктура, од изградбата и реконструкцијата на студентските домови, средните и основни училишта, спортските објекти. Но сепак најбизарно е Владата да предвиди милионски средства за лубриканти, а да скрати средства од проектите за превод на книги од реномирани автори“, изјави Андоновски.Дури 48 милиони денари помалку се предвидени за превод на стручна литература од најдобрите светски универзитети, додава Андоновски и посочува дека студентите и научниците во Македонија наместо да бидат во чекор со своите врсници од светот ќе ја намалат можноста да бидат во тек со најмодерните откритија во својата област.

Македонија | пред 7 години

7 год.
11-1

Новите 25 питомци во АРМ дадоа заклетва

Со свеченост на Воената академија денеска беа промовирани 26 потпоручници во АРМ, а заклетва дадоа нови 25 питомци кои го започнуваат своето воено образование. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска во своето обраќање им честиташе на промовираните потпоручници и новопримените питомци, им порача дека тоа се идните армиски лидери и дека тие влегуваат во институција која со право ужива највисока доверба помеѓу граѓаните на Република Македонија.„Вие сте идните армиски лидери кои ќе ја подигнат Армијата на Република Македонија на уште повисоко ниво и кои ќе успеат да го држат чекорот со современите текови и стандарди во одбранбената политика“, рече министерката Шекеринска. Изрази задоволство што во секоја класа питомци има сè поголем број на припаднички на женскиот пол, што, како што рече, покажува дека Македонија и армијата се менуваат на подобро, создавајќи шанси и отворајќи врати на сите, дури и во професии кои долги години се сметале за машки.Министерката истакна дека Македонија ги прави последните чекори од 27-годишниот маратон кон НАТО, и додаде дека оваа континуирана посветеност и определба за која работеа илјадници припадници на АРМ заслужува да биде крунисана и Македонија да стане 30. членка на НАТО.На Воената академија денеска во потпоручници беа промовирани и 2 питомци од Црна Гора, како и 1 питомец од Косово, а свечена заклетва дадоа 4 нови питомци од Босна и Херцеговина, 3 од Црна Гора и 1 од Косово.Говорејќи за идните чекори во развојот на Воената академија, министерката истакна дека со помош на НАТО- тимот за подобрување на процесот на военото образование, со забрзана динамика се работи на целосна модернизација на програмата и плановите за подготовка.„Согласно новите предизвици на модерното општество во областа на сајбер безбедноста и одбраната, во Воената академија оваа академска година ги започнавме постдипломските студии на програмата „Сајбер безбедност и дигитална форензика“. Во моментов на овие магистерски студии се школуваат 30 студенти, а во рамки на Академијата размислуваме како повеќе акцент да ставиме на овие модерни предизвици, модерни ризици и нови начини како со нив да се справиме“, заклучи министерката.Деканот на Воената академија, полковникот Орце Поповски, рече дека давањето на свечена заклетва е најсветото нешто што секој офицер мора да го чува и да се држи до него.„Вие штотуку дадовте збор дека дисциплинирано, совесно и одговорно ќе ги извршувате сите обврски и задачи. Се заколнавте дека ќе ја браните слободата, територијата и сувереноста на нашата татковина - Република Македонија. Тоа е нешто што мора да го запаметите и да го имате пред себе секој ден, за време на вашето школување во Воената академија“, рече полковникот Поповски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-3-640x382

Поднесени кривични пријави против тројца скопјани поради кражба

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Б.Ф. (19), А.Ј.(20) и И.Ш. (19), сите од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “тешка кражба“ и “одземање на моторно возило“.„На 12.08.2018 година во времето од 14,00 до 17,00 часот во Скопје во објект на правно лице од Скопје, пријавените преку незаклучената влезна врата, влегле внатре и одзеле 40 електромотори и пумпи, по што истите ги ставиле во товарно возило “Мерцедес спринтер”, сопственост на фирмата, во кое бил оставен клучот за стартување на истото, по што заминале во непознат правец“, информираат од МВР.

пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Поради затворањето на „Македонско село“, ЈСП ја скрати трасата за бројот 28

Oд понеделник (22.10.2018 година), линија 28 ќе сообраќа по изменета (скратена) траса од досегашната.„Наместо Транспортен центар, почетната станица на автобусите на посочената линија ќе биде почетната станица на линија 4А (улица„Лондонска“), а крајна станица и понатаму ќе биде Горно Нерези (Македонско село). На линијата ќе сообраќа минибус“, соопшти ЈСП.Од ЈСП информираат дека причина за кратење на трасата, е затворањето на комплексот „Македонско село“, па затоа се менува почетната станица, а истовремено и натаму ќе се опслужуваат жителите на Горно и Средно Нерези.

Скопје | пред 7 години

7 год.
nemacka-policija-hamburg-2-620x350

Двајца полицајци тешко ранети при престрелка во Германија

Две лица се убиени, а двајца полицајци се сериозно повредени при престелка во југозападна Германија.Од полицијата и обвинителството соопштуваат дека околу 8.30 часот утринава добиле повик од 56-годишна жена која била нападната од нејзиниот син. Двајца полицајци биле испратени во Кирхајм ан дер Вајнштрасе, гратче крај Манхајм. При нивното пристигнување во станот тие биле нападнати со ножици, но веднаш пукале кон напаѓачот. При пукањето загинале две лица, а двајцата полицајци се тешко повредени. 

Свет | пред 7 години

7 год.
DSC_0200-1

Отворање на еко парк во населба Сењак 4 во Штип

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски присуствуваше на отворање на еко парк во населба Сењак 4. Се работи за донација од страна на двете фирми, Адиент и Пакомак во вредност од 240.000 денари, сума којашто е искористена за набавка на клупи, детски лулашки, корпи за отпадоци и други реквизити за забава и игра на најмалите.„Се наоѓаме во населба Сењак 4 на еден убав настан на мое и на задовоство на сите граѓани верувам. Имавме едно игралиште коешто беше заборавено и еве денеска  благодарение на општествено одговорните фирми Адиент и Пакомак заедно во соработка со Општина Штип наместивме неколку клупи, детски лулашки, корпи за отпадоци, засадивме неколку дрвца којшто ќе бидат од корист на граѓаните и на дечињата коишто живеат овде,“ стои во изјавата на градоначалникот Бочварски.Општина Штип и градоначалникот Бочварски се во постојан контакт со многу општествено одговорни компании кои често излегуваат во пресет на Општината и на граѓаните и придонесуваат за разубавување и урбанизирање на нашиот град.

Македонија | пред 7 години

7 год.
IMG_8194

Градоначалникот Георгиевски ги додели наградите за најубаво уредени дворови и балкони

Градоначалникот на општина Гази Баба денеска додели награди за најубаво уредени приватни и стопански дворови и балкони. За проектот “Цвеќето и зеленилото на нашата општина” се пријавија 24 лица, а наградите беа рангирани во 3 категории. Награди добија 5 лица и тоа 3 за најдобро уреден двор поделени во прво, второ и трето место, едно лице за најдобро уреден балкон и едно лице доби награда за најдобро уредено зеленило пред стопански објект. Наградените добија градинарски алат кој ќе им служи за одржување на зеленилото.„Целта е ваквите проекти да го мотивира населението да ја озелени и ја обои својата животна средина, а со тоа да се разубави и општина Гази Баба. Ние и понатаму ќе продолжиме да ги поддржуваме проектите кои придонесуваат за подобрување на животната средина во општина Гази Баба. Досега успеавме да направиме клучни промени во овој дел и тоа: -за Јавното комунално претпријатие “Гази Баба 2007” кое беше заборавено - набавивме нова опрема и нова механизација, изградивме соодветен нов објект, овозможивме нови вработивања, се во функција на граѓаните, потоа поставивме нова урбана опрема во неколку населени места, постојано ги чистиме и одржуваме дивите депонии, реализиравме неколку еко акции,  а даваме и поддршка за менување на кровови и доделуваме субвенции за набавка на печки на пелети“, изјави градоначалникот Георгиевски.Овој настан се спроведува под покровителство на општина Гази Баба а се реализира со Организацијата на жени на општина Гази Баба.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Image-1

Министерката Царовска ја презентираше социјалната реформа пред експерти во Стразбур

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска ја презентираше реформата во социјалната и детската заштита во Македонија. Потребата од реформата како и очекуваните ефекти од нејзината примена која треба да стартува од идната година ,Царовска ја образложи пред експерти од 42 земји члнки на АД ХОК Комитетот за Роми.„Со реформата воведуваме програма за гарантиран минимален приход, што ќе овозможи финансиска поддршка за сите лица што живеат под линијата на сиромаштија. Целта на овој приход е да им обезбедиме доволно средства за подостоинствен живот, да ги вклучиме во општеството, но и да работиме на нивно оспособување за трајно вработување. Се бориме и против детската сиромаштија, бидејќи секое дете ни е важно. Воведуваме детски и образовен додаток, а право на овие надоместоци освен корисниците на гарантираниот минимален приход ќе имаат и домаќинствата со минимални приходи“, рече министерката Царовска.Министерката Царовска во Стразбур имаше работна средба со Заменик генералната секретарка на Советот на Европа, Габриела Батаини Драгони. На состанокот се разговараше за активностите на Министерството за труд и социјална политика поврзани со интеграцијата на Ромите, како и за поголемиот дел законски регулативи во надлежност на МТСП.Батаини Драгони ги поздрави напорите коишто Владата на Република Македонија  и Министерството за труд и социјална политика ги прави за подобрување на социјалната и детската заштита и изрази поддршка за техничка помош за скрининг процесот во делот на социјалните прашања.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Пронајдени две женски тела во фаза на распаѓање во Хрватска

На крајбрежјето на островот Угљан за помалку од 24 часа се пронајдени две женски тела.Од полицијата известуваат дека првото тело е пронајдено околу 18 часот во близина на р’тот Карантун, а во четвртокот околу 13 часот пронајдено е и второ тело, и истите биле во фаза на распаѓање повеќе од една недела.Телата се пренесени во Задар на обдукција со цел откривање на идентитетот и причините за нивната смрт.

Свет | пред 7 години

7 год.
img_6824

Анѓушев: Владата дава поддршка за младите за да се поттикне претприемачкиот дух

Вчера вечер, во хотелот ТЦЦ Гранд Плаза, Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев учествуваше на форумска дебата „Перспективите на младите лица од полноправното членство на земјата во ЕУ и НАТО (влијанија врз монетарната политика, бизнисот и пазарот на капитал)“ во организација на „Институтот за бизнис и менаџмент Хеиделберг Скопје“.Потпретседателот на Владата Анѓушев нагласи дека ЕУ и НАТО ќе преживеат без Република Македонија, но дека квалитетот на живот во нашата земја без членство во овие две организации нема да го достигне посакуваното ниво.„Членството во организации како НАТО и ЕУ не значи само безбедност, тоа е многу повеќе, значи придобивки за економијата и подобар живот на граѓаните на Република Македонија. За сите стопанственици многу важни се владеењето на правото, стабилноста на државата, а дури на трето место се поволностите кои државата ги нуди за водење на бизнис. Активно работиме на подобрување на владеењето на правото, донесовме и мерки за поттикнување на инвестициите, а членството во НАТО и ЕУ ќе ја донесат посакуваната стабилност. Сведоци сме дека само со посветеноста за влез во овие организации има позитивни импакти, нивото на странски директни инвестиции во првата половина од годината е на рекордно ниво и го надминува нивото на СДИ во претходните години“, подвлече Анѓушев.Вицепремиерот Анѓушев истакна дека соработката на Република Македонија со Сојузна Република Германија треба да се одвива во повеќе насоки, а дека присуството на институтот Хеиделберг, кој започна со работа оваа година и кој е дел од истоимениот универзитет од Германија, еден од трите најстари во Европа, е добар пример како да се унапредува соработката во образованието.„Успешна економија нема, доколку нема успешни домашни претриемачи. Доколку сакаме да имаме успешна економија, мора да имаме развиена индустрија, треба да се развива конкурентноста на компаниите, особено кога станува збор за мала земја како Република Македонија. Тоа значи дека мора да бидеме извозно ориентирани, да бидеме конкурентни со целиот свет. Треба да се зголеми продуктивноста, преку пристап до технологии и трансфер до знаења. Во таа смисла трансферот на знаења кој може да се добие преку соработка со врвни унверзитети, каков што несомнено е Хеиделберг, трет најстар универзитет во Европа, се од круцијално значење. Во Република Македонија имаме млади и едуцирани луѓе, ни недостига претприемачки дух. Преку членство во ЕУ и  НАТО ќе се добие пристап до повисоки средства за технолошки развој, набавка на технологии, а Владата ќе помогне за развојот на претримачкиот дух кај младите луѓе“, заврши Анѓушев.На дебатата учествуваа и гувернерката на НБРМ д-р Анита Ангеловска Бежовска, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, претседателката на комисијата за хартии од вредност, м-р Нора Алити, претседателот на деканската управа на Институтот за бизнис и менаџмент Хеиделберг, проф. д-р Улрих Цеител, како и извршниот директор на Институтот, проф. д-р Синиша Наумоски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
44502078_2124792607544805_8401387924297351168_o

Отворен 22. Меѓународен фестивал на поезијата „Денови на Наим“

Во присуство на многубројни поети од земјава и од странство, синоќа во Центарот за култура „Иљо Антевски-Смок“ во Тетово свечено беше отворено 22. издание на традиционалниот Меѓународен фестивал на поезијата „Денови на Наим“.На отворањето, присутните ги поздрави министерот за култура Асаф Адеми, кој упати честитки до раководството за досегашниот постигнат успех и додаде дека Фестивалот, кој го носи името на големиот поет, писател и преведувач Наим Фрашери, е од особено значење за градот Тетово каде што во наредните денови ќе се чуе гласот на поетите и ќе се почувствува нивната инспирација.„Посакувам уште многу успешни изданија на Фестивалот, а на присутните поети им пожелувам пријатен престој и успешно претставување на годинашното издание. Да се чуе гласот на поетите, да се почувствува поетската инспирација и да се прослават музите што во нашиот град Тетово имаме фестивал на поезијата “, порача министерот Адеми.Годинашен лауреат на Фестивалот е Beat Brechbuhl.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ФОТО-ВЕСТ) За ручек пратениците трошат по 150 денари, еве што јадат

Македонија | пред 7 години

7 год.
UaYct-

Приведен дилер на дрога од Скопје

Полицијата го приведе 39-годишниот Н.Ш. од Скопје под сомнение за неовластено производство и продавање дрога.Според информациите на МВР, во средата по претходно добиена судска наредба, извршен е претрес на дом и други простории кај пријавениот Н.Ш. и при претресот пронајдени и одземени се алуминиумска фолија со растителна материја, две поголеми и две помали паковки, како и една најлонска кеса со растителна материја пресувана во разни форми, 10 пакувања со грутчеста-прашеста материја, една паковка со прашеста материја, неколку пакувања со вкупно 27 таблети во разни бои и форми, електричен блендер и пластичен сад со остатоци од непозната материја.При преглед кај Н.Ш., пронајдена е и поголема количина пари, а по направеното вештачење констатирано е дека материјалот во пресувана форма со вкупна нето-маса од 447 грама претставува хашиш, а останатиот растителен материјал со вкупна нето-маса од 50 грама претставува марихуана. За преостанатиот доставен материјал дополнително ќе биде направено вештачење.Во врска со случајот известен е дежурен Јавен обвинител, од кого се добиени насоки за натамошно постапување, а Н.Ш. е приведен и задржан за понатамошна постапка.

Скопје | пред 7 години

7 год.
soobr1

Се преврте камион со овци, возачот и сопатникот се здобиле со телесни повреди

На 18.10.2018 година околу 12,15 часот било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-Кичево, во непосредна близина на Мавровската крстосница, товарно возило „Фиат ивеко“ со битолски регистерски таблици, управувано од А.П.(30) с.Новаци-битолско, а кое превезувало 200 овци, загубило контрола и излетало од коловоз, при што се превртела неговата приколка.„Во незгодата со телесни повреди се здобил сопатникот во возилото Р.Р.(50) од Битола, а настрадале 68 овци. По овластување на Јавен обвинтел, увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар“, информираат од МВРСе работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-2-1

Исчезна малолетничка од Чаир

На 18.10.2018 година во 17,30 часот во Полициската станица Чаир Т.М.М.(48) од Скопје пријавила дека на 17.09.2018 година нејзината куќа во непознат правец се оддалечила 15 годишна малолетничка.Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања