Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
policija-2-1

Разбојници лажеле дека се полицајци и со пиштол му се заканиле на 23-годишник

Утрово во полициската станица Аеродром, 23-годишник од Скопје пријавил дека во раните утрински часови, додека со автомобил се движел по булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“, во придружба на негова другарка, бил на двапати пресретнат од три лица.Најпрво тоа се случило во близина на железничката станица, а потоа и кај трговскиот центар „Бисер“ при што тројцата неидентификувани мажи излегле од автомобил „киа“. Возачот од „киата“ извадил легитимација и лажно му се претставил на 23-годишникот како полициски службеник, по што му ги зел телефонот и документите.По ова, 23-годишниот скопјанец се упатил кон паркот во Ново Лисиче, каде требало да се види со пријатели, но и таму дошле лицата со автомобил „киа“, при што и од другарите побарале документи.Еден од тројцата разбојници физички го нападнал момчето на кое претходно му го земал телефонот и му се заканил со пиштол.Веднаш по пријавата преземени се соодветни мерки и активности и во полициска станица бил приведен 25-годишник идентификуван како сторител на настанот. По целосно расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Педесетгодишна жена нападнала соученик на нејзиниот син

Четириесет и двегодишен скопјанец во полициската станица Карпош пријавил дека на 10. месецов на улицата „Женевска“, неговиот 13-годишен син физички бил нападнат од 50-годишна жена, мајка на негов соученик.Според пријавеното, настанот го забележал 18-годишниот брат на момчето, кој ја оттргнал жената од него, по што и двајцата заминале.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
policija-2-1

На патот Демир Капија-Неготино пронајден арачиновец по кого трагала полицијата

Во попладневните часови на вчерашниот ден, на патот Демир Капија-Неготино, кај клучката Прждево, полицајци запреле автомобил „голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 25-годишниот Г.М. од скопското село Арачиново.Во „голфот“, сопственост на трето лице, како сопатник патувал и Љ.А. (25), исто така од Арачиново.По извршената проверка, било утврдено дека Г.М. се наоѓал на листата со мерка „приведи“ по што, тој бил уапсен, а автомобилот одземен.

Македонија | пред 7 години

7 год.
soobrakajka1-1

Сообраќајка на влез на Скопје направи километарска колона

Утрово околу 10 часот на булевар Александар Македонски, после железничкиот надвозник на влезот во Скопје, се случила сообраќајна незгода којашто предизвика голем застој на возилата на автопатот, пренесе нетпрес.Во сообраќајката учествувале три возила, „фолксваген поло“, „БМВ“ и „мерцедес“, сите со скопски регистарски ознаки.Се врши увид

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Зголемено присуство на змии во Скопје

Во последните денови, скопјани активно споделуваат видео снимки и фотографии од змии снимени во централното градско подрачје, низ скопските населби и во близина на Градскиот парк во Скопје. Појавата на змии во урбаните средини може директно да се поврзе со нехигиената во градот, пишува „Само прашај“.Според истражувањето на Ухрин и соработниците, во Македонија живеат 33 вида на влечуги од кои 17 се змии. Зголеменото присуство на змии во урбаните центри може да се должи на намалувањето на природните живеалишта на змиите или пак зголеменото присуство на храна во градовите. Во случајот за Скопје постои голема веројатност да се двете. Во Скопје веќе 10 години активно се уништуваат зелените јавни површини и се врши зголемена урбанизација на Водно и околните шуми со што се протеруваат популациите на змии подолу низ градот. Дополнително, во последните месеци се зголемуваат и жалбите на граѓаните за влошената состојба на градската хигиена. Се забележуваат преполнети контејнери, нечисти улици и отпадоци низ парковите. Сето ова претставува извор на храна за многу видови на глодари, кои пак претставуваат главен извор на храна за змиите. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
43951406_252463662281640_2349442678229303296_n

(ВИДЕО) Арсовски: Власта најави ново задолжување од 53,6 милиони евра

„Црната економска тројка во криминалниот картел на власт, Заев-Анѓушев–Тевдовски ја турка Република Македонија во тотален економски хаос.Задолжувањето на државата стана секојдневна практика на оваа власт, а нема никакви резултати од тоа. Економијата бележи само раст на задолжувањето, а пад на проекциите на БДП“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.„Бројките се немилосрдни и никаква весела математика на Зоран Заев и трети полугодија нема да ги покријат катастрофалните резултати на оваа неспособна власт.Веќе за идната недела оваа влада најави ново задолжување и тоа од најмалку нови 3,3 милијарди денари односно околу 53,6 милиони евра. Оваа аукција на државни хартии од вредност е најавена за 16-ти октомври.Во рок од три недели наназад оваа власт веќе по истиот основ ја задолжи за 102 милиони евра.Јавниот долг веќе достигна 48,8% од проектираниот БДП. Ако на ова се земе фактот дека растот на БДП ќе биде помал од проектираниот, односно од 3,2% ќе заврши само на околу 1,2% тогаш бројките стануваат загрижувачки.Македонија поради неспособноста на оваа власт повторно ќе биде на дното во Европа по растот на БДП. Во услови кога сите земји од регионот, а да не зборуваме за Европа ќе бележат високи стапки на раст, ние ќе треба да се задоволиме со нешто над 1%. Од земјите во регионот годинава највисок раст ќе имаат Албанија, Србија и Косово 4%, Црна Гора 3,7%, Бугарија 3,6%, БиХ 3,2% и Хрватска 2,8%. Во Македонија може да сонуваме за овие цифри. Ни трага ни глас од 5% или 7% раст кои ги ветуваше Зоран Заев пред изборите. Тоа го потврди и ММФ со последниот извештај.Тоа очигледно е капацитетот на оваа власт. Секое ново задолжување само ја покажува неспособноста на оваа влада и ја уништува иднината на генерациите кои доаѓаат“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Од понеделник почнува грејната сезона

Граѓаните и правните субјекти во Скопје кои се поврзани на централниот систем на топлинска енергија, од 15 октомври (понеделник) ќе почнат да добиваат топлинска енергија, сѐ до 15 април 2019, кога трае регулираниот период за редовна испорака, соопштија од компанија БЕГ.Во овој период, како што се посочува, испораката на топлинска енергија се врши по строго утврдени правила и дијаграми во зависност од атмосферските услови и надворешните температури.Овие правила и дијаграми се утврдени во регулативата за испорака на топлина до потрошувачите одобрена од Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија.Доколку надворешните температури се пониски, во текот на регулираниот период се испорачува поголемо количество топлинска енергија и обратно, така што корисниците имаат обезбеден комфор и загреани домови согласно стандардите, односно температури во домовите не пониски од 20 +1 степен Целзиусов.При одредени атмосферски услови на доволно топло време, кога не е потребно никакво греење, се прекинува испораката на топлинска енергија во периодите на високи надворешни температури, а веднаш по намалувањето на надворешните температури под определените вредности, греењето повторно се вклучува. При испораката на топлинска енергија се обезбдува оптимална потрошувачкa на топлинска енергија со минимални трошоци за греење на корисниците, истакнуваат од БЕГ.Информираат дека годинава споредено со минатата година бројот на нови потрошувачи е зголемен, а трендот на повторно приклучување се должи на високиот комфор што го добиваат потрошувачите за најдобра цена, согласно сите еколошки стандарди.Како резултат на континуираната модернизација на системот за централно греење, квалитетот на услугата е значително подобрена.Потрошувачите имаат и дополнителна поддршка преку услугата „Мој Сервис". Стручните екипи на „Мој Сервис" досега направиле преку 4.000 интервенции. Најчести интервенции се приклучувања кон системот за централно греење, замена на грејни тела, интервенција на вертикалната инсталација во зградите, интервенција во ормарче, прочистување и увид во внатрешната инсталација итн., наведуваат од БЕГ.За сите детали за испораката на топлинска енергија, потрошувачите може да се информираат на веб-страницата www.beg-snabduvanje.com.mk (Мрежни правила за дистрибуција на топлинска енергија Прилог 3), или да се обратат до Центарот за грижа за потрошувачи на телефонскиот број 02 3076 200 и на 075 400 100 или преку е-пошта на: contact@beg-snabduvanje.com.mk .

Скопје | пред 7 години

7 год.
DpQdaryUcAA-NZR

(ФОТО) Стивенсон, Груби, Рангелова ручкaат

Според написите на социјалните мрежи, вчера пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова била на ручек со Артан Груби од ДУИ и Дејвид Стивенсон од Американсата амбасада во Скопје.https://twitter.com/macedonus/status/1050689946196029441Според истите, се врши притисок таа да гласа за уставни измени, откако јавно кажа дека тоа нема да го направи. Истовремено, бараат оставка од Рангелова како потврда дека нема да биде „за“ менување на Уставот.  

Македонија | пред 7 години

7 год.
bugarija-novinarka-ubistvo

Убиецот на бугарската новинарката се враќа на местото на злосторството

Германија во следните 10 дена ќе и го испорача на Бугарија осомничениот за убиството на бугарската новинарка, Викторија Маринова, соопшти денеска германското обвинителство.Дваесетгодишниот бугарски државјанин, Северин Красимиров делумно го призна злосторството што се случи во северниот дел од Бугарија. Негова ДНК е пронајдена на местото на убиството, на основа на што беше издаден европски налог за апсење. Тој во вторникот беше уапсен во Германија, каде побегнал.Красимиров призна дека вербално спорел со жртвата на 6 октомври, бил под влијание на алкохол и дрога и ја удрил новинарката со тупаница по лицето. Тој рече дека потоа ја фрлил младата жена во грмушките, но не сакал да ја убие, одбивајќи ги и обвинувањата за силување.Изјава за медиумите даде и мајката на Красимиров, која потврди дека нејзиниот син и раскажал за убиството.Телото на новинарката Викторија Маринова, која известуваше за можна корупција во бугарската влада, беше пронајдено во близина на Дунав. Полицијата тогаш наведе дека Маринова била претепана, силувана и задавена.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ФОТО) Скопјанка изнајмила маж за 2000 денари

https://www.facebook.com/MakedonciNaInternet/photos/a.237778719896970/753717858303051/?type=3&theater

Скопје | пред 7 години

7 год.
silegov

Шилегов најави контејнери со чипови

Контејнери со чипови кои ќе откриваат кој контејнер е полн и треба да се испразни, најави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на денешната седница на Советот на Град Скопје.– Состојбата со комуналниот отпад се базира на еден модел кој е сериозно застарен. Веќе најавив дека Град Скопје ќе започне со вистинска дигитализација. Наместо досегашните рути, планот е компјутеризацијата да ја прави рутата, според тоа кој контејнер е полн. Во контејнерите да има чипови. Возилата би биле нови и специјални. Инсистирам контејнерите да бидат достапни за лицата со посебни потреби – рече Шилегов.

Скопје | пред 7 години

7 год.
hasim-taci-990x556-696x391

Тачи: Добив поддршка од Макрон за Косово и Србија да преговараат за корекција на границите

Претседателот на Косово, Хашим Тачи изјави дека добил поддршка од францускиот претседател Емануел Макрон дека Косово и Србија треба да постигнат обврзувачка спогодба со реална можност за корекција на границите, што подразбира вклучување на Прешево, Медвеѓе и Бујановац во границата на Косово.Тачи за TVSH вели дека тоа ќе отвори сигурна евроатланска перспектива за Косово, дека нема да ги зема предвид ограничувањата а основа на етничката припадност, туку дека секогаш ќе се одржува мултиетничноста на Косово и перспективите за изградба на граѓанска демократија во земјата.Тој додава дека францускиот претседател го советувал и му предложил што поскоро да се склучи договор меѓу Косово и Србија.

Свет | пред 7 години

7 год.
spasovski

Спасовски: Откривме повеќе од 40 лица вработени во МВР со фалсификувани дипломи

„До сега беа откриени преку 40 лица вработени во МВР со фалсификувани дипломи. Овие лице стигнале и до значајна функција во МВР, но по откривањето добија отказни решенија и кривични пријави. А кривични пријави беа поднесени и до факултетите кои ги издале тие дипломи“-изјави Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во интервју за емисијата Клик-плус на ТВ21.https://www.facebook.com/makedonskapolicija/videos/2155501311390282/Прашан дали досега некој од пратениците пријавил закани околу донесувањето на предлогот од Владата за уставните измени, вели дека ниту еден пратеник нема пријавено какво било кршење на законот. Но, има пријави од раководни лица во опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ и членови од истата партија, за што се постапува, рече Спасовски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
avtopat-koli-3

Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.Од ЕВН е најaвено дека од 03.10.2018 година, напојувањето  на тунелите на патот Демир Капија – Смоквица од страна на Демир Капија ќе биде исклучено неколку денови. Од оваа причина, напојување ќе има само од страна на Удово. Доколку дојде до прекин во напојување  од двете страни сообраќајот на автопатот Демир Капија – Смоквица во двете насоки ќе се одвива под посебни услови во тунелите.Од 01.10.2018 ЈП Македонијапат подружница Штип изведува градежно асфалтерски работи на повеќе регионални патни правци од кои  Р-1402 на  од с. Куклиш до с. Банско, на Р2345 од Виница – с. Бигла и на Р1204 од Свети Николе до Павлешенци од 09:00 до 17:00 часот.Од 02.10.2018 ЈП Македонијапат iзведува градежни работи (машинско асфалтирање, надоградба на постоечката подлога на коловозот) на регионалениот пат Р-1206 од с. Желино до с. Сарачино во должина од 4 км. На местото на изведување на градежните работи е поставена соодветна сообраќајна сигнализација како и физичко обезбедување со знаменца, а сообраќајот се одвива наизменично во двата правци.На 04.10.2018 ЈП Македонијапат подружница Велес изведува асфалтерски работи на регионалниот пат Р-1102 на потегот од с. Смоквица до с. Прдејци од 09:00 до 17:00 часот. Во периодот на работа сообраќајот се одвива по автопатот А1 Смоквица – Гевгелија во двата правци. На местата на изведување на работите е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.Илинден АД Струга известува дека од 25.08.2018 година, поради рехабилитација на битолската обиколница, на потегот од бензинската ЛукОил, на влез од Битола, до с. Крклино, сообраќајот е во прекин се до завршување на градежните работи. Истиот се пренасочува преку градот Битола.Виадукт Трејд Дооел – Гостивар известува дека од 20.08.2018 година, се изведуваат градежни активности – Рехабилитација на обиколка на Скопје (клучка Стајковци – клучка Мирковци) возна и брза лента, во времетраење од шест месеци.Илинден АД Струга известува дека согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај, на магистралниот пат А2, делница  Кичево – Охрид (Мала Река – Славеј Планина) од 10.08.2018 воведе времена измена на сообраќајот, со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Измената ќе трае до завршување на градежните работи.Друштвото АСФАЛТ ДОЕЛ СКОПЈЕ известува дека порaди изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатните станици за патарина, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобренијата за времен режим на сообраќај, и тоа на:– наплатната станица Градско во периодот од 08.08.2018 до 07.10.2018;– наплатната станица Гевгелија (на магистралниот пат А1, делница Демир Капија-Гевгелија) во периодот од 21.06.2018. до 18.10.2018;– наплатната станица Романовце во периодот од 15.09.2018 до 14.03.2019 год.АМСМ ги предупредува возaчите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од ново поставената сообраќајна сигнализација.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Најмалку седуммина загинати од ураганот Мајкл

Силниот ураган Мајкл однесе најмалку седум животи, додека илјадници војници и спасувачи на северозападот на Флорида се дел од акцијата за спасување и расчистување на улиците.Во средата ветрот беснеел речиси 3 часа низ улиците со брзина од 249 километри на час, известуваат странските новинари.Гувернерот на Флорида, Рик Скот изјави дека штетата од Панама Сити до Мексико Бич е многу поголема отколку што очекувале.Повеќе од 900.000 домаќинства, трговски и бизнис објекти во Флорида, Алабама, Џорџија, Северна и Јужна Каролина се без електрична енергија.

Свет | пред 7 години

7 год.
death-toll-in-minibus-truck-collision-in-russian-chuvashia-rises-to-13-medics-1004x620

13 мртви при судар помеѓу минибус и камион

Најмалку 13 лица го загубија животот, а четири се потешко повредени, при судар помеѓу минибус и камион во централна Русија.До несреќата дошло кога камионот преминал во спротивната лента и се судрил со минибусот во кој имало 21 патник.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Каталонскиот парламент бара укинување на монархијата во Шпанија, Санчез не прифаќа

Пратениците на сепаратистичките партии и левичарската коалиција „Заедно можеме“ гласаа за усвојување на резолуцијата со која се осудува „кралската интервенција во каталонскиот конфликт“ и се бара отстранување „една застарена и недемократска институција како што е монархијата“.Кралот Фелипе Шести беше критикуван во Каталонија, особено по неговата остра реторика против каталонските сепаратисти за време на есенската криза минатата година.Социјалистот Санчез откако дојде на власт го обнови дијалогот со сепаратистите, нудејќи референдум за поголема автономија во Каталонија, но категорично го отфрли организирањето референдум за самоопределување.Санчез реагираше на Твитер за гласањето на каталонскиот Парламент, истакнувајќи дека усвоената резолуција е недозволива.– Оваа влада ќе ги преземе сите правни дејства со кои располага за да го заштити законот, Уставот и државните институции, напиша Санчез, без да прецизира кои мерки ќе бидат преземени.

Свет | пред 7 години

7 год.
pilicija

Полицијата во Словенија истражува корупција во здравството

Истражувачи на Националното истражувачко биро на Словенија (НБИ) вчера извршија претреси во домови во повеќе словенечки градови, поврзани со пријави за корупција во здравството при набавка на медицинска опрема и материјали.Полицијата соопшти дека под сомнеж се десет физички лица и две компании, чии деловни и приватни простории се наоѓаат на подрачјето на Љубљана, Марибор, Крањ, Ново Место и Целје, јави словенечката агенција СТА.Во истагата учествуваат 55 истражувачи.– За време на претресот, барани се докази за нелегално прифаќање или давање подароци, соопшти полицијата, наведувајќи дека истрагата се уште трае.Постои сомневање дека имотната корист со која се стекнале осомничените со сторените кривични дела изнесува повеќе од сто илјади евра.Медиумите наведуваат дека истрагата била концентрирана на набавка на медицинска опрема за некои болници по високи цени, при што посебно се истакнува набавката на венски стентови за кардиолошки операции.

Свет | пред 7 години

7 год.
kamati

Отпишувањето камати за долгови пред пратениците

Во Собранието на РМ денеска ќе заседава Комисијата за финансирање и буџет.Комисијата ќе расправа по Предлог – законот за отпишување камати за наплата на долгови кои произлегуваат од услуги од вршители на комунални дејности, телефонија, мобилни и кабловски оператори, одржување заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште, во второ читање.Предлогот е поднесен од група пратеници и е единствена точка на дневниот ред на денешната седница на Комисијата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
rocista

Нови рочишта за „Траекторија“ и „Титаник 3“

Во Кривичниот суд за денеска закажани се рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Траекторија“ и „Титаник 3“.Истрагата е за предметот со кодно име „Траекторија“ е отворена на 22.05.2017 година, а на ден 29.06.2017 година е поднесен обвинителен акт против 3 лица со иницијали В.П.,М.Ј.и Љ.Г. за кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 5 в.в. со став 1 и член 22 од Кривичниот законик на Република Македонија, и обвинителен предлог против едно лице со иницијали Н.Г. за кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“ од член 359 став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија.На денешното судење ќе се читаат СМС пораки. Во „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски.Во Кривичниот суд рочиште ќе се одржи за предметот  „Титаник 3“ во кој се обвинети Ејуп Аљими и Исмет Гури, затоа што како членови на Општинската изборна комисија во Чаир „уништувале изборен материјал“.Според СЈО, двајцата обвинети со своите дејствија влијаеле директно врз изборниот резултат и имале криминален нагон да ја фалсификуваат изборната волја на граѓаните на Чаир со цел да остварат политичка моќ.Адвокатите на Аљими и Гури на претходните рочишта пред Судот кажаа дека со повеќе докази во текот на постапката ќе докажат дека нивните клиенти не се виновни, како и дека во спорниот момент на обвинението немале никаква функција со што би влијаеле да се стори кривичното дело за кое ги обвинува СЈО.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Корисниците од индустриската зона „Визбегово“ без струја

Корисниците од индустриската зона „Визбегово“ утре од 9 до 12 часот ќе останат без електрична енергија.В понеделник без струја од 8:30 до 15 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Димо Хаџи Димов“ и „Марко Орешковиќ“ во општина Кисела Вода.Без струја од 9 до 13 часот в понеделник ќе бидат дел од жителите од скопското село Страчинци, а од 9 до 15 часот дел од корисниците од селото Батинци, улиците „4“, „6“ и „7“.Во периодот од 9:30 до 11:30 часот без струја ќе останат дел од корисниците од улицата „Мариовска“ бр. 1, 3 и 5 во општина Кисела Вода.Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.

Скопје | пред 7 години

7 год.
sednica

Денеска продолжува седницата на собраниската Комисија за уставни прашања, пленарна седница в понеделник

За денеска е закажано продолжението на седницата на собраниската Комисија за уставни прашања на кои почна расправата за предлогот за пристапување кон измена на Уставот. За в понеделник претседателот на Собранието закажа пленарна седница на која ќе се гласа за потребата од промени во Уставот. За ова ќе биде потребно 2/3 мнозинство.Работата ќе ја биде, само прашањето е дали брзо ќе биде, дали ќе дозволиме Македонија повеќе да не губи денови, месеци, години како што изгубила во минатото, изјави вчера премиерот Зоран Заев на доделувањето на државната награда „11 Октомври“ во Собранието.„Немаме план Б, го нема до ден денеска, нема алтернатива. Сите сме должни да се исправиме пред одговорот што ако ова пропадне, должни сме пред нашите граѓани. Ајде да ги оставиме настрана сите наши политички партии и да ја ставиме на прво место Македонија, да донесеме одлуки онака како што вреди и сме одговорни пред граѓаните“, рече Заев.На завчерашното прво заседание на Комисијата за уставни прашања премиерот повика на консензус за измените на Уставот. Пратениците на опозицијата беа против и велеа дека немаат мандат од народот за да ги поддржат уставните измени. Пратеникот Илија Димовски на премиерот Зоран Заев му порача дека без печат на двете најголеми партии кај Македонците, Договорот од Преспа не е одржлив и не може да живее и дека алтернативата за излез од кризата е заедништво, единство и консензус.Според него одлуката СДСМ сама да влезе во овој процес е одлука која што го погреба овој процес преку неколу елементи.„Одлуката да пристапи без учество на ниту еден претставник од опозицијата, да се потпише договорот пред да ѝ се покаже на опозицијата и одлуката на СДСМ без ВМРО-ДПМНЕ да распише референдум. Вие и Мицкоски треба да застанете позади единствено решение. Ова прашање и на вас и на нас пратениците ќе ни виси над главата цел живот“,  му рече Димовски на Заев.На ова Заев одговори дека ако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се навистина за заедништво, консензус и единство, тогаш верува дека се блиску до решение.Артан Груби од ДУИ рече дека сега сите пратеници имаат шанса да покажат деканавистина се за членството на Македонија во ЕУ и НАТО.„Бидете тие кои на крај ќе го заокружат тоа патешествие што го започнале тие од ВМРО во Отоманска Македонија и тие во Јужна Бановина и тие во Социјалистичка Македонија и тие во  поранешна југословенска  Република Македонија и тие во Република Македонија и тие утре во Република Северна Македонија. Ставете го вие печатот, вие бидете тие што ќе го заокружите тоа што не успеаја другите пред речиси 150 години “, рече Груби.„Во овој случај стравот е изолацијата, а храброста е интеграцијата. Е толку едноставно и толку е црно-бело. Затоа, денес и деновите пред нас се денови за храбите жени и мажи пратеници“, додаде Груби.

Македонија | пред 7 години

7 год.
1642399_pjimage_ls

Мајката на убиецот на бугарската новинарка: Бил дрогиран и пијан, тој призна сè

Осомниченот за убиството на бугарската новинарка Викторија Маринова го признал убиството пред неговата мајка. Тој тврдел дека бил многу пијан и дрогиран кога ја нападнал Маринова, која  брутално ја тепал и силувал пред да ја задави.Медиумите од регионот ја пренесуваат изјавата на мајката на 20-годишниот Бугарин, Северин Красимиров  кој беше уапсен во Германија, дека  нејзиниот син ја признал вината.„Tој призна дека го сторил тоа додека бил пијан и многу дрогиран. Тој призна и почна да плаче пред мене, тој не е таков, не можам да го разберам тоа", изјави Надежда Красимирова на еден бугарски новинар во Германија каде што живее.Бугарските обвинители го обвинија Северин Красимиров во отсуство поради силување и убиство на новинарката и побараа негова екстрадиција од Германија.https://www.facebook.com/175193672537515/photos/a.175920735798142/2021916801198517/?type=3Триесетгодишната Маринова, водителка на емисија за регионални случувања на локална телевизија, беше пронајдена во саботата во паркот во близина на пристаништето во Русе.„Собравме неколку докази кои упатуваат дека тој е главниот виновник. Красимиров е обвинет во отсуство за две злосторства – силување и убиство со умисла“, изјави државниот обвинител Сотир Цацаров.Убиството на Маринова ја дигна на нозе цела Бугарија која бара убиецот да биде веднаш казнет.

Свет | пред 7 години

7 год.
cfcbac6e2adcb95a7c01614759c7c005

Во Египет осудени 17 лица на смртна казна поради напад врз цркви

Египетскиот воен суд денеска осуди 17 лица на смртна казна поради учество во бомбашки напади на три христијански цркви и полициски пункт во 2016 и 2017 година, при што животот го загубија повеќе од 80 луѓе.Покрај тоа, судот осуди и 19 лица на доживотен затвор поради напад врз цркви во Каиро, Александрија и во Танта.Екстремистите на исламската држава презеде одоговрност за бомбашките напади во Александрија и Танта, а во двата случаеви станува збор за самоубиствени напади во април 2017 година пред Велигден, во кои загинаа 45 луѓе.Истата екстремистичка група презема дговорност и за напад на капелата пред црквата Свети Марко во Каиро, во декември 2016 година, каде животот го изгубија 28 луѓе.Меѓу обвинетите се и осомничени за минатгодишниот напад врз контролен пункт во египетската Западна Пустина, при што загинаа најмалу осум полицајци.

Свет | пред 7 години

7 год.
germanija

Кој и како може да дојде до работа во Германија?

Германија конечно би требало да добие Закон за вселување со кој значително се олеснува доаѓањето на квалификувани лица од целиот свет. Што се однесува на Западен Балкан, веќе десетици илјади луѓе годишно доаѓаат во ГерманијаДојче Веле - БонСекој петти државјанин на Германија има мигрантски корени, во земјата има десетина милиони странци... па сепак Германија законски досега не е дефинирана како земја на вселување. Старото табу сега конечно пука откако партиите од Христијанско демократската унија (ЦДУ) му излегоа во пресрет на коалицискиот партнер - социјалдемократите, но и економијата на која и е неопходна работна сила.Предлог-законот за вселување на стручна работна сила се уште не е напишан, но владејачката коалиција ги договори најважните детали. Општата оценка е дека вратите речиси ширум се отвораат за потенцијални работници од целиот свет, но не е извесно дали за луѓето од Западен Балкан кои сакаат да дојдат во Германија, нешто ќе се смени.Кој може да дојде?Секој кој има квалификации и најде работодавач кој би сакал да го вработи во струката од која доаѓа. Во превод, не може дипломиран инженер од Гана или Македонија да дојде за да работи во кафуле. Ниту може да дојде некој со основно училиште без никаков занает. Веќе не е неопходно работното место да биде од списокот на дефицитарни занимања ниту Сојузната агенција за работа прво да врши проверка дали на бирото за вработување постојат домашни работници кои би имале предност при вработувањето.Што се бара?Иако пазарот на работна сила се отвора за сите занимања претпоставка е дека и понатаму 61 дефицитарно занимање ќе биде најголем магнет за доселениците. Тоа се работни места во здравствениот систем - пред се нега на стари лица - речиси се што има врска со електрика, машинство, инсталации и се повеќе ИТ секторот. Здружението од браншата Битком наведува дека ИТ секторот во Германија моментно бара 55 илјади работници. Затоа нивното доаѓање ќе биде посебно олеснето - ним не им треба ни формално образование доколку ги имаат потребните знаења.Што значи тоа за Западен Балкан?Тоа е големо прашање. Само во последните три години во Германија се издадени околу 200 илјади работни визи за граѓани од шестте балкански земји од чекалницата на ЕУ, а колку ли отишле во други земји. Оние кои сакаат да ги спакуваат куферите сега само ќе имаат поголем избор на занимања. Проблем може да претставува турканицата во конзулатите каде дури и кога се има договор и работна дозвола, се чека со месеци, па и повеќе од една година.Како да се бара работа?Како и до сега, преку легални посреднички агенции или директно кај работодавачот или на сајтот на Агенцијата за вработување. Но, сега се отвара уште една опција - секој со квалификации може да се досели во Германија на шест месеци за да бара работа. Сепак, тој мора да има или нечие гарантно писмо или неколку илјади евра на сметка за да докаже дека во тој период ќе има од што да живее, додека не се вработи. Во тие шест месеци не е дозволено „снаоѓање“ вон струката за да се заработи нешто.Треба ли да се знае јазик?Тоа се уште не е дефинирано, но министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер смета дека германскиот би требало да се познава на ниво кое моментно е потребно за да се положи „тест за интеграција“, а тоа е Б1. Сепак моментно на оние од дефицитарните занимања им е дозволено да дојдат и со послабо знаење, па во рок од неколку месеци да го унапредат тоа знаење. Владејачката коалиција се согласи и дополнително да ја поттикне работата на институтот Гете и центрите кои помагаат во наоѓање работна сила - такви веќе постојат во земјите од Западен Балкан.Што е со бегалците?Тука копјата најмногу се кршеа и на крајот социјалдемократите мораа да попуштат - се уште нема да може некој да дојде без никакви документи барајќи азил, а потоа да се вработи и да добие работна виза. Нешто ќе се смени за луѓето кои имаат статус „Дулдунг“, буквално „трпење“, односно исклучување од присилно враќање, но и за оние на кои не им е одобрен азил, но успешно се интегрирале, работат и не можат да бидат депортирани поради одредени причини. Тие ќе можат да добијат подобар статус ако се вработат во струката. Такви во Германија има повеќе од 170 илјади.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања