Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
mir

Вучиќ и Столтенберг ќе направат се за да го сочуваат мирот

Ќе сториме се што може за да го зачуваме мирот и безбедноста во регионот, изјавија денес српскиот претседател Александар Вучиќ и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, во разговорот на посебниот настан-Лидерство за регионална безбедност, во рамките Белградскиот безбедоносен форум.Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека е тешко да се направи разлика помеѓу мирот и војната и дека е неопходно да се биде подготвен за непредвиденто и непредвидливото и во однос на борбената готовност.“Треба да го прифатиме фактот дека живееме во време на хакерски војни, хибридни војни”, рече Столтенберг, посочувајќи дека „она што треба да го направиме е да се подготвиме за непредвидливото и да бидеме подготвени за брза реакција.“НАТО ја зголеми својата борбена подготвеност, како и подготвеноста на разузнавачките служби и подготвеноста во високотехнолошкиот аспект, додаде генералниот секретар на НАТО.Столтенберг изрази и загриженост во врска со враќањето на сцената на националистичката реторика во регионот.“Не може Брисел да ги решава проблемите во регионот, но може да помогне. Со проблемите треба да се справат луѓето кои живеат тука и зтоа повикувам за мир и да не се вратаќаме на националистичката реторика”, рече Столтенберг. Тој додаде дека е важно да се потсетиме дека регионот има помина долг пат од времињата на војни и страдањето во деведесеттите години од минатиот век.“Јас не велам дека нема повеќе проблеми, тензии и предизвици, но не така одамна, состојбата беше многу полоша и поопасна, а не само за луѓето од регионот, туку и за остатокот на Европа, бидејќи нестабилноста во регионот е главен безбедносен ризик за целата територија на Европа и НАТО “, рече генералниот секретар на НАТО.Столтенберг ја поздрави идејата за создавање на единствен економски простор и за интегрисан регионален пазар.Економските односи ја зголемуваат довербата и се надевам дека Србија и целиот регион ќе станат дел од Европската унија, рече Столтенберг, додавајќи дека секогаш треба да се биде подготвен за непредвидливото.Српскиот претседател Александар Вучиќ на дебатата со Столтенберг рече дека Србија ќе стори сé за да ги избегне конфликтите и да го зачува мирот и стабилноста во регионот, бидејќи тоа е неопходно за економски напредок.“Ние секогаш ќе ги подржуваме нашите соседи, со Македонија, ќе дадеме се од себе за да го продолжиме дијалогот со приштинските Албанци, да воспоставиме подобри односи со новите лидери во БиХ, мислам дека нема сомневање дека ќе мораме да имаме подобри односи и со Хрватска, онолку колку што Србија можеме да придонесе”, рече Вучиќ.Како што рече, “ние ќе се потрудиме да не им предизвикуваме главоболка на големите сили, но пред се, да не создаваме главоболка на сопствениот народ, да создадеме подобро економско опкружување за да можеме да се развиеме”.“Знаеме што ни е направено, она што им го направивме на другит, и треба да ги избегнуваме грешките што ги направивме во минатото и да се погрижиме за иднината, што нема да биде лесно”, рече претседателот на Србија.Вучиќ потврди дека разговарал со Столтенберг за инцидентите во Косово и дека се согласиле да претседателот на Србија може да контактира со него секогаш кога е потребно во случај на нови проблеми.

Свет | пред 7 години

7 год.
dodik

Додик прогласи победа: Прво ќе барам да се укине високиот претставник за БиХ

Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик, кој според првите прелиминарни резултати од изборите во БиХ освои најмногу гласови за српски член на Претседателството на Босна и Херцеговина, изјави денес дека од новата функција прво ќе побара да се укине високиот претставник за БиХ кој го надгледува спроведувањето на цивилниот аспект на Дејтонскиот договор.Додик, кој е претседател на Сојузот на независни социјалдемократи, изјави дека, доколку останатите членови на Претседателството сакаат да го прифатат неговиот предлог ќе има дијалог, бидејќи според него „ако сакаат да направат малку посилна Босна од денешната, ќе мора да го исфрлат високиот претставник“.„Ќе се обидам со своите дипломатски контакти да обезбедам поддршка. Знам дека Русија прифаќа, дека повеќето земји прифаќаат, дека Србија се сложува, Хрватска се сложува. Уште да се сложи Америка“, кажа Додик.Тој кажа дека во Босна и Херцеговина постои „стара американска администрација која работи според остатоците од минатото“, но дека ќе се обиде да му испрати писмо на американскиот претседател Доналд Трамп и да побара негова поддршка.„Ја ќе побарам тоа да биде официјалниот став на Претседателството, доколку Босна сака да биде суверена и земја со меѓународен капацитет тогаш мора да работи без високиот претставник“, кажа Додик.Тој објасни и дека ќе побара да нема странци во уставниот суд на БиХ.„Странците во уставниот суд мора да заминат, тоа ќе биде едно од моите први барања. Ако нема дијалози на таа тема и прифаќања од другите претставници, немам причина јас да прифатам што било што тие сметаат дека треба да се направи“, истакна Додик.„Јас ќе се обидам да ја зајакнам позицијата на Република Српска во рамки на Босна и Херцеговина како и позицијата на српскиот народ во целост“, порача Додик.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Учеството на извозот во БДП да се зголеми на 75 проценти

Помалку од пет отсто од домашните микро, мали и средни претпријатија реализираат извоз на регионалните пазари, а само три проценти се присутни на некој од пазарите во Европската унија зашто се уште се кадровски, финансиски и технички ограничени, беше речено денеска во Стопанската комора на Македонија.Според Комората, учеството на извозот во БДП треба да се зголеми од 50 на 75 проценти, а за тоа е неопходно значително подобрување на трговскиот сектор. Најголем капацитет за освојување нови пазари или интензивирање на постојниот извоз имаат компаниите од прехранбениот сектор, фармацевтската, хемиската, дрвната, металната и индустријата за мебел, како и текстилот.„За да имаме извоз, најпрво треба да ја одработиме домашната задача, да креираме производ што ќе биде соодветно дизајниран, конкурентен и квалитетен, согласно стандардите на земјата во која се извезува. Тука треба да поработиме малку повеќе. Светскиот пазар е преплавен од сите земји и производи, но успеваат само тие што се наметнуваат со квалитет и конкурентна цена“, истакна претседателот на Клубот на извозници при Комората, Глигор Цветанов на прес-конференција.Негова оценка е дека домашните фирми инвестираат во раст, но не со тоа темпо како странските инвеститори.„Странските инвеститори доаѓаат тука со веќе готов пазар, а македонските треба да се борат за пазарот и тоа е голема разлика. Странските и македонските компании треба да соработуваат, странските да им помогнат преку нивните производи дел од извозот да оди на тој пазар“, рече Цветанов.Во контекст на потребните критериуми за извоз, Татјана Штерјова од Комората дополни дека за успешен пласман надвор е неопходно исполнување цел сет барања: за пакувања, означувања, стандардизација,.. Фирмите треба да располагаат со информации за потребите на пазарите и посебно, за дистрибутивните канали.„Изминатите години континуиран е статусот на компании што извезуваат. Прашањата не ги лоцираме во дневно-политичките настани, туку во подлабоки, долгорочни фактори кои влијаат врз овој сегмент“, потенцира Штерјова.

Македонија | пред 7 години

7 год.
idiotka

Царовска: Преку образование со вклучена платена пракса компаниите обезбедуваат стручен кадар, а учениците веднаш наоѓаат работа

Mинистерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, и претседателот на Управниот одбор на „ЕВН Македонија“, Штефан Петер, денеска ги доделија договорите за месечен надомест на учениците во втора година кои се дел од специјалната ЕВН-паралелка во СЕТУ „Михајло Пупин“ од Скопје.„Овој проект е успешен начин на градење вештини потребни на пазарот на работната сила. Ги охрабрувам и другите компании да го следат примерот на ‘ЕВН Македонија’, која направи специјална паралелка за стручно оспособување на средношколците. Придобивки од ваков вид образование имаат и компанијата, која веднаш си обезбедува стручен кадар, и учениците, кои, освен што стручно се оспособуваат, добиваат и надоместок за практиканстката работа, но и вработување веднаш по завршувањето на образованието. На овој начин се решава недостигот на стучен кадар, кој во последните неколку години е сè поизразен, но истовремено се намалува невработеноста“, изјави министерката Царовска.Претседателот на Управниот одбор на „ЕВН Македонија“, Штефан Петер, пак, рече дека задоволство е да им се помогне на ученици што успешно ја поминале првата година во ЕВН-паралелката и се подготвени за нови знаења и предизвици.„Инвестицијата во средства и човечки ресурси, што ја направивме со овој проект, ја градат идната работна сила не само на ЕВН туку на целата земја. Тоа нè етаблира како лидери на промените што треба да следуваат во образованието во насока на обезбедување квалификувани кадри на пазарот на труд“, изјави Петер.Како што информираа преку соопштението од Министерството за труд и социјална политика, со оперативниот план компаниите имаат можност да отвораат тренинг-центри, чија основна цел е да обучуваат и преквалификуваат стручен кадар, кој потоа би го вклучиле во производствениот процес. Исто така, Министертвото за труд и социјална политика изготви и закон за практиканство, со кој првпат во Македонија се овозможува ограничен период на платена работна пракса во која ќе биде вклучено и учење и обука.

Скопје | пред 7 години

7 год.
idiot

Анѓушев: „Еурокомпозит“ ќе се преструктуира, а вработените прогласени за технолошки вишок ќе добијат надомест

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, оствари средба со претставниците на синдикатот на „Еурокомпозит 11 Октомври“ – Прилеп и Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство.Како што информираат од кабинетот на Анѓушев, на средбата тој рекол дека на 15 октомври Собранието на дневен ред ќе го разгледа предлог-законот за измена на Законот за приватизацијата.„Со овој закон ќе се уреди можноста за остварување материјално обезбедување на вработените во комбинатот на кои работниот однос им престанува по однос на технолошки вишок“, посочил вицепремиерот.Тој додал дека Владата во кус временски период ќе пристапи кон обезбедување стратешки партнер со цел трајно решавање на состојбите во „Еурокомпозит 11 Октомври“ и продолжување на функционирањето на компанијата во согласност со принципите на пазарното работење.

Македонија | пред 7 години

7 год.
jankulovska-2

Кривичниот суд во 12 часот одлучува дали Јанкулоска ќе оди во затвор

Во Кривичниот суд денеска треба да биде изречена пресудата за издвоената постапка за Гордана Јанкулоска за предметот „Тенк“.Обвинителството, во завршниот збор на 3 октомври, побара Судот да ја прогласи Јанкулоска за виновна за злоупотреба на службена должност и овластувања, како и да ги подмири трошоците заедно со Поповски и Груевски во висина од 313 илјади денари.Обвинителката Фатиме Фетаи, во завршниот збор наведе дека од изнесените докази јасно се гледа дека Јанкулоска го поттикнала Поповски да набави блиндирано возило за МВР и тоа да се даде на користење на премиерот Груевски.- Обвинетата Јанкулоска е виновна за злоупотреба на службена должност, бидејќи таа била свесна за своето дело и го сакала спроведувањето. Предлагаме Судот да ги земе како отежнувачка околност степенот на одговорност, а како олеснителна околност семејната состојба, рече Фатиме.Одбраната, во завршен збор, пак, рече дека во постапката било грубо нарушен принципот на еднаквост на оружјата, СЈО не ја докажало својата надлежност, како и дека Судот треба да донесе пресуда за дејствие што наводно се случило пред шест години врз основа на докази кои во најголем дел се прибавени со кршење на домашните и меѓународни права.Обвинетата Гордана Јанкуловска во завршен збор, рече дека додека траела постапката таа требало да се грижи за неколкумесечно бебе, како и дека била изложена на медиумски линч со објавување делови од незаконско стекнатите аудио разговори.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Фатиме Фетаи бара куќен притвор за Јанкулоска бидејќи ќе избегала

Обвинителката Фатиме Фетаи бара куќен притвор за екс-министерката Гордана Јанкулоска бидејќи се плаши дека таа ќе избега."Мерките на претпазливост не ја анулираат опасноста од бегство", рече Фетаи.Адвокатката Сања Алексиќ, која ја застапува Јанкулоска вели дека нема аргументи за судот да прифати нова мерка за претпазливост за обвинетата.„Редно е да се акцентира дека обвинетата уште од почетокот на постапката знаеше која беше пропишаната затворска казна“, рече Алексиќ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
jankulovska

Јанкулоска осудена на 6 години затвор

Во Кривичниот суд денеска беше изречена пресудата за издвоената постапка за Гордана Јанкулоска за предметот „Тенк“, на која и е изречен 6 години затвор.Обвинителството, во завршниот збор на 3 октомври, побара Судот да ја прогласи Јанкулоска за виновна за злоупотреба на службена должност и овластувања, како и да ги подмири трошоците заедно со Поповски и Груевски во висина од 313 илјади денари.Обвинителката Фатиме Фетаи, во завршниот збор наведе, дека од изнесените докази јасно се гледа дека Јанкулоска го поттикнала Поповски да набави блиндирано возило за МВР и тоа да се даде на користење на премиерот Груевски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја втурнува државата во нова политичка криза

Насилното туркање на договорот од Преспа кој беше отфрлен на референдум од страна на народот ја носи државата во политичко – правен ќорсокак, предупреди ВМРО-ДПМНЕ.„Граѓаните и државата не смеат да трпат заради неодговорноста и неспособноста на Заев и екипата околу него.Повеќе од година дена државата реди само неуспеси. Владата која како маска го стави за приоритет решавањето на спорот за името, всушност правеше невиден грабеж. Милионски тендери се делат во четири очи, убиства се случуваат по улиците кои никој не ги расветлува, здравството, образованието и земјоделието тонат, исто како и се друго во државата, а ветувањата за 500 евра плата и 600 километри автопат останаа само бледо слово на хартија.Хаосот не смее да продолжи. Зоран Заев мора да си оди.Над 1 милион и 200 илјади граѓани и дадоа црвен картон на оваа влада и на договорот од Преспа. СДСМ нема легитимитет да управува со државата.Кризата мора да запре. ВМРО-ДПМНЕ нуди решение. Ние ги прифаќаме изборите кои Заев ги најави. За тие да се случат, а со цел овозможување на фер и демократски изборен процес потребно е формирање на техничка – пржинска влада, избор на ЈО по предлог на опозицијата и Анкетна комисија во Собранието за разгледување на нерегуларностите од референдумскиот процес.Втората опција за СДСМ и Заев е веднаш да се откажат од капитулантскиот договор и да се распишат избори, за по изборите да биде формирана нова обвинителска институција која ќе ги истражува криминалите на оваа власт и предметите на СЈО.Времето на криминал и корупција во Македонија мора да заврши. Политичарите од транзицијата мора да си заминат. Потребно е напуштање на договорот, осуда на криминалот и правда за секој еден граѓанин во оваа држава.На Македонија не и потребна нова криза, на Македонија и е потребен напредок и победа. Македонија ќе победи, народот ќе победи само со чесен и искрен и принципиелен пристап“ се наведува во соопштението на опозициската партија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Умерено облачно време со повремен слаб дожд

Времето ќе биде умерено облачно, а попладне во западните делови значително облачно со услови локален слаб дожд.Утринските температури ќе се движат од пет до 13 степени, а дневните од 22 до 28 степени.Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб ветер од североисточен правец.Утринската темература ќе се спушти на 11, а дневната ќе достигне 26 степени.Утре ќе преовладува стабилно и суво време. Утринските температури следните денови ќе имаат тенденција на опаѓање, а дневните на покачување

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Додик, Џаферовиќ и Комшиќ победија на изборите во БиХ

Според првите неофицијални резултати, кои ноќеска ги објави Централната изборна комисија, новите членови на Претседателството на Босна и Херцеговина се Шефик Џаферовиќ кој освои 37,97 отсто од гласовите, Жељко Комшиќ со 49,47 отсто и Милорад Додик со 55,15 проценти.Централната изборна комисија најави дека првите и нецелосни резултати од гласањето за второто ниво на власт, односно за државниот и парламентите на двата ентитети, претседател и заменик претседател на Република Српска, како и за собранијата на кантоните во Федерацијата Босна и Херцеговина ќе бидат објавени денеска.Ова се резултати што беа објавени по преборјување на 43,42 отсто од гласовите.Претседателот на Централната изборна комисија Бранко Петриќ потврди дека на изборите излегле 53,36 отсто од граѓаните на Босна и Херцеговина со право на глас, во ентитетот Федерација БиХ 51,25 отсто, во РС 57,30 отсто, а во областа Брчко 46, 81 проценти.Сето ова е приближно на нивото на одзив од 2014 година, коментира Ал Џезира Балкан.Изборниот процес беше во целост регуларен, иако се регистрирани помали потешкотии, изјави Петриќ.Од другите кандидати за член на Претседателството на БиХ од редот на бошњачкиот народ, Денис Беќировиќ освои 33,40 отсто од гласовите, Фахрудин Радончиќ 12,35 отсто, Мирсад Хаџикадиќ 8,55 отсто, Сенад Шепиќ 6,13 отсто и Амер Јерлагиќ 1,59 проценти.На изборите за член на Претседателството на Босна и Херцеговина од редовите на хрватскиот народ, Драган Човиќ освои 38,66 отсто, Дијана Зеленика 6,92 проценти, Бориша Фалатар 3,23 отсто, а Јерко Иванковиќ Лијановиќ 1,72 проценти.Што се однесува до изборите за член на Претседателството на БиХ од редовите на српскиот народ, Младен Иваниќ освои 41,98 отсто од гласовите, Гојко Кличковиќ 1,49 отсто и Мирјана Поповиќ 1,38 отсто.Прогласувајќи победа, кандидатот на Демократскиот фронт и Граѓанскиот сојуз Жељко Комшиќ, кој веќе два пати бил член на Претседателството на Босна и Херцеговина (2006-14), порача дека „сака да им служи на сите граѓани на Босна и Херцеговина, и оти на сите им стои на располагање“.На сите Хрвати во цела Босна и Херцеговина им порача дека „немаат причина за загриженост”, затоа што тој сега е избран во Претседателството на БиХ.И кандидатот на Сојузот на независни социјалдемократи, Милорад Додик прогласи победа, потврдувајќи дека и неговата партиска колешка Жељка Цвијановиќ победила во трката за претседател на ентитетот.„Мојата победа е чиста како солза, а мојата политика во Претседателството на Босна и Херцеговина ќе биде РС пред се“, најави Додик.Коалицијата на невладини организации Под лупа, која распореди најмалку 4.000 набљудувачи на избирачките места, соопшти дека за време на гласањето биле забележани 329 „критични ситуации“, меѓу кои имало прекршувања на изборните правила и упади на избирачките места.Директорот на Коалицијата, Дарио Јовановиќ потврди дека 159 такви спорни ситуации биле решени брзо, и не влијаеле на регуларноста на изборниот процес.На изборите учествуваа вкупно 128 политички субјекти, и тоа значи дека условите за кандидирање ги исполнија 53 политички партии, 36 коалиции и 46 независни кандидати.На изборните листи беа имиња на 7.497 луѓе кои сакаат да бидат дел од власта.Тие се натпреваруваа за членови на Претседателството на БиХ, за пратеници во Парламентот на БиХ, пратеници во Претставничкиот дом на Парламентатот федерацијата на БиХ, претставници во Народното Собрание на РС, за претседател и двајца потпретседатели на тој ентитет и за пратеници во собранија на десет жупании во Федрацијата БиХ.

Свет | пред 7 години

7 год.
bugarska-novinarka

Како била убиена бугарската новинарка Маринова?

Полицијата пронашла ДНК материјал на местото каде на суров начин беше убиена 30-годишната истражувачка новинарка, Викторија Маринова, која воедно беше и административен директор на ТВН во Русе, Бугарија.Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, вели дека прашање на време е кога ќе биде откриен сторителот. Тој истакна дека во истрагата се вклучени најискусните експерти.Телото на новинарката Маринова беше пронајдено вчера во грмушки во близина на кејот на реката Дунав. Идентитетот бил откриен доцна вечерта.Според првичните информации, новинарката била нападната додека трчала по кејот на реката во Русе.Таа во 10:30 часот пиела кафе со колеги, а потоа рекла дека ќе оди на кејот. Во 14:18 случаен минувач пријавил дека нејзиното тело е пронајдено.Моментално се разгледуваат сите можни верзии на убиството на новинарката Маринова, која била претепана, силувана и убиена. Кога било откриено телото, недостасувале мобилниот телефон, клучевите од автомобилот, очилата, личните документи и дел од облеката.Маринова била водител на истражувачката емисија „Детектор“. Во последното издание на емисијата е емитувано интервју со новинарот Димитар Стојанов и романскиот колега Атила Бирол, кои биле приведени од страна на полицијата додека работеле на истрага поврзана со градежна компанија.„Во близина има психијатриски болници, па затоа, тие се предмет на наша проверка. Во близина имало камери и сведоци, кои ќе помогнат да се дојде до сторителот. Се разговара и луѓето кои биле блиски до починатата, за да утврдиме дали таа имала проблеми пред да се случи бруталното убиство“, вели министерот за внатрешни работи Младен Маринов.„Истражувачкиот институт за криминалистика веќе истражува докази откриени на местото, пишуваат локалните медиуми. Институтот очекува дека во кратки рокови да добие резултати со анализа на истите“, вели обвинителот Георги Георгиев.

Свет | пред 7 години

7 год.
sobranie-pratenici

До среда ќе се знае дали ќе се одржат избори или пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за промена на името

Во текот на оваа недела треба да бидат познати следните чекори во врска со целокупниот процес на имплементација на Договорот од Преспа и натамошните перспективи за интегрирање на земјата во ЕУ и НАТО. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и натаму на ставот дека нема да поддржи уставни измени, а власта нагласува дека ќе стори се што е во нејзина моќ да го обезбеди двотретинското мнозинство, во спротивно ќе се оди на предвремени избори.Исходот од обидите да се даде поддршка на уставните измени, најверојатно ќе се знае в среда, кога премирот Зоран Заев, како што рече минатата недела, ќе соопшти дали има мнозинство или политичките субјекти силите ќе мора да ги пресметаат на предвремени избори.- Веруваме дека ќе имаме некаков резултат до крајот на неделава или почетокот на наредната. Некаде околу 10 октомври е некаков таргет кога треба да и соопштиме на јавноста кои се следните чекори. Се надевам дека ќе имаме можност да соопштиме дека е обезбедено потребното двотретинско мнозинство, истакна Заев минатата недела.Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски вчера излезе со нови барања до власта - предвремени избори со формирање пржинска влада и јавен обвинител на предлог на опозиција или отфрлање на Договорот и избори, по кои ќе се избере јавен обвинител со консензус на сите партии.- Има две опции. Првата се избори, кои Зоран Заев ги најави и ВМРО-ДПМНЕ ги прифати. За тоа да се случи мора да има техничка влада. Потребно е да се создаде атмосфера на фер услови и да се избере јавен обвинител на предлог на опозиција. Втората опција е Зоран Заев веднаш да се откаже од Договорот и веднаш на избори, па народот да одлучи. ВМРО-ДПМНЕ по изборите веднаш ќе поддржи создавање нова институција за гонење на криминал, водена од јавен обвинител постигнат со консензус од сите партии, побара Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
lgbt

Во Романија не успеа референдумот за забрана на истополови бракови

Дводневниот референдум во Романија, на кој гласачите одлучуваа за уставна измена според која семејството ќе се дефинира како заедница помеѓу маж и жена, со што ќе се забрани истополовиот брак, не успеа, бидејќи не излегоа доволен број гласачи.Централната избирачка канцеларија соопшти дека по затворањето на гласачките места, на референдумот излегле 20,41 отсто од вкупниот број гласачи, меѓутоа неопходно беше да излезат најмалку 30 отсто за референдумот да се прогласи за важечки.Со неусвоениот амандман требаше да се измени дефиницијата за семејство во романскиот Устав, тако што бракот наместо заедница на „сопружници“ требаше да се дефинира како заедница помеѓу „маж и жена“.Романската православна црква го поддржа амандманот.

Свет | пред 7 години

7 год.
sednici

Седници на две собраниски комисии

Седници денеска ќе одржат две собраниски комисии, за земјоделство, шумарство и водостопанство и за надворешни работи.На дневен ред на седницата за Комисијата за земјоделство е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно-медицински препарати, во прво читање.На седницата на Комисијата за надворешна политика планиран е завршен разговор со Габриел Атанасов пред неговот стапување на должност, вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Република Романија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pivo

Испиени 7,5 милиони литри пиво и изедени 200.000 колбасици на „Октоберфест“ во Минхен

По 16 дена, вечерва завршува најголемиот светски саем – „Октоберфест“ во Минхен. Според прелиминарните извештаи, овогодинешниот „Октоберфест“ во Минхен го посетиле рекордни 6.300.000 посетители од целиот свет.Најмногу посетители биле од САД. Се испиле 7,5 милиони литри пиво, се изеле околу 200.000 колбасици, околу 80.000 коленици и дури околу 460.000 пилиња.Манифестацијата помина во многу добро расположение и добра атмосфера, а организаторите велат дека немало никакви проблеми. Немало ниту безбедносни проблеми, со оглед дека беше присутен голем број припадници на обезбедувањето, а сите посетители биле прегледани на влезот.Се знае дека следниот „Октоберфест“ исто така ќе трае 16 дена и дека ќе почне на 21 септември 2019 година.

Магазин | пред 7 години

7 год.
pijani

Казнети 33 пијани возачи во Скопје

Сообраќајната полиција на СВР Скопје измината ноќ спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол и фатила 33 пијани возачи.Во акцијата биле контролирани вкупно 180 возачи. Кај 33 од нив било утврдено присуство на алкохол во крвта, а еден возач одбил да биде алкотестиранПо однос на констатираните  прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се 34 мерки.Од сообраќај биле исклучени 34 возачи, издадени се 34 мандатни платни налози и откриени се 48 останати прекршоци.

Скопје | пред 7 години

7 год.
diskoteka

Драма пред дискотека во Скопје: Момче претепано од две лица

Утринава во 04.20 часот, 18-годишниот Н.Н. од Скопје, пријавил дека околу 02.00 часот пред дискотека во Градски Парк бил физички нападнат и претепан од страна на две непознати лица.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.ВНИМАТЕЛНО: Од ЕВН е највено дека од 03.10.2018 година напојувањето на тунелите на патот Демир Капија – Смоквица од страна на Демир Капија ќе биде исклучено неколку денови. Од оваа причина напојување ќе има само од страна на Удово. Доколку дојде до прекин во напојување од двете страни сообраќајот на автопатот Демир Капија – Смоквица во двете насоки ќе се одвива под посебни услови во тунелите.ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.РАБОТИ НА ПАТ:Од 01.10.2018 ЈП Македонијапат подружница Штип изведува градежно асфалтерски работи на повеќе регионални патни правци од кои Р-1402 на од с. Куклиш до с. Банско, на Р2345 од Виница – с. Бигла и на Р1204 од Свети Николе до Павлешенци од 09:00 до 17:00 часот.Од 02.10.2018 ЈП Македонијапат ќе изведува градежни работи (машинско асфалтирање, надоградба на постоечката подлога на коловозот) на регионалениот пат Р-1206 од с. Желино до с. Сарачино во должина од 4 км. На местото на изведување на градежните работи ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација како и физичко обезбедување со знаменца, а сообраќајот ќе се одвива наизменично во двата правци.На 04.10.2018 (четврток) ЈП Македонијапат подружница Велес ќе изведува асфалтерски работи на регионалниот пат Р-1102 на потегот од с.Смоквица до с.Прдејциод 09:00 до 17:00 часот. Во периодот на работа сообраќајот ќе се одвива по автопатот А1Смоквица-Гевгелија во двата правци.На местата на изведување на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.Илинден АД Струга известува дека од 25.08.2018 година, поради рехабилитација на битолската обиколница, на потегот од бензинската ЛукОил, на влез од Битола, до с. Крклино, сообраќајот ќе биде во прекин се до завршување на градежните работи, истиот ќе се пренасочува преку градот Битола.Виадукт Трејд Дооел – Гостивар известува дека од 20.08.2018 година, се изведуваат градежни активности – Рехабилитација на обиколка на Скопје (клучка Стајковци – клучка Мирковци) возна и брза лента, во времетраење од шест месеци.Времен режим на наплатните станици Петровец, Градско, Гевгелија и Романовце:Друштвото АСФАЛТ ДОЕЛ СКОПЈЕ известува дека порaди изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на налатните станици за патарина, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобрениата за времен режим на сообраќај и тоа на:-наплатната станица Градско во периодот од 08.08.2018 до 07.10.2018 ;-наплатната станица Гевгелија (на магистралниот пат А1, делница Демир Капија-Гевгелија )во периодот од 21.06.2018. до 18.10.2018 ;-наплатната станица Романовце во периодот од 15.09.2018 до 14.03.2019 год.Ги предупредуваме возaчите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од ново поставената сообраќајна сигнализација.Илинден АД Струга известува дека согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај, на магистралниот пат А2, делница Кичево – Охрид (Мала Река – Славеј Плаина) од 10.08.2018 се воведува времена измена на сообраќајот со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Измената ќе трае до завршување на градежните работи.Од 21.05.2018 година започна изградбата на Експрес пат А4, Штип- Радовиш, на следниот потег: клучка Штип југ (Софилари)- Бучим (км 5+000 до км 28+560) согласно Договор бр. 001-ЕБРД/17.Продолжуваат градежните работи за рехабилитација на државниот пат А2 делница од Гостивар ( мост кај село Здуње ) до село Колари, како и санација на мостовите на истата делница во должина од 28,5 км. Истовремено се изведуваат градежни работи на санација на мостовите на истиот државен пат. Во моментот се изведуваат градежни работи на мост Атанасова Река во должина од 110 м1. Сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента и истиот е регулиран со семафори. Вкупното времетраење на рехабилитацијата на сообраќајницата и мостовите е предвидено да трае 15 месеци односно завршувањето на градежните активности барем во овој момент е предвидено да завршат 2018 година во месец септември.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Италија ги затвора аеродромите за авиони со мигранти

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини рече дека Италија ќе ги затвори аеродромите за авионите кои без дозвола ќе носат мигранти од Германија. Италијанскиоит весник „Република“ пренесува дека германската агенција за бегалци испратила десетина писма до мигрантите, советувајќи ги да се вратат во Италија, можеби со чартер летови, а прв таков трансфер, како што се наведува, е планиран за 9 октомври.„Ако некој во Берлин или Брисел мисли во Италија да истовари десетина мигранти со недозволени чартер летови, треба да знае дека нема да има расположлив аеродром“ соопшти Салвини, пренесе Ројтерс.Италијанскиот министер најави дека властите на неговата земја ќе ги затворат и аеродромите како што ги затворија пристаништата.Германскиот министер за внатрешни прашања, Хорст Зехофер, ја повика канцеларката Ангела Меркел и италијанскиот премиер Џузепе Конте да интервенираат и да стават крај на оваа напната ситуација.

Свет | пред 7 години

7 год.
tajfun

Тропската бура Мајкл може да премине во ураган

Тропската бура Мајкл може да засили и да премине во ураган, додека се движи кон северозападниот дел на Флорида, соопшти американскиот Национален центар за урагани.Центарот наведе дека во моментов ветровите се движат  65 километри на час.Се очекува бурата да премине во ураган во вечерните часови во текот на утрешниот ден, поради што населението во североисточниот и централниот американски залив се советува да ја следи состојбата.Гувернерот на Флорида, Рик Скот изјави дека планира да прогласи вонредна состојба во неколку области.Бурата е лоцирана на 145 километри од популарниот остров Козумел во Мексико.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Слаб одзив на референдумот во Романија

Гласањето на дводневниот референдум за промена на Уставот со цел отежнување на легализацијата на браковите од истополни сопружници во Романија, заврши вечерва.Референдумот, според информациите, не успеа да привлече голем број гласачи. Изборната комисија соопштила дека два часа пред затворањето на бирачките места, излезноста била 19 отсто, додека за успех на референдумот потребно да излезат било најмалку 30 отсто од запишаните гласачи, пренесе АП.Бил предложен уставен амандман за промена на дефиницијата на бракот: наместо заедница на сопружници, како што е сега, бракот, според тој предлог, би бил заедница на маж и жена.Истополовите бракови веќе се нелегални во Романија. Конечните резултати од одзивот се очекува да бидат соопштени утре.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

На изборите во БиХ најмногу гласови за Додик, Комшиќ и Џаферовиќ

Според првите прелиминарни резултати што ги објави Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина, на изборите за Претседателството на БиХ победија Шефик Џаферовиќ кандидат на најголемата бошњачка партија СДА, Жељко Комшиќ од храватската заедница кој веќе два мандата беше на таа функција и Милорад Додик кој во Република Српска го победи неговиот против кандидат Младен Иваниќ. Одѕивот беше над 53 насто во земјата во која има околу 3,3 милиони гласачи. На вчерашните избори не биле забележни поголеми инциденти.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сончево со умерена облачност и услови за дожд

ретпладне ќе биде умерено облачно, а попладне во западните делови значително облачно со услови за локален слаб дожд. Минимална температура од 5 до 13 степени, а максималната од 22 до 28 степени.Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од североисточен правец. Температура 11/26степени.Од вторник ќе преовладува стабилно и суво време. Утринските температури ќе имаат тенденцја на опаѓање, а дневните на покачување.

Македонија | пред 7 години

7 год.
karpuusin

Карпушин: Русија не се меша во Македонија, но земјата не треба да се брза во НАТО

Рускиот амбасадор во Тирана, Александар Карпушин за време на престојот во градот Корча изјави дека прашањето за името на Македонија и членството во НАТО е одлука на народот. Тој ја отфрла можноста за вмешаност на Русија во ова, но од друга страна ја советува Македонија да не брза да стане дел од НАТО.Сметам, додава тој, дека е праведено прашањето за името на Македонија, нејзиното членство во НАТО и во ЕУ да биде во рацете на македонскиот народ.Дури и ако биде решено во Парламентот, според Корпушин, тоа би можело да доведе до подлабока поделба на македонскиот народ.– Што се однесува до можното мешање на Русија во прашања од ваква посебна важност, тоа се едноставно тоа се неосновани гласини, бидејќи Русија нема причина да дејствува така. Убедени сме дека прашањата ќе бидат решени врз основа на слободната волја на народот. Русија не е против членството на која било земја во ЕУ, било да е Македонија, Србија, Босна и Херцеговина. Доколку тоа е волја на народот на земјата, зошто да не, тие се слободни во донесувањето на нивните одлуки, рече Карпушин.Рускиот диполомат искажува оптимизам за односите со Албанија.– Обемот на трговијата во земјоделството постојано расте, особено во последните четири години. Толку продуктивни и ефективни односи со Албанија сакаме во сите аспекти. Позитивни чекори постојат, се планира средба на копретседателите на руско-албанската меѓувладина комисија, а в година можна е средба и на меѓувладината комисија, посочи рускиот амбасадор во Тирана.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања