Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
Нема фотографија

Руската војска ќе добие своја црква

Повеќе од една милијарда рубли (преку 12 милиони евра) се уплатени на сметката на добротворниот фонд „Воскресение“ кој собира донации за изградба на главниот храм на Вооружените сили на Русија, соопшти прес-службата на фондот.Собирањето на средствата почна на 4 септември. Прв на сметката уплати средства еден морнарички заставник на Северната флота, а веднаш по него рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.Храмот ќе биде духовен, наставно-методолошки и просветителски центар за војниците, православното свештенство и граѓаните на Русија. На неговата територија ќе биде поставена изложба посветена на историјата на формирањето на руската држава и руските Вооружени сили. Храмот ќе биде висок 95 метри (вклучувајќи го и крстот), а вкупната површина ќе му биде 10950 квадратни метри. Ќе може истовремено да прими до шест илјади луѓе. Ќе има неколку чесни трпези. Централната ќе биде посветена на најголемиот христијански празник Велигден, а останатите на небесните заштитници на видовите и родовите на руските Вооружени сили

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Како до уставни промени: Со избори се троши време, без избори уште повеќе

Изборите се нужност не само заради уставните промени, туку затоа што 2/3 мнозинство ќе биде потребно и за голем број закони. Доста е од опструкции кои и натаму би го кочеле реформскиот процес, велат функционери од власта.Владејачката коалиција прво ќе се обиде да добие опозициска поддршка за уставни промени, а доколку тоа не се случи - неизбежни се избори. Ваквиот став на премиерот Заев, само делумно е потврден од коалицискиот партнер ДУИ, која смета дека во моментов приоритет за државата е изнаоѓање решение со кое ќе се имплементира Договорот во парламентот. Таа упати повик до останатите партии да работат на создавање услови за имплементација на Договорот. Централното претседателство на ДУИ кое заседаваше синоќа, смета дека „во моментов не е време за предвремени парламентарни избори, бидејќи ќе се наруши динамиката на имплементацијата на Договорот од Преспа, што може да доведе до сериозна блокада на интегративните процеси на Македонија во НАТО и ЕУ“.„На референдумот излегоа преку 650.000 граѓани, од кои над 90%, или 610.000 граѓани се изјаснија позитивно, со што јасно се отсликува волјата на граѓаните за влез на земјата во ЕУ и НАТО и за прифаќање на договорот од Преспа. ДУИ смета дека потпишаниот и ратификуваниот Договор претставува меѓународна обврска на државата, и во таа насока ги поздравува пораките испратени од меѓународните пријатели, пред сè од САД, ЕУ и земјите - членки на Унијата, во кои јасно и недвосмислено се повикува парламентот да ја преземе обврската за спроведување и имплементирање на Договорот од Преспа“, соопшти ДУИ.Во моментов не е време за предвремени парламентарни избори, смета ДУИВМРО-ДПМНЕ на иста позицијаВаквиот став на ДУИ доаѓа во време кога опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од чии пратенички гласови зависи двотретинското мнозинство за уставни измени, повторно најави дека нејзините пратеници нема да гласаат за уставни промени.„Ставот на пратеничката група беше јасен и пред референдумот, јасен е и сега, а тоа е дека пратеничката група ќе ја следи волјата на граѓаните. Волјата на граѓаните е јасна, референдумот пропадна, така што јасно е сѐ“, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, по синоќешната седница на партискиот Централен Комитет.Запрашан  - дали пратениците потпишувале изјави дека нема да прифатат уставни измени, тој рече дека „во овој момент нема таква активност, но целата пратеничка група е единствена дека не треба да поддржи промена на Уставот со цел промена на уставното име“. Во тој контекст, прашањето е врз основа на кои проценки ДУИ се надева дека процесот ќе биде завршен во парламентот и без потреба од вонредни избори. Извори од владејачката коалиција тврдат дека има сознанија оти пратеници од опозицијата сепак би гласале за уставни измени, и покрај притисоците што се вршат врз нив. Засега никој не лицитира со бројка на опозиционери кои би гласале „за“, дел за да не предизвикаат опасност тие да бидат изложени на нови, дополнителни притисоци, а дел поради фактот дека „разговорите сѐ уште не се финализирани“.Од друга страна, функционери во владејачката коалиција се убедени дека предвремените избори се реална нужност, не само заради уставните промени, туку затоа што двотретинско мнозинство ќе биде потребно и за голем број закони.„Не сакаме да се доведеме во ситуација на постојани опструкции и условувања од ВМРО-ДПМНЕ, какви што имаше безброј досега, а кои и во иднина би го кочеле и компромитирале реформскиот процес“, велат тие. Сигнал дека во работите ќе се одвиваат во насока на нови опструкции, тие гледат и во фактот што ЦК на ВМРО-ДПМНЕ вчера ги потврди сите заклучоци/барања што ги донесе Извршниот Комитет претходниот ден: разрешување на Јавниот обвинител и избор на нов на предлог на опозицијата, со цел истражување и процесирање на сите нерегуларности на референдумскиот процес, формирање Анкетната Комисија во Собранието што треба да ги истражи сите нерегуларности, и доколку има избори формирање влада по пржински модел, со мандат од 100 дена. ЦК донел и заклучок Општинските Комитети итно да ги формираат Општински изборни штабови, кои ќе функционираат до завршувањето на претседателските избори.Од ВМРО-ДПМНЕ нема потврда дали ќе одат на избориПријави за фалсификатНо, и покрај ваквата подготовка, од ВМРО-ДПМНЕ нема потврда дали ќе одат на избори, со оглед дека премиерот ги одби условите што ги постави партијата. Одговор синоќа избегна и потпретседателот Николоски.„Нашите услови се јасни, јас кажав вчера и ќе повторам и денес. Ние битката не ја водиме за власт, битката не ја водиме за избори, ниту ја водиме за доаѓање на власт. Заев порано или подоцна ќе си оди. Битката ја водиме за зачувување на името на Република Македонија и сме среќни што со исходот од резултатот уставното име на Република Македонија е зачувано. Сѐ друго е второстепено и небитно“, рече Николоски. Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за фалсификат на референдумските резултати синоќа завршија со најава дека партијата денеска ќе поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство против повеќе од 200 лица: претседатели, заменици-претседатели, членови, заменици-членови и Избирачки Одбори на гласачки места во Струга, Центар Жупа, Кичево, Желино, Боговиње, Пласница и Сарај. Партијата ќе поднесе и кривични пријави против службени лица од МВР кои несовесно ја вршеле службената дејност.ВМРО-ДПМНЕ синоќа ги повика сите граѓани на Република Македонија „да се обединат кон праведноста и заштита на државните и националните интереси, како и кон ставање на конечен крај на последната гарнитура политичари од транзицијата што ја предводат СДСМ и Владата на Република Македонија“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Отворен фестивалот „Киненова“: Врачена наградата на Аница Добра и прикажан филмот „Ругање со Христос“ на Јани Бојаџи

Третото издание на фестивалот на дебитантски филм „Киненова“, синоќа свечено беше отворен во киното „Милениум“, каде се прикажа македонската премиера на дебитантскиот игран филм „Ругање со Христос“ по сценарио и режија на Јани Бојаџи и беше врачена наградата за особен придонес во светската филмска уметност на српската актерка Аница Добра.На самиот почеток беа претставени членовите на меѓународното жири: Зеки Демиркубуз од Турција, Росица Валканова од Бугарија, Лазар Секуловски, Македонија, како и членовите на жирито од меѓународна конкуренција за кратки филмови: Чем Озтуфекчи, Турција, Предраг Милојевиќ, Србија, и Марија Апчевска, Македонија.Актерката која има одиграно улоги во околу сто филмови, меѓу кои во „Собирен центар“, „Балкан експрес“, „Како пропадна рокенролот“, „Црниот бомбардер“, „Веќе видено“, „Тито и јас, Аница Добра синоќа го прими големото признание за придонес во филмската уметност.-Македонците се толку прекрасен народ што и во јазикот имаат многу деминутиви. Сведок бев деновиве како тие звучат во ресторан додека престојував во Скопје. Пред проекцијата на филмот би сакала да кажам дека филмовите ги спојуваат непознатото и луѓето, филмовите градат мостови и тоа не е само наша лична работа, туку остава голема трага и отпечаток во цивилизацијата. За да напредуваме како цивилизација, мора да научиме да гледаме на светот и со туѓи очи, зашто само така, ако ги разбереме туѓите животи и туѓите погледи на светот, и самите себеси ќе си дадеме подлабока суштина и причина за овој наш живот, рече Добра на крајот и додаде: моето презиме би било „добричка“, но вие ми укажавте толкава почит и ме направивте – најдобра“.Наградата и ја врачи директорот на „Киненова“ Небојша Јовановиќ, кој меѓудругото истакна дека филмот на Бојаџи предизвикал многу внимание во јавноста и дека, поради големиот интерес за билетите кои беа во слободна продажба за премиерата, ја разгледуваат можноста да организираат уште една проекција.– Се изборивме за овој слободен простор и се уште се бориме. Работевме напорно за фестивалот, рече Јовановиќ, прогласувајќи го отворен третиот фестивал „Киненова“ кој ќе трае до 12 октомвриНа присутните во салата пред прикажувањето на филмот им се обрати режисерот Бојаџи, кој потенцираше дека неговиот филм не се занимава со вистината, туку со приказна.-Во изминатите два месеца добивав прашања дали е филмот снимен според вистина. Јас со тоа расчистив пред дваесетина години кога мојот професор на Академијата за театар и филм во Софија ми рече „Кога ќе дојдеш на крстопатот меѓу вистината и приказната, тргнуваш по приказната. Таму можеби ќе најдеш некаква вистина“. Во тој момент расчистив и престанав да се занимавам со вистината. Особено да се занимаваме со вистината во кинематографијата е бесмислено кога толку лаги има наоколу. Значи, овој филм не се занимава со вистина, туку со приказна, рече Бојаџи.По проекцијата на филмот целата екипа излезе на сцената и се заблагодари на публиката која ја исполни салата и ги поздрави со долг аплауз.Филмот е нискобуџетен, снимен со 280.000 евра, во период од осум недели и тоа во Македонија, Грција и Франција, со интернационална актерска екипа составена од: Македонци, Грци, Албанци, Бугари, Руси, Хрвати, Французи, Германци, Словенци.„Киненова“ на „Бела ноќ“Денеска „Киненова“ се приклучува на „Бела ноќ“ во Скопје и филмовите од програмата на фестивалот ќе бидат прикажани во рамките на оваа манифестација.Проекциите во киното „Милениум“ ќе биат според следнава програма:11. 00 часот- филмот за деца „Момчето фантом“ од Жан Луп Фелисиоли и Ален Ганњол 12.30 часот – филмот за деца „Рафи“ на режисерот Аренд Акте.14. 30. – филмот „Анка“ на режисерот Дејан Ачимовиќ16.00 – Од фокус на Норвешка, „Во случај на исчезнување“ на Ханс Питер Моланд18.00 – филм во чест на Аница Добра, „Жената со скршен нос“ на режисерот Срѓан Кољевиќ20.00- филмот од меѓународна конкуренција, „Гутланд“ на Говинда Ван Маеле22.00- Од фокусот на Норвешка, „Бранот“ на режисерот Роар УтангВо Кинотека на Македонија од 15 часот ќе се прикажуваат куси филмови од меѓународна конкуренција, а во 18 часот ќе биде прикажан филмот „Златна петорка“, во чест на препрано починатиот актер од овој филм Влатко Илиевски. фото:МИА

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Привремен сообраќаен режим на дел од булеварот „Илинден“

Од 7:30 до 11 часот утре ќе биде затворен за сообраќај дел од булеварот „Илинден“, на потегот од крстосницата со улицата „Аминта III“ (фонтана „Лотус“) и улицата „Љубљанска“ (ТЦ „Скопје сити мол“). Сообраќај ќе биде пренасочен по околните улици.Град Скопје информира дека привремениот сообраќаен режим е поради одржувањето на трката „Скопје трча 10 КМ – 2018“.Возилата од јавниот градски превоз кои ја опслужуваат линијата 8, ќе бидат пренасочени по булеварот „Св. Климент Охридски“, а потоа по булеварот „Партизански одреди“. Возилата кои ја опслужуваат линијата со бр. 15А, ќе бидат пренасочени по булеварот „Партизански одреди“.Автобусите од линиите 15, 15А и 19, а кои го опслужуваат терминалот на улица „Љубљанска“ ќе бидат пренасочени на терминалот на улица „Манапо“. Автобусите од автобуските линии 15, 15А, 19, 7 и 59 кои ќе го користат терминалот на улица „Манапо“ ќе продолжат по улица „Карпошово востание“, улица „Бледски договор“ и потоа ќе продолжат по булеварот „Партизански одреди“.– Апелираме сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, се вели во соопштението од Град Скопје.

Скопје | пред 7 години

7 год.
6f341aff0e33425bf687d1bf0fb6bfab_w768

Уште двајца Палестинци од кои едно дете убиени на протестот на границата помеѓу Појасот Газа и Израел

Израелските сили денеска убија двајца Палестинци, од кои едно дете, на традиционалните петочни протести што се одржуваат на границата помеѓу Израел и Појасот Газа.Според палестинското Министерство за здравство загинале 12-годишно момче и 24-годишен маж, а повредени се 126 луѓе.Израелската армија соопшти дека дејствувала во самозаштита од толпата, која фрлала гранати и експлозивни направи врз војниците.Протестите под мото „Марш за враќање“ почнаа на 30 март и беше предвидено да траат шест недели, до 15 мај, Денот на независност на Израел, што Палестинците го нарекуваат „Накба“ (Катастрофа). Тогаш стотици илјади Палестинци ги напуштија домовите поради војната, по што е формирана еврејската држава во 1948 година.Но, протестите продолжија и се одржуваат секој петок. Според палестински извори до 13 август во протестите загинале 168 Палестинци, а 17.259 се повредени

Свет | пред 7 години

7 год.
nRkuo-zaev-bazdnikin

Заев го прими новиот руски амбасадор

Како што информираат од владината прес-служба, Заев му посакал добредојде на амбасадорот Баздникин и истакнал дека очекува и тој, како и неговиот претходник, да продолжи со успех во извршувањето на неговата одговорна работа за унапредување на односите меѓу двете земји.Како приоритет во интересите на Република Македонија, Заев ги издвоил потенцијалите на економската соработка, особено во делот на земјоделството и производството на храна, како и интересот на нашата земја за проширување и унапредување на соработката во сферата на енергетиката.Премиерот и амбасадорот се согласиле дека треба да се поттикне работата на Мешовитата меѓувладина комисија за трговско-економска соработка за да се ефектуираат сериозните потенцијали на овој план.На средбата било изразено задоволство од досегашната соработка на планот на културата која, како што било речено, и понатаму останува силна врска меѓу двете земји, изградена на традициите и на заедничките специфики на културните врски.Амбасадорот Баздникин на средбата истакнал дека ќе ги вложи своите капацитети и досегашно искуство за да се остварат потенцијалите за соработка меѓу двете земји.

Македонија | пред 7 години

7 год.
JSP-avtobusi-parkirani

Бесплатен јавен превоз за „Бела ноќ“

Јавното сообраќајно претпријатие и оваа годинаќе ја поддржи манифестацијата „Бела ноќ“ која ќе се одржи овој викенд.По тој повод, јавниот превоз ќе биде бесплатен на сите линии кои сообраќаат кон центарот на градот. Бесплатниот превоз ќе важи од 19 часот во сабота (6.10.2018 година), до 6 часот во недела (7.10.2018 година).

Скопје | пред 7 години

7 год.
oliver-spasovski

(ВИДЕО) Спасовски лови мигранти низ Македонија

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе координирана полициска акција за сузбивање деветчлена криминална група која организирала шверцување мигранти со фалсификувани патни исправи, а дејствувала на територијата на Република Македонија и Република Албанија, соопшти министерот Оливер Спасовски на прес-конференцијата. Акцијата била спроведена во координација со Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и коорупција и во соработка со регионалната канцеларија за безбедност и истраги при Амбасадата на САД во Република Македонија, Европол, Селек, како и полициите на Албанија, Австрија, Шпанија и на Бугарија.„Криминалистичката истрага се спроведуваше во изминатите 18 месеци. Криминалната група од Македонија беше идентификувана како дел од меѓународна организирана криминална мрежа составена од соработници од Албанија, Бугарија, Шпанија, Доминиканската Република, Хондурас, Гватемала и Мексико. Членовите на оваа криминална група организирале шверц на повеќе групи илегални мигранти по потекло од Албанија и Македонија, со крајна дестинација САД и Канада. Шверцувањето го организирале за лица што не можеле да добијат виза за патување кон наведените дестинации по регуларен пат и од нив барале и добивале паричен надомест во висина од 20.000 до 25.000 долари за лице“, појасни Спасовски.Министерот рече дека биле извршени претреси во 12 објекти во Охрид, Струга, Дебар и во Скопје.„При претресите пронајдени и привремено одземени се поголема сума парични средства во разни валути, две патнички возила („бмв“ и „мерцедес“), пиштол, куршуми, мобилни телефони, СИМ-картички, четири австралиски патни исправи, копија од канадска патна исправа, апликации за канадски визи, гарантно писмо од Канада, белешки со контакт-информации и лични податоци од повеќе лица; уплатници за испорака на документи по брза пошта и разновидна банкарска документација“, истакна Спасовски.До Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесена е кривична пријава против девет лица.„Оваа криминална група врбувала лица – потенцијални мигранти, а потоа им обезбедувала фалсификувани документи за идентификација, им резервирала и купувала автобуски и авионски билети до одредени дестинации во Европа и земјите на Централна Америка, потоа резервација на соби во хотели во Шпанија, како и во Панама, Доминиканската Република, Хондурас, Гватемала, Мексико и други земји. Организаторите на криминалната група ангажирале и лица што ги прифаќале мигрантите и им обезбедувале дополнителни фалсификувани документи, особено за влез во Мексико, а ги организирале и превозот и илегалното пренесување на мигрантите од Мексико до земјите на крајната дестинација – САД и Канада. Мигрантите биле шверцувани во групи од двајца до четворица, со претходно договорен временски период во кој се предвидувало да се реализира целосната организација на шверцувањето, рутата по која ќе биде реализирано, локациите на кои во текот на шверцувањето мигрантите привремено ќе престојуваат, односно ќе се засолнуваат, како и начинот на исплата на договорениот паричен износ“, соопшти министерот Спасовски.Криминалната група од Македонија во содејство со соработниците од Албанија во периодот од април 2017 година до март 2018 година успеала да прошверцува 50-ина мигранти кон САД, со што стекнале противправна имотна корист во износ од речиси милион американски долари.

Македонија | пред 7 години

7 год.
43127964_1111935778956443_6401027543503208448_n

Се поправаат мостовите во Градски парк

Започна реконструкцијата на дрвениот мост во вториот дел на Градски парк, кој беше оштетен и опасен за преминување, откако врз него пред извесен период падна дрво, настан предизвикан од силно невреме.Јавното претпријатие Паркови и зеленило започна со обновување на дрвените талпи, по што ќе следи бојадисување за нивна заштита.

Скопје | пред 7 години

7 год.
DSC_86191

(ВИДЕО) Започната реконструкцијата на улицата „Даскал Камче“ во Карпош

Започна реконструкцијата на дел од улицата „Даскал Камче” , во Карпош 1. Станува збор за асфалтирање на коловозот во должина од 100 метри, а вкупната инвестиција е во вредност од 539.609 денари, додека изведувач е фирмата „Битем“ ДООЕЛ – Скопје.По повод стартот на овие градежни работи, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев даде изјава за медиуми во која посочи дека Општина Карпош продолжува со подобрување на инфраструктурата.„До крајот на годината целосно ќе биде реконструирана „Даскал Камче”, а ќе започнеме и со санирање на улицата „Бранислав Нушиќ”, во населбата Карпош 2. Примарната цел на локалната самоуправа е да имаме побeзбедни улици за движење на сите учесници во сообраќајот“, рече Богоев. Во изминатиов период се реконструираа повеќе улици во Општина Карпош. Во сорабока со ЈП Улици и патишта се асфалтираше улицата „Јуриј Гагарин”6 во Козле, а се направи и пристапниот пат за комплексот згради Порта Козле.Исто така, инфраструктурно се поврза и ул. „Прашка” со булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов” (сокак 4), во Тафталиџе. Во претстојниот период, во овој дел на Карпош 1,  ќе биде реконструирана и улицата Гиго Михајловски.Многу наскоро, Општината ќе иницира и воведување на „ЗОНА 30“ низ повеќе сервисни улици во Карпош. Тоа практично значи ограничување на брзината при возењето автомобили и моторцикли до 30 километри на час, со што ќе се зголеми и безбедноста за движење на пешаците, особено покрај основните училишта и градинки.

Скопје | пред 7 години

7 год.
gruevski-sud-1-1021x580

Апелација потврди: Груевски оди во затвор

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која жалбата на обвинетиот Ѓоко Поповски од Скопје, делумно му ја уважи на начин што ја преиначи во делот на одлуката за казната и го осуди на казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост со две годишна затворска казна.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Русија склучи договор со Индија за ракетниот систем

Русија и Индија денес потпишаа договор за испорака на руски ракетен систем S-400.Рускиот претседател Владимир Путин и индискиот премиер Нарендра Моди денес потпишаа договор во Њу Делхи, а на состанокот разговарале за нуклеарната енергија, истражување на свемирот и економијата.Потпаролот Дмитриј Песков потврдно одговори на прашањето дали договорот е постигнат, пренесува Тас с.Советникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков изјави дека договорот ќе биде вреден повеќе од 5 милијарди долари.Руската агенција известува дека Ушаков за медиумите дал изјава дека резултатот од договорот ќе биде Индија добие модерен систем за воздушна одбрана, кој ќе ги надмине оние на другите земји.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Татко пријавил дека неговото дете е силувано во Ѓорче Петров

Татко пријавил дека неговото дете е силувано од постар маж во скопската населба Ѓорче Петров. Според полицијата, вчера околу 19:30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Н.Т. од Скопје пријавил дека истиот ден околу 8 часот во населбата Ѓорче Петров неговото малолетно дете било пресретнато од непознато лице на возраст од околу 60-65 години.Според пријавеното, непознатото лице извршило полов напад врз детето. За настанот бил известен Јавен обвинител. Се преземаат мерки и активности за расчистување на настанот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

В недела времен сообраќаен режим на дел од булеварот „Илинден“ поради Скопје трча 10 КМ

В недела од 7:30 до 11 часот ќе биде затворен за сообраќај дел од булеварот „Илинден“, на потегот од крстосницата со улицата „Аминта III“ (фонтана „Лотус“) и улицата „Љубљанска“ (ТЦ „Скопје сити мол“). Сообраќај ќе биде пренасочен по околните улици.Град Скопје информира дека времениот сообраќаен режим е поради одржувањето на трката „Скопје трча 10 КМ – 2018“.Возилата од јавниот градски превоз кои ја опслужуваат линијата 8, ќе бидат пренасочени по булеварот „Св. Климент Охридски“, а потоа по булеварот „Партизански одреди“. Возилата кои ја опслужуваат линијата со бр. 15А, ќе бидат пренасочени по булеварот „Партизански одреди“.Автобусите од линиите 15, 15А и 19, а кои го опслужуваат терминалот на улица „Љубљанска“ ќе бидат пренасочени на терминалот на улица „Манапо“. Автобусите од автобуските линии 15, 15А, 19, 7 и 59 кои ќе го користат терминалот на улица „Манапо“ ќе продолжат по улица „Карпошово востание“, улица „Бледски договор“ и потоа ќе продолжат по булеварот „Партизански одреди“.– Апелираме сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, се вели во соопштението од Град Скопје.

Скопје | пред 7 години

7 год.
ivanov-1

Иванов во Чешка: Македонија ја цени принципиелната употреба на уставното име

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на вториот ден од официјалната посета на Чешката Република, имаше средби со претседателот на чешката Влада, Андреј Бабиш и со претседателите на Сенатот и на Долниот Дом на чешкиот парламент Милан Штех и Радек Вондрачек.На средбата со претседателот на чешката Влада, Бабиш била потврдена подготвеноста за унапредување на меѓусебното пријателство и поддршка на билатерален и мултилатерален план.Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, истакнал дека Македонија ја цени конзистентната и принципиелна поддршка од Чешка за нашите врвни стратешки цели  - членство во НАТО и ЕУ, како и принципиелната употреба на нашето уставно име.Тој, исто така изразил задоволство од севкупната соработка и поддршка од Чешка за време на бегалската и мигрантската криза.„Посебно ја цениме соработката меѓу Македонија и Чешка поврзана со мигрантската криза и благодарни сме за доделената помош на македонската полиција за нејзино успешно менаџирање. Ваквата соработка претставува потврда дека Чешка е вистински пријател на Македонија“, изјавил Иванов.Претседателот на Сенатот на чешкиот Парламент, Милан Штех  и претседателот на Долниот Дом на Парламентот, Радек Вондрачек, на средбите со Иванов изразиле задоволство од развојот на билатералните односи и дале поддршка за остварување на македонските стратешки цели, членството во ЕУ и НАТО.„Првите луѓе на чешкиот парламент изразија подготвеноста за јакнење на соработката меѓу парламентите на двете земји со цел унапредување на законската легислатива во областа на миграциите, како и размена на податоци и искуства во справувањето со мигрантската и бегалската криза“, се вели во соопштението.Со денешните активности Иванов ја заврши дводневната официјална посета на Чешката Република.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Градоначалникот Стојчев поднесе неотповиклива оставка

Градоначалникот на општина Ново Село, Боро Стојчев денеска во писмена изјава до Советот на општина Ново Село побара неотповиклива оставка од функцијата, поради морални причини.СДСМ, матичната партија на градоначалникот Стојчев, побара од него да си поднесе оставка од функцијата прв човек на општината.„Започната е постапка за бришење за исклучување од партијата, бришење од евиденција односно отчленување од СДСМ...Го повикуваме Боро Стојчев да си даде неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на општина Ново Село. За нас, законите се закони и треба да бидат почитувани и од членството и од функционерите од било која политичка партија“, изјави пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов.ОЈО Струмица вчера побара градоначалникот Боро Стојчев, да се упати на издржување на казна затвор од две години за кривично дело за кое бил осуден во 2015 година.Барањето на струмичкото Обвинителство е доставено до Основниот суд во Струмица, а оттаму информираат дека по него ќе одлучува кривичен совет.Боро Стојчев на 10 јули годинава беше фатен во обид за шверц на цигари. За ова кривично дело Основниот суд во Струмица му изрече казна затвор во траење од 18 месеци, По жалбата на одбраната Апелацискиот суд во Штип ја намали казната на шест месеци затвор.

Македонија | пред 7 години

7 год.
han

Хан: Не се потребни избори, туку двотретинско мнозинство во Собранието

Еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан смета дека не се потребни предвремени парламентарни избори во Македонија, туку треба да се искористи можноста и да се обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието за спроведување на Договорот со Грција.Во изјава за австрискиот весник „Курир“, Хан вели дека оваа порака веќе му ја пренел на македонскиот премиер Зоран Заев.– Новите избори ќе бидат само одоговлекување на патот кон почеток на преговорите за пристапување на ПЈРМ во ЕУ, што е планирано за летото наредната година, вели Хан.Во врска со референдумот, Хан истакнува дека не може да се каже оти бил неуспешен.– Невообичаено е на референдум да се добие поддршка од 94 проценти, но да излезат само 36,8 отсто од гласачите, и тоа бидејќи опозицијата очигледно беше успешна во бојкотирањето, истакнува еврокомесарот.Хан смета дека во Парламентот може да се обезбеди двотретинско мнозинство.– Потребни се осум или девет гласови од опозицијата и тоа мора да биде остварено. Сите велат дека сакаат членство во ЕУ и НАТО вклучувајќи ја и опозицијата, а тогаш едноставно мора да ја платите цената на ова решение. Станува збор за решение кое е во интерес на земјата, а не на партиите и политичарите. И во таков случај како можат да се обезбедат гласовите? Јас верувам со комбинација меѓу балканското и рационалното, истакнува евокомесарот Јоханес Хан.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Исчезна претседателот на Интерпол

Кинескиот политичар Менг Хонгвеј кој моментално е претседател на Интерпол, е исчезнат, пренесуваат странските медиуми.Случајот во полиција бил пријавен од страна на неговата сопруга, а француската полиција веднаш започнала истрага. На Менг трагот му се губи кон крајот на септември, и оттогаш никој нема стапено во контакт со него.„Започната е истрага поради исчезнувањето на претседателот на Интерпол. Откако ја напуштил Франција кон крајот на септември и се упатил кон Кина, никој нема слушнато ништо за него“, пренесува Европа 1.Како што пренесува агенцијата, портпаролката на Интерпол не била достапна за коментар.Менг Хонгвеј на претседателската функција е од 10 ноември 2016 година. Пред тоа тој работел како кинески политичар, а исто така бил и заменик министер за јавна безбедност во државата.

Свет | пред 7 години

7 год.
mkd-363371

Уапсени 120 дилери на дрога, меѓу нив и малолетници

Тетовската полиција изминатиот месец уапсила 120 дилери на дрога и запленила поголемо количество на марихуана, хероин, кокаин и екстази, информира МВРКако што информираат, тетовската полиција од 6 до 28 септември на поширокото полошко подрачје спровела акцијата за откривање и санкционирање на лица кои се инволвирани во неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.Полицијата уапсила 120 дилери. Од нив, 92 дилери биле уапсени на тетовското подрачје, а 28 во гостиварското. Станува збор за дилери на возраст од 15 до 45 годиниПолицијата кај нив запленила марихуана, кокаин, хероин, хашиш и екстази. По целосно расчистување, против нив ќе бидат поднесени кривични пријави

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Земјотрес во Јапонија, граѓаните предупредени на свлечишта и тајфун

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала повторно го погоди јапонскиот остров Хокаидо, соопшти Метеоролошката агенција на Јапонија.Земјотресот се случи во 9 часот по локално време, со епицентар на југот на Хокаидо и длабочина од околу 30 метри.Во градовите Атсума и Мукава, кои се наоѓаат во областа, нема повредени, додека во градот Сапоро повредена е 30-годишна жена, врз која паднала полица.Засега нема опасност од цунами.Серија земјотреси го погодиja островот пред еден месец, кога настрадаа 41 лице, а беа оштетени 10 000 згради. Оттогаш илјадници жители сè уште се наоѓаат во прифатните центри.Јапонската метеоролошка агенција ги предупреди граѓаните да бидат подготвени во следните недели на можност за нови земјотреси, како и да се подготват за обилни дождови и лизгање на земјиштето поради тајфунот што би требало да го погоди островот в недела.

Свет | пред 7 години

7 год.
mkd-393416

Нобеловата награда за мир ја добија активисти за борба против сексуалното насилство

Добитници на Нобеловата награда за мир во 2018 година се Денис Муквеге и Надија Мурад, активисти за борба против сексуалното насилство во војна и оружени конфликтиМуквеге, гинеколог од Конго, беше номиниран неколкупати, додека младата активистка Надија Мурад, поранешна сексуална робинка на Исламска држава, веќе ја доби наградата Сахаров.Комисијата рече дека докторот од Конго Денис Муквеге е „најистакнатиот, најобединувачки симбол на национално и на меѓународно ниво за борба против сексуалното насилство во војна и оружен конфликт“.Мурад, пак, член на Јазиди-заедницата во Ирак, беше заробена од ИСИС и постојано силувана и подложувана на други малтретирања. Комисијата рече дека таа покажала „невообичаена храброст во раскажувањето на сопственото страдање“.„Обајцата ја доведоа својата лична сигурност во ризик со храбрата борба против воените злосторства и обезбедување правда за жртвите.Ако го гледаат ова, искрени честитки“, рече Комисијата што ја доделува наградата.

Свет | пред 7 години

7 год.
dgZpG-

Иванов со највисоки државни и воени почести примен од чешкиот претседател, Милош Земан

Претседателот Ѓорге Иванов, на вториот ден од официјалната посета на Чешката Република, ќе оствари средби со претседателот на чешката Влада, Андреј Бабиш и со претседателот на Пратеничкиот дом, Радек Вондрачек.Вчера, Иванов со највисоки државни и воени почести беше примен од чешкиот претседател, Милош Земан. По средбата, коментирајќи го неуспешниот референдум од 30 септември, претседателот Иванов повика на одговорност.„Фактот е дека ние имаме неуспешен референдум. Која и да е друга интерпретација не може да ги промени бројките кои се фиксни и се знаат. Затоа јас повикав на одговорност. На сите што ја посетија Македонија, а имавме многу странски претставници кои во изминатиов период ја посетија Македонија, им укажував дека до ова ќе дојде. Затоа што не може Европската Унија и НАТО да биде алиби за лош и штетен договор. Не можете да прифаќате договор во кој постои одредба дека ќе се оди на референдум, а вие да не обезбедите национален консензус во државата. Не можете да прифатите промена на Уставот, без да обезбедите дво-третинско мнозинство во Парламентот. Затоа посочив дека за ова треба некој да одговара, а одговорноста се знае чија е. Што побргу дојдеме до одговорност, толку полесно можеме да го продолжиме овој процес кој е многу чувствителен, многу комплексен и кој ја држи Македонија веќе 27 години заложена од ирационални барања на нејзиниот јужен сосед”, изјави претседателот Иванов по средба со чешкиот претседател Земан.Запрашан за коментар за Договорот со Грција, чешкиот претседател Земан изјави дека не сака да се меша во внатрешните работи на Македонија, но ги повика двете страни да продолжат со преговорите. ,,Тоа може да трае долго, но се надеваме дека овој спор ќе успеете да го решите,” изјави Земан на прес-конференцијата.Вчера вечер во Прага, претседателот Иванов оствари средба и со претседателот на чешкиот сенат, Милан Штех.Сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова, денеска, во рамки на дамската програма, ќе го посети Националниот институт за аутизам – НАУТИС во Прага.

Свет | пред 7 години

7 год.
vucic

Вучиќ: Го поддржувам договорот меѓу Македонија и Грција, но не ја потценувам пораката на народот

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека го поддржува договорот меѓу Скопје и Атина, но дека не го потценува народот во Македонија, кој, според него, испратил јасна порака.,,Сметав дека договорот е добар и тоа го сметам и денес. Сметам дека секој договор е многу важен за народот на обете земји. Ние не се мешавме во внатрешните работи на двете држави, иако и јас како претседател и Владата го поддржав договорот”, рече Вучиќ на прес-конференцијата по средбата со известителот на Европарламентот, Дејвид Мекалистер.  Тој, сепак, додаде дека не е слеп за да не гледа што се случило и која е пораката на народот.,,Народот во Македонија донесе јасна и недвосмислена одлука и нема, како некои други, да ја игнорирам”, додаде тој.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Мигранти од Авганистан и Шри Ланка откриени во возило кај Смоквица

Дванаесет мигранти од кои шестмина од Авганистан и еден од Шри Ланка вчера биле откриени во возило со скопски регистарски ознаки на клучката во село Смоквица, а петмина на меѓуградската автобуска станица во Скопје.МВР информира дека синоќа во 20.30 часот на клучката во село Смоквица полициски службеници запреле патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(45) од с.Арачиново, скопско. Притоа, во возилото биле затекнати седум мигранти, од кои шест од Авганистан и еден од Шри Ланка. Н.Р. бил приведен и предаден на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На меѓуградската автобуска станица во Скопје, пак, вчера во 13.00 часот биле забележани пет мигранти кои допатувале со автобус од Куманово. По пристигнувањето, тие влегле во такси возило, кое набргу било пресретнато, по што возачот и патниците биле задржани во Полициската станица Карпош.Со лицата бил извршен разговор и тие се предадени во Прифатниот центар за странци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
oktomvri

11 Октомври, Денот на народното востание, неработен за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија, 11 октомври 2018 година (четврток), Денот на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на  Република Македонија.Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита Денот на народното востание на граѓаните на Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања