Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
Нема фотографија

На 40 локации ќе бидат поставени станици за полнење на електромобили

   Над 40 станици за полнење на електрични возила ќе бидат поставени на централни јавни локации низ државата.Станиците за полнење на електромобили ги поставува ЕВН Македонија која денеска ќе го промовира проектот „Електромобилност со ЕВН“.Со вака развиената мрежа на полначи се очекува сопствениците на електрични возила од земјава и од странство да можат да патуваат во било кој правец во и надвор од границите на Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vezba

Ден на високи гости на воената вежба „Предизвик 2018

На армискиот полигон „Криволак“ денеска ќе се одржи Ден за високи гости во рамки на билатералната воена вежба „Предизвик 2018“ којашто од 28-ми септември ја изведуваат припадници на АРМ и Вооружените сили (ВС) на Република Словенија.На денот за високи гости ќе присуствуваат заменик министерот за одбрана Беким Максути, заменик началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Азим Нуредин, амбасадорот на Словенија Милан Јазбец, Командантот на Здружената оперативна команда на АРМ генерал-мајор Павле Арсоски, генерали од АРМ и ВС на Република Словенија и други гости.Припадниците на АРМ заедно со колегите од Воените сили на Словенија ќе изведат боеви гаѓања на цели во воздух со лесен преносен ракетен систем (ЛПРС) „Игла С“ и боеви гаѓање на цели на земја со авион „Пилатус ПЦ-9М“ и хеликоптер Ми-24.Вежбата „Предизвик 2018“ е осма по ред од ваков вид која заедно ја изведуваат припадници на АРМ и Воените сили на Словенија, а совладувањето на заедничката обука, придонесува за зголемување на борбената готовност, оперативната способност, како и интероперативноста на баталјонот за против-воздушната одбрана, кој е во составот на воздухопловната бригада на АРМ. Проектот претставува јакнење на билатералната воена соработка на АРМ со вооружените сили на Словенија, но и можност за промоција на капацитетите на АП „Криволак“ пред останатите армии на земјите членки на НАТО.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Експертите на Македонија и Бугарија денеска по вторпат ќе ги проверуваат учебниците по историја

Втора средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, формирана согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија ќе се одржи денеска и утре во Скопје.На средбата, како што информираат од Министерството за надворешни работи, се очекува членовите на комисијата, согласно договорената методологија и принципи на работа, да разменат мислења поврзани со наставните содржини во образовните процеси во двете земји, како и можностите за заедничко одбележување на одредени историски настани и личности.Првата средба на комисијата се одржа на 2 и 3 јули во Софија на која беа разгледани и утврдени начелата и методологијата за работа на Комисијата, согласно принципите за заемно разбирање и академска заснованост, како и досегашните позитивни европски искуства.

Македонија | пред 7 години

7 год.
soslusuvanje

Продолжува сослушувањето на сведоци за случајот „27 април“

Во Кривичниот суд во Скопје со сослушување на сведоци продолжува судењето за настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година.На минатото рочиште беа сослушани четворица сведоци, вработени во Министерството за внатрешни работи. Во сведочењата пред судот, тие ги објаснија нивните дејствија за време на протестите пред Собранието, како и на критичниот 27 април минатата година. Според нив, на критичниот ден не биле ангажирани доволен број полицајци неопходни за справување со ситуацијата, а на подготовките не било разгледано како можно сценариото толпата на сила да влезе во Собранието.За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници и граѓани. Тие пред судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Zoran-Zaev-1-by-SDSM-4x3

СДСМ: Ако не се усвојат уставните измени, веднаш да се оди на избори

– Извршниот одбор на СДСМ на вечерашната седница заклучил дека пратениците во Собранието треба да ја следат јасно изразената волја на мнозинството од над 600 илјади граѓани, да преземат одговорност и да се забрзаат процесите за конечно членство во НАТО и ЕУ. Доколку тоа не е можно, како што се наведува во партиското соопштение, тогаш веднаш ќе се оди на предвремени парламентарни избори.Извршниот одбор, како што се наведува во соопштението, ги овластил претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и координаторот на пратеничката група, Томислав Тунтев, да ги преземат сите потребни чекори во насока на подготовка за предвремени парламентарни избори.– Огромното мнозинство, над 90 отсто од граѓаните што излегоа на гласање избраа „ЗА“ и порачаа дека Република Македонија треба да го прифати договорот со Грција и да стане членка на НАТО и ЕУ со зачуван македонски идентитет. Членовите на Извршниот одбор едногласно заклучија дека сега, кога има јасно изразена мнозинска волја, пратениците во Собранието на Република Македонија треба да го следат гласот на мнозинството од над 600 илјади граѓани, да преземат одговорност и да се забрзаат процесите за конечно членство во НАТО и ЕУ. Доколку тоа не е возможно и ВМРО-ДПМНЕ и натаму ја кочи иднината на граѓаните и ја турка земјава во бездна, тогаш нема друга опција освен предвремени парламентарни избори веднаш, на кои граѓаните ќе одлучат за иднината, заклучил ИО на СДСМ.Членовите на Извршниот одбор оцениле дека треба да се искористат сите демократски можности, да им се овозможи на пратениците да го следат гласот на граѓаните и да обезбедат членство на Македонија во НАТО и ЕУ.– Никој не треба да се надева на амнестија. Станува збор за многу важно прашање, за иднината на земјата, за иднината на граѓаните и фокусот на сите парламентарни партии треба да биде на ова прашање. Се друго е поигрување со иднината и обид за враќање на земјата во изолација и небиднина, се потенцира во соопштението.На седницата било заклучено дека референдумот во неделата поминал во мирна, фер и демократска атмосфера. По седницата на Извршниот одбор на СДСМ, која траеше два часа, куса изјава даде само премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев.Заев не прецизира за што се разговарало, посочувајќи на партиското соопштение за медиумите.Прашан дали во текот на денот имало некаква комуникација со преставници на ВМРО-ДПМНЕ за евентуален договор за усвојување на уставните амандмани во Собранието, Заев кусо кажа дека ќе се направат сите можни обиди да се најде решение.– Сериозен е процесот пред државата. Ги знаете нашите ставови.  Ќе се обидуваме со пратениците. Се ште можеме ќе направиме. Ги знаете нашите ставови, не би кажувал детали, изјави Заев по состанокот на ИО на СДСМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
nikolovski-696x381

ВМРО-ДПМНЕ формираше Републички изборен штаб и референдумот го прогласи за фалсификат

Предмалку заврши седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, по што Александар Николовски ги соопшти донесените одлуки.-Целата постапка за референдумот ја прогласуваме за голем фалскификат и резултатот не го признаваме. Би сакале да упатиме порака до власта да престане со шиканирање и бркање од работа на оние кои не гласаа. Согласно на ова, ИК заклучи дека Договорот од Преска е политички мртов. ИК ги прифати предлозите на претседателот Мицкоски и донесе три одлуки: Да се формира анкетна комисија составена од пратеници да ги истражува сите неправилности на денот на референдумот и потоа тоа да се процесира, барање за разрешување на Јавниот обвинител кој замижува пред очигледниот криминал и избор на нов обвинител на предлог на опоцијата, доколку Заев има намера да распише избори, ќе го победиме. Да се формира техничка влада 100 пред избори. ИК денеска одлучи да се формира Републичкиот изборен штаб со претседател Игор Јанушев, изјави Николовски. Извор Фокус

Македонија | пред 7 години

7 год.
IMG_1449765989

Цеца проговори по нападот на нејзината куќа

Припадниците на Министерството завнатрешни работи во Блеград идентификувале две личности за кои постои сомнение дека на 30 септември со возило удриле во куќата во која живее познатата пејачка Светлана Ражнатовиќ.Поради сомнение дека извршиле кривично дело насилничко однесување за осомничените Н. А. (32) и С.М. (30) е распишана потера. Н.А. и е познат на полицијата по бројните кривични дела кои ги има извршено.„Мило ми е што полицијата експресно ја исврши својата работа и за кратко време го дознаа идентитетот. Се надевам дека наскоро ќе бидат приведени и дека ќе се откријат причините за таквото насилничко однесувње и загрозувањето на безбедноста на едно семејство. Не ги познавам тие луѓе, никогаш не сум слушнала за нив. Очекувам дека полицијата ќе ме извести што се случува и зошто тоа го направиле“, вели Цеца за Телеграф.Фолк ѕвездата против напаѓачите ќе поднесе кривични пријави, со цел да го заштити своето семејство, бидејќи нема причина да живее во страв.„Јас не живеам во страв во својот град и во својата земја. Ниту имам причина за страв, ниту се плашам од некој. Ова е еден кукавички чин. Животот иде понатаму, полицијата ќе  ја изврши својата работа, верувам во нашите институции. Ова мора да се запре, ова не е дивиот запад“, вели познатата пејачка.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Dragan-Danev-e1524669168632-780x439

Дали пратениците тајно ќе го променат уставот?

Ако има тајно гласање, ќе ја напуштам седницата, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев.„Веднаш по завршување на референдумскиот ден, јас го кажав личниот став дека за мене овој процес е завршен, дека волјата на граѓаните беше јасно и децидно искажана за време на референдумот“, рече Данев.Тој повтори дека цензус нема и дека не се исполнети условите за успешен референдум.„Јас како пратеник нема да гласам за уставните измени со цел промена на уставното име“, додаде Данев.

Македонија | пред 7 години

7 год.
KFOR7

КФОР: Тачи може да оди каде сака низ Косово, не му треба дозвола од никого

Портпаролот на меѓународните сили на Косово - КФОР, Винченцо Грацо, изјави дека косовскиот претседател Хашим Тачи може да го посети секое место во земјата и дека за тоа не му треба никаква дозвола од никого, јави дописникот на МИА од Приштина.Главниот портпарол на КФОР изјавата ја даде по повод неодамнешната посета на Тачи на езерото Газивода, на границата со Србија, што предизвика остри реакции од страна на официјален Белград, а српскиот претседател Александар Вучиќ дури нареди подигнување на борбената готовност на Војската на Србија.- Ние потврдуваме дека немаше никаки инциденти, никакво апсење, никаква воена операција и никаков напад од кого било. Тачи го посети тоа подрачје и во текот на посетата беше следен од тимот за заштита на значајни личности во рамките на косовската полиција, изјави Грасо за сајтот „Демостат“.Грасо потврди дека КФОР не бил од претходно известен за посетата, но нагласи дека „господин Тачи, како највисок косовски институционален лидер, е слободен да се движи каде било низ Косово“.- Косовската полиција не мора да праша никого за каква било дозвола за да оди на северот на Косово, така што тие не прекршија никакво правило, рече портпаролот на КФОР.Тој нагласи дека е точно тоа што го изјави српскиот претседател Вучиќ дека Безбедносните сили на Косово (ФСК) треба да побараат дозвола од КФОР за да одат на север, но дека „ниту ФСК, ниту каква било паравојска или специјални единици не го следеа Тачи в недела, како што јавија некои медиуми“.Грасо додаде дека ситуацијата во Косово е мирна и под контрола и дека КФОР ги повикува сите страни да ги намалат тензиите на најниско ниво.

Свет | пред 7 години

7 год.
DSC_3207

Мицкоски ги „средил“ односите со проблематичните пратеници

Мицкоски ја говори вистината кога вели дека партијата и пратеничката група се монолитни, бидејќи тој повлече неколку потези со кои го обезбеди тоа и сигурен е дека никој нема да гласа за уставни измени“, тврдат за БИРН високи партиски извори.„Ова во најголема мера се однесува за пратениците што не се согласуваа со изборот на Мицкоски за партиски претседател, кои не се најдоа во новите структури на партијата и кои подолг период имаа малку заладени односи со нашиот претседател. Тоа отвори еден процеп за разногласие, но претседателот неодамна успеа да стави крај на таквите состојби. Во изминатиот период поединечно ги повикуваше на разговор дел од пратениците за кои беше проценето дека може да бидат ‘проблем’ за партијата, искажувајќи дека му е битно нивното мислење за актуелните состојби, дека смета на нив, односно дека повторно ќе се најдат на кандидатски листи на избори на кои партијата ќе учествува. Со тоа е затворена опасноста дека некој од нив ќе гласа за уставни измени“, објаснуваат изворите на БИРН.Тие не сакаат да шпекулираат кои од пратениците се „обезбедени“ со ветување за нови пратенички кандидатури (некои и нешто повеќе од тоа), со цел да не се предизвикува незадоволство кај досега „лојалните“, кои автоматски би се почувствувале како помалку важни или „пуштени низ вода“.Но, сепак ги потврдуваат нашите сознанија дека „најмалку двајца од пратениците со подолг пратенички стаж сега му јадат од рака на Мицкоски“.За разлика од нив, други пратеници не сакаат јавно да го соопштат нивниот став, како што велат, за да не си предизвикаат дополнителни непријатности, покрај оние што веќе ги трпат. Но, признаваат дека забележале пресврт во однесувањето на дел од нивните колеги.„Да, слушам дека на некои им било ветено нешто, немам информации, но забележувам дека некои го сменија однесувањето. Генерално, има пратеници кои навистина би сакале да го поддржат Договорот и да гласаат за уставни промени, но најверојатно нема да го сторат тоа поради невидени закани и предупредувања за она што би можело да им се случи ако гласаат ‘за’. Едно е желбата, друго е реалноста. Пратеничката група е поделена, а во моментов е контролирана од закани и страв. Има толку притисоци, што не верувам дека некој ќе се дрзне да гласа за уставни промени. Има закани за секој изречен збор на социјалните мрежи, а да не зборувам дека заканувачите не се воздржуваат од ‘поздрави’ и дo пошироките семејства на секој што има поинаков став од партискиот, при што дури ни децата не се поштедени“, вели еден пратеник.Тој со жалење констатира дека улогата на народните избраници е целосно девалвирана, а нивниот став целосно условен од реперкусии по животот и безбедноста. Уверен е дека во ваква ситуација единствена опција се нови избори, но нема информации дали партијата ќе учествува на нив, или ќе се определи за бојкот и за натамошни условувања на целиот процес.„ВМРО-ДПМНЕ нема да попушти. Во игра се многу интереси, од кои ниту еден не е поврзан со прашањата за ЕУ и НАТО. И се лажат тие што сметаат дека Македонија повеќе не е заробена држава. Таа е сѐ уште заробена, исто како и ВМРО-ДПМНЕ, која остана партија заробена од старата политика и од старото раководство. Заев не успеа да го демонтира тој систем, бидејќи ниту во СДСМ, ни во земјата не спроведе реформски чекори за да покаже разлика, и сега се соочува со сите штетни последици и тоа на најважното прашање за државата“, вели истиот опозициски пратеник.Целиот текст на БИРН на следниот линк.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Подгответе се за нов температурен шок

Продорот од југ кој што го најавивме во текот на следниот период ќе услови да имаме натпросечно високи температури кој ќе бидат релативно летни и во текот на следните денови максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 27 степени, вели во временската анализа метеорологот Славчо Поповски.Времето ќе биде сончево со умерена облачност додека локално ќе има и позначителна облачност а има услови и за слаб локален дожд, ќе продолжи да дува слаб до умерен ветер претежно од променлив правец.За време на викендот и тоа особено во недела како и на почетокот од следната недела ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со дожд и грмежи.Со овој топол продор од југ и понатаму ќе продолжи летото во октомври, исто така и најновите анализи укажуваат на тоа дека првата половина на овој месец ќе биде релативно летна и доста топла со релативно натпросечно високи температури за овој дел од годината.

Македонија | пред 7 години

7 год.
unnamed

„АМАЗОН“ инвестира 4,5 милијарди долари во серии

„Амазон“ почнува нова битка во глобалната војна со „Нетфликс“ за пазарот со стримањето и во неа ги вклучува оскаровката Џулија Робертс и потомците на руските цареви.Лидерот во онлајн купувањето годинава ќе инвестира 4,5 милијарди долари во својот стриминг сервис „Амазон прајм видео“. Бројката се очекува да расте, како што „Амазон“ се обидува да ја достигне сумата од речиси осум милијарди долари, што ги инвестираше пионерот во оваа индустрија, „Нетфликс“.Во стратегијата на „Амазон“ фокусирана на Европа е влезена и серијата „Романови“, подготвена од креаторот на „Момците од Менхетн“, Метју Вајнер, антологија за луѓе кои мислат дека се потомци на последниот руски цар.Тука се и психолошкиот трилер од 10 епизоди со Џулија Робертс „Добри знаци“, серијата за шпанското фудбалско првенство насловена „Шест соништа“, како и шест оригинални германски серии.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Путин проговори за случајот со бившиот агент Скрипал

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека бившиот агент Сергеј Скрипал е „шпиун и предавник на својата земја“.Путин на отварањето на Руската недела на енергетика во Москва им се обрати на учесниците, нагласувајќи дека рускиот енергетски сектор ќе отвори нови можности за инвестициски проекти и соработки.Во таа прилика тој го коментираше и случајот со Сергеј Скрипал, кој заедно со својата ќерка беше пронајден во бесознание на почетокот на март оваа година.Според неговите зборови, Скрипал е „шпиун и предавник на својата земја“, пренесува Спутник.„Некои медиуми пробуваат да го представат како активист за човекови права. Скрипал е едноставно лош човек, што побрзо заврши оваа информативна кампања околу него, толку подобро“, изјави Путин.

Свет | пред 7 години

7 год.
2222

(ВИДЕО) Арсовски: Заев и Спасовски сакаат да создадат параполициска структура

Зоран Заев и СДСМ си прават параполициска структура што ја водат личното обезбедување на Заев, вработени во шестата управа, како и лица осудувани за криминал, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.„Агенцијата ‘Код секјурити груп’ ДОО Струмица е основана на 10 јули годинава од Александар Трајков, Николчо Колев и Стево Трајков од кои вториве двајца, Николчо и Стево, се сè уште вработени во МВР, а Александар Трајков е добро познатиот придружник на Зоран Заев како бодигард, како претходно така и сега, и знаеме дека е вмешан во повеќе скандали низ годиниве. Во редот на основачите е и извесен Лазо Котуровиќ, кој претходно бил дел од личното обезбедување на Зоран Заев како градоначалник на Струмица, а за него во МВР може да се види дека е неколкукратен сторител на кривични дела како насилство, напад врз службено лице и други кривични дејства“, рече Арсовски.Ги прашуваме, додаде тој, Зоран Заев и Оливер Спасовски, како е можно МВР да издаде дозвола за основање на агенција за обезбедување на лица вработени во МВР, како и лица против кои неколкупати била покренувана кривична пријава?„За која намена е основана оваа агенција за обезбедување? Дали оваа агенција за обезбедување има намера да го зголеми криминалот по улиците каде што изминативе година дена се случуваат нерасчистени убиства на секој чекор? И никој не одговара за нив. Кои се намерите и кои професионални обврски ги исполнува оваа агенција за обезбедување на СДСМ?“, праша Арсовски.Тој рече дека според неофицијални информации зад „Код секјурити груп“ стои братот на Зоран Заев, Вице Заев, кој треба да раководи со агенцијата и да ја контролира.

Македонија | пред 7 години

7 год.
17435997_1321462517933888_1706608406782984374_o

Демократски сојуз: Влез во НАТО па избори

Демократскиот сојуз смета дека пред партиските и личните интереси, треба да се води сметка за стратешките, националните и државните интереси на Република Македонија, како и пошироките граѓански интереси.Во оваа насока сметаме дека е клучно, заедно со опозицијата (ВМРО -ДПМНЕ и другите партии) да се имплементираат обврските кои произлегуваат од договорот со Грција со цел да се обезбеди стабилност, сигурност и економски развој на државата.Огромната меѓународна поддршка што ја има Македонија нема да биде бесконечна и затоа само мудри и разумни одлуки можат да нè извлечат од длабоката политичка и безбедносна криза во која полека навлегуваме.Бојкотот на референдумот и блокадата во Парламентот за уставните промени ќе бидат со непоправливи штети за иднината на Македонија, затоа повикуваме на градење национално единство и преземање заеднички чекори за иднината на земјата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vmro-dpmne-zgrada-650x396-1

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ пак ги задолжи граѓаните за нови 45 милиони евра

Македонската економија е пред колапс, а граѓаните се на работ на егзистенцијата. Криминалниот картел на власт предводен од Зоран Заев неконтролирано ја задолжува државата и ги води граѓаните на Македонија кон должничко ропство. Вчера владата на СДСМ повторно ги задолжи граѓаните за нови 45 милиони евра. СДСМ ветуваше дека ќе го намали државниот долг, но откако е на власт јавниот долг ја премина границата од 5 милијарди евра, додека државниот долг ја помина границата од 4 милијарди евра. И ова ветување како и другите ветувања на СДСМ се утврди дека е уште една шарена лага, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.Според партијата, додека црното економско трио Заев, Тевдовски, Анѓушев неконтролирано ги задолжува граѓаните, реализацијата на капиталните проекти е на очајно ниво. За првите осум месеци од годинава изнесува срамни 23,33 проценти. Нема нови проекти, а реализацијата на оние проекти кои се наследени од ВМРО-ДПМНЕ е стопирана. Криминалните грантови и тендери доделени на високи партиски и државни функционери ѝ открија на јавноста за што се трошат милионите од задолжувањето на државата.,,Додека платите и пензиите стагнираат, трошоците за живот на граѓаните од ден во ден се сè поголеми. Цените на нафтата вртоглаво растат како резултат на зголемената акциза на нафтата, а дополнителните буџетски средства собрани директно од џебот на граѓаните СДСМ ги потроши за скапата пропаганда за капитулантскиот договор за промена на името.Паралелно со финансискиот грабеж што  го спроведува СДСМ, Заев се обидува да истурка и досега невиден во светот идентитетски грабеж, формално-правно олицетворен во капитулантскиот договор од Преспа. Заев, свесен дека неговата политичка кариера е завршена, почна со распродажбата на националните и државните интереси. Се обиде на македонскиот народ да му ги одземе името, јазикот, историјата, идентитетот, но не успеа. Граѓаните кажаа не на неговите политики, не на криминалот, не на капитулантскиот договор со Грција. 1.2 милиони граѓани во еден глас кажаа Македонија ќе победи”, се додава во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

По земјотресот и цунамито, во Индонезија се активираше и вулканот

Пет дена по катастрофалниот земјотрес и цунамито кои го погодија индонезискиот остров Сулавеси, во кој животот го изгубија 1.234 луѓе, се активираше вулканот Сопутан.Рано утрово, вулканот кој се наоѓа на северниот дел од островот, на околу 600 километри североисточно од Палуа, еруптирал, но нема информација за евентуални жртви или штети од истиот.https://twitter.com/alphaneodesign/status/1047363969420165125?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1047363969420165125&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F2996275-nesreci-nikad-kraja-nakon-zemljotresa-i-cunamija-u-indoneziji-proradio-vulkanВо земјотресот беа уништени повеќе од 65.000 куќи, а раселени беа повеќе од 60.000 луѓе на кои им е неопходна помош.Времето за спасување на оние кои се под рушевините истекува, па властите стравуваат дека нивниот број може да биде многу поголем, пренесува Ројтерс.Најмалку седум карго авиони слетаа денес на аеродромот во Палу носејќи хуманитарна помош.Нови потреси се забележани на 1.600 километри јужно од островот Сулавеси.

Свет | пред 7 години

7 год.
43074562_2165386260457477_7180103631398502400_o

(ФОТО) Дилери уапсени на Стража

Ноќеска (02.10.) во рамки на засилените активности на Министерството за внатрешни работи во борба против недозволената трговија со дрога приведени се шест лица и запленети околу 22 килограми марихуана, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски.-Марихуаната била транспортирана од Албанија во Македонија. Имено, на превојот „Стража“ од страна на полициски службеници запрени се две патнички моторни возила и при извршен претрес во возилото „Шкода суперб“ пронајдени и одземени се две вреќи со марихуана. На местото на настанот лишени се од слобода три лица од Скопје, меѓу кои и организаторот на транспортот на дрогата К.Р.(29) од Скопје, кој претходно бил осуден на казна затвор во траење од 11 години и бил во бегство од Казнено поправна установа „Идризово“, а се барал по распишана потерница. Лишени од слобода се и Р.И.(23) и С.Е.(22)- рече Ангеловски.К.Р. планирал дрогата да ја продава на подрачјето на Скопје, Велес и Тетово. Извршени се претреси во Скопје и кај Р.И. е пронајдено околу 50 грама кокаин, 16 паковки со кокаин и дигитална вага, како и 46 куршуми калибар 22мм., додека кај С.Е. пронајдени биле околу 700 грама марихуана и таблети екстази и дигитална вага.-Извршени се претреси и во Струга и Охрид, при што лишен од слобода е Ш.Т.(36) кој ја набавил запленетата марихуана од Р. Албанија, а исто така во врска со овој случај од слобода се лишени и Д.О.(62) од Струга и А.И. (42) од Охрид. Запленети се и две патнички возила, околу 3.000 евра и 4.000 денари кои потекнуваат од продажба на дрога, а од страна на Министерството за внатрешни работи се преземаат мерки и активности за идентификување на други инволвирани лица во случајот. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за сторено кривично дело по чл.215 став 3 „недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстаници““, соопшти Ангеловски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
satana

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО) Расрчена мачка среде Драчево, на улицата испишани сатанистички симболи

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ објави фотографии на социјалните мрежи од распарчено маче и сатанистички пораки напишани на улица во Драчево.„Секта или умоболно изживување – сатанистички симболи и искасапено маче среде текст што го слави сатаната на улица во Драчево. На фотографија направена утрово во Драчево, која ни ја испратија згрозени и уплашени граѓани, се гледа раскомадано маче – телото на мачето е буквално пресечено на пола – поставено на улица среде сатанистички симболи и латински текст ‘слава му на сатаната'(аd majorem sathanas gloriam ) и ‘врати на пеколот, отворете се’ (zazas, zazas, nasatanada zazas). Оваа слика е затекната на тротоар на автобуската станица во Драчево“, објавија од Здружението.Од таму велат до сега немаат сретнато ваква морбидност и ги повикуваат сите кои имаат какви било сознанија за овој случај веднаш да пријават во полиција или да го контактираат здружението.„Сите науки кои го толкуваат човековото однесување укажуваат дека ваква бруталност може да ја стори само садист, психопат и социопат со изразени манијакални способности и како таков не претставува опасност само по животните туку по секое живо суштество. Доколку станува збор за сатанистичка секта, феноменот е уште посериозен затоа што тенденциите на сектите се да инволвираат што повеќе животни и/или луѓе како ритуални жртви. Институциите мора да истражат дали на ова место во Драчево имало камери што можеле да го снимат сторителот и дали има сатанистички секти во Скопје и Македонија. Особено што по објавувањето на оваа фотографија повеќе граѓани нè информираат дека истиот текст е виден и на ѕидот на детска градинка во Тавталиџе, како и на ѕид на зграда во центарот на Скопје“, велат од „Анима мунди“.

Скопје | пред 7 години

7 год.
1200px-Informal_meeting_of_ministers_for_foreign_affairs_Gymnich._Arrivals_Nikola_Dimitrov_36957321831

Димитров: Избирачкиот список не е реален

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, изнесе неколку факти за референдумот, посочувајќи дека избирачкиот список не биле реален што влијаело на цензусот и негово неисполнување. Димитров посочува дека позициската ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во рферендимот, затоа што, како што вели, партијата се плашела од пораз.„Дали е факт дека на референдумот не гласаа повеќе од половината граѓани (903.169) од вкупно запишаните на избирачкиот список (1.806.336)? Да.Дали е факт дека избирачкиот список не е воопшто реален, ако се земат предвид податоците на Фондот за здравствено осигурување? Да. 416.382 се малолетни лица, без право на глас, од вкупно 1.872.466 осигуреници. Дали стотици илјади граѓани ни се иселени? Да.Дали е факт дека референдумот беше консултативен, односно незадолжителен? Да.Дали е факт дека без формална излезност, одлука на народот, одлуката се враќа на институциите? Да.Дали е факт дека со постигната излезност беа потребни само 441.585 гласови ЗА? Да.Дали е факт дека имавме 609.813 гласови ЗА? Да. Тоа значи дека не ни требаа повеќе гласови ЗА, туку повеќе гласови ПРОТИВ. Дали е логично да фалат гласови ПРОТИВ, за резултатот да биде ЗА? Не е.Дали е факт дека 609.813 граѓани се поголемо мнозинство од сите граѓани кои гласале на парламентарните избори во 2016 (1.191.854) и од сите кои гласале на локалните избори во 2017 (1.079.876)? Да.Дали е факт дека во програмата на ДПМНЕ на страна 295 пишува дека референдумот ќе биде успешен доколку го поддржат мнозинство од граѓаните кои ќе ИЗЛЕЗАТ да гласаат, а не мнозинство од запишаните на избирачкиот список? Да. Еве цитат:“ВМРО-ДПМНЕ, како одговорна и народна партија, нема да дозволи кое било решение за спорот кој го наметна Грција, да биде прифатено од страна на политичари поединци, Влада или Собрание, без претходно за тоа да се изјаснат македонските граѓани на референдум, а при тоа мнозинството од граѓаните кои ќе излезат на референ- думот да се согласни со можното решение.”Дали е факт дека прашањето за референдумско консултирање на граѓаните за прашањето за името беше воведено од сегашната опозиција за сега да “апстинираат”? Да.Дали е факт дека се плашеа од пораз и решија да не учествуваат (секоја чест на исклучоците) и да се кријат зад иселените, кои решиле да си ја бараат Европа надвор од Македонија? Да.Дали е факт дека ова мнозинство граѓани, кое би победило и на парламентарните во 2016 и на локалните во 2017 сака Македонија да оди напред? Да.Дали Собранието ќе најде сила да го слушне гласот на мнозинството? Гласот на народот? Ќе видиме деновиве.Да имаше еден, ЕДЕН глас ПРОТИВ повеќе, ќе се поклоневме и ќе креневме раце. Но со вака убедливо мнозинство ЗА, наша должност кон народот е да најдеме начин да зачекориме напред, без или со нови избори.Да беше лесно, немаше да биде историски. Напред и нагоре! Ќе не’ биде!“, напиша тој на својот фејсбук профил.

Коментари | пред 7 години

7 год.
nevreme-640x356

Силно невреме предизвика поплави на Хвар

Силно невреме со обилни врнежи вчера го погоди хрватскиот остров Хвар.https://www.facebook.com/ana.dujmovic.96/videos/10209769279348509/Поплавени биле голем број на куќи. До 22 часот хрватските пожарникари имале 15 интервенции за испумпување вода од подрумите, апартманите и угостителските објекти, а исто така паднал ѕид од хотелот Амфора, пренесуваат хрватските медиуми.Невремето донело кал и камења на патиштата, а во морето се формирала природна појава слична на торнадо.Најмногу дожд паднало во периодот од 17 до 20 часот, околу 100 литри на метар квадратен.

Свет | пред 7 години

7 год.
00CC9C2E-3EA8-441B-AE9E-2D45997BB778

За пет дена ќе се знае дали Јанкуловска ќе оди во затвор, таа плаче во судницата

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска во завршните зборови на одвоената постапка за случајот „Тенк“ рече дека кај дел од судечкиот совет, чиј претседател е судијката Добрила Кацарска, постои пристрасност уште од самиот почеток на судскиот процес. По завршувањето на рочиштето, беше кажано дека за пет дена ќе се знае дали Јанкуловска е виновна за набавката на луксузниот мерцедес, но и дали ќе оди во затвор. Поради семејната ситуација, ексминистерката може да добие поблага казна.Јанкулоска низ солзи ја прокоментира одлуката на Судечкиот совет во експресен рок да го заврши процесот.„Ова постапка се води во исклучителни околности за мене. Постои пристрасност кај мнозинството од судечкиот совет кој јавно искажа став дека сум виновна уште при носење на пресудата за Ѓоко Поповски и Никола Груевски. Дополнителна околност за пристрасност е носење на одлука во експресен период. На почетокот на Процесот требаше да се грижам за дете кое имаше 2 месеци, а сега на крајот има 3 месеци“, рече Јанкулоска низ солзи.

Македонија | пред 7 години

7 год.
nabavki

Општина Чаир со стратегија за туризам "наназад"

На електронскиот систем за Јавни набавки деновиве е објавена стратегијата за развој на туризмот на оптина Чаир, при што јасно и видливо стои дека стратешкиот план се однесува за период од 2019до 2014.По се излгеда ќе се враќаат наназад од следната година.

Скопје | пред 7 години

7 год.
indonezija

Потрдени повеќе од 1.200 жртви во земјотресот во Индонезија

Во силниот земјотрес и цунами што го погодија индонезискиот остров Сулавеси, загинаа најмалку 1.234 лица.Најновиот биланс денеска го објави портпаролот на Националната агенција за справување со катастрофи, Сутопо Пурво Нугрохо.Тој додаде дека 799 луѓе се сериозно повредени. Според него, во најновиот биланс на состојба не се вметнати извештаи од Сиги и Баларо, па се очекува бројот на жртвите да биде поголем. Во близина на источниот индонезиски остров Сумба денеска се регистрирани два земјотреса на ниска длабочина, но опасност од  цунами не е објавена.Новите земјотреси беа регистрирани на 1.600 километри јужно од областа погодена од силниот земјотрес и цунами на централниот остров Сулавеси во петокот.

Свет | пред 7 години

7 год.
turcija

Ердогановиот режим без милост – доживотен затвор за новинарите

Суд во Турција ги потврди доживотните казни за шесте новинари, откако беа осудени за наводно помагање во планирањето на неуспешниот државен удар во таа земјаАхмет Алтан, неговиот брат Мехмет Алтан и уште четворица новинари претходно беа осудени на доживотна казна затвор поради наводната поврзаност со мрежата на муслиманскиот имам Фетула Ѓулен кој турскиот режим го обвинува за организирање на неуспешниот пуч во таа земја во 2016 година, пишува Ројтерс.Мехмет Алтан во јуни беше пуштен од затвор, но денес и на него повторно му беше изречена казна, откако кривичниот суд го отфрли барањето на уставниот суд за негово ослободување.Британската агенција наведува дека сите шестмина новинари сега ќе ги отслужуваат настрогите доживотни казни, што значи дека немаат право на условно ослободување и дека за нив нема да важат идните одлуки за амнестија.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања