Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Најнови вести

7 год.
Нема фотографија

ОН: нова војна во Газа ќе биде голема трагедија

Обединетите нации, ЕУ и Русија ги повикаа Израелците и Палестинците да и стават крај на ескалацијата на насилството во последните 24 часа. „Нова војна во Газа би била неверојатна трагедија. Мораме да ја избегнеме по секоја цена“, изјави генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш. Во меѓувреме, специјалниот координатор на ОН за блискоисточниот мировен процес Николај Младенов и Египет се обидуваат да ја смират ситуацијата. Палестински екстремисти вчера истрелале околу 300 ракети и минофрлачки проектили врз Израел по претходниот упад на израелските сили во појасот Газа во кој загинаа седум припадници на Хамас и еден израелски потполковник.

Свет | пред 7 години

7 год.
ai

АИ и ја одзеде наградата на Аунг Сан Су Чи

Организацијата за заштита на човековите права „Амнести интернешенел“ (АИ) ја повлече наградата доделена на лидерката на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи поради „срамното предавство на вредностите за кои некогаш се залагала“.АИ денеска сооптши дека нејзиниот генерален секретар Куми Наидо ја известил Су Чи дека организацијата ја повлекува наградата „Амбасадор на совеста“, која и беше доделена во 2009 година.Наидо наведе дека АИ очекуваше од Су Чи да го употреби својот „морален авторитет и да истапи против каква било неправда“ на која е сведок, посебно во Мјанмар.АИ ја критикуваше Су Чи и нејзината влада дека не презеле ништо по повод насилството на мјанмарската армија над муслиманскиот народ Рохинџи.

Свет | пред 7 години

7 год.
taci

Курти: Тачи може да разговара со Путин само за политички азил во Русија

Лидерот на Движењето Самоопределување Албин Курти му порача на претседателот на Косово Хашим Тачи дека со неговиот руски колега Владимир Путин може да договара само за да добие политички азил во Русија, јави дописникот на МИА од Приштина.– По многуте отстапки што ги направи кон српскиот претседател, Александар Вучиќ, Тачи се слика со Путин. Тој може да се договара со него само за неговото лично барање за политички азил во Русија, напиша Курти на својата страница на Фејсбук.Косовскиот претседател Тачи истакна дека во Париз се сретнал со претседателот на Русија Путин, од кого добил поддршка за преговорите меѓу Косово и Србија за постигнување конечен договор за помирување меѓу двете земји.Тачи на неговата страница на Фејсбук објави и слики од неговата средба со Путин, реализирана завчера во рамки на церемонијата за одбележувањето на 100-годишнината од завршувањето на Првата светска војна.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Втора годишна конференција на Стопанската комора на Македонија

Во пресрет на донесувањето на буџетот на Република Македонија за 2019 година, Стопанската комора на Македонија ја продолжува практиката за запознавање на стопанствениците со предвидувањата за макроекономската политика за наредната година.По тој повод, Стопанската комора на Македонија денеска ја организира Втората годишна конференција, на која министерот за финансии Драган Тевдовски, со претставници од Министерството за финансии ќе ги презентираат проекциите во Буџетот на Република Македонија за 2019 година и планираните макроекономски остварувања.На Конференцијата ќе присуствува и претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pat

Донесени законските измени за трет анекс на Договорот за автопатот Кичево - Охрид

Собранието на Република Македонија во попладневниот дел од денешната работа по дневниот ред на 65. седница едногласно со 55 гласови „за" го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, по скратена постапка.Со законските измени ќе се овозможи склучување трет анекс на Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид заради потребата од дополнителен заем од 187 милиони евра за непредвидени градежни работи од основниот проект и дополнителни градежни работи што се нужни и неопходни за целосно и квалитетно завршување на проектот.Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески посочи дека во наредниот период ќе бидат надминати сите проблеми кои ги има автопатот Кичево – Охрид, а дел, како што рече, веќе се надминати. Тој се заблагодари на опозицијата за најавата дека ќе го поддржат третиот анекс на Договорот.„Можеби беше потребен малку подолг временски период, но проблемите беа големи, а проектот комплетно промашен. Во основниот проект кој е правен за автопатот Кичево – Охрид клучки не се предвидени. Кога го видела тоа од претходната влада распишан е тендер за проектирање на клучките. Проектирани се осум клучки и една што е постоечка, а за изведбата согласно фидинг-црвената книга не смее да има тендери, бидејќи на трасата мора да продолжи да работи изведувачот што е избран“, појасни  Сугарески.Хари Локвенец од СДСМ рече дека одлуката за проектирање на клучките е донесена во 2014 година и за тоа на изведувачот „Чакар партнерс“ му се платени 40 милиони денари. Проектот за автопатот го оцени како криминален и рече дека изградбата ќе чини речиси 11 милиони евра по километар.„Оваа влада заштеди 95 милиони евра. Преоктот за доработка по цените со кој првично е договарана изградбата на автопатот во износ од 411 милиони евра би чинел 282 милиони евра, а сега ќе чини 187 милиони евра“, рече Локвенец.Во реплика Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека цената на чинење на проектот од 411 се зголемува на 600 милиони евра, а осумте клучки и паралелниот пат не се дел од договорот со Синохидро. Додавањето на клучките е одлука на влада, но не било прецизирано кој да ги гради.„Ако одеше овој проект со осумте клучки и паралелниот пат од Арбиново до Врбјани преку Претпријатието за државни патишта ќе беше објавен тендер. Предвидено беше да се градат со пари од Буџетот, а не со кинескиот кредит. Сега ќе се градат без тендерирање, а чинат најмалку 25 милиони евра една“, рече Димовски.Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ обвини за непринципиелност и додаде дека кога министерот за транспорт беше координатор на пратеничката група на СДСМ во Собранието велеше дека изградбата на автопатот од Кичево до Охрид од 400 милиони евра е прескапа, а сега бара уште нови 200 милиони и плус уште три години да се гради.„Ќе потрошите дополнителни 200 милиони евра без тендер, а ни велите дека ќе заштедите 150 милиони евра. Ако сте сигурни во себе што не отидовте на арбитража и да ги добиевте Кинезите и да кажевте дека проектот е комплетно промашен. Зошто година и пол ви стоеа патиштата и се пролонгираше изградбата. Во меѓувреме работниците заминаа во странство“, рече Ѓорчев и праша зошто сега анексот оди по итна постапка.Во реплика министерот Сугарески му рече дека само во две ставки сегашната власт договорила разлика од 40 милиони евра помалку.„Разликата меѓу старата и новата влада е 35 отсто. Кога е СДСМ на власт цената е 35 проценти пониска. Ако одевме на арбитража сигурно ќе изгубевме, бидејќи вашата власт создаде таква состојба“, рече Сугарески.Собранието без расправа со 62 глас „за“ и еден „против“’ го усвои и Законот за изменување на Изборниот законик, по скратена постапка, поднесен од пратениците Томмислав Тунтев, Ејуп Алими, Никола Мицевски и Неџбедин Каремани. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сончево со температури до 21 степен

Времето во Македонија ќе биде сончево. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува ветер од источен правец.Утринската температура ќе се движи од минус пет до два Целзиусови степени, а дневната од 13 до 21 степен.Во Скопје сончево, со слаб ветер од источен правец. Дневната температура ќе достигне до 17 степени.Од утре ќе дува умерен повремено засилен северен ветер што ќе придонесе за расчистување на воздухот по котлините и ќе услови позначително опаѓање на дневната температура.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Нови рочишта за „Титаник 2“, „Титаник 3“ и „Тарифа“

Во Кривичниот суд за денеска закажани се нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Титаник 2“, „Титаник 3“ и „Тарифа“.Судијата Огнен Ставрев на последното рочиште за „Титаник 2“  најави дека денеска ќе бидат разгледани новите докази што ги достави обвинетиот Бедредин Ибраими во случајот „Титаник 2“, а кои се однесуваат на исказите што ги дал во ОЈО кога предметот бил во тоа обвинителство.Во „Титаник 2“ обвинети се лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.Поради службено отстуство на претседателот на судечкиот совет Оља Ристова, минатото рочиште за предметот „Титаник 3″ на СЈО беше одложено за денеска. Во предметот се обвинети пратеникот на ДУИ Ејуп Алими и Исмет Гури за изборни нерегуларности во Општина Чаир.На обвинителна клупа  денеска треба да седнат и поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“  Дејан Бошковски и уште две други лица, кои се обвинети  во случајот „Тарифа“ на СЈО.Во овој предмет станува збор за обвинение за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Груевски и натаму недостапен за органите на прогонот

Поранешниот премиер Никола Груевски и натаму е недостапен за полицијата која трага по него за да го спроведе на издржување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“.Засега нема информации дали МВР го лицирало Груевски. Од МВР велат дека полицијата продолжува да постапува по распишаната потерница и дека ќе ја информираат јавноста штом ќе имаат конкретни сознанија.Полицијата синоќа во наврата се обиде да го најде Груевски во неговиот дом, но без успех. Полциски екипи беа и кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.Адвокатот на Груевски, Димитар Дангов вчера изјави дека нема сознание каде се наоѓа неговиот клиент. Тој вели дека Груевски нема право на жалба до Врховен суд за одлуката од Кривичен. Сепак, додаде, дека ќе се искористат сите останати правни можности.Во меѓувреме, премиерот Зоран Заев синоќа изјави дека не очекува поранешниот премиер Никола Груевски, кој се бара со потерница, да си дозволи да бега.– Јас очекувам дека нема да си дозволи да се трага по него. Tој велеше дека нема да си дозволи такво нешто, барем такви се моите сознанија од кажаното од Никола Груевски, рече Заев на вечерашното гостување на МТВ. Додаде дека за акцијата нема сознанија, и за повеќе информации упати на МВР.Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, обвинија дека против нивниот поранешен лидер и почесен претседател се води хајка и полтички прогон.Лидерот на партијата Христијан Мицкоски на Фејсбук напиша дека “ова не е само напад врз ВМРО-ДПМНЕ, ова е напад врз слободата, врз главната опозициска сила, врз критичката мисла, каква не познава модерна Европа и пошироко во Светот“.– Зарем лицето по кого со години водите политичка хајка, фрлате со дрва и камења и кого го третирате за државен непријател сакате да кажете дека не знаете каде се наоѓа? Како кога до вчера, исто како него, сите нас не следите, се заканувате, претите, наведува Мицкоски.Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев најави дека партијата ќе ги преземе сите правни, демократски и сите неопходни средства за, како што рече, да застане на патот на злоупотребата на институциите и обидот за замолчување на опозицијата.– Доколку полицијата поседува налог и навистина се сомнева дека Никола Груевски е во штабот може слободно да дојде и со нас да провери. Ова е политички прогон, ништо повеќе, ништо помалку, кажа Јанушев.Потерницата од МВР беше распишана на барање на Кривичниот суд, откако Груевски не се пријави во затворот во предвидениот рок. Судот вчера попладне во 16.30 часот го достави до СВР Скопје барањето за издавање потерница против Груевски, откако изминативе денови судските курири не успеаја да му го достават решението на Советот на судот со кое се одбива неговата жалба во однос на двегодишната затворска казна за  „Тенк“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
slika_publika

Полека но сигурно се враќа сјајот на „Охридско Лето“

Фестивалот „Охридско Лето“ кој годинава го имаш своето убедливо најслабо издание, сега со новата диркеторка Наташа Поповиќ полека но сигурно го враќа својот сјај.Минатиот викенд во црквата „Света Софија“ во Охрид со специјално одбрана програма на дела од Бах, Доплер, Алиабиев, Згралиа, Мартин, Прокофјев, Рахмањинов и Кларк, младите виртуози од светот на класичната музика донесоа шарм, свежина, елеганција и виртуозност и ја воодушевија публиката што го следеше концертот.Овој концерт на двајцата руски музичари во рамките на „Охридско лето“ се одржа надвор од стандарниот фестивалски термин, од 12 јули  до 20 август, но како што најави директорката на фестивалот, Нашата Поповиќ, тенденцијата е, да се збогати културната понуда на градот и државата, не само во лето, туку и во текот на целата година.-Многу сум среќна што по подолго време „Охридско лето“ ќе функционира преку целата година. Сметам дека со тоа ќе се подобри и самиот фестивал, а од друга страна ќе се подигне и нивото на културата во градот и државата. Ќе настојувам, надвор од стандардниот фестивалски термин, секогаш да доаѓаат големи имиња со цел да се афирмира фестивалот многу пошироко. Инаку задоволството од концертот на Синчук и Науменко е огромно и не може да се изрази со зборови бидејќи овие млади уметници ни ги доловија сите бои и сите чувства што постојат и што можат да се искажат. Навистина се врвни уметници и пред нив претстои огромна кариера, изјави директорката на фестивалот „Охридско лето“, Наташа Поповиќ.Концертот имаше хуманитарен предзнак, а средствата што се собраа ќе бидат наменети за лекувањето на 15-годишната охриѓанка Сара Настеска.ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:ФИЈАСКО - Охридско Лето затворено пред празен Антички театарОхридско Лето отворено со полупразен Антички ТеатарРАДОСТИ ПРЕД ПРАЗНИЦИТЕ - ДЕДО МРАЗ го посети ОХРИДСКО ЛЕТО

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-3-640x382

Јанушев им се извини на новинарите оти ВМРО-ДПМНЕ ги нарече загари на Заев

Игор Јанушев им се извини на новинарите, во името на партијата, за тоа што претходно беа наречени – загари.Ваквото јавно извинување на Генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ уследи од како неговата партија во официјално соопштение испратено до медиумите, новинарите кои објавуваа вести поврзани со бегството на Никола Груевски ги нарече „загари на Зоран Заев и Оливер Спасовски“.Ваквото соопштение во медиумите беше пречекано со чудење и предизвика револт.Скопје1.мк уште во петокот прв објави дека Никола Груевски е недостапен и не се пријави во затворот во Шутка, а вчера повторно објавивме дека ја напуиштил земјата. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
gruevski

Груевски последен пат ги ангажирал телохранителите во четвртокот

Телохранителите на осудениот Никола Груевски, кој од петокот ги избегнуваше судските органи да му го врачат конечното решение за издржување на затворската казна, последен пат се виделе со него во четвртокот навечер, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од судски извори.„Колку што знаеме, неговите телохранители пред одделот за потраги во МВР кажале дека последен пат го виделе во четвртокот навечер, на 8 ноември, кога го оставиле дома. За да го обезбедуваат, тој треба да ги повика нив ако излегува. Во петокот не ги повикал воопшто, што се случувало и порано, бидејќи не излегувал задолжително секој ден. Не го повикал обезбедувањето ни викендот, а ни денеска, до распишување на потерницата“, изјавија од Основниот суд Скопје 1, чиј доставувач го бараше три пати во петокот и еднаш денеска и не го најде дома.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mickoski

Мицкоски до власта: Сакате да кажете дека не знаете каде се наоѓа лицето по кого со години водите политичка хајка?

Претседателот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку својот Фејсбук профил се обрати до власта дека наместо да трагаат по убијците на Мартин Јанушев и Никола Саздовски, тие се занимаваат со политичка хајка.„Помина една година од убиството во Аеродром на младиот Мартин Јанушев, поминаа неколку месеци од убиството на младиот навивач Саздо и редица други убиства за кои сторителите се во бегство, а нивните лица не се знаат во јавноста.Немаше вакви спектакли како вечерва, а требаше да има, затоа што таму некаде, во некое ќоше или улица, вечерва шета осомничениот за одземање на човечки живот. А вие наместо да трагате по нив се занимавате со хајка, политичка хајка врз ВМРО-ДПМНЕ.Господа од власта кого залажувате и пред кого правите евтин театар сега кога на чиста правдина го посочувате прстот во ВМРО-ДПМНЕ дека наводно крие некого, лажно без аргументи?Ова не е само напад врз ВМРО-ДПМНЕ, ова е напад врз слободата, врз главната опозициска сила, врз критичката мисла, каква не познава модерна Европа и пошироко во Светот.Зарем лицето по кого со години водите политичка хајка, фрлате со дрва и камења и кого го третирате за државен непријател сакате да кажете дека не знаете каде се наоѓа?Како кога до вчера, исто како него, сите нас не следите, се заканувате, претите.Како водач на ВМРО-ДПМНЕ немам намера да се жалам и правдам, ниту да се прикажам за жртва, бидејќи јас чувствувам само мал дел од она што стотици, илјадници граѓани го чувствуваат секој ден. Велите дека сте победиле режим, а по што се разликувате од она што толку драматично го опишувавте дека сте се бореле против. Па вие сте тој режим и хунта која слободата ја ограничува.Приберете ги вашите партиски силеџии од СДСМ со полициска значка, нивниот срам е и ваш срам.Сакате да не понижите, да не прикажете за злосторничка дружина, за криминалци, ние кои ја кажуваме вистината.ВМРО-ДПМНЕ е и ќе остане да биде последниот бастион на слободата и критичката мисла. Тврдина на народот кој ја сака оваа земја. Можете да забраните да говориме, да забраните да дејствуваме, но не може да ни го забраните ВМРО затоа што тоа му служи на народот, а јас сум прв повикан да им служам и да ги чувам тие 4 свети букви.Македонија ќе победи. Колку повеќе ќе притискате толку повеќе ќе губите. Нема да не исплашите, ниту поколебате.И сега на крај, треба да знаете и дека вака ќе ве победиме, ќе паднете, затоа што љубовта кон нашата земја е посилна од вашата злоба, затоа што нема да ја покриете сиромаштијата која ја правите на народот, а грабежот на нацијата нема да биде заборавен. Ќе паднете!Македонија ќе победи!Да живее ВМРО-ДПМНЕ!Да живее Македонија!“, напиша Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
maxresdefault

Јанушев: Ова е удар врз демократијата, Груевски не бил во штабот повеќе од 6 месеци

„Ова вечерва е удар врз демократијата. Ова е дно. ВМРО-ДПМНЕ е под полициска опсада, а членовите се возннемируваат од полициски службеници. Ова е хајка и линч кон сите кои мислат поинаку. Заев ги злоупотребува медиумите. Овој притисок е удар врз опозицијата и ние ќе ги превземеме сите правни средства. Ако мислите дека ќе не заплашите се лажете“, изјави Јанушев.Исто така тој изјави дека сите оние кои го извршуваа и организираа ова по наредба на Заев ќе одговараат.„Јас лично немам контактирано повеќе од 8 месеци со Груевски и немам сознанија каде е. Сакаме да веруваме дека полицијата нема да се дрзне во штабот на партијата, но доколку поседуваат налог во наше присуство ќе ги прошетаме за да се уверат“, рече генералниот секретар.  

Македонија | пред 7 години

7 год.
375061-zaev-za-global-verushevski-i-kostovski-za-puch-ne-podnele-baranje-za-prekin-na-abolicijata

Заев: Очекувам дека Груевски нема да си дозволи да се трага по него

Премиерот Зоран Заев вечерва изјави дека не очекува поранешниот премиер Никола Груевски, кој се бара со потерница, да си дозволи да бега.– Јас очекувам дека нема да си дозволи да се трага по него. Tој велеше дека нема да си дозволи такво нешто, барем такви се моите сознанија од кажаното од Никола Груевски, рече Заев на вечерашното гостување на МТВ.Тој рече дека за акцијата нема сознанија, и за повеќе информации упати на МВР.

Македонија | пред 7 години

7 год.
twitter

Твитови од потрагата по Груевски - „Нив крокодилот од Зоолошка им избега па Мајмун ко Грујо нема да избегал“

   

Македонија | пред 7 години

7 год.
sediste-vmro-noc

(ФОТО) Полицијата врши претрес на возилата кои излегуваат од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Полицијата не успеа да го најде поранешниот премиер Никола Груевски во неговиот дом, при што се упатија кон седиштето на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.Како што велат, полицијата се уште нема налог за влез во седиштето на партијата, па засега тие прават целосен претрес на сите возила кои излегуваат оттаму.Претходно МВР по налог на кривичниот суд распиша национална потера за Груевски, кој требаше во петокот да се јави на издржување на затворската казна за случајот „Тенк“ на СЈО.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Голем пожар беснее во Општина Дебрца

Горат два рида во Општина Дебрца, а пожарот е видлив од повеќе места на територијата на оваа општина, што укажува дека е зафатена поголема површина.Огнот избувнал попладнево, а надлежните сеуште немаат излезено со официјална информација колкава површина е зафатена со огнот и што се презема.Попладнево претставници на месните заедници апелираа до населението да не пали стрништа и ѓубре.Најголем дел од пожарите во земјава се предизвикани од човечки фактор, и покрај големите штети и еколошки катастрови, дел од населението не се освестува и не е во состојба да осознае што всушност предизвикува со неодговорното однесување кое предизвикува пожари.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Аболицираниот Заев нарачал своите медиумски загари да бидат пред домот на Груевски

Единствениот политичар аболициран за тежок криминал, Зоран Заев нарачал медиумите да бидат повикани пред домот на пратеникот и почесен Претседател на ВМРО ДПМНЕ , Никола Груевски за да кулминира хајката врз него, обвини вечерва ВМРО-ДПМНЕ.-Медиумските загари на аболицираниот Заев имаат зелено светло за линч на секој што не се согласува со неговата капитулантска и антимакедонска политика. Ваква злоупотреба на институциите и медиумите не е видена во ниту една европска држава. Ваквиот јавен линч е најдобар доказ дека предметот е политички монтиран со една единствена цел, а тоа е отстранување на Никола Груевски од јавниот живот и заплашување на сите кои би помислиле да се спротистават на криминалниот картел.Доколку Секторот за внатрешна контрола при МВР и Народниот правобранител не утврдат кој е режисерот на оваа медиумска хајка и кој ги повикал новинарите, односно им дал информации кога ќе биде упатен тим од потраги во неговиот дом, ќе значи потврда дека станува збор за нарачка токму од аболицираниот Заев.Ваквото „Кацарска судство” во спрега со полицијата и медиумите е најдобар доказ дека во Македонија се сведоци на политички прогон и за овој скандал ВМРО ДПМНЕ ќе ги информира своите меѓународни партнери, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Sequence-01.Still012

Сулфатарата „Дувало“ туристички се валоризира

Скопје 1 објавува краток разговор со Тања Ѓеорѓиева , координатор на проектот "Дувало: од предизвик до решение - Промоција и заштита за одржлива заедница" имплементиран од страна на Здружението за одржлив развој Синиот Проект од Охрид, како дел од Програмата за подобрување со управување на заштитените подрачја финансирана од Европска Унија, а имплементирана од Програмата за развој на Обединтите Нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).Ск1: Зошто се одлучивте да спроведете проект поврзан со локалитетот Дувало или како што е наречен кај граѓаните од Охрид и околината „Вулкан во Косел“?“Дувало” претставува активна поствулканска појава која се наоѓа во непосредна близина на селото Косел, недалеку од Охрид. Има изглед на минијатурен кратер со пречник од 0,5м и длабочина од 30см. „Дувало“претставува последен знак на изумирање на некогашна вулканска активност во регионот. Сулфатарата „Дувало“ во Косел претставува потствулканска појава, една од ретките од ваков вид во овој дел на Европа. Со самиот ваков карактер сулфатарата преставува природен феномен, поради што во 70-тите години од страна на Собранието на Општина Охрид се стекнува со статус на природна реткост.Проектот, кој се спроведува од страна на Здружението за одржлив развој "Синиот Проект", е дел од Програмата за подобрување со управувањето на заштитените подрачја, финансирана од Европската унија, а имплементирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање.Уште во фаза на подготовка на проектната апликација, преку анализа на моменталната состојба, дојдовме до заклучок дека главниот проблем произлегува од нивото на информираност за важноста и значењето на оваа поствулканска појава, и во најголема мера за потенцијалот кој Дувало го има и може да придонесе за севкупниот развој на регионот пред се преку воспоставување на систем на менаџирање и континуирано унапредување на истиот.Сметаме дека иако овој специфичен споменик на природата е уникатен феномен, сепак самиот локалитет е недоволно обележан со информативни табли и патни знаци, истиот не е доволно заштитен и промовиран, нема видливо истакнати информации , нема инфраструктура за посетители (опрема за седење, контејнери за отпадоци итн.). Уште повеќе сите достапни информации покажуваат дека многу често се користи како дива депонија, што секако не е во согласност со вредностите на природата, значењето на локацијата и нејзината заштита. Нашата идеја е преку имплементација на проектните активности, да придонесеме кон подигнување на јавната свест за важноста на овој природен феномен и вредноста што ја нуди, да се подобри неговата заштита, а со тоа да допринесеме и за одржливост на регионот во целина.Искуствата од други земји на чија територија има ретки природни феномени од овој вид покажуваат дека преку нивната заштита и промоција истите станале атрактивни туристички и научни дестинации. Заклучокот е дека Дувало мора да стане повеќесезонска туристичка дестинација интересна за патници кои сакаат да го посетат регионот, па дури и атракција за образовните институции и истражувачи од целиот свет. Покажувајќи колку природата е моќна, „Дувало“ може да стане отворена училница по геологија која во иднина ќе биде посетувана од страна на бројни ентузијасти од областа на геологијата и заштита на природата.Ск1: Кои се целите на овој проект?Основни цели кои се очекува да се остварат преку имплементација на проектот се:- да се направи детална оценка (Инвентар) на елементите на геолошка разновидност и геолошко наследство на „Дувало“ преку спроведување на детално научно истражување. Основната цел на ова истражување е да се дојде до целосни и јасни сознанија за локалитетот од една страна, и врз основа на идентификуваните карактеристики и вредности да се заштити и соодветно да се користи за посредни и непосредни економски ефекти од друга страна;- да се подобри инфраструктурата и да се обележи областа со цел да се поттикне и поддржи одржливиот развој на заштитеното подрачје;- да се изградат капацитети на локалните чинители со цел да се поттикнат одржливи туристички активности, дизајнирање и воведување на локални автентични производи како занаетчиски производи, традиционална храна, сувенири и сл., и- да се подигне јавната свест за вредностите на Дувало и неговото значење, како и да се промовираат вредности на Дувало со цел привлекување на посетители од целиот свет.Ск1: Какви конкретни активности имате предвидено со проектот?Горенаведените цели се очекува да се исполнат преку имплементација на бројни проектни активности, како изработка на научно истражување за геодиверзитетот и геолошките вредности на „Дувало“, изработка на мапа на засегнати чинители преку комуникација и анкетирање на истите, формирање на работна група, реализација на бројни обуки, како и воспоставување на неопходна инфраструктура, обележување со патни знаци, информативни табли и бројни промотивни активности. Преку реализација на планираните активности, се очекува имплементацијата на овој проектот да поттикне континуирани промени во процесот на промоција и управување со „Дувало“.Ск1: Каков е интересот кај локалната заедница за заштита и промоција како и валоризација на вредностите на Дувало?Имајќи во предвид дека во минатото не се преземени значајни активности за заштита и унапредување на Дувало, како и активности за воспоставување на управување со ова заштитено подрачје, се очекува имплементацијата на овој проект да допринесе за подобрување на сегашната состојба во голема мера. За разлика од повеќето области каде имплементацијата на проекти влијае на ограничен број засегнати страни, заштитата на природата и управувањето со заштитените подрачја влијае на широк спектар на засегнати страни и крајните корисници кои мора да бидат вклучени во сите фази. Овој проект вклучува граѓански организации, локални власти, бизнис претставници, и секако во најголема мера локално население кое ќе биде вклучено во активности поврзани со заштитата на природата, промоцијата и одржливо управување на Дувало.

Македонија | пред 7 години

7 год.
normal_DAD_6536

Работнички и МЗТ на дебри, а ќе се собираат пари за хуманитарни цели

Вечерва со почеток во 20:15 часот ќе се одржи дербито помеѓу двата најдобри кошаркарски клуба во Македонија, Работнички и МЗТ. Дербито ќе се одигра во Спортскиот центар Јане Сандански во Аеродром каде ќе го играат дуелот од 6.коло од Првата кошаркарска лига. Во пресрет на овој дуел Работнички е единствениот непоразен тим (Блокотехна загуби вчера од Гостивар), додека „металците“ во првото коло загубија од Блокотехна.Исто така овој натпревар ќе има и хуманитарен карактер, а средствата ќе бидат донинари за лекувањето на Борче Цветановски. Во салата ќе биде поставена и кутија каде ќе се собираат донации за еден од постарите членови, Дифтар, кој пред извесно време имал повреда на работното место и потребни му се пари за медицински трошоци. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
collage1-2

Мијалков, Камчев и други лица испрале 10 милиони од буџетот на државата

Во рамки на истрагата „Империја“ судот донесе решенија за определување на привремена мерка одземање на дел од имотот заради обезбедување на правните лица ДПТУ Орка холдинг АД Скопје и ДПТУ Ексико ДООЕЛ Скопје и решенија за привремено да се запре одливот на парични средства од банкарските сметки на правните лица ДПТУ Ексико ДООЕЛ Скопје и ДПТУУ Тимох увоз извоз ДОО Скопје.„Во овој момент, од доказите со кои располага ова Јавно обвинителство, произлегува дека е сторена штета на Буџетот на Република Македонија во износ од најмалку 6.275.280 евра, како и дека се испрани парични средства во износ од 10.939.938 евра.Воедно, информираме дека петте осомничени лица, за кои беше поднесен предлог за определување на мерка притвор, се приведени врз основа на издадени наредби за приведување од судија на претходна постапка, а нивното изведување пред судијата е извршено откако беа завршени претресите кај истите врз основа на издадените наредби за претрес.Потсетуваме дека во наредниот период истрагата во случајот „Империја“ ќе биде проширена за повеќе лица и за повеќе кривични дела“, велат од СЈО.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-2-1

Кривична пријава против жител на Теарце поради фалсификувана исправа

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против  М.И.(24) од село Слатино-Теарце поради постоење основи на сомнение за  сторено кривично дело “фалсификување на исправа“.На 08.04.2018 година околу  13,30 часот во село Брезно,  oд страна на полициски службеници  при преглед над патничко возило “Фолксфаген Голф“, сопственост на Д.К., а управувано од пријавениот, било утврдено дека бројот на носечката конструкција не е оргинален, односно идентитетот на наведеното возило бил променет. По извршената проверка било констатирано дека со употреба на  механичка алатка  бил отстранет пределот  на фабричкиот идентификационен број на носечката конструкција и врз така подготвената површина дополнително  со употреба на механичко средство за нанесување, бил втиснат сегашниот број  на носечката конструкција.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-2-1

Скопјанец превезувал огревни дрва без потребни документи

Вчера околу 15,45 часот на регионалнот пат Тетово-Скопје, пред влезот во село Ново Село, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово запреле патничко возило „Опел астра“ без регистерски таблици, управувано од С.Ф.(62) од село Бојане-скопско, во кое превезувал огревни дрва без потребните документи.Возилото и дрвата биле одземени и предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка, додека С.Ф. бил лишен од слобода. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Smilevski

14 невработени лица ќе бидат ангажирани за општо корисна работа во Бутел

Општина Бутел почна со активностите за реализација на проектот од Програмата за општинско  корисна работа, кој финансиски е подржан од УНДП, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Центарот за вработување.Oваа програма прв пат се реализира во општина Бутел, а во неа се ангажираат 14 невработени лица во социјалната и образовна сфера, од кои 3 образовни асистенти и 11 лични асистенти, кои ќе се грижат за 14 деца од училишна возраст со посебни потреби, за да им пружат помош во образовниот процес истакна градоначалникот Велимир Смилевски.Лицата ќе бидат ангажирани до крајот на учебната година, а за својот ангажман ќе добиваат соодветен надомест.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Засилени полициски контроли во Штип и Тетово

Изминатиот викенд на подрачјето на СВР Тетово и СВР Штип беа спроведени засилени акциски контроли за возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово во акциската контрола биле контролирани 127 возачи, 82 во Тетово и 45 во Гостивар, при што било констатирано дека 11 лица ги управувале возилата под дејство на алкохол. Сите лица биле исклучени од сообраќај и  времено им се одземени возачки дозволи, а изготвени им се и мандатни платни налози. Во акциската контрола биле констирани и над дваесетина други видови прекршоци, кои се соодветно санкционирани.Во акциската контрола на 10/11.11.2018 година на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Штип контролирани биле 186 возачи при што кај 23 возачи констатирано е  присуство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и издадени им се мандатни платни налози. Eвидентирани се и 12 други сообраќајни прекршоци и за нив се издадени соодветни санкции.Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени акциски контроли со цел санкционирање на сообраќајните прекршоци и подобрување на безбедноста во сообраќајот.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања