Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Најнови вести

7 год.
Kreshnik_Bekteshi_Minister

Нова мерка: Купи ново возило и добиј субвенции од Министерството за економија

На последната седница на Владата на Република Македонија на предлог на Министерството за економија усвоени се измени за дополнување на законот за возила.Со овие измени се предвидува:1 новитет: Воведување на налепници за секое возило кое учествува во сообраќајот, согласно еколошките стандардиЗелена боја (I категорија): Возила со европски емисиони стандарди ЕУРО 5 и ЕУРО 6, како и возила со емисија на издувни гасови ЕУРО 4, на кои е вграден уред на течен нафтен гас или компримиран земјен гас, хибридни возила и електрични возила. Тие слободно ќе се движат во заштитените еколошки зони дури и при енормно загадување на воздухот во градските средини.Жолта боја (II категорија): ЕУРО 3 и ЕУРО 4, како и возилата со емисија на издувни гасови ЕУРО 2 на кои е вграден уред за погон на течен нафтен гас или погон на компримиран земјен гас. Тие ќе има ограничено движење во сообраќајот, во зависност од Одлуките донесени од општините, односно од град Скопје во деновите кога ќе се утврди надминување на прагот на загаденоста .Црвена боја (III категорија): Од ЕУРО 2 и пониско, како и возилата за кои производителот нема дефинирано емисија на издувните гасови. За нив ќе се воведе забрана за движење во општините во период кога има загадување на воздухот.Целта од воведувањето на еколошката налепница согласно одредбите на Законот за возила е да придонесе во заштитата на животната средина и здравјето на луѓето во урбаните средини.2 новитет: Воведување субвенции за купување на возило на електричен погон или хибридно возило.3 новитет: Воведување субвенционирање на трошоци за вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во постоечките возила.4 новитет: Воведување субвенции за купување на нови возила, со одјава на старо возило. Со ова ќе се зголеми увозот на нови возила во однос на половните, со што значително ќе се забрза обновата на возниот парк.5 новитет: Претставува одговор на барањето на здруженијата за авто-такси превоз – воведување на жолти таблици за такси возилата, со цел да се постигне ред во такси превозот и да се спречи нелојалната конкуренција во оваа дејност преку забрана за вршење на нерегистрирана дејност.

Македонија | пред 7 години

7 год.
tramp-2

Трамп ги предупреди демократите да не водат истраги против него

Американскиот претседател, Доналд Трамп, ги предупреди демократите да не го користат мнозинството кое го освоија во Претставничкиот дом за да ја истражуваат неговата администрација.Тој наведе дека ако го сторат тоа, тогаш Сенатот кој го контролираат републканците ќе ги истражува демократите.Демократската партија, која на вчерашните избори освои мнозинство во Претставничкиот дом, ќе има овластувања да отвора истраги и да испраќа судски покани.Трамп порача дека доколку демократите планираат да ги фрлаат парите на даночните обврзници на истраги во Претставничкиот дом тогаш републиканците ќе бидат принудени да отворат истраги против нив поради протекување на доверливи податоци и уште многу други работи на ниво на Сенатот.Трамп порача дека двајца може да ја играат таа игра. Според „Асошиејтед прес“ не е јасно за какво протекување на доверливи информации мислел Трамп.

Свет | пред 7 години

7 год.
ilija-dimovski

Димовски: Имам забеган предлог, уставните измени да има ама да важат за одреден период

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски испорача два предлога до Владата во однос на уставните измени – тие да се ограничат со рок до кога да важат, во случај да дојде до распаѓање на Европската Унија и второ, во преамбулата барем на две места да не се додаде придавката Северна.Димовски својот предлог го нарече забеган, фанатичен и романтичен, но потенцира дека е важно да се напомене дека промената на уставното име се прави заради членство во ЕУ и НАТО и дека според него ниту Владата не е среќна што предлага вакви амандмани, па оттука смета дека е добро да се прецизира до кога би важеле уставните измени.На ова премиерот Зоран Заев одговори дека целиот процес се прави за подобра и постабилна иднина на државата и на сите граѓани, не само поради членството во ЕУ и НАТО.

Македонија | пред 7 години

7 год.
deca-autizam-zagaden-vozduh

Загадениот воздух предизвикува аутизам кај децата

Според најновите истражувања, изложеноста на одделни видови на загадување на воздухот во раното детство може значително да го зголеми ризикот од развој на симптомите поврзани со аутистичен спектар на нарушување  (АСН), пишува „Сајнс алерт“.И порано некои студии укажуваа на можното влијание на загадувањето на воздухот на неродените деца, но истражувачите на Универзитетот Монаш отидоа еден чекор понатаму и забележаа дека постои континуиран ризик од аутизам во првите неколку години на детето и ако детето живее во област со високо ниво на загаденост на воздухот.Истражувањата во Шангај беа спроведени од експерти за јавно здравје кои го следеа влијанието на загадениот воздух врз здравјето на околу 1.500 деца.Повеќето студии досега ја набљудуваа врската помеѓу аутизмот и квалитетот на воздухот во преднаталната возраст, односно пред раѓањето на детето. Ова истражување отиде чекор подалеку и се фокусираше на веќе родени деца. Така, истражувачкиот тим го следеше животот на 124 деца со аутизам и на 1.240 деца кои немаа АСН дијагноза. Испитаници беа деца на возраст помеѓу 3 и 12 години.Тимот забележа дека децата кои во првите три години од животот се изложени на честички со големина од околу 1 микрометар имаат 86% поголема веројатност да имаат аутизам.Честичките со големина од околу еден микрометар, според истражувањето, се поопасни за здравјето од честичките со други димензии.„Дури и најмало ниво на загаденост може на некој начин да влијае врз здравјето на детето. Ние забележавме дека дури и изложувањето на многу мали количини на ситни честички од загадениот воздух е поврзано со предвремено породување, побавно учење кај децата и голем број сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи срцеви заболувања", вели водителот на истражувањето, Јуминг Гуо.

Магазин | пред 7 години

7 год.
image00001

Акција за бришење графити во општина Карпош

Општина Карпош во текот на денот спроведе акција за отстранување графити со навредлива содржина испишани по фасадите на зградите, соопштија од Општината.Бојосувањето и отстранувањето на графитите ќе продолжи и во наредните денови, велат од Општината и додаваат и тоа на места каде што пораките со недолични содржини најмногу се присутни, а тоа е во населбите Карпош 1, 2, 3 и 4, Тафталиџе 1 и 2, како и во околината на урбаната заедница Владо Тасевски, велат од Општина Карпош.„Локалната самоуправа ја спроведува оваа акција со цел да се отстранат 'невкусните' пораки исцртани низ општината и да се сочува културниот и урбан лик на Карпош. Општина Карпош апелира до сите граѓани на општината да не ја користат креативноста за испишување графити со недолична содржина која може да поттикне верска или меѓуетничка нетрпеливост и која може да ја наруши урбаната култура“, стои во соопштението на Општина Карпош. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
horor-filmovi

Хорор-филмовите се добри за здравјето, тврди научно истражување

Некој ги сака, некој не, но сите понекогаш би требло да погледнат хорор-филм бидејќи, според едно научно истражување, се добри за здравјето.Сцената на замрачена соба, кревет, ќебе и очекување нешто ужасно да се појави на ТВ-екранот и да нè преплаши има предности за нас, тврдат научниците.Станува збор за трошење калории и подобро расположение, покажала нивната студија направена на  Универзитетот во Вестминстер.Истражувачите на учесниците им пуштале различни хорор-филмови при што го следеле нивното отчукување на срцето, вдишувањето и издишувањето.Притоа откриле дека кога е изложен на нешто страшно, човечкиот организам ослободува адреналин што поттикнува реакција на нашиот нервен систем, која, пак ,сугерира „трчај или бори се“.Кога ќе почне ваквата реакција, телото ги троши вишокот маснотии за да собере енергија и ослободува шеќер во крвта, што го присилува метаболизмот забрзано да го троши шеќерот.

Магазин | пред 7 години

7 год.
kosovo

Шпанија им забранила на каратистите од Косово да го користат државното знаме

Каратистите од Косово на Светското првенство во карате во Мадрид учествуваат без државни обележја. Знамето го нема во спортската сала, пренесуваат медиумите од Приштина.Како што пишува „Коха дикторе“, шпанската влада, која остро се противи на независноста на Косово, одлучила да забрани истакнување на државни симболи за Косово на натпреварувањето,  како и во самата сала каде што се одржуваат натпреварите.Весникот додава дека уште нема реакции од косовските власти или косовскиот олимписки комитет.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Скопјанец украл фотоапарат од кафе-бар и го продал за 300 илјади денари

Скопската полиција поднесе кривична пријава против 32-годишен скопјанец поради сомнение дека украл скап фотоапарат.Како што информираат од МВР, на 29 октомври годинава во периодот од 19:30 до 19:45 часот во кафе-бар на скопската улица „Кеј Димитар Влахов”, при згодна пригода пријавениот украл фотоапарат марка „никон”.Подоцна, крадецот го продал апаратот во заложна куќа и противправно се стекнал со околу 300 000 денари.

Скопје | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Сите граѓани имаат еднаков пристап до вработувањата

ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години кон институциите се однесуваше како да се нејзини приватни компании каде што се вработуваат само партиски членови и поддржувачи на  партијата, реагира СДСМ по обвинувањата на опозицијата дека мајката на Костадин Костадинов, портпаролот на СДСМ и пратеник во Собранието, владејачката партија ја вработила во Централниот регистар на Струмица.„Преку масовната партизација и притисоците врз вработените во администрацијата, ВМРО-ДПМНЕ создаде партизирани институции во кои граѓаните не успеваа да добијат професонален однос и навремени услуги.Таквиот однос кон институциите и граѓаните, како и масовната партизација на администрацијата заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Преку започнатиот процес на реформи, институциите се професионализираат и работат независно и во интерес на граѓаните. Сите граѓани имаат еднаков пристап до вработувања и за сите важат еднакви правила и креитериуми и за сите вработени сносат еднаква одговорност“, се вели во реакцијата на СДСМ.Со реформите, како што додава СДСМ, државните институции и јавната администрација работат слободно, независно, одговорно, професионално и единствено во интерес на граѓаните, наместо во интерес на партиите, како што беше за време на 11-годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Вељаноски до Заев: Сега сте посмирени од минатиот пат, ви требаа 80 патеници, а сега 61

„Во мое време 2 пати се менуваше Уставот со консензус меѓу власт и опозиција, а не како сега набрзина. Ви честитам што излеговте на чело на таа мала група и не се криевте, тоа е доблест и решивте да го менувате Уставот, да се самоукине Република Македонија“, Трајко Вељаноски му се обрати на премиерот Заев.„Има поговорка дека слонот не се јаде цел туку парче по парче, вие тоа го правите со Уставот. Во јуни велевте дека ќе нема промена на Уставот, и многупати потоа изјавивте дека нема да се менува. Вие  го променивте името и сакавте да се скриете зад граѓаните со консултативен референдум и покрај тоа не го слушате гласот на народот. Рековте дека пратениците може да поднесат амандмани, но во оваа фаза нема. Ние имаме само предлози и мислења, а не амандмани“, нагласи Вељаноски.Тој му порача на Заев во третата фаза да направи сè како што треба и да не се плаши дека ќе запре процесот.„Се плашам дека третата фаза ќе биде полоша. Не кажавте дека ќе се додава Рамковниот договор. Тоа го изјави Османи во ТВ-интервју. Како е заштитен идентитетот ако се викаме Северномакедонци? Да беше Северна пред Република ќе беше ок“, истакна Вељаноски.Кога се носат амандмани, рече Вељаноски, тие стапуваат веднаш на сила, не може да зависат од одлуките на други држави.„Ве замолувам  повикајте ги МАНУ и други историчари на јавната дискусија, да има поширока дебата, полесно ќе биде за нас како пратеници. Лошо е што  ова се прави со математики и заткулисни игри, тоа има краток ефект, а ќе има трајни последици за Македонија“, заврши Вељаноски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Малолетник од Скопје од две фирми украл имот од 2 илјади евра

Полицијата поднесе кривична пријава против 18-годишник од Скопје поради сомнение дека извршил две тешки кражби и четири обиди за кражби, при што противправно се стекнал со имотна корист од околу 120.000 денари (1.947 евра).Како што информираат од МВР, меѓу 5 и 6 април годинава во просториите на две скопски фирми пријавениот извршил тешки кражби. Со употреба на сила тој влегол во двете простории и одзел компјутери и разновиден алат.Исто така, разбојникот направил обид за кражба во магацин на уште една фирма, додека останатите три обиди за кражби ги сторил во две товарни возила и еден автомобил.

Скопје | пред 7 години

7 год.
7CA9A2C5-BC4C-487B-A68B-49AD687CBA6F

Студентски митинг „Не биди медиумска мета“

Медиумскиот хаос, агресивното потрошувачко општество, рекламното тероризирање, жртвите на видео игрите, лажните вести, агресивниот маркетинг се дел од секојдневните теми кои ги засегаат луѓето.Потребно е да престанеме да бидеме бескичмењаци, е дел од пораката која ја испратија студентите на денешниот митинг „Не биди медиумска мета“ во рамки на одбележување на европската недела на медиумска писменост, која има за цел да испрати порака до релевантните инстанции во државата со цел забрзано да се имплементира концептот медиумската и дигиталната писменост во конвенционалното образование.

Скопје | пред 7 години

7 год.
radovis

(ФОТО) Фокус од Радовиш: Две девојчиња и едно бебе останаа без дом по пожарот во Радовиш

По страотниот пожар кој се случи во семејната куќа на фамилијата Анчеви од Радовиш, пред три дена, целото семејство остана без покрив над главата, пишува Фокус.мк.Во куќата, каде целосно изгорел првиот кат и поткровјето, живееле Јанчо Анчев со сопругата и малолетното девојче, како и возрасната ќерка со нејзиниот сопруг и две деца, од кои едното е бебе на возраст од три месеци. Очаен поради немилиот настан, Јанчо за ,,Фокус” раскажува дека буквално не знае од каде да почне, бидејќи речиси ништо не останало од нивниот дом.-Пожарот не го зафатил приземјето, но првиот кат и поткровјето се сосема уништени. Нема ништо останато, ниту мебел, прозорци, врати, апарати за домаќинство… За неколку мига изгубивме се што градевме целиот живот. Среќа, сите дома се неповредени. Во времето кога избувнал пожарот, околу 18 часот, во куќата била само ќерката со нејзините девојчиња. Едното од нив, кое е бебе, во тој период го бањала. Веднаш штом го забележала чадот, со бебето замотано во ќебе и другото девојче во раце, таа истрчала надвор и побарала помош. Но, силата на пламените го направила своето и речиси целата куќа ни отиде – потресено раскажува Анчев.Тој додава дека во исто време, кога избувнал пожарот во нивниот дом, и на друга локација беснеел пожар, па противпожарната екипа пристигнала со неколку минутно доцнење. Пристигнале пет возила, но огнените јазици биле пресилни. Вели дека е благодарен што градоначалникот Герасим Конзулов веднаш дошол на самото место и од општината му доделиле парична помош од околу 30.000 денари.Сепак, тврди дека му е потребна поголема финансиска помош, со цел да може да ги санира штетите од пожарот.Околу тоа, дали е откриена причината за пожарот, тој додава дека најверојатно пожарот започнал од продолжен кабел. Сите кои што се во состојба да донираат, можат да го сторат тоа на трансакциската сметка на Јанчо Анчев 200002979201635, Стопанска банка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
2fuploads2fthumbs2fresize2f800x4202f354665

Видео: Тепачка на изборот Мис Бум бум за најдобар задник

Учесничка на изборот за најдобар задник на Бразил популарниот Мис Бум бум , незадоволна од одлуката на жирито , тргнала сама по лентата за Мис.Гужва на  традиционалниот избор за најдобар задник на Бразил.Со години  јавноста го следи овој избор , со години гледаме  „чии задник е најубав и најдобар“, но за сите овие години не се случила ваква сцена.Златната лента за најдобар задник или Мис Бум бум и припаднала на Елен Сантана, што не и се допаднало воопшто на Алина Уве, која неколку секунди по прогласувањето на победничката, и пришла на Елен и и ја земала лентата за Мис и си ја ставила на себе.Причината за ваква шокантна реакција  била љубомората но и фактот дека „само нејзиниот задник бил вистински“.-Овие останатите се силиконски, истакнала нервозната Алин, но се тоа било залудно.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Груевски дојде на седницата за измени на Уставот, по две минути таа е паузирана

Уште непочната расправата за уставните амандмани попладнево беше паузирана на барање на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо во 13.00 часот, седницата почна половина час подоцна и не поминаа ниту две минути откако претседавачот и собраниски спикер, Талат Џафери, седна во своето столче, а координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, веќе побара право на процедурален збор.Пратеникот и координатор, Никола Мицевски, побара од Џафери да обезбеди директен пренос од расправата на Комисијата. Како што рече тој, станува збор за предмето од исклучително значење за кој се заинтересирани сите граѓани.Џафери го одби ваквото барање и рече дека согласно Деловникот на Собранието, правото за информирање на јавноста е покриено преку присуството на медиумите во салата.Поради тоа Мицевски побара пауза од еден час, но Џафери дозволи пауза од 30 минути. Седницата ќе продолжи во 14.30 часот.Во салата денеска присуствуваа премиерот, Зоран Заев, како и екс премиерот, Никола Груевски, кој во Собранието дојде од суд каде присуствуваше на рочиште како обвинет во предметот „Титаник“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mukoski

Најавени протести пред домот на Мукоски, тој демонстрантите ќе ги послужи со кафе и благо

Пратеникот Крсо Мукоски вели дека е позитивно изненаден што вечерва пред неговиот дом во Вевчани ќе се одржи протест организиран од „Македонија Блокира“. Тој им порачува на посетителите дека ќе ги прими во својот дом и дека ќе ги послужи со кафе и благо.-Многу им благодарам и позитивно сум изненаден што им текна по 11 месеци да ме видат. Се разбира, во мојот дом ќе испиеме кафе, ќе бидат послужени со благо. Нема никаков проблем – изјави за МКД.мк пратеникот Мукоски.Од партијата „Единствена Македонија“ најавија дека протестот ќе се одржи во 19.00 часот. Зад протестот стојат партии, организации и здруженија кои најавија блокади на патишта, собири пред собрание и протести пред домови на пратеници. Од таму рекоа и дека ќе му врачат протестно писмо на пратеникот.-Не можам предвреме да зборувам, да го видам прво писмото, па потоа би го коментирал. Но, ќе им кажам дека писмото е на погрешна адреса – вели Мукоски за МКД.мк без да коментира на која адреса требало да се упати тоа протестно писмо.Од движењето „Македонија Блокира“ следно најавуваат протест в сабота пред домовите на другите двајца пратеници кои беа ослободени од куќен притвор за да гласаат за отворање на Уставот, а истовремено и двајцата живеат во Охрид – Сашо Василески и Љубен Арнаудов.

Македонија | пред 7 години

7 год.
45555487_2209259362441488_1965936844981927936_o

(ФОТО) Се обновува бојата на хоризонталната сигнализацијa низ Аеродром

ЈП „Градски паркинг“  во општина Аеродром ја обновува бојата на хоризонталната сигнализација во рамките на зонското паркирање.

Скопје | пред 7 години

7 год.
francija-policija

Франција: Жена со бомба се заканува во болница

Во северниот француски град Денкерк во тек е безбедносна операција, соопштија полициски извори.Француските медиуми објавија дека полицијата била распоредена откако една жена се заканувала во локалната болница во градот дека ќе активира бомба што ја носела со себе кога влегла во болницата.Полициски извори потврдија дека операцијата е во тек, но тие рекоа дека е премногу рано да се утврди дали заканата е поврзана со тероризам или со психолошки проблеми, пренесува „Ројтерс“.Регионалниот весник La Voix du Nord на својата веб-страница објави дека полицијата ја блокирала зоната околу болницата.Дел од француските медиуми пишуваат дека ситуацијата била ставена под контрола.[embed]https://twitter.com/unsadh/status/1060117657289146369[/embed]

Свет | пред 7 години

7 год.
homepageBannerSKP

Скопјанец наместо во странство испратен во затвор

Вчера во 15.00 часот на Граничен премин „Аеродром Скопје“, при пасошка контрола, било констатирано дека З.П.(37) од Скопје се наоѓа на листата со мерка „Апси”.Во 16.30 часот тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Аеродром за спровод до Казнено-поправната установа Идризово.

Скопје | пред 7 години

7 год.
zaklina

Пратеничката Лазаревска на средба со директорот од струдентискиот дом Никола Карев од Охрид

Пратеничката од македонското Собрание Жаклина Лазаревска на својот фејсбук профил се пофали дека деновиве остварила средба со директорот на државниот студентски дом "Никола Карев" од Охрид. Инаку Жаклина е и претседател на Комисијата за образование, наука и спорт во македонското Собрание."На средбата рсазговаравме околу состојбата, условите и потребата од подобрување на условите за престој на студентите кои се сместени во овој студентски дом", напиша на својот фејсбукк профил Лазаревска.

Македонија | пред 7 години

7 год.
45676868_2137227062995432_5208014812700737536_n

(ФОТО) Две нови платоа на улица „Борис Сарафов“

Екипи на ЈП „Улици и патишта“ деновиве на улица „Борис Сарафов“ пред крстосницата со улицата „Кузман Шапкарев“ поставија две платоа за смирување на сообраќајот.„Со поставувањето на овие платоа ќе се намали брзината на возилата на овој потег и ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот“, велат оттаму.

Скопје | пред 7 години

7 год.
45560772_1451051438331125_5885791713213022208_n

(ФОТО) ЈП Водовод и канализација на терен во Бутел

Екипата на јавното претпријатие Водовод и канализација е на терен на пункт Бутел 2, Ул.Христијан Тодоровски Карпош крак 2, реконструкција со Ф 80мм челично дуктилна. Тие во моментов го санираат дефектот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
45292610_1651727441597821_7334944980605075456_o

Детска Критична маса #5 во сабота во Скопје

Улиците се место за луѓето. Особено маалските. Автомобилите треба да се гости, а не домаќини, особено на маалските улици. А предност имаат децата, нивните чекори и нивната слободна игра.Затоа, ние од иницијативата на Детска критична маса во која сме НаТочак - NaTochak Колектив Ветерница Никулец Креатива и Едукација и Педала Ве покануваат на оваа 5-та по ред детска критична маса ја возиме во срцето на градот и завршуваме во Дебар маало – гнездото на скопските автомобили!СТАРТ: 11:30 пред Центар за странски јазици и Ветерница„Затоа што на улиците не е доволно само да се стави знак за Зона 30, или знак за Зона школо или Зона на смирен сообраќај. Треба да се ослободат тротоарите од возила и некаде и да се прошират, да се воведат велосипедски ленти секаде каде што може и да се смират брзините на автомобилите, со соодветни издигнувања, искривувања на коловозот, мини кружни текчиња…Начини има, но треба да се такви и вредностите.Да се стави приоритет на БЕЗБЕДНОСТА И ЗАШТИТАТА НА ДЕЦАТА.Со овој настан сакаме да истакнеме и оживееме 2 заборавени функции на улиците:-улиците како место за безбедно пешачење и возење точак за сите генерации, за движење на децата, повозрасните, за детски колички-улиците како место за социјални контакти, за безбедно среќавање, безбедно преминување, за контакти…Ќе возиме точачиња со децата на Детска Критична маса, ќе пишуваме пораки за безбедност, ќе играме улични игри и ќе се едуцираме“, велат организаторите.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Tanc-3

Европско првенство во Street Dance Show во СЦ Јане Сандански

Од денеска  до петок, 09.11.2018.  во спортскиот центар Јане Сандански во Скопје  се одржува Европско првенство во Street Dance Show 2018 и Светски Купови во Диско денс и Хипхоп.На натпреварите кои се поддржани од  Интернационалната Танцова Организација (International Dance Organization), се пријавени околу 1000 учесници и официјални лица од 22 земји.За време на викендот, на 10. и 11.11.2018. ќе се одржи  Интернационален танцов натпревар DANCE OFF со над 3100 натпреварувачи. Во сабота во  СЦ Јане Сандански  на програмата се  хипхоп , диско , брејкденс, а во недела  латино шоу и танци во двојки. Во недела истовремено ќе тече и натпревар во Македонската Опера и Балет во класичен балет, модерен балет, џез денс и др.Најдобрите од Dance Off  ќе се натпреваруваат на Гала вечер која ќе се одржи во МОБ во недела од 21ч. Наградниот фонд е 5000 евра. Организатори на овие танц натпревари се танцовите клубови  БРЕЈК А ЛЕГ(Break a Leg) и ИТ ДА БИТ (Eat the Beat).Покрај Трајче Петковски, менаџер на Брејк а Лег, претседател на Македонската Асоцијација за модерни танци (МАМТ) и интернационален IDO судија  и Илија Карадакоски, менаџер на Еат да Бит, генерален секретар на МАМТ и интернационален IDO судија, на вчерашната прес конференција присуствуваа и  Кирстен Дан Јенсен од Данска, потпретседател на Интернационалната Танцова Организација (IDO) и Карстен Рот од Германија, супервизор на натпреварите и потпретседател на Германската Танцова Федерација.Кирстен Дан Јенсен истакна дека IDO, во која членуваат 95 држави, ја довери организацијата на овие значајни танцови првенства на клубовите Break a Leg и Eat the Beat, поради нивната извонредна организација на претходни два танц натпревари и дека по подолго време одржување танцови настани во Западна Европа, конечно има натпреварувања од највисок ранг во Македонија и јужниот дел од Балканот.Петковски и  Карадакоски ја објавија и ексклузивната вест дека на двата клуба им е  доделена организацијата на Светско првенство во латино шоу и синхро денс во декември, 2020 година.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ФОТО) Велосипедистите до Спасовски: Дали некогаш ќе дојде на дневен ред едукацијата на вашите вработени?

Жителите на главниот град се револтирани што оние кои треба да се грижат се безбедноста во сообраќајот, не ги почитуваат сообраќајните правила. Тие се жалат дека секојдневно полициските возила се паркирани на тротоарите и велосипедските патеки, и бараат одговорност од Министерството за внатрешни работи.https://www.facebook.com/NaTochak/photos/a.365809220153563/1910473549020448/?type=3&theater„Полициски службеници паркирани на велосипедска лента, секојдневие. Изгледа дека Министерство за внатрешни работи ги подучува своите вработени дека паркирањето на вело лента е правило за полициските возила, друго објаснување немаме за секојдневната пракса на "чуварите" на безбедноста во сообраќајот.Оливер Спасовски дали некогаш ќе дојде на дневен ред едукација на вашите вработени, кои треба да бидат пример за сообраќајното однесување? Од РСБСП бараме кампањите за совесно возење да ги насочат кон едукација на службениците од МВР кои очигледно НЕ ги знаат и почитуваат сообраќајните правила, а се поставени да го контролираат нивното спроведување.Полициски возила паркирани на тротоар/велосипедска патека е едноставно недопустливо за град кој претендира да биде Велоград. Најостро реагираме на оваа појава и бараме одговор од МВР и РСБСП што и кога ќе се преземат конкретни активности на темава. Град Скопје кон Скопје Велоград, во иста насока кон намалено загадување, не на овој начин!“, стои во објавата на Фејсбук.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања