Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Најнови вести

7 год.
vino

Почнува фестивалот на виното во Скопје

На плоштадот „Македонија“ во Скопје вечер ќе почне „Skopje Wine Expo“ на кој посетителите ќе имаат можност да пробаат врвни црвени, бели и розе вина и да уживаат во богатата музичка програма што ја подготви Град Скопје.Фестивалот на виното ќе трае до сабота, а како музички гости најавени се Кристина Арнаудова, Игор Џамбазов, Дани Димитровска, Дуке Бојаџиев и групата „Фрајле“ од Нови Сад.-На годинашниов „Skopje Wine Expo“, љубителите на вино ќе имаат можност да се запознаат и да разговараат за се што ги интересира за виното со некои од најдобрите енолози од регионот додека уживаат во најквалитетните вина и вкусните специјалитети како прилог со виното, велат од Град Скопје.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ФОТО) Скопје под магла, загаденост нема?

Утрово Скопје е под магла, а пак, мерните станици не покажуваат загаденост на воздухот. Со ова се отвора прашањето дали институциите ја кријат евентуалната загаденост на воздухот?Не треба да сте генијалци за да знаете дека загадениот воздух бавно ве труе и нанесува штети на вашето здравје. Кога тој е полн со ПМ 10 честички, секое вдишување воздух е вдишување мала доза отров која не ве убива веднаш, но на долг рок ќе ви нанесе многу штета.Зошто се ПМ 10 честичките толку лоши?Со самото дишење на ПМ 10 честичките, кои во неколку наши градови ги има и по пет пати над дозволените количини, сте сè поблиску до некоја од следниве последици:Прерана смртСмрт како последица на дишење воздух со премногу честичкиПроблеми со дишењетоАстмаСилно кашлањеБолки при дишењетоХроничен бронхитисНамалена функција на белите дробовиПроблем да се земе здивЗголемување на ризикот од срцев ударЗголемување на ризикот од заболување од ракЗголемување на ризикот од аномалии кај новороденчињатаШто се случува со вашето тело кога дишете загаден воздух?Кој е изложен на најголем ризик?Фактот што смртноста е многу поголема во загадените подрачја кажува дека сите се изложени на ризик, но најчувствителни на него се децата, постарите лица и лицата кои веќе имаат срцеви или респираторни болести.

Скопје | пред 7 години

7 год.
istorija

Кратка историја по идеализам: Има Крсто и Крсто!

Режисерот Јани Бојаџи го честита вчерашниот празник со паралела меѓу некогашните членови на организацијата и сегашните членови на партијата ВМРО.Не случајно Бојаџи прави паралела меѓу Крсто Арсенов и неговиот имењак Крсто (Мукоски).„По повод денот, еве една кратка историја по идеализам, посветеност и чесност! Војводата на ТМРО Крсто Асенов, инаку бугарин по род, после завршувањето на аферата Мис Стон, му се паднала тешката задача парите земени од откупот сам да треба на мазга да ги пренесе од Македонија во Бугарија, поточно во Софија. Да не забораваме, тогаш тоа била најобезбедуваната граница на Отоманската империја. И така, војводата Крсто Асенов, само тој знаел како, жив и здрав, со се парите во денешна вредност од околу 1 милион долари, по една недела стасал во Софија и ги разделил според списокот што му бил даден од организацијата. Откако завршил се, вечерта отишол кај сестра му да преспие. Сабајлето, станал рано, земал од зетот 10 лева на заем, си купил билет за воз и си отишол дома! И покрај тоа што кај себе си со денови имал купишта турски и американски златници, не посегнал по ниту еден! Ете, тоа е! Што знаеме ние денес за него? Ништо. Каде му е споменикот? Никаде. А тој човек и неговото дело треба да се изучуваат во детските градинки како пример за морал и етика! Значи, да резимираме: има Крсто и Крсто! За многу години празникот!“

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Одбележани 75 гoдини од востанието во логорот на смртта Собибор

На 16 и 17 октомври 2018 година во Скопје се одржаа настани, посветени на 75. годишнината од востанието во логорот на смртта Собибор.На 16 октомври во Меморијалниот центар на Холокаустот на евреите од Македонија, беше отворена тематска изложба. На настанот присуствуваа претставници на дипломатскиот кор, граѓани, претставници на различни институции, бизнис и општествени кругови и претставници на руската дијаспора. Пред присутните се обратија амбасадорот на Русија во Македонија Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин и генералниот ди⁠ректор на Фондот на Холокаустот на евреите од Македонија, Горан Садикарио. На крајот од настанот пред присутните настапи М.Богоевски, ученик од основното училиште „Диитар Миладинов“, со рецитирање на стихотворбата „Бухенвалдскиот аларм“ на руски и македонски јазик и вокалниот ансамбл на руските сонародници „Чајка“, кој исполни делови од советски песни од воените години.Следниот ден во Меморијалниот центар со поддршка на Кинотеката на Македонија, беше одржана проекција на филмот „Собибор“ од рускиот режисер К.Хабенски. Пред почетокот на проекцијата беа пуштени во воздух сто балони, во сеќавање на жртвите на нацистичкиот терор.Mероприятия посвящённые 75-летию восстания в лагере смерти Собибор

Скопје | пред 7 години

7 год.
titanik-1

Продолжува судењето за „Титаник“

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за предметот „Титаник“ на СЈО за изборните нерегуларности.На претходото рочиште на 18 октомври беа преслушани околу 90 „бомби“. Во „Титаник“ се предложени повеќе од 1.000 аудиоснимки во листата на материјални докази од СЈО, од кои на досега се преслушани повеќе од 600.Најголем дел од „бомбите“ на претходното рочиште беа од 24 март 2013 година, за локалните избори, од кои се слуша како Миле Јанакиески се јавува по луѓе, за да се информира како оди излезноста и дали се јавуваат и работат за излезност на гласачите.Од разговорите можеше да се чуе како Миле по план и саат се јавува по луѓе и им кажува кога „да притиснат повеќе, да се работи во кол-центрите, кога „да истурат повеќе луѓе каде се послаби, па дури и да се јавуваат по фирмичиња со кои имале соработка“, а кога пак „да престанат со јавување и сите луѓе да ги изнесат да одат од врата на врата“.Освен со претседатели на месни комитети и пониски членови од партијата, Миле Јанакиевски разговара и со поранешниот премиер Никола Груевски, ексминистрите Гордана Јанкуловска, Никола Тодоров и Антонио Милишоски, но и со Амди Бајрам и Драган Павловиќ-Латас.Во „Титаник“ се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Продолжение на три собраниски седници

   Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржат продолженијата на три седници на 60., 50 и на 45-та седница. На дневниот ред на продолжението на 60-та седница е Предлог одлуката за основање на анкетна комисија за испитување на целокупниот процес на референдумското изјаснување на 30 септември 2018 година, како и дополнетиот предлог на закон за отпишување на камати за наплата на долгови кои произлегуваат од услуги од вршители на комунални дејности, телефонија, мобилни и кабловски оператори, радиодифузна такас, одржување на заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште, во второ читање.На продолжението на 50-та собраниска седница меѓу поголемиот број барања за автентични толкувања се и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, во прво читање и Предлог за именување на членови на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување.Пратениците на продолжението на 45-та седница се очекува да расправаат за Предлог закон за дополнување на Законот за празниците на Република Македонија, во прво читање.На дневниот ред на продолжението на 60 – та седница се и Предлог за избор на член на Државниот совет за превенција на детско престапништво, како и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за судска служба, на Законот за данокот на додадена вредност, на Законот за супервизија на осигурувањето и на Законот за финансиската полиција, сите во второ читање.Како што е најавено, пратениците треба да дискутираат и по Предлог на закон за престанување на важењето на Законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на проектот ХЕ Бошков мост кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и АД ЕЛЕМ и за Предлог на закон за изменување на Законот за задолжување на Република Македонија кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за финансирање на Проектот за изградба и модернизација на Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје и Регионалната клиничка болница во Штип, сите во второ читање.Најавена е и расправа по Предлог закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за вработените во јавниот сектор, по скратена постапка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
44602327_10217257941460505_8841165263710715904_o

Зошто Елизабета Канчевска Милеска никогаш не може да биде херој?

Затоа што таа не е, а и никогаш нема да биде Калеш Анѓа, Доста Рожденката, стасита, пркосна, отпорна.Дали воопшто знаеш за што зборувам, госпоџо екс министерке?Нема никогаш да биде македонска мајка која, голорака и во солзи, одгледала седум, осум деца кои потоа пораснале и изгинале за Македонија во некоја темна, пуста планина. Мајки, кои, двоеле од уста за тие да имаат и да не легнат гладни. И ден-денеска.Кога ти Елизабето ,,Велика", додека се шеташе со ,,Прада" чантата и други ебени модни тракатанци од илјадници евра, одвои нешто за оние сироти деца кои отпатуваа на друг свет, додека ти располагаше со буџети од милиони евра и се сликаше по црвени теписи ?Дали некогаш за 9 години министерување гукна нешто против сите неправди кои ги приреди Владата која те пееше на сите телевизиски канали и те поеше ?Дали во овие година и пол гукна нешто против Владата на Заев, која е у го*на до гуша од афери ?Ти никогаш нема да бидеш никаков херој. Ти го уништи мојот град и донесе неонки кои трепкаат и од кои болат очите, се затвораат сами и човек не може да гледа јасно. Донесе лош здив, мирис на очај и хамбургер естетика. Уништи неповратно безброј спомени и ги фрли во Вардар. Твоите зданија се бетон кој ќе го изеде времето. И мувлата и влагата од реката.Твоето име ќе остане единствено запишано на документите од тендерите за кои сега ти се суди.Ти си Елизабето- се`, само не херој.Ти си ми мене поим за неизживеаност, ниска улична мода, инфантилност, глад за моќ, дисторзија.Каде стапнеш, трева не расте.Ти го подарувам за крај цитатот од Херман Геринг за време на Нирнбершкиот процес. Заменик канцеларот на Адолф Хитлер.,,Со глас или без глас, луѓето секогаш можат да бидат доведени во заблуда и подведени на желбите на лидерите. Тоа е лесно. Сè што треба да направите е да им кажете дека се нападнати, да ги осудат пацифистите поради недостаток на патриотизам и да ја изложат земјата на опасност. Таа работи на ист начин во било која земја“.Фејсбук статус на новинарката Јадранка Ивановска-Јоци

Коментари | пред 7 години

7 год.
ferari

Не му дадоа да јаде во ресторан зашто изгледал како бездомник, па повторно се појавил во Ферари

 Корисник на Јутјуб направил интересен експеримент и прикажал како луѓето реагираат кога сте облечени како бездомник и што се случува кога ќе се појавите во скапоцен автомобил.Погледнете го видеото и споделете го со пријателите на Фејсбук. Ова е уште еден доказ за тоа во каков неправеден свет живееме.

Магазин | пред 7 години

7 год.
putin-2

Путин бара нова средба со Трамп во Париз следниот месец

Рускиот претседател, Владимир Путин му рекол на советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Џон Болтон дека сака нова средба со Доналд Трамп во Париз следниот месец, пренесе „Ројтерс“.Путин и Трамп, според очекувањата би требало да учествуваат во Париз на 11 ноември, на комеморација за крајот на Првата светска војна.Путин навестил дека двајцата би можеле да се сретнат на маргините на собирот, на што Болтон изразил надеж Трамп би сакал да се оствари средбата.

Свет | пред 7 години

7 год.
kokain

Шпанската полиција заплени 1.400 килограми кокаин и уапси 10 лица

Одделот за борба против трговијата со дрога на шпанската полиција соопшти дека во заедничка операција со Службата за борба со наркотици на САД биле запленети 1.400 килограми кокаин.Операцијата била спроведена на брод во Атлантскиот Океан, на околу 1.800 километри од Канарските Острови. Во акцијата се уапсени десет лица, меѓу кои и еден Бугарин.Седум од уапсените биле турски државјани, еден Украинец и еден Грузиец.Според шпанската полиција, бродот пловел кон европско, можеби и шпанско пристаниште каде би го истоварил кокаинот по што дрогата би била дистрибуирана низ целиот континент.Шверцот со дрогата го организирала турска организирана криминална група. Оваа операција на шпанската полиција е трета против турски криминални групи.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Нова демократија повторно побара објавување на писмото со оставката на Коѕијас

Водечката грчка опозициска партија Нова демократија повторно порача дека писмото со оставката на поранешниот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас мора да биде објавено во јавноста, пренесе грчката новинска агенција „АНА“„Писмото мора да биде објавено. Доколку премиерот Ципрас се плаши, тогаш Коѕијас има обврска тоа да го направи“, пишува во соопштението.Претходно Панос Каменос, грчкиот министер за одбрана и лидер на десничарската партија Независни Грци, кој е малцински партнер во владата на Ципрас, порача дека не треба да се очекува пад на актуелната влада во Атина.Тој рече дека изборите во Грција ќе бидат одржани или во октомври или на крајот на четиригодишниот мандат на владата, или пак во мај следната година.Каменос нагласи дека до март, односно тогаш кога преспанскиот договор ќе се најде во грчкиот парламент, по ова прашање нема да се расправа со партнерот во владата.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Словенечкиот министер за надворешни работи, Миро Церар во посета на Македонија

На покана на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Словенија, Миро Церар, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.„На средбата предвидено е да бидат разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете пријателски држави, како и за можностите за зајакнување на соработката во повеќе области од заемен интерес“ информираат од МНР.Двајцата министри ќе присуствуваат и на свечен настан по повод отворање на новите простории на Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Драстична промена на времето попладне

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Кон крајот на денот и преку ноќта под влијание на студен и брз продор од север ќе има зголемување на облачноста проследено со слаби врнежи од дожд, а на планините од слаб снег.Попладне и кон крајот на денот ќе дува силен северен ветер, локално со брзина и над 100 километри на час, што ќе услови нагло и значително опаѓање на температурата.Минималната темпертаура ќе се движи од 0 до 9, а максималната од 15 до 23 степени.Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголеми и ќе дува силен северозападен ветер. Преку ноќта ќе има слаби врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде 5 , а дневната ќе се искачи до 21 степен. Во текот на утрешниот ден се уште ќе дува засилен северен ветер и ќе биде студено, но сончево. В петок и за време на викендот ќе преовладува суво време со студени утра, а дневните температури значително ќе се зголемат.

Македонија | пред 7 години

7 год.
milenkoEftov

(ФОТО) Коце Трајановски го депилираше Миленко

Македонија | пред 7 години

7 год.
42C39EB3-2014-481F-A5AF-8D28EDEC8068_w1023_r1_s

(ФОТО ВЕСТ) Трамп со поддршка за Мијалков

Станува збор за шега, монтирана фотографија изработена од Милчо Велјановски. Се надеваме дека успеавме да ве насмееме.

Македонија | пред 7 години

7 год.
44621717_318846838847258_7303373041084399616_n

Мицкоски бара закон за амнестија

„Ова парче земја раѓало херои. За да пишуваме Македонците гинеле. Оние кои денес сакаат да не оквалификуваат како антизападно ориентирани, нека погледнат во корените и нашата историја, дека додека повеќето барале царства, ВМРО барало република. ВМРО постоело и кога не постоела Македонија“, рече лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговиот говор по повод прославата која се оддржа во Македонскиот Народен Театар.Исто така тој додаде дека СДСМ не исполнија ништо што ветија и дека нема ниту една област каде што се живее подобро. За се што говореа и лажно се бореа, излезе се на површина, видовме дека го сменија уставот и идентитетот, велеа дека ќе бидат против полициското насилство, а видовме како полицијата тепа народ пред собранието.Мицкоски во својот говор се обрати и до пратениците кои гласаа во собранието за уставни измени.„Во мојот живот мојот татко ме учеше дека достоинството и угледот се остава на потомците. Таков сум како човек и како политичар и тешко ми е кога некој се коцка со тоа. И јас сум само човек кој некогаш го совладуваат чувствата. „Црниот петок“ беше еден од најтешките денови во мојот живот, не само затоа што се изгласаа уставните измени во парламентот, туку затоа што во тоа учествуваа 7 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Сакам денес да се обратам до оние кои не останаа на висината на задачата, не издржаа вашите плеќи иако тврдевте дека на вашите плеќи се држи Македонија. Попуштивте иако знаевте дека сите патриоти од 27 април се тотално невини. Колку и да се замислувате и самоубедувате дека не потклекнавте, дека сте биле оние со визија, ќе остане фактот дека со вашата крената рака само си ја свиткавте кичмата. Кога гледав како еден по еден кревавте рака за предлогот на Заев, со секое кревање рака срцето ми се кинеше. Колку и да се трудите нема да можете да погледенте на народот во очи. Ме изневеривте, ја изневеривте партијата, ја изневеривте вашата татковина Република Македонија. Малку фалеше да издржите, Заев беше готов, вие само за малку му ја продолживте политичката кариера на Заев. Да издржевте ќе одевме на избори и ќе го победевме, нели сфативте дека беше готов. Ќе ги победевме коалицијата на Заев, Шекеринска, Вицето и Анѓушев и ќе добиевте фер судење. Обвинетите од 27 април ќе добиеа слобода и правдина. Вие не ми дадовте шанса да го победиме Заев, ме потценивте, затоа ќе ве победиме и тоа на купче сите заедно.“, порача Мицкоски.Исто така тој се обрати и до народот да не ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ бидејќи одговорноста има име и презиме. Побара од народот, но и од пратениците од редовите на СДСМ кои не се задоволни, да го кренат гласот и да се обединат во отпорот против Зоран Заев.„Вие одлучувате, имате две можности, една Македонија која тоне заедно со СДСМ, и Македонија која се развива со нова генерација заедно со ВМРО-ДПМНЕ. Не дозволувајте да исчезне нешто што нашите предци со крв го создавале. Доаѓа подобро време, чекориме кон победата. ВМРО-ДПМНЕ ќе биде најсилниот сојузник на македонскиот народ, ние со нашата преродба и реформа завршивме, стануваме се посилни, имаме храброст и мудрост за да ги оствариме нашите цели. Колку и да се шират дезинформации, вистината е дека имаше притисоци врз пратеници и тоа од власта, дел од пратениците тоа лично го признаа“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.Мицкоски се обрати до Заев со зборовите „Ајде донесете закон за амнестија за сите учесници од 27 април за да има и неселективна правда и слобода за сите а не само за оние кои вас ви слугуваат“.„Тажната вистина е дека Македонија го допре дното со Зоран Заев, среќната е дека треба да одиме нагоре. Европеизацијата треба да почне од дома. Да го промениме системот по еворпски стандард, а НАТО и ЕУ се нашата цел“, додаде Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
BeFunky-collage

Осумте пратеници ќе станат дел од друго ВМРО? !

На пратениците исклучени од ВМРО ДПМНЕ ќе им бараат друг вмровски народен калапПратениците кои гласаа за договорот од Преспа сигурно ќе формираат своја пратеничка група, а како контраудар на ВМРО ДПМНЕ повисоки истанци и центри на моќ им подготвуваат и партиска рамка со вмровски народен предзнак - дознава „Скопје 1“ од свои добро упатени извори во центрите на моќта сконцентрирани околу власта.Како што брифираат нашите извори, како една од опциите кои се разгледуваат е трансферирање на пратениците во ВМРО Народна Партија со што малиот коалиционен партнер на власта ќе стане поголем, а пратениците ќе добијат партиски закрила кои ќе им овозможат да се презентираат во јавноста како т.н. „Европско ВМРО“.Разговори на оваа тема се водени со пратениците, а најалеку во разговорите отишол Љубен Арнаудов кој од денот на основањето на ВМРО ДПМНЕ , па се до пред три дена беше член на оваа партија и има контакти со членовите од тоа време кои се во други партии со предзнак ВМРО.Со овој чекор Заев го зголемува мнозинството со цел кога ќе се менува уставот, да неможат Албнските партии да условуваат со амандмани, бидејќи БЕЕСА веќе најави дека ако не им се прифатат амандманите нема да гласаат за уставни измени.ДОДЕКА ГИ ОБВИНУВААТ ЗА ПРЕДАВСТВО ТИЕ ПО ЦЕЛ ДЕН ГОСТУВААТ НА МЕДИУМИПратениците од ВМРО ДПМНЕ кои гласаа „за“ се движат обезбедувани од полициска придружба и цело време даваат изјави за медиуми. Систематски се појавуваат пред камерите и повторуваат една иста теза: „ Дека тоа го направиле за доброто на сите, за единство, помирување и секако за Европска Македонија“, а поедини новинари упорно објаснуваат дека идеологијата на ВМРО е прозападна и про американска.Ваквото упорно гостување по телевизиите каде пристигнуваат обезбедувани од полициски возила може да се протолкува само како подготовка на теренот за новата пратеничка група на европски ориентирани вмровци.

Македонија | пред 7 години

7 год.
44598584_330137354464812_3278966157628932096_n

Мицкоски до 8 пратеници: Зарем е чесно да имате исти говори како на СДСМ, на Бихачка ли ви ги пишуваат

На денешната прослава на ВМРО-ДПМНЕ која се одржа во Македонскиот Народен Театар свое обраќање имаше лидерот на партијата, Христијан Мицкоски кој се обрати до пратениците кои гласаа во собранието за уставни измени.„Во мојот живот мојот татко ме учеше дека достоинството и угледот се остава на потомците таков сум како човек и како политичар и тешко ми е кога некој се коцка со тоа. И јас сум само човек кој некогаш го совладуваат чувствата. „Црниот петок“ беше еден од најтешките денови во мојот живот, не само затоа што се изгласа во парламентот, туку затоа што во тоа учествуваа 7 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Сакам денес да се обратам до оние кои не останаа на висината на задачата, не издржаа вашите плеќи иако тврдевте дека на вашите плеќи се држи Македонија. Попуштивте иако знаевте дека сите патриоти од 27 април се тотално невини. Колку и да се замислувате и самоубедувате дека не потклекнавте, дека сте биле оние со визија, ке остане фактот дека со вашата крената рака само си ја свиткавте кичмата. Кога гледав како еден по еден кревавте рака за предлогот на заев, со секое кревање рака срцето ми се кинеше. Колку и да се трудите нема да можете да погледенте на народот во очи ме изневеривте, и ја изневеривте вашата татковина Р.Македонија. Малку фалеше да издржите, Заев беше готов, вие само за малку му ја продолживте политичката кариера на Заев. Да издржевте ќе одевме на избори и ќе го победевме, нели сфативте дека беше готов. Ќе ги победевме коалицијата на Заев, Шекеринска, Вицето и Анѓушев и ќе добиевте фер судење. Обвинетите од 27 април ќе добиеа слобода и правдина. Вие не ми дадовте шанса да го победиме Заев ме потценивте, затоа ќе ве победиме и тоа на купче сите заедно“, им порача Мицкоски.„Зарем е чесно да имате исти говори како оние СДСМ, на Бихачка ли ви ги пишуваат говорите? Зарем не ви е срам да прославувате вечерта“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Американците ги фалат руските бомбардери: Тие се неверојатно моќни и прецизни

Унапредените верзии на руските повеќенаменски ловци "Su-27" и "Su-30" имаат можности кои можат да се споредат со модерните "Su-35S", пишува "National interest".Ловците "Su-27" од првата варијанта заостануваат зад современите авиони по низа карактеристики и полошо се прилагодени за уништување за уништување на копнени цели, се наведува во статијата. Модернизираната верзија на "Su-27SM", од своја страна, има подобро оружје - бомби со ласерско контролирање, ракети "Iks-29" и "R-77", што навистина го прави повеќенаменски авион.Резултат на сеопфатната модернизација е ловецот "Su-27SM3". На него е поставен радар "Irbis E", што потенцијално ја намалува способноста за следење на цели на голема далечина, но опремен е со мотори со диригиран векторски потисок, што прави тие ловци да имаат уште поголеми маневарски способности, пишува "National Interest".Во статијата се истакнува дека "Su-35S" дефинитивно има најдобри карактеристики од сите три авиони."И помалку современите руски ловци во модернизирана варијанта исто така се без грешка и имаат свои предности", додава авторот на текстот.[embed][/embed]Така "Su-27SM3" е многу поевтин од "Su-35" и истовремено има речиси исти можност за гаѓање на цели на големи далечини. "Su-30", од своја страна, потенцијално е подобар за напад на копнени цели, со оглед на присуството на вториот член на екипажот, оценува "National Interest".Меѓутоа, значаен дел од авио-паркот на руските борбени авиони и натаму сочинуваат помалку современите варијанти на тие авиони, но тие ќе бидат модернизирани или заменети за најнови "Su-57", заклучува весникот.

Свет | пред 7 години

7 год.
mkd-395573

Пронајдени делови од телото на убиениот новинар Кашоги (ВИДЕО)

Британскиот Скај њуз објави дека се пронајдени делови од телото на брутално убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги.Скај њуз, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека телото на Кашоги било „исечено“ и лицето му било „унаказено“.Еден извор, пишува дописник на Скај њуз од Истанбул, рече дека остатоците од телото на убиениот новинар биле пронајдени во градината на куќа во Истанбул каде живее саудискиот конзул.[embed][/embed]Кашоги е убиен во саудискиот конзулат во Истанбул, на 2 октомври.Скај Њуз оваа информација ја објави откако турскиот претседател Ердоган одржа говор во кој тврдеше дека Саудијците со денови го планирале убиството на Џамал Кашоги. Ердоган во говорот во кој ја вети „голата вистина“ за бруталното убиство тврдеше дека телото на убиениот новинар не е пронајдено.„Зошто телото на некого за кого официјално е потврдено дека бил убиен, сè уште не е пронајдено?“ се запраша Ердоган во говорот што го одржа во турскиот парламент.

Свет | пред 7 години

7 год.
DAD_5602

Утревечер започнува „Skopje Wine Expo”

Tрадиционалниот фестивал на виното “Вино скоп” од годинава е ребрендиран во „Skopje Wine Expo”. Три вечери скопјани и сите љубители на пијалакот на боговите ќе можат на плоштадот “Македонија” да уживаат во врвните црвени, бели или розе вина од земјава и од регионот. Град Скопје најавува нов концепт и нови содржини, а влезот за посетителите е бесплатенУтревечер од 20 часот до 1 часот по полноќ почнува традиционалниот фестивал на виното “Вино скоп”, кој од годинава е ребрендиран во „Skopje Wine Expo”. Три вечери во истиот термин, скопјани и сите љубители на пијалакот на боговите ќе можат на плоштадот “Македонија” да уживаат во врвните црвени, бели или розе вина од земјава и од регионот.Град Скопје најавува нов концепт и нови содржини, а влезот за посетителите ќе биде бесплатен.– На годинашниов „Skopje Wine Expo”, љубителите на вино ќе имаат можност да се запознаат и да разговараат за се што ги интересира за виното со некои од најдобрите енолози од регионот додека уживаат во најквалитетни вина и вкусните специјалитети како прилог со виното – велат од Град Скопје.Покрај загревањето со некое од најдобрите вина во овие ладни есенски денови, посетителите ќе имаат можност и да дегустираат добри закуски приготвени од различна храна, специјалитети и деликатеси кои одлично се вклопуваат со изборот на виното, со цел задоволување на сите сетила.За таа цел, на плоштадот “Македонија” се поставени отворени тенди на површина од 1.200 квадратни метри, а на отворено небо, на сцената свои настапи ќе имаат познати локални, регионални и светски музички ѕвезди. Покрај легендарниот македонски шоумен Игор Џамбазов, македонската рок-пејачка Дани Димитровска, талентираната поп-рок ѕвезда Кристина Арнаудова, атмосферата ќе ја вжештат и регионално познатите бендови Фрајле и Ла Банда, а главната ѕвезда на настанот е глобалниот маестро Дуке Бојаџиев.На љубопитните граѓани кои сакаат да научат нешто повеќе за виното на располагање ќе им бидат најдобрите енолози од регионот кои се подготвени да одговорат на сите прашања поврзани со овој пијалак, начинот на производство и зреење и преостанатите трикови за време на производствениот процес.извор: vecer.mk

Скопје | пред 7 години

7 год.
mijalkov-1

ОК ВМРО-ДПМНЕ Центар го исклучи Сашо Мијалков од партијата

На предлог на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, дисциплинската комисија на ОК Центар го исклучи Сашо Мијалков од партијата.„Дисциплинската комисија на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ на предлог на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ согласно Статутот, член. 27, став 1, алинеја 17 и Член 16, став 1, алинеја 4 а врз основа на Член 5, став 1 од Правилникот за Дисциплинска одговорност на членовите на ВМРО-ДПМНЕ на седница одржана на 23.10.2018 година ја донесе следнава одлука:Се утврдува дека постои дисциплинска одговорност-дисциплинска мерка: исклучување од Партијата ВМРО-ДПМНЕ на лицето Сашо Мијалков согласно Статутот Член 15, став 1 и член 16 Став 1, алинеја 4 каде е утврдено дека лицето Сашо Мијалков на груб начин дејствува против програмските определби, целите и задачите на партијата“, стои во соопштението на ОК ВМРО-ДПМНЕ Центар

Македонија | пред 7 години

7 год.
UNCTAD-Zeneva-2

(ВИДЕО) Филипче: Поттикнување на инвестиции за развивање на нов антибактериски третман е клучно во борбата против антимикробната резистентност

Владина делегација, предводена од вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и министерот за здравство д-р Венко Филипче, денеска учествуваше на активности во рамките на Светскиот инвестициски форум, кој се одржува во Женева, во организација на Конференцијата на Обединетите Нации за трговија и развој (UNCTAD – United Nations Conference on Trade and Development).Вицепремиерот Анѓушев и министерот Филипче остварија заедничка средба со генералниот секретар на UNCTAD, д-р Мукиса Китуји и со Раководител на сектор за претриемнички политики во UNCTAD, Флорина Муџоне. На средбата се дискутираше за можни модели за соработка за подобрување на вештините и поттикнувањето на младите претприемачи, користејќи ги светските искуства и најдобрите пракси.Министерот за здравство Филипче учествуваше и на панел дискусија „Поттикнување на инвестиции за развивање  на нов антибактериски третман“,  организирана во рамките на Форумот, на која истакна дека резистентноста на антибиотици е една од трите најголеми закани по нашето здравје и време е да ја кренеме свесноста за овој голем јавно-здравствен проблем.„Заради неконтролирана употреба на антибиотиците и поради неправилниот начин на апликација се повеќе бактерии се резистентни на антибиотиците коишто во овој момент постојат на пазарот насекаде во светот.  Огромен дел од фармацевтската индустрија е насочена кон измислување на нови лекови, но за жал, тоа не се антибиотици. Се измислуваат нови лекови за хронични болести, иновативни лекови за различни ретки болести, а за жал трендот на откривање нови антибиотици е спласнат повеќе од 20 години. Сега е тоа се поголем и поголем проблем со оглед на тоа што многу антибиотици можат да се купат без никаква рецепта, луѓето ги примаат на несоодветен, неконтролиран начин, а тоа предизвикува резистенстност. Затоа сме исправени пред предизвикот како овој проблем да почнеме да го надминуваме. Во Република Македонија има огромен капацитет да се инвестира во клинички испитувања и за тоа разговаравме со претставници на неколку големи компании. Имаме експертиза, имаме добро регулиран процес на клинички студии и сметам дека можеме да бидеме дел од многу мултицентрични студии и на тој начин да придонесеме во надминување на овој глобален проблем“, истакна министерот Филипче.Македонија ги следи препораките на СЗО во борба против антимикробната резистентност. Кревање на свеста преку предавања, организирање на стручни конференции и креирање јавна кампања за обука на населението за рационална употреба на антибиотици се мерките кои ги преземаме во моментов.Дополнително, внимателно ја следиме ситуацијата, вршиме мониторинг како земја членка на CAESAR мрежата, ја користиме EUCAST методологијата и во следниот период ќе имплементираме нови методи во борба против антимикробната резистентност.Воспоставувањето на јавно-приватно партнерство во Македонија во делот на истражување и мониторинг ќе биде корисно. Поттикнување на инвестиции за развивање на нов антибактериски третман е клучно во борбата против антимикробната резистентност.

Македонија | пред 7 години

7 год.
44664248_186027445606282_1702955585130987520_n

Македонската и словенечката полиција ќе ја надградуваат соработката

Директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски во Љубљана остварил работна средба со генералната директорка на словенечката полиција Татјана Бобнар, соопшти Министерството за внатрешни работи.На средбата биле потенцирани одличните односи меѓу полициите на двете земји, особено поддршката што словенечката полиција и ја дава на македонската полиција преку низа проекти, но и со присуство на контингент словенечки полицајци на македонско-грчката граница, на  помош на македонската полиција заедно со уште неколку контингенти од други пријателски земји.Двајцата соговорници, во рамки на средбата, потенцирале дека одличните односи и соработка и во иднина ќе се надградуваат.Министерството додава дека директорот Тасевски во Љубљана се сретнал и со 30 полицајци од словенечкиот контингент кои во наредната ротација ќе дојдат во земјава.

Македонија | пред 7 години

7 год.
31955979_10155209230611300_6889556983679025152_n

Богданов откако ВМРО-ДПМНЕ го исфрли: Раководството e промотор на национализмот

Поранешниот член на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Константин Богданов, преку својот фајсбук профил го честиташе денешниот празник.https://www.facebook.com/kostadin.bogdanov.7/posts/10155547756136300Почитувани пријатели, најнапред сакам да го честитам денешниот празник Денот на македонската револуционерна борба, на сите граѓани на Република Македонија. Ова е значаен ден во македонската историја со кој се одбележува вековната борба на македонскиот народ за самостојна, независна и просперитетна држава рамо до рамо со цивилизираните народи, која борба, но во друга форма продолжува и денес.Во однос на театралната “катарза” од претходната вечер преку која ВМРО ДПМНЕ се реформира во нова антизападна партија, чувствувам за потребно да го кажам следното:Моето политичко дејствување во раководоството на ВМРО ДПМНЕ беше со единствена цел: да изградиме модерна, демократска и европска партија која силно, со конкретни чекори ќе ја поддржи евроатлантската агенда на нашата држава. За жал, раководството на ВМРО ДПМНЕ е далеку, многу далеку од овој идеал. Напротив, раководството на партијата продолжи да биде промотор на антизападна националистичка реторика, која ги топли срцата на краток рок, но на среден и долг рок создава несогледливи последици врз општеството, граѓаните и иднината на државата.Искрено верувам дека еден ден во ВМРО ДПМНЕ ќе дојде раководство кое ќе ја сфати пораката од предците, и суштината на нивната револуционерна борба која ја празнуваме денес“, напиша Богданов.Константин Богданов е еден од реформаторите кои го поддржуваа влезот во ЕУ и НАТО, како и промената на името, и истиот вчера беше исклучен од партијата.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања