Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Најнови вести

7 год.
Нема фотографија

Тешко повреден работник кој паднал од машина „валјак“

Триесетидевет годишен работник од Гостивар е тешко повреден откако на каменоломот покрај магистралниот пат Гостивар-Маврово, при качување на работна машина „валјак“ во камион, во еден момент работната машина се навалила при што истиот паднал и се здобил со фрактура на пршлен.Тој бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, а потоа и во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Николовски: Додека ВМРО-ДПМНЕ одеше во опозиција, Мијалков се грижеше за тоа како да го зголеми капиталот

Извор на порталот, кој присуствал на седницата, вели дека еден од позвучните говори го имал потпретседателот Александар Николоски кој истакнал дека потребно е да се стави крај со матното минато на партијата и луѓето кои се најодговорни за тоа.Николоски рекол дека има луѓе кои се материјалисти и идеалисти. И додека едни се бореле за идеали за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, други се бореле за зголемување на своето лично богатство, и заштита на својот капитал.-Додека ВМРО-ДПМНЕ се соочуваше со тешки моменти, одење во опозиција лица како Сашо Мијалков во исто време го зголемуваа својот капитал, добиваа удел во хотел, променуваа сопственост во земјоделски задруги, формираа компании и акции во банки. И практично се доведе во ситуација едните да се бориме да го одржиме ВМРО-ДПМНЕ на власт затоа што силно верувавме дека постојат идеали, и дека се соочуваме со зло како СДСМ и Заев а тие другите се бореа за власт само да го заштитат своето лично богатство и личен комодитет и затоа прават се сега за да себе си се заштитат вклучително и коалиции со оние против кои ВМРО-ДПМНЕ жестоко се бори, СДСМ, рекол Николоски, пренесе ЛИДЕР.Целата анализа, почитајте ја на ЛИДЕР.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gorge-ivanov

Иванов: Народот секогаш ги слави храбрите, а историјата ги мрази поткупливите

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод одбележувањето на државниот празник 23 Oктомври - Денот на Mакедонската револуционерна борба, упати честитка до граѓаните на Република Македонија.„Највозвишена цел на еден народ е да создаде своја држава. Само оние народи кои формирале своја држава ја реализирале слободата со тоа што станале самодоволни. 23 Октомври 1893 година е клучен момент во македонската револуционерна борба за остварување на таа возвишена цел. Пред точно 125 години неколкумина храбри Македонци го формираа Македонскиот револуционерен комитет кој на народот му даде надеж дека со свои сопствени сили може да биде свој на своето. Неброени македонски патриоти ги положија своите животи за остварување на овој идеал.Денес, нивниот сон за слободна и независна Македонија е реалност. Но, слободата не се освојува еднаш засекогаш, туку секој ден и постојано. Затоа, обврска на нашата генерација е да не дозволиме нашата слободна и независна држава Република Македонија да биде обезличена.Во речиси сите одлучувачки моменти од нашата историја, народот носел мудра одлука. Така беше и овој пат. На референдумот одржан на 30 септември народот со негласање јасно се изјасни против избрзани, наметнати и штетни решенија донесени без претходно постигнат национален консензус. На референдумот народот ја изрази својата суверена волја и недвосмислено го отфрли Договорот од Преспа. Собранието на Република Македонија тоа мораше да го земе предвид, но мнозинството народни избраници постапија спротивно на волјата на народот.Потребна е храброст за да се истрае во остварувањето на правото на самоопределување и зачувување на суверенитетот и независноста на државата. Храброст што им овозможи на македонските револуционери и борци да го остварат својот сон.Народот секогаш ги слави храбрите, а историјата ги презира страшливите и поткупливите. Без почит кон минатото, без свој идентитет и самосвест ниту има просперитетна сегашност, ниту ќе има подобра иднина. Секоја генерација има своја борба и свој стремеж. Нашиот стремеж е кон подобар и подостоинствен живот, тука, во Република Македонија.Затоа, да не ја губиме надежта и љубовта кон Република Македонија, бидејќи само како суверена и независна држава таа ќе биде заштитник на нашата слобода и нашето човечко достоинство.Нека ни е за многу години Денот на македонската револуционерна борба.Да живее Република Македонија!

Македонија | пред 7 години

7 год.
dsc_1182

Чингоски: Доцна стигна исклучувањето на обвинети за криминал во ВМРО ДПМНЕ

По исклучувањето на Сашо Мијалков од ВМРО ДПМНЕ и прес конфернецијата на која во име на партијата Потпретседателот Александар Николоски јавно јачестита, како што рече „ новата криминална коалиција на Заев и Мијалков“ познатиот охридски адвокат, аналитичар и еден од основачите на СДСМ во Охрид, Владо Чингоски ( кој е познат критичар пред се на СДСМ ) за „Скопје1“ анализира дека ВМРО ДПМНЕ одамна требало да ги отстрани  и јавно да се дистанцира од функционерите кои се обвинети за тешки криминални дела. Чингоски вели дека најавите за помирување не треба да се претворат во општа аменстија на криминалот.Интегрално анализата на Чингоски.Секакви анализи на политичката ситуација во РМ е не благодарна и однапред е осудена на грешна проценка од страна на аналичаторот.1. Погрешна проценка на нивната позиција по прашањето на потпишувањето на Преспанскиот договор ( спогодба) и неговата имплементација.2. Потценување на меѓународниот фактор и неговата улога во менаџирањето на овој процес.3. Погрешна проценка на последиците од обвинетите, не само пратеници, туку и други високи поранешни но и актуелни функционери на ДПМНЕ од страна на СЈО и заканите со долгогодишни казни4. Начинот на автократско раководење со партијата ( и не само во ДПМНЕ тоа е случај со сите партии во РМ) и немање на партиска одговорност за погрешните одлуки и префрлање на одговорноста на други, како и забраната за фракциско делување во самата партија.Сето тоа доведува до вакви решенија, одлуки кои се огледаат во исклучување на партиски членови и префрлање на вина, но никако до решавање на партиските, а преку нив и државните прашања. Со еден збор, Македонија заради лични, тесно партиски интереси, зачинети со квази руралниот патриотизам, кој се потпира само на патриотски песни и лични интереси е доведовме во ситуација, која можеби е потешка од 1991 и 2001 година.Не е битно и прашањето на успешноста на референдумот, нити идентитетот, јазикот, битно е кој го решава проблемот и кој ќе ја носи славата и бенифитите од решението. ДПМНЕ ја испушти можноста, не дека не сакаа ваков договор, туку калкулациите беа дека само тие можат да го решат и во време кога тие сакаат.Но времето им истече и ова прашање мора да се затвори. Друго прашање е дали воопшто треба да се решава еден ваков апсурден проблем кој го наметна Грција. Но каде има сила нема правдина. А факт е дека нашата сила евидентно е помала не само од Грција, туку од целото опкружување. Тоа што сме во право, е само наша сатисфакција. За другите страни, тоа не значи ништо.Да се вратам на одлуките на ИК на ВМРО ДПМНЕ, исклучени не истомисленици, а потоа и обвинети и за криминал. Па простете но тоа требаше да го направите многу, многу порано, сека е касно.Крајно, каква и да е постапката за имплементирање на Преспанскиот договор, со уставните измени и со начинот на обезбедување на 2/3 мнозинство, оптимист сум дека на граѓаните на РМ ќе им се отвори некаква перспектива, ќе се види барем мала светлина во оваа темнина. Велам оптимист сум, а како ќе биде ќе видиме.Се надевам дека најавеното помирување, нема да значи општа амнестија на сите инволвирани во политичките но и криминалните случувања за што впрочем е и основано СЈО, зошто тоа значи дефинитивно не функционирање на правната држава.И ДПМНЕ и СДСМ, но и сите партии треба да се оградат од членовите кои се обвинети за вакви дела и да и остават на правдата да се справи со нив. Која правда, тоа е друга тема.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Gruevski-i-Mickoski-na-16-kongres-na-VMRO-4-bg_resize

СДСМ: Чии играчи се Груевски и Мицкоски, дали криминалот ги поврзува?

Цела Македонија уште еднаш го виде режимското лице на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, режимот делува најпанично кога целосно се распаѓа и кога го губи тлото под нозете, осветувајќи се и врз сопственото членство, реагира СДСМ.„Анти-македонскиот носител на криминалот и режимот, Никола Груевски заедно со неговиот анти-западен пион Христијан Мицкоски продолжуваат да им докажуваат на сите граѓани дека се против НАТО и ЕУ.Чии играчи се Груевски и Мицкоски? Дали криминалот е единственото нешто што ги поврзува? Нека излезат и јавно нека соопштат дека се против НАТО и ЕУ бидејќи очигледно е дека режимската лага веќе не им проаѓа ниту меѓу сопственото членство“, се вели во соопштението од СДСМ.Партијата на власт ги повикува сите демократски сили во земјата, сите пратеници и граѓани кои сакаат Македонија да успее како земја членка на НАТО и ЕУ, да се приклучат кон националното обединување.„Македонија расчисти со поделбите на Груевски и Мицкоски. Македонија е земја во која институциите обезбедуваат правна држава по европски стандарди. Сега е време политички раскараните граѓани да се помират и Македонија да продолжи напред како економски силна земја, едно општество за сите. На едната страна се изолираниот режим и криминал на Груевски, на другата страна е растечкото национално обединување на граѓаните.Македонија избира обединување, режимот останува изолиран во својот бел бункер. Граѓаните на Македонија го ставија режимот на Груевски и Мицкоски во ќош“, порачува СДСМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Жестоко на Твитер: ВМРО ќе прогласува стечај за да не ги вратат парите

Македонија | пред 7 години

7 год.
K4rLE-n1-talat-dzaferi-gjorcev-432

Џафери: Нека овој ден биде потсетник дека во животот секој ден е борба

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери им го честита празникот 23 Октомври на граѓаните.„Дозволете во својство на претседател на Собранието на Република Македонија и од име на пратениците во законодавниот дом, да го честитам 23-ти октомври, којшто според Законот за празниците на Република Македонија е Ден на македонската револуционерна борба и да ви посакам овој ден да го поминете во добро расположение, во кругот на најблиските.Нека овој ден биде потсетник дека во животот секој ден е борба, борба за подобар живот, борба за градење на подобро, поздраво општество, борба за политички стабилна, економски напредна држава со светла иднина, безбеден дом за сите наши граѓани“, порача Џафери во честитката.

Македонија | пред 7 години

7 год.
opstini

Општините со три милијарди денари ќе ги покриваат долговите

Владата го усвои законското предлог-решение со кое на општините им се ставаат на располагање 3 милијарди денари за покривање на заостанатите долгови.Министерот за финансии, Драган Тевдовски, на прес-конференцијата на која присуствуваше и министерот за локална самоуправа, Фазлиу, рече дека секоја општина ќе добие неповратни средства за да покрие 51 процент од пријавените обврски. Овие средства се предвидени со ребалансот на буџетот.„Средствата кои ќе се доделат на единиците на локалната самоуправа како финансиска поддршка се строго наменски и неповратни. Целта е да се зајакне фискалниот капацитет на единиците на локалната самоуправа, сервисирање на долговите и раздолжување кон стопанството“, рече Тевдовски.Министерот за финансии посочи дека освен решавање на проблемот со долговите на општините, Владата ќе воспостави механизам за спречување на акумулирање долгови во иднина. Се предлагаат измени на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа со воспоставување на фискално правило за планирање на сопствените приходи на основниот буџет на единиците на локалната самоуправа.„Преоптимистичкото планирање на приходите е една од причините поради кои општините креираа неизмирени обврски во претходните години. Со предлог-измените на Законот се воведува ограничување при планирање на сопствените приходи на основниот буџет на општините, во смисла истите да може да се планираат со пораст од најмногу 10 проценти од просечно остварените приходи во последните три години, според податоците од трезорската евиденција. Во однос на истото се предвидени исклучоци само доколку општината има обезбедено потврда за трансфер на средства од соодветна институција за реализација на проекти во општината“, појасни Тевдовски.Заклучно со 30 септември годинава, како што додаде министерот, електронскиот систем за евиденција на Министерството за финансии забележал стари пријавени доспеани, а неплатени обврски, во износ од 18,817 милијарди денари. Ова е за 3,527 милијарди денари помалку во однос на обврските пријавени со пресечен датум 31 мај 2017 година.„Намалувањето се должи на намалувањето на неплатените обврски кај буџетските корисници на национално ниво во износ од 3,6 милијарди денари во споредба со мај 2017 година“, рече министерот за финансии.Министерот за локална самоуправа истакна дека со денешната одлука на владината седница решава проблем со кој се соочува речиси секоја општина во Македонија. Тој додаде дека од општините ќе се бара и да ја зголемат транспарентноста. Тие ќе мора да испратат и детали за доверителите на кои ќе им се исплатат средствата.„Општините сопствените приходи може да ги планираат до најмногу 10 проценти од просечните приходи во последните 3 години, ова би значело дека општината ќе може да го надмине максималниот износ од планирани приходи само доколку има обезбедено потврда за трансфер на средства. Доколку буџетот на општината не е изготвен во согласност со овие измени, истиот нема да биде впишан во трезорот на Министерството за финансии“, истакна министерот Фазлиу во своето обраќање.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Во ОН почна кампања за Меѓународна конвенција за безбедност на новинарите

Меѓународната новинарска федерација (IFJ) почна во ОН кампања за сензибилизација за потребата од донесување „Меѓународна конвенција за безбедноста и независноста на новинари и други вработени во медиуми“, со желба да се стави крај на „неказнувањето напади врз новинари“.– На првата седница учествуваа 15-на држави меѓу кои Русија, Пакистан, Перу, Италија и Тунис, нагласи шефот на ИФЈ Ентони Беланжер.ИФЈ застапува 600.000 новинари од 134 држави.Главен повод за кампањата која одамна е планирана е случајот со убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги  кој на 2 октомври беше убиен во саудискиот Конзулат во Истанбул.– Идната конвенција треба да обедини постоечки, но и расфрлани меѓународни документи и да ги дополни, изјави Беланжер.

Свет | пред 7 години

7 год.
most

Конечно се отвора најдолгиот мост што минува над море

Мостот долг 55 километри кој ги спојува Хонгконг и Макао со континентална Кина, конечно ќе биде отворен за јавноста.Дваесет милијарди долари вредниот мост чија изградба беше започната пред девет години, конечно ќе биде отворен оваа недела и со тоа ќе стане најдолгиот мост преку море на светот.На свеченоста по повод отворањето на мостот во Жухаи ќе присуствува и кинескиот претседател Си Џинпинг, заедно со највисоките функционери на Хонгконг и Макао, а во среда официјално ќе биде отворен и за сообраќај.Мостот требало да започне со работа уште во 2016 година, но поради непланирани работи, неговата изградба била одложена.Мостот ќе покрива 56.500 квадрати на југот од земјата и 11 градови во кои вкупно живеат 68 милиони луѓе. Сега, од Хонгконг до Макао ќе се патува за само половина час наместо некогашните три и пол часа.

Магазин | пред 7 години

7 год.
tramp-1

Трамп предупреди дека САД имаат намера да го јакнат сопствениот арсенал нуклеарно оружје

Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека САД имаат намера да го јакнат сопствениот арсенал нуклеарно оружје за да извршат притисок врз Русија и Кина.Трамп наведе дека „Русија не се придржувала до Договорот за нуклеарно оружје од среден дострел“ потпишан во 1987 година и од кој се закани дека ќе ги повлече САД.– Додека луѓето не се вразумат, САД ќе го јакнат сопствениот нуклеарен арсенал, изјави Трамп и додаде дека „тоа се однесува на Русија и на Кина“

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Бугарија заплени милиони фалсификувани евра и долари

Бугарските власти денеска запленија 11,5 милиони евра и два милиона долари фалсификувани банкноти, соопшти заменикот-главен обвинител на Бугарија Иван Гешев.Според него, банкнотите се пронајдени во „најголемата илегална печатница“ откриена во изминатите 11 години, која функционирала во подрум на хотелот „Кантилена“ во Сончев Брег. Фалсификуваните банкноти се пронајдени  во апоени од 500 и 100 евра и 50 американски долари.Уапсени се четири лица, кои имаат богато криминално минато и успевале многу добро да ги прикријат своите активности. Групата била разбиена на 20 октомври, а акцијата била спроведена во соработка со Европол.

Свет | пред 7 години

7 год.
palmer

Палмер денеска во посета на Косово

Заменик-помошникот државен секретар за европски прашања на Соединетите Американски Држави, Метју Палмер денеска ќе престојува во Косово, каде што ќе се сретне со највисоките државни раководители, јави дописникот на МИА од Приштина.Првично, Палмер претпладнево ќе биде примен од премиерот Рамуш Харадинај, а потоа ќе се сретне и со другите косовски лидери.Американскиот дипломат доаѓа во Косово од Македонија, каде што вчера се сретна со премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и со лидери на партиите на Албанците во Македонија.

Свет | пред 7 години

7 год.
jasp

ЈСП ќе вози по неделен ред, од среда две привремени линии поради саемите

Јавното сообраќајно претпријатие соопшти дека денеска   автобусите од јавниот превоз ќе возат по неделен возен ред поради државниот празник 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.Од ЈСП информираат дека од среда до недела поради саемските манифестации во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе бидат воведени две привремени линии. Станува збор за линијата 100 која ќе сообраќа од Ново Лисиче до СЦ „Борис Трајковски“ и линијата 200 од Дексион во Ѓорче Петров до СЦ „Борис Трајковски“.Двете линии се воведуваат по барање на Скопски саем за полесен пристап на посетителите на саемите „Технома“, Меѓународниот саем за градежништво и Саемот за недвижности и инвестиции „Реалекспо“.

Скопје | пред 7 години

7 год.
dozd

Облачно со повремен дожд

Денеска претпладне времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Во попладневните часови облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 18 Целзиусови степени, во Крива Паланка, Струмица и Прилеп 15, Кичево 11, Охрид 14, Кавадарци 18 и Гевгелија 21.Утре времето ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има појава на повремен дожд и ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе се движат од 12 до 22 степени.Четврток и петок ќе биде сончево со мала локална облачност.

Македонија | пред 7 години

7 год.
den

Денес се слави Денот на македонската револуционерна борба

Во Република Македонија денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Владина делегација предводена од министерот без ресор за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ ќе положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје.Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од потпретседателката Фросина Ташевска-Ременски, а во состав Диме Велковски и Жаклина Пешевска, ќе положи венец свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот Парк во Скопје.На 23 октомври 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев беше формиран Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО). Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор.Со тоа почна организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската Република, преку НОВ резултира со создавање самостојна македонска држава.Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mitko-janev

Јанчев за „Скопје1“: Во ВМРО ДПМНЕ нема простор за различно мислење

Митко Јанчев, досегашен Потпретседател на ВМРО ДПМНЕ кој од вечерва е во процес на исклучување од партијата, за „Скопје 1“ вели дека овој како што го нарекува неосновани обвинувања нема да го направат помалку вмровец и дека ќе се мотив да продолжи со уште поуспешно вршење на функцијата Градоначалник на Кавадарци.Во писмениот одговор стои:„По предлог на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г-дин Христијан Мицковски на вчерашниот ЦК бев разрешен од функцијата потпретседател. Живееме во време кога светот прогресивно оди напред во секое поле. Време во кое акцентот го ставаме на демократијата и слободното размислување. Неоснованите обвинувања на вчерашната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ по завршувањето на ЦК беа маска за неспособноста за прифаќање на различни ставови и покажаа дека нема место за неостомисленици во врвот на ВМРО-ДПМНЕ.Овие обвинувања како и симнувањето од функцијата потпретседател нема да ме направат помалку вмровец“ - вели Јанчев и додава:„Очигледно ВМРО-ДПМНЕ не е подготвено да оди напред и да стане една модерна и демократска партија, напротив многу круто и агресивно ги "чисти" оние чии перцепции се насочени кон една таква модерна партија. Како Градоначлник на Општина Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ уште поуспешно ќе ја извршувам оваа функција, а за моето успешно менаџирање со општината сведочи скоро цела една година со голем број реализирани проекти, проекти кои се во тек и средување на општината и водење кон целта Кавадарци на прво место“ - стои во писмената изјава на Митрко Јанчев испратена до „Скопје1“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Николовски: Им ја честитам криминалната коалиција на Заеви и Мијалков

„Да ја честитаме новата криминална коалиција на Македонија, Вице Заев, Зоран Заев и Сашо Мијалков“, ова го искоментира потпретседателот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, по што го повика Обвинителството да постапува за наводите за криминал против Мијалков.Николовски ги потврди информациите на Скопје 1, за исклучување на Сашо Мијалков од ВМРО-ДПМНЕ поради дејствија спротивно на интересите, притоа поради организирање поткуп за осумте пратеници кои гласале „за“ уставни измени. Тој ја потврди уште една од информациите на Скопје1, дека разрешен е Митко Јанчев со тајно гласање.Николовски побара оставка од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои го поддржале процесот за уставни измени.  

Македонија | пред 7 години

7 год.
nikola-todorov

Општински комитети барале исфрлање на Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ

Ексминистерот за здравсто, Никола Тодоров вечерва бил тема на дикусија за време на состанокот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Според неофицијални информации, повеќе општински комитети барале негово исклучување, по што одлуката била потврдена од членовите на комитетотТој пред една година се повлече од сите функции во партијата, откако, дедото на починатата Тамара се обиде да го убие пред министерството за здравство.Митко Јанчев исфрлен од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски бара конгресМијалков без гласање и овации исклучен од ВМРО-ДПМНЕСашо Мијалков се појавил во седиштето на ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 7 години

7 год.
mijalkov-1

Мијалков без гласање и овации исклучен од ВМРО-ДПМНЕ

На вечерашниот состанок на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ акламативно односно без гласање (со овации и аплауз), долгогодишниот член и висок функционер, Сашо Мијалков бил исклучен од партијата, потврдуваат извори од ВМРО-ДПМНЕ.Мијалков е идентификуван како главен виновник за исходот од гласањето за предлогот за пристапување кон уставни измени, односно „оркестратор на црниот петок“. Најчестите обвинувања се дека „тој директно влијаел на исходот кој се случил во Собранието и дека преку седумте пратеници се спасувал исклучиво себеси и своите бизниси, а на штета на Македонија“. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сашо Мијалков се појавил во седиштето на ВМРО ДПМНЕ

Претходно: Мијалков без гласање и овации исклучен од ВМРО-ДПМНЕИзвори од партијата велат дека Мијалков се појавил неочекувано и како што самиот рекол дошол да му даде подршка на Мицкоски и да објасни дека воопшто не се точни информациите оти тој наводно подготвувал смена на првиот човек на ВМРО ДПМНЕ, како што претходно денеска објавуваа медиумите блиски до СДСМ, а тој потоа јавно демантираше. Исто така, побарал единство меѓу членството, бидејќи рекол дека тоа е нешто што во овие моменти е најпотребно. Но, бил и категоричен во својот став дека не сака да се меша воопшто во одлуките и чекорите на Мицкоски и раководството на партијата, пишува Нетпресс.мкСпоред нашите сознанија, Мијалков не останал многу долго во седиштето на ВМРО ДПМНЕ и нема информација со кого се’ тој имал средби додека бил таму.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mitko-janev

Митко Јанчев исфрлен од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски бара конгрес

Претходно: Мијалков исфрлен со овации од ВМРО-ДПМНЕНеофицијално, сопственикот на „Кожувчанка“ и долгогодишен функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев е уште еден од лица за кого Централниот комитет донел одлука да го исфрли од партијата, дознава „Скопје1“. Освен него, исфрлен е и реформаторот Костадин Богданов.„Скопје 1“ го исконтактира Јанчев, кој не знаеше за одлуката донесена на Централниот комитет кој е во тек. Тој ја замоли екипата на „Скопје 1“ да го информира за секоја наредна новност, бидејќи од партијата, тоа не го прават.На состанокот, претседателот Христијан Мицкоски побарал предвремено одржување на конгрес, но неговите сопартијци одбиле, велат за Скопје1.мк извори од партијата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
erdogan-1

„Листа 500“: Ердоган е највлијателниот муслиман во светот

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, се најде на врвот од листата на највлијателни муслимани од целиот свет, втората позиција му припадна на саудискиот крал Салман бин Абдулазиз ал-Сауд, а на трето место е јорданскиот крал Абдула Втори, објави новинската агенција „Анадолија“.Јубилејната десетта едиција на годишната листа „500 највлијателни муслимани“, овој пат за 2019 година, ја објави Кралскиот исламски центар за стратешки истражувања со седиште во Јордан.Во извештајот се вели дека Ердоган во август 2014 година станал првиот директно избран претседател на Турција и дека вториот мандат го освоил со победа во првиот круг.„За време на мандатите на Ердоган, Турција постигна невиден економски раст, воведе уставни промени и повторно се етаблира како една од главните светски сили“, се вели во соопштението.Исто така, се додава дека Турција под водство на Ердоган се фокусира на зајакнување на односите и соработката со земјите на сите седум континенти, а особено со соседите, вклучувајќи ја и Грција.Во изданијата на листата 500 за највлијателни муслимани во светот за 2016 и 2017 година Ердоган го држеше осмото место, а во 2018 беше на петтата позиција.

Свет | пред 7 години

7 год.
kocijancic

Коцијанчич: САД и Русија да се држат до нуклеарниот договор

Европската Унија ги повикува САД и Русија да се придржуваат кон договорот за нуклеарно оружје (ИНФ) со среден дострел и да обезбедат целосно и докажано негово спроведување“.„Ние веруваме дека е потребно САД и Русија да спроведат конструктивен дијалог со цел да го зачуваат договорот“, рече портпаролката на Европската Унија, Маја Кочијанчич, на денешната прес-конференција.Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера изјави дека САД ќе се повлечат од договорот за нуклеарно оружје бидејќи Русија го прекршувала овој договор.Иако не понуди пример за тоа како Русија го прекршува овој договор, сепак Трамп изјави „Русија го прекршува договорот, тие го кршат со години“, посочи американскиот претседател по митингот во саботата во Елк, Невада, каде што рече дека САД нема да им дозволат на Русите да прекршат нуклеарниот договор.По објавувањето на одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, дека САД ќе се повлечат од договорот за нуклеарно оружје од среден дострел бидејќи Русија го прекршила договорот, пристигнаа првите реакции од Русија. Официјален претставник од руското Министерство за надворешни работи рече дека главната причина за оваа одлука е сонот на Вашингтон за униполарен свет, а по ова, реакции пристигнаа и од други руски, но и светски лидери и политичари.

Свет | пред 7 години

7 год.
mickoski-1

Поддршка за Мицкоски или барање за негова смена на состанокот на ЦК?

Од обвинувања за изолација на партијата и избрзани одлуки на раководството со исклучувањето на пратениците до поддршка за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Пратениците од најголемата опозициска партија се со спротивставени мислења пред вечерашниот состанок на Централниот комитет на партијата. Пратеникот Илија Димовски преку отворено писмо порача дека тој нема да учествтува во, како што вели, фингирани битки и пресметки во ВМРО-ДПМНЕ.„Прво и неодложно, мора да се направи темелна, а не козметичка реформа на партискиот Статут, со целосна демократизација на процесот на носење политички одлуки, но и целосна демократизација на процесот на избор на партиските тела и органи почнувајќи од месните комитети, па сè до највисоките органи. Второ и суштинско, да се напушти принципот дека партијата мора да се води по правилото за градење култ на личност. Трето, ВМРО-ДПМНЕ има обврска да направи дисконтинуитет со грешките од минатото. И, четврто, партијата мора да научи да гради нови мостови наместо да ги крши и оние што досега го има“, пишува Димовски.Од друга страна, пак, пратеникот Антонио Милошоски, а по него и пратениците Трајко Вељаноски и Влатко Ѓорчев, се огласија со поддршка за лидерот Христијан Мицкоски.„Драматичните случувања во Собранието и нелегалниот чин против Уставот, барем дадоа појасна слика за тоа кој се залага да се почитува волјата на народот од кој сме избрани, а кому му се побитни заткулисните договори. Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, сепак покажа дека му е побитна демократската доверба што гласачите им ја дале на пратениците, како и волјата на членството и симпатизерите“, напиша Милошоски на „Фејсбук“.Поделеноста не само на пратеничката група туку и во партијата, која стана сè поизразена по гласањето за уставните измени, според неофицијални информации, се интензивира сè повеќе, а во јавноста веќе кружат две сценарија. Според првото, партијата размислува да го исклучи од членство Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, за кој се шпекулира дека влијаел врз седумтемина пратеници од партијата да гласаат „за“ уставните измени со цел да издејствува амнестија за себе.Второто сценарио, за кое се зборува, е дека членството ќе бара оставка од претседателот Мицкоски бидејќи не успеал да ги тргне настрана криминалните структури во партијата.Овие сценарија дополнително се засилија кога претседателот на Здружението на македонските заедници во Австралија, Игор Александров, на „Фејсбук“ напиша дека крилото на Мијалков подготвува смена на Мицкоски и порача сите што се против преспанскиот договор да изразат солидарност и поддршка со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓу првите што одговорија на овој повик беа пратениците Антонио Милошоски, Трајко Вељаноски и Влатко Ѓорчев.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања