Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Најнови вести

7 год.
idioti-2

Владата одлучи до Собранието да достави предлог за ребаланс на буџетот

Владата на Република Македонија, на вчерашната вонредна седница го разгледа и усвои Предлогот за изменување и дополнување на буџетот на Република Македонија за 2018 година со кој се предвидува дополнителни средства за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравствено осигурување и Агенцијата за вработување.Со измените и дополнувањата што ги предлага Владата да бидат усвоени од страна на Собранието, извршено е ревидирање на приходната страна на Буџетот на Република Македонија за 2018 година за незначителни 0,5 отсто надолу, односно за 1 милијарда денари.Постапката за измени и дополнувања на Буџетот за 2018 година, Владата ја иницира во овој период за да се запазат роковите согласно законската регулатива за негово усвојување во Собранието на РМ до 15. ноември, во случај доколку не се донесе одлука за одржување на предвремени избори“, соопшти владината прес-служба.Вкупните приходи со измените и дополнувањата на Буџетот на Република Македонија за 2018 година, се вели во соопштението, се планирани на ниво од 192,5 милијарди денари, додека вкупните расходи се утврдени на износ од 210,5 милијарди денари. Во овие рамки на планирани приходи и расходи, дефицитот е незначително понизок (18,1 наспроти иницијално планираните 18,2 милијарди денари). Притоа, во однос на БДП, буџетскиот дефицит е непроменет и изнесува 2,7 отсто од БДП.„Оваа одлука Владата ја донесе врз основа на фискалните движења кои ја создадоа потреба од минимално прилагодување на Буџетот на Република Македонија за 2018 година, како на приходната, така и на расходната страна на Буџетот“, се потенцира во соопштението.На вчерашната седница Владата констатирала дека, во услови на непроменети приходи на основниот буџет, ревидирањето на иницијално планираните проекции кај приходната страна на Буџетот на Република Македонија е резултат на намалување на приходите кои буџетските корисници ги остваруваат на сопствените сметки. Согласноостварувањето во деветте месеци од годината, благ пораст на социјалните придонеси, во однос на иницијално буџетираните од околу 1,5 отсто, односно се ревидирани на ниво од 56,2 милијарди денари.„Имајќи го тоа предвид, Владата на седницата за ребаланс на буџетот го усвои предлогот на Министерството за финансии, расходната страна на Буџетот на Република Македонија за 2018 година да се коригира надолу за 1,2 милијарди денари, односно за 0,5 отсто“, велат од Владата и нагласуваат дека се предвидува реалокација на средства помеѓу буџетските корисници, намалување на одредени позиции кај капиталните расходи на буџетските корисници кај кои е евидентирана забавена динамика на реализација, воглавно кај проекти финансирани сокредити, намалување на каматните расходи за 897 милиони денари, зајакнување на фискалниот капацитет на општините.Покрај тоа, предвидено е алоцирање на дополнителни средства во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, со цел непречена исплата на пензиите и транзициските трошоци за вториот пензиски столб, обезбедување на дополнителни средства во Фондот за здравствено осигурување со цел непречено остварување на право на здравствена заштита и боледувања, како и дополнителни средства за Агенцијата за вработување на Република Македонија за исплата на надоместокот по основ на невработеност.

Македонија | пред 7 години

7 год.
SJO

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО е институција во рацете на власта за политички прогон

„Власта е во паника, притисоците и заканите се залуден обид да се всее страв.СДСМ доби црвен картон од над еден милион и двесте илјади граѓани кои не излегоа на референдум или гласаа против договорот за промена на името. Власта е во паника. Нејзината капитулантска политика не поминува кај граѓаните и затоа се заканува и прибегнува кон вршење на притисоци.Залудни се притисоците и заканите преку сите послуги на власта, вклучително и правосудството кое го имаат запоседнато партиски послушници. Кога се работи за Република Македонија граѓаните немаат страв. Тоа е лекција која СДСМ очигледно допрва ќе треба да ја учи на потешкиот начин.Целата домашна и меѓународна јавност е сведок на една лакрдија невидена во модерната историја на демократијата. Правосудните институции на чело со СЈО се користат за очигледен политички прогон против поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, не само пред 5, 6 или 10 години, туку и пред скоро 20 години, дури и за работи во кои нема случај, додека за милионските криминал на сегашната власт остануваат без судска разрешница.СЈО е институција во рацете на власта за политички прогон на неподобните и тоа е непобитен факт, кој сите го гледаат.Покрај СЈО под целосна контрола е и ЈО. Примерите на очевиден криминал, каде Заев од позиција на премиер бара од фирмите да поткупуваат гласачи, тендерите во четири очи од ќерка директор на татко бизнисмен, милионските бизниси кои се доделуваат на ново формирани фирми без никакво искуство во областа и мноштво други сомнителни случаи за кои обвинителството не презема ништо се преседан во светската правна историја и ќе останат запишани како пример за партизирано правосудство.Зоран Заев е поттикнувач, заштитник и покровител на криминалот во оваа држава и затоа СДСМ одби предлог за нова независна обвинителска институција која ќе ги преземе постојните случаи од СЈО и професионално ќе ги истражи сите сомневања за криминал вклучително и последните афери на власта. Заев се плаши од правдата, Заев го штити криминалот.ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека ваквите негативни преседани за македонското правосудство наскоро ќе бидат минато. Со враќањето на правната држава, судството ќе се ослободи од стегите, а секој кој извршил кривично дело, без разлика од кој дел од власта, извршна, законодавна или судска доаѓа за тоа и ќе одговара. Одговорност ќе има за сите. Република Македонија мора да биде држава во која правото ќе се почитува, а не злоупотребува“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
tevdoski

Тевдовски ќе ја задолжи Македониjа 400 милиони евра

Светска банка ќе и стави на располагање околу 400 милиони евра на Македонија за проекти во следните четири години. Ова беше нагласено на годишните средби на ММФ и Светска банка на кои учествува македонска делегација предводена од министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерот на НБРМ, Анита Ангеловска Бежоска. За пакет проектите и новата стратегија за соработка со Светска банка, како што соопшти Министерството за финансии, е зборувано на состанокот на македонската делегација со потпретседателот на Светска банка, Сирил Мулер и директорот за Западен Балкан, Европа и Централна Азија, Линда Ван Гелдер. Со овие средства ќе се поддржи подобрувањето на конкурентноста на приватниот сектор, развојот на вештини и создавањето на повеќе можности за најранливите категории, како и подобрена институционална и фискална одржливост.„Со новата стратегија 2019-2023 ќе се вложат значајни средства во подобрување на конкурентноста на македонската економија и постигнување на инклузивен и одржлив раст. Тоа може да се постигне преку подобрување на конкурентноста на приватниот сектор, заштита на најранливите категории и отворање нови можности за нив, како и зајакнување на институциите и одржливоста на јавните финансии. Станува збор за околу 35 проекти од областа на поддршка на бизнисот, транспорт и врски, здравство, социјална заштита, труд и социјала, информатичко општество и администрација, образование и наука, животна средина, финансии и земјоделство“, рече министерот за финансии Драган Тевдовски.Во рамки на овие 35 проекти планирани се и инфраструктурни проекти за рехабилитација на национални, регионални и локални патишта во периодот од 2019 до 2021 година.Планирани се и проекти за поддршка на приватниот сектор преку микрофинансирање, советодавни услуги, поддршка за технолошка модернизација и поддршка за иновации. Ќе се поддржат и инвестиции во обновливи извори на енергија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
bogorodica

Денеска е Покров на Пресвета Богородица

Настанот што го слави Црквата денес се случил на 1 октомври 911 година, на едно бдение во Богородичната влахернска црква во Цариград. Црквата била полна со народ. Меѓу народот бил и свети Андреј Јуродивиот со својот ученик Епифаниј. Во четири часот ноќта над народот се појавила Пресвета Богородица со распослан омофор со кој го покривала целиот народ. Била облечена во порфира и блескала со неискажлив сјај, опколена од апостолите и светителите. Гледајќи го јавувањето, свети Андреј му рекол на Епифаниј: “Ја гледаш ли, брате, царицата и господарката над се, како се моли за целиот свет?” Во чест на тоа јавување и се востанови овој празник. Но, овој празник е само потврда или симбол на славењето на Пресвета Богородица, како заштитничка на целиот православен народ, бидејќи нејзиното заштитништво се покажало многупати и пред овој настан. Тој е потврда, пред се, за нејзиното молитвено застапништво за нас луѓето пред престолот на Троичниот Бог.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Околу 1.700 лица се вклучени во потрагата по преживеани по ураганот „Мајкл“

Гувернерот на Флорида, Рик Скот изјави дека околу 1.700 лица се вклучени во мисијата за пронаоѓање и спасување на исчезнатите по ураганот „Мајкл“, и дека до сега се проверени околу 25.000 домови во Флорида.Исто така повеќе од 17.000 работници се на терен со цел повторно воспоставување на електричната енергија за повеќе од 245.000 домаќинства и фирми кој останаа без струја.Според медиумите, бројот на загинати од уграганот „Мајкл“ кој ги погоди Флорида, Вирџинија, Северна Каролина и Џорџија порасна на 18, но се очекува истиот да се зголеми.

Свет | пред 7 години

7 год.
erodrom

Доцни отворањето на истанбулскиот аеродром

Новиот истанбулски аеродром нема да биде отворен до крајот на годинава, изјави директорот на аеродромот Кадри Самсунлу.Првично беше планирано аеродромот, чиј капацитет би требало да биде околу 90 милиони патници годишно, да биде отворен на 29 октомври, на денот на прогласувањето на Турската република.Самсунлу рече дека тој ден аеродромот само делумно ќе биде отворен.– Големото преселување од аеродромот „Ататурк“ го одложивме за 31 декември, рече Самсунлу.

Свет | пред 7 години

7 год.
74d9e2a884ab72b36054e1d824bb4d0a_XL

Промоција на донаторската акција „Нахрани 10.000“

Претставници на мрежата „Сите сити“ денс ќе се одржат прес-конференција на која ќе ги повикаат граѓаните и бизнисите да им се приклучат во најголемата донаторска акцијата- „Нахрани 10.000“, којашто ќе се одржи по повод Светскиот ден за борба против гладта- 16-ти октомври.Жителите на Скопје, Битола, Куманово, Прилеп, Струмица, Радовиш, Кочани и Виница, може да донираат храна од 10 до 19 часот на 32 локации.Организаторите информираат дека оваа акцијата се организира поради статистиката која покажува дека во Македонија, 445,099 граѓани имаат проблем да си обезбедат храна или во просек имаат по еден оброк дневно. Од друга страна, годишно во Македонија се фрлаат десетици илјади тони храна. Со намалувањето на количеството отпад од храна и дистрибуцијата на вишокот храна на луѓето на коишто им е потребна, Македонија може да го намали проблемот со гладот и сиромаштијата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
519500-milena-dravikj-e-teshko-bolna

Почина Милена Дравиќ

Ноќеска во Белград на 79 година од животот, почина легендарната српска и југословенска глумица Милена Дравиќ, после долга и тешка болест.Дравиќ починала во Клинички центар на Бежаниска коса, каде се наоѓала на лекување.Има одиграно дваесетина театарски улоги во претстави од различни продукции, а некои од нив се повеќе пати наградувани и играни по повеќе од 15 години. Според некои податоци таа има глумено во 150 филмски или телевизиски улоги.Милена Дравиќ и Драган Николиќ беа во брак четири и пол децении  и беа еден од најомилените глумечки парови на просторите на поранешна Југославија. Драган Николиќ почина на 12 март 2016 година.

Магазин | пред 7 години

7 год.
tura

Едукативна тура низ отоманското наследство на Скопје

Центарот за научни истражувања „ХАЕМУС“ од Скопје ја истражува Македонија во рамки на кампањата „Дестинација Македонија“! Дел од активностите се: едукативна тура низ „Отоманското наследство на Скопје“ која ќе се одржи на 14 октомври, едукативна тура низ „Палатите на старо Скопје“ на 21 октомври и едукативната тура „По стапките на древните Римјани“ закажана на 28 октомври.Сите тури се осмислени со цел учесниците да поминат низ искуство, знаење, интеракција и секако многу забава додека го запознаваат културното наследство на Република Македонија.,,Турите кои ги организира „ХАЕМУС“ се необични и ретко може да се најдат на пазарот, бидејќи се создадени на тој начин додека трае прошетката да бидат во активна интеракција со учесниците. Посетителите се едуцираат, но и споделуваат знаење и информации за локациите кои се посетуваат, покрај кои поминуваат катадневно, а сепак многу малку знаат за нивното пошироко антрополошко значење”, изјави Василка Димитровска, директор на „ХАЕМУС“.Целта на eдукативните тури на „ХАЕМУС“ е промоција и популаризација на богатото културно-историско наследство на Република Македонија од различни периоди.Настаните се организираат под мотото на УНЕСКО за Отворени Едукативни Ресурси (ОЕР), а во рамките на Европската година на културното наследство. Дел од турите се поддржани со логистика од град Скопје, а за сите учесници се обезбедени обемни печатени водичи во издание на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.

Скопје | пред 7 години

7 год.
94-_45244979442_o

Владата донесе одлука да достави Предлог за ребаланс на Буџетот за 2018 година

Владата на Република Македонија, на 94-та вонредна седница, што ја одржа вечерва, го разгледа и усвои Предлогот за изменување и дополнување на буџетот на Република Македонија за 2018 година.Оваа одлука Владата на РМ ја донесе врз основа на фискалните движења кои ја создадоа потреба од минимално прилагодување на Буџетот на Република Македонија за 2018 година, како на приходната, така и на расходната страна на Буџетот.Вкупните приходи со измените и дополнувањата на Буџетот на Република Македонија за 2018 година се планирани на ниво од 192,5 милијарди денари, додека вкупните расходи се утврдени на износ од 210,5 милијарди денари. Во овие рамки на планирани приходи и расходи, дефицитот е незначително понизок (18,1 наспроти иницијално планираните 18,2 милијарди денари). Притоа, во однос на БДП, буџетскиот дефицит е непроменет и изнесува 2,7% од БДП.Со измените и дополнувањата на Буџетот на Република Македонија за 2018 година што ги предлага Владата на РМ да бидат усвоени од страна на Собранието на РМ, извршено е ревидирање на приходната страна на Буџетот на Република Македонија за 2018 година за незначителни 0,5% надолу, односно за 1 милијарда денари.На оваа седница Владата на РМ констатираше дека, во услови на непроменети приходи на основниот буџет, ревидирањето на иницијално планираните проекции кај приходната страна на Буџетот на Република Македонија е резултат на:- Намалување на приходите кои буџетските корисници ги остваруваат на сопствените сметки.- Согласно остварувањето во деветте месеци од годината, благ пораст на социјалните придонеси, во однос на иницијално буџетираните од околу 1,5%, односно истите се ревидирани на ниво од 56,2 милијарди денари.Имајќи го тоа предвид, Владата на РМ на седницата за ребаланс на буџетот го усвои предлогот  на Министерството за финансии, расходната страна на Буџетот на Република Македонија за 2018 година да се коригира надолу за 1,2 милијарди денари, односно за 0,5%, при што извршени се следните позначајни измени:- Реалокација на средства помеѓу буџетските корисници;- Намалување на одредени позиции кај капиталните расходи на буџетските корисници кај кои е евидентирана забавена динамика на реализација, воглавно кај проекти финансирани со кредити;- Намалување на каматните расходи за 897 милиони денари;- Зајакнување на фискалниот капацитет на општините;- Алоцирање на дополнителни средства во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, со цел непречена исплата на пензиите и транзициските трошоци за вториот пензиски столб, обезбедување на дополнителни средства во Фондот за здравствено осигурување со целн непречено остварување на право на здравствена заштита и боледувања, како и дополнителни средства за Агенцијата за вработување на Република Македонија за исплата на надоместокот по основ на невработеност.Постапката за измени и дополнувања на Буџетот за 2018 година, Владата на РМ ја иницира во овој период за да се запазат роковите согласно законската регулатива за негово усвојување во Собранието на РМ до 15 ноември, во случај доколку не се донесе одлука за одржување на предвремени избори.

Македонија | пред 7 години

7 год.
branson

Брансон на средба со Трамп во Белата куќа

Американскиот свештеник Ендрју Брансон, веднаш по ослободувањето од турскиот затвор, вчера пристигна во Белата куќа, каде се сретна со претседателот Доналд Трамп.Како што пренесуваат светските медиуми, Брансон му рекол на Трамп дека се моли за него да добие „натприродна мудрост“. – Навистина се боревте за нас, му рече Брансон на Трамп.Кога Трамп ја прашал неговата сопруга Норин за кого гласал на претседателските избори во 2016 година, Брансон, кој во октомври таа година беше приведен во Турција, на шега одговорил дека не можел да гласа од притвор.Трамп рече дека се водени „долги и тешки разговори за ослободувањето на Брансон“.Американскиот претседател Доналд Трамп вчера му се заблагодари на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за соработката за негово ослободување.– Ослободувањето на Брансон ќе доведе до „добри, можеби и прекрасни“ американско-турски односи, напиша Трамп и повтори дека нема договор за укинување на санкциите против Турција и покрај ослободувањето на свештеникот.Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека судот донел независно решение за ослободување на американскиот пастор Ендрју Брансон.– Почитуван господине претседател, како што секогаш сум посочувал, турскиот суд ја донесе одлуката самостојно, напиша Ердоган на Твитер, како одговор на претходно објавениот твит на американскиот претседател Доналд Трамп.Турски суд завчера донесе одлука да го осуди на тригодишна затворска казна американскиот пастор Ендрју Брансон, но судијата ги укина сите судски контроли – вклучувајќи ја и забраната за патување – што му овозможи веднаш да ја напушти Турција. Нему казната му е намалена поради добро однесување, а и со оглед на тоа дека веќе отслужил две години од казната, сметајќи го времето во притвор.За Турција, уапсениот американски свештеник е шпион кој се обидел да ја собори Владата за време на обидот за државен удар од 2016 година. Но, за американските официјални лица, Брaнсон е невин христијански семеен човек, кој е погрешно задржан.Брансон (50) е роден во Северна Каролина и евангелистички презвитериjански свештеник кој работел во Измир, каде што бил пастoр во црквата Воскресение. Тој живее во Турција повеќе од 23 години, со сопругата и трите деца.

Свет | пред 7 години

7 год.
IMG_5146

Меморијален планинарски марш на Кожуф посветен на Димитар Кангов

Денес во организација на Планинарското друштво „Кожуф“ од Гевгелија ќе се одржи меморијален планински марш во чест и сеќавање на својот долгогодишен член Димитар Кангов. Тој ненадејно починал во 2004 година при искачување на врвот Џена, кој се наоѓа на грчка страна на планината Кожу.Меморијалот, ќе се изведе со искачување на највисокиот врв на Кожуф Планина, Зелен брег кој е висок 2.166 метри и се наоѓа на македонска територија, и истиот е оддалечен само стотина метри од местото каде Кангов загинал.Меморијалниот марш ќе започне од месноста Аџибарица во 8 часот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
e6d47667d956a12d62fbe9a45b490ab0_w768

Од утре започнува грејната сезона во Скопје

Граѓаните и фирмите во Скопје кои се поврзани на централниот систем на топлинска енергија, од утре, 15 октомври 2018 година, ќе почнат да добиваат топлинска енергија, сѐ до 15 април 2019, кога трае регулираниот период за редовна испорака.Испораката на топлинска енергија се врши по строго утврдени правила во зависност од надворешните температури. Доколку надворешните температури се пониски во текот на регулираниот период се испорачува поголемо количество топлинска енергија и обратно, така што корисниците во своите домови ќе имаат температури не пониски од 20 + 1 степен Целзиусов.Годинава е забележан трендот за повторно приклучување и истиот се должи на високиот комфор што го добиваат потрошувачите, за најдобра цена, согласно сите еколошки стандарди. Исто така потрошувачите имаат и дополнителна поддршка преку услугата „Мој Сервис“. Стручните екипи на „Мој Сервис“ досега направиле преку 4000 интервенции. Најчести интервенции се приклучувања кон системот за централно греење, замена на грејни тела, интервенција на вертикалната инсталација во зградите , интервенција во ормарче, прочистување и увид  во внатрешната инсталација итн.За сите детали за испораката на топлинска енергија, потрошувачите може да се информираат на веб-страницата www.beg-snabduvanje.com.mk (Мрежни правила за дистрибуција на топлинска енергија Прилог 3), или да се обратат до Центарот за грижа за потрошувачи на телефонскиот број 02 3076 200 и на 075 400 100 или преку е-пошта на: contact@beg-snabduvanje.com.mk .

Скопје | пред 7 години

7 год.
43701079_956326614555544_8340827476674478080_o

Несекојдневна изложба на олдтајмери ќе се одржи денес во Скопје

Денес со почеток во 11:30 часот, во паркот кај Авиончето во општина Аеродром, ќе се организира настанот „Skopje Classic Day“ 2018. На овој настан ќе бидат претставени околу 50 луксузни и несекојдневни олдтајмери и 20-тина моторцикли.Исто така ќе има и околу 10-тина автомобили донесени од соседните држави, кои за првпат ќе бидат видени во Македонија. Возилата ќе бидат постари од 35 години што е услов за да се класифицираат како олдтајмери.Благоја Петровски и Игор Стефановски, кои се организатори на овој настан, ќе да ангажираат девојки облечени во соодветен аутфит, со цел да се добие целосен впечаток за временскиот период од кој потекнува возилото.Замислено е да има динамична и статична презентација на возилата со кратка приказна за возилото, a ќе биде доделена и награда за најдобра целосна презентација.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сончево со температурa до 27 степени

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе се движат од 18 до 27 степени.Во Скопје и околината слично време со температура до 24 степени.Во наредните денови продолжува периодот на сончево време со мала до умерена локална облачност. Утрата ќе бидат студени, а дневните температури  без позначителни промени и ќе се задржат малку над просекот за овој период од годината.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gruevski-sud-1-1021x580

ФОТО: Груевски ги повика граѓаните да одат со него на суд

“Во врска со изјавата на портпаролот на СДСМ поврзана со градбата на патиштата ја информирам јавноста дека во овој случај, ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата не сме обвинети за земање на провизии како што тврди тој”, пишува експремиерот Никола Груевски на социјалните мрежи.“Обвинението против мене е по истиот член 359 како во случајот за набавката на блиндираниот Мерцедес, влијание заради остварување корист.Во случајот за Мерцедесот, користа исто така не е некаква провизија, туку наводната корист била што покрај останатите гости од странство и јас сум сакал понекогаш да бидам превезуван со тоа возило, и со тоа сум остварил корист.Во случајот со патиштата користа за која СЈО ме терети е дека сум сакал со изградбата на патиштата како политичар да добијам политички поени од граѓаните пред парламентарните избори.Кој не верува во ова нека повели на рочиште во судот да му го покажам и да го прочита обвинението во оргинал. Судските рочиштата се отворени за сите граѓани”, додава тој.

Коментари | пред 7 години

7 год.
postenska-banka

СЈО згреши за „Поштенска банка“

СЈО информира дека е направена техничка грешка во текстот за новоотворената истрага под кодно име „Поштенска банка“ при што известува дека наредбата за спроведување на истражна постапка опфаќа повеќе поврзани настани за сторени кривични дела Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од КЗ и Перење пари и други приноси од казниво дело од член 273 од КЗ и со истата се опфатени девет лица.,,Во однос на застареноста на кривичното гонење за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од КЗ информираме дека застареност е настапена само во однос на лицата Љубчо Георгиевски, Марјан Ѓорчев и Никола Груевски, додека за лицата Томе Главчев и Ратко Димитровски, согласно наредбата за спроведување истражна постапка, на товар им се става сторување на кривични дела Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од КЗ и Перење пари и други приноси од казниво дело од член 273 од Кривичниот законик на РМ”, информира СЈО.

пред 7 години

7 год.
HIGIENA3

ФОТО: Државната болница претворена во депонија

Во најголемата болница во државава тешко е да се влезе или да се излезе со автомобил, со тешкотии влегуваат и амбулантните возила, пишува Здравство24.мк.Но уште поголем проблем претставуваат и преполнетите канти со отпад и дивите депонии низ целата клиника кои станаа сврталишта на мачки и кучиња скитници. Бездомните животни си зазедоа територија, а кучињата постојано се потенцијална опасност некој пациент да биде нападнат.Хигиената изминатиов период се чини дека беше најголемата болка на клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и, што е најтрагично, лекот уште не е пронајден.Од Министерството за здравство за проблемот со ѓубрето на Клиничкиот центар велат бараат системско решение за континуирано одржување на хигиената во рамките на клиничкиот комплекс.И додека Филипче ветува дека ќе го реши проблемот, пациентите се дават во ѓубре секојдневно. На оваа тема незадоволните граѓани по социјалните мрежи го искажуваат својот револт и бараат одговорност од министерот, на кој се му изгледа убаво и розово од својата фотелја, стои во текстот на порталот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
18DD8705-E611-47E2-B824-5187C98C5E7F

Богоевски: Ги повикувам сите пратеници, особено оние од ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат амандманите

"Со тоа што Собранието преку Комисија за уставни прашања ги поддржа уставните амандмани со тоа отворен е патот, на пленарна седница пратениците да донесат сопствена одлука за ова историско, важно прашање", вели Богоевски"Ги повикувам сите пратеници, особено оние од ВМРО-ДПМНЕ, да се одважат и да ги поддржат овие амандмани со што ќе ја обезбедат евроатланската иднина на нашата држава.Ние во минатото сме имале најразлични мислења и полемики, сме имале различни дебати и расправи, но секогаш сме имале обединет и заеднички став по ова важно, значајно и историско прашање. Сега е приликата тоа да го покажеме на дело и заедно да го обезбедиме патот кон ЕУ и НАТО", изјави тој.Според него, волјата на мнозинството е кристално јасна. Повеќе од 90 отсто од граѓаните што излегле на референдумот ја дале својата поддршка за тоа Македонија да биде дел од ЕУ и НАТО. А со уставните амандмани се потврдува дека не се губи ништо. Напротив, се утврдува идентитетот и се обезбедува негова гаранција, сега и во иднина."Се утврдува и неповредливоста на нашите граници и се зацврстува историскиот континуитет на државноста.Како пратеници исправени сме пред сериозна одлука, и да ги поддржат уставните амандмани на оваа пленарна седница во Собранието", додава тој.

Македонија | пред 7 години

7 год.
20216-ne-se-plashite-od-zakani-i-uceni-vo-nedela-bidete-spojni-i-vo-mir-razmislete-dali-vi-se

Јанева и Заев нема да ме исплашат

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев ги отфрла сомнежите на Специјалното јавно обвинителство за незаконска набавка на кинеските автобуси. Во изјава за „Независен весник“, тој тврди дека новите истраги на Катица Јанева се дел од политичките притисоци и прогонот што го приредува власта.„Ова е и начин да се прикријат реалните афери и криминали на врхушката на власт, како на пример: полнењето кутии и криминалот за време на референдумот, криминалните милионски иновации, тендерите во четири очи во здравството, тендерите од 650.000 евра за цвеќиња или оној трагикомичен од 1.5 милиони евра за лубриканти што ги набавува владата. Ако навистина на власта и е до борба со криминалот, немаше да го отфрли предлогот за независно обвинителско тело кое ќе ги работи случаите почнати од СЈО, но и сите други за криминал направени од оваа влада. Јасно е дека владата и Заев од противник на криминалот се става во улога на негов заштитник. Нас тоа нема да не исплаши, туку не мотивира во борбата против оваа влада и нејзините катастрофално владеење без резултати“, вели Јанушев.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Силен земјотрес во Тихиот океан

Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтер е регистриран во Тихиот океан, на оддалеченост од 282 километри северозападн од Курилските острови.Засега нема информации за настрадани или штети, ниту пак е издаден предупредување за цунами.Епицентарот на земјотрест бил на длабочина од 470 километри.

Свет | пред 7 години

7 год.
1213655_pens-ap-190401_ls

Пенс до Заев: Ја имате мојата поддршка во овој важен момент за земјата

Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајкл Пенс испрати писмо до Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев.Во писмото, Потпретседателот Пенс пишува дека беше чест да се сретне со премиерот Заев на 20 септември во Белата Куќа во Вашингтон и дека ја цени можноста заеднички да разговараат за спроведувањето на историскиот договор од Преспа со Република Грција.Во своето писмо Потпретседателот Пенс ја истакнува неговата благодарност за покажаното лидерство во постигнувањето на договорот и нагласува дека 90 отсто од оние што гласаа на референдумот го одобрија Договорот од Преспа, и со тоа ја потврдија огромната посветеност европската иднина на Република Македонија.„Соединетите Американски Држави ја споделуваат вашата посветеност за поголема сигурност и стабилност на регионот. Бидете уверени во мојата континуирана поддршка во овој важен момент за вашата земја“, пишува Потпретседателот на САД во своето писмо до премиерот Заев, и истакнува дека во наредниот период очекува натамошно јакнење на пријателството меѓу двете земји.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ljubco_georgievski

Георгиевски: Немам ништо со ,,Поштенска банка”, од обвинетите ни пиво се немам напиено

Во врска со најновата истрага која ја отвори СЈО под името „Поштенска банка“, поранешниот премиер Љубчо Георгиевски објави реакција на својот Фејсбук профил.https://www.facebook.com/ljgeorgievski/posts/10156516687638758?__xts__[0]=68.ARADD9ivGSmEiM-QcanzPJW4YFBJ9i2m456v6tO_m3e7J13loiDsZ69cxDuTzvRVdP42Dc4kgUp0lHLif6V4shlimIV2Bc3VqBcveIEnAtsnqytiQ4p3yLSzOfBQUbwFjlpb7FgD_c06iTbs-KiXlEoVr6Cd6uqaZnEldoKnz6BjUN5vlmH3zqY&__tn__=-R,,Пред неполна година бев повикан во СЈО каде ми беше презентирана бомба- разговор на Томица Главчев со висок функционер на власта од кој барајќи одредени услуги го спомнува и Никола Груевски во контекст на неговата банка. Односно дека Груевски во првата влада побарал од него да учествува во приватизацијата на Поштенска Банка. Кога бил викнат во СЈО ја сменил изјавата па рекол Дека во кабинетот на Георгиевски како премиер бил повикан тој а јас, Никола Груевски и Марјан Ѓорчев имаме побарано од него да учествува во приватизацијата. Откако енергично негирав дека никогаш немало таков разговор тој пак ја сменил изјавата дека тој сам бил повикан од мене и таму имало неколку советници од владата. При што понудив да му ги покажат сликите од советниците затоа што имав само девет и лесно ке ги препознае”, пишува Георгиевски.Тој додадава дека сите други обвинети доблесно негирале дека никогаш со него не воделе разговор за приватизацијата на Поштенска Банка.,,И тогаш пред СЈО и сега пред јавноста недвосмислено изјавувам дека немам ништо со приватизацијата со Поштенска банка а уште помалку со второто дело за кое ги товарат.Се работи за јасни постапки на приватни бизнисмени каде што целиот интерес профит е за нивните фирми. Од сите обвинети личности во животот едно пиво се немам напиено.Жал ми е што и покрај тоа што во СЈО самите ми потврдија дека Томица Главчев три пати ја сменил изјавата повторно решиле да го извалкаат моето име”, додава Георгиевски.Станува збор за финансиска истрага, во која три од осомничените девет лица се приведени пред судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1. Според СЈО, за Љубчо Георгиевски, Марјан Ѓорчев, Никола Груевски, Томе Главчев и Ратко Димитровски, настапила застареност на кривичното гонење за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување.

Македонија | пред 7 години

7 год.
43723215_10212839101392694_6035299116764889088_o

Еден загинат во тешката сообраќајка кај Млечен ресторан

Возач на мотор загина, а сопатничката се бори за живот по сообраќајката во Капиштец која се случи вчера околу 16 часот на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје.Во сообраќајката учествуваа возило „цитроен крузер“ управувано од В.Ч.(61) од Скопје и моторцикл „дукати“ управувано од Г.Д.(32) од Тетово.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мотоциклот и сопатникот Н.Д.(31) од Тетово. Со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош. Околу 17.30 часот, возачот им подлегнал на повредите, додека сопатничката е задржана на лекување и се наоѓа во животна опасност. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Костадинов: Врвот на ВМРО-ДПМНЕ да не се обидува да бара амнестија за Груевски

„Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да престанат со одбрана на криминалот на режимот и да се посветат на иднината на државата и на сите нејзини граѓани. Овие денови, преку презентираните докази во судските постапки, за еден од случаите поврзани со зделките за автопатиштата, целата јавност има увид како поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ безмилосно ги кршело законите. На штета на граѓаните и само заради лично богатење, бил заобиколен законот за јавни набавки, а штета врз буџетот со директниот договор, како што е соопштено, со една кинеска фирма, е над 155 милиони евра“, вели Костадинов.Според него, резултатите од криминалното однесување на тогашното раководство и министрите од ВМРО-ДПМНЕ не се само незаконските провизии. Граѓаните се сведоци дека биле промашени трасите, не биле соодветно предвидени и планирани тунели, свлечишта, клучки и низа други грешки, како на пример на автопатот Кичево-Охрид, што повлече дополнителни средства на граѓаните за санирање на штетите.„Владата предводена од СДСМ ги решава проблемите наследени од партијата на Никола Груевски и Христијан Мицкоски. Денес се гради по план, законски, транспарентно и се е на увид на јавноста. Интензивно се санира кастрофата што ја остави ВМРО ДПМНЕ, се обновува патната инфраструктура ширум Македонија и се работи во интерес на граѓаните. Амнестија за криминал нема и не смее да има. Во интерес на граѓаните, раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да престане да го брани криминалот на Никола Груевски и да даде поддршка на процесот во собранието што води во НАТО и ЕУ,“ изјави тој.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања