Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најстудено во Берово и Попова Шапка, 66 сантиметри снег на Шара

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-librarynnr37fnr4bdp0HrLaJt

Утрото во земјава донесе ниски температури, при што најстудено беше во Берово и на Попова Шапка со -1 степен. Нула степени се измерени во Крива Паланка, 1 степен во Маврови Анови, а 2 степени во Лазарополе и Крушево.

— реклама —

Во останатите делови од земјата минималните температури се движеа од 4 степени во Виница, 5 во Битола и Претор, 6 во Прилеп и Кавадарци, до 9 степени во Демир Капија и Гевгелија.

— реклама —

Во изминатите 24 часа најмногу врнежи се измерени на Попова Шапка – 4 литри на метар квадратен, 3 во Маврови Анови, 2 во Пожаране и по 1 литар во Скопје-Зајчев Рид, Струмица и Берово. На Попова Шапка има и најмногу снежна покривка, која изнесува 66 сантиметри.

— реклама —

Денеска времето ќе биде променливо облачно, претпладне на повеќе места со слаб локален дожд. Во попладневните часови се очекува постепено намалување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а максималната температура ќе се движи од 11 до 16 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време. Претпладне во делови од котлината е можен слаб дожд, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, а дневната температура ќе достигне до 15 степени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryv2n47u6bki0g29Og27B

Попова Шапка најстудена утринава, температурите под нулата во повеќе градови

Македонија | пред 16 часа

dozd-1

Променливо облачно време со дожд и снег на планините

Македонија | пред 2 дена

media-library9qtpdb95l7f931bX0LS

Променливо облачно време со врнежи, најмногу дожд во источните делови

Македонија | пред 3 дена

3-1

Најниска температура денеска е измерена на Попова Шапка со -3°C

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања