Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Напад од ВМРО-ДПМНЕ: Приоритет на Филипче нека биде СДС, не избори во странство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-libraryg9188ctes36g6QyiB6H

ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција упати серија обвинувања кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, повикувајќи го да се огради од поранешниот премиер Зоран Заев.

Од партијата наведуваат дека Филипче и актуелното раководство на СДС треба „конечно да се дистанцираат“ од Заев и, како што тврдат, од негови „сомнителни бизнис партнери“. Во соопштението се споменуваат имиња како Миодраг Дака Давидовиќ, Александар Онишченко и Борче Марковски.

— реклама —

Како еден од случаите за кои бараат одговори, од ВМРО-ДПМНЕ ја посочуваат наводната „зделка Заев–Дака“, поврзана со урбанистички план во Тетово од 2020 година, за кој тврдат дека овозможил заработка од околу 200 милиони евра. Партијата прашува дали бил договорен процент од продажбата на становите.

Во реакцијата, Филипче е наречен „чувар на фотелјата“, а СДС е оценет како партија која е „втурната во жива кал“ и која бележи пад на изборните резултати.

— реклама —

„Приоритет број еден на Филипче треба да биде да ја стави партијата на здрави нозе, наместо да се занимава со избори во други држави“, се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека, доколку Филипче продолжи со, како што велат, „приказната на Заев“, СДС може да се соочи со дополнително слабеење на политичката сцена, при што повикуваат надлежните институции да ги истражат сите сомнежи за криминал.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryg0o62t6ufrm1fsCBLK2

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryb766v9mr1t78dpbpJfe

ВМРО-ДПМНЕ: Обидите за дискредитација нема да ја промени реалноста дека СДС се соочува со сопствениот политички крај, а ВМРО-ДПМНЕ ја гради иднината

Македонија | пред 13 часа

Screenshot-2024-12-11-202144

Стојаноска: „Ќе видиме кој навистина е за, а кој блефира околу двојното државјанство“

Македонија | пред 18 часа

media-libraryhrf77p58a3h8cbk83Qn

ВМРО-ДПМНЕ: Димитријевиќ се сретнал со Ружиќ – СДС работи со српската опозиција

Македонија | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања