Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Насилниците нема да носат електронска нараквица, жртвите нема да бидат предупредувани - не поминаа измените на законот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarys91catcl83t22eps8wT

Предлог-законот за дополнување на Законот за спречување на насилство врз жени, кој предвидува воведување електронски нараквици за следење на сторителите, не се најде на дневниот ред на Собранието, откако не доби поддршка од мнозинството пратеници.

Од вкупно 94 присутни пратеници, само 27 гласаа „за“, додека немаше ниту еден глас „против“ или „воздржан“.

— реклама —

Пратеничката Моника Зајкова од ЛДП, една од предлагачите, изјави дека станува збор за идентичен законски текст кој бил предложен и пред една година, но тогаш бил одбиен без образложение.

„Овој закон предвидува воведување електронска нараквица за сторителите на насилство, која ќе ја предупредува жртвата доколку сторителот се приближи до нејзината локација. Можеби ако беше усвоен пред една година, ќе значеше едно женско име помалку во црната статистика“, рече Зајкова.

— реклама —

Таа нагласи дека предлогот е поднесен по скратена постапка и има превентивна цел, како одговор на зголемените случаи на насилство врз жени во изминатиот период.

Според неа, законот нема финансиски импликации, бидејќи вакви уреди веќе постојат во рамки на системот за пробација при Министерството за правда и можат да се стават во функција.

„Да ја исправиме грешката од пред една година. Во спротивно, ќе бидеме соучесници, бидејќи не сме превенирале и не сме направиле ништо“, додаде Зајкова.

Собранискиот спикер Африм Гаши констатираше дека предлогот не е усвоен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2usa516otu319IXcNE8

Собранието ја помина првата фаза за укинување на техничката влада со 67 гласови „за“

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
275715101_420339626528230_744779867548015241_n

Ќе има обид да се укине преодната техничка Влада, СДСМ алармира за „шверцерски“ закон

Македонија | пред 21 час

media-library0b8c6746947deE9ySDv

Предлог-закон: Пратеник да може да има само македонско државјанство

Македонија | пред 1 ден

media-librarymqsd4segr0igbhf1sDO

Во Собранието презентирани извештаите на Транспортната заедница за 2025 година

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања