Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Насилство во училишта и агресија врз полиција - што се случуваше вчера во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
DSC_0052

Министерството за внатрешни работи информира за повеќе пријавени случаи на физичко насилство и нарушување на јавниот ред и мир регистрирани во текот на 4 декември во Скопје и околината.

— реклама —

Според МВР, во 15 часот во СВР Скопје, 39-годишна скопјанка пријавила дека на 25 ноември, во семејниот дом во општина Аеродром, нивната 15-годишна ќерка била физички нападната од нејзиниот сопруг Д.К. (43), кој, според пријавата, употребил и тврд предмет. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

— реклама —

Истото попладне, во 19:40 часот, 30-годишен маж од Пробиштип пријавил дека бил физички нападнат во Гази Баба од 66-годишниот Ј.И. од Скопје. По документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

— реклама —

Во уште два одвоени случаи, родители пријавиле физички напади врз нивни малолетни деца во основни училишта. Во Шуто Оризари, мајка пријавила дека нејзиниот деветгодишен син бил нападнат од баба на негов соученик. Во Карпош, 43-годишна жена пријавила дека нејзината малолетна ќерка била нападната од ученик од истото училиште. За двата случаи се преземаат мерки за понатамошно расчистување.

Во 21:55 часот, полициски службеници од СВР Скопје привеле 43-годишна жена од селото Мршевци на подрачјето на Ѓорче Петров, поради агресивно однесување кон полицајците кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarypou2rd2qm2tv74ME7sP

Денес во Скопје: Посебен сообраќаен режим поради посетата на Милатовиќ

Скопје | пред 10 минути

falsifikt-evra

Лажни повици за „операции“: разбиена измамничка шема, жртви се повозрасни лица

Македонија | пред 15 часа

pari-evra-policija

На бизарен начин, велешанец остана без 4.000 евра

Македонија | пред 17 часа

media-librarysr1usvthm85l4RGDkwz

Напад врз полицаец во Шутка: Приведен скопјанец откако оштетил полициско возило

Македонија | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања