Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Наставниците да се водат од интересите на децата, ВМРО-ДПМНЕ да престане со партизација на штрајкот, порача Шкријељ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
sanela-2

„Јасна е потребата од достоинствено вреднување на трудот на наставниците, но најдобриот интерес на учениците е и треба да продолжи да биде врвен приоритет, особено сега дури и во услови на ковид пандемија, кога се обезбеди континуитет во наставата“, вели Санела Шкријељ, пратеничка на СДСМ.

— реклама —

Таа додава:

— реклама —

„Правото на образование е Уставно загарантирано право на секое дете. Затоа ги повикувам наставниците интересот на децата да го стават на прво место. Голем број на родители денеска се обидуваат да се организираат за денешниот ден заедно со своите деца, поради штрајкот на наставниците.

— реклама —

Би напоменала дека Владата предводена од СДСМ и коалиционите партнери секогаш имала и има слух за образовниот кадар и воспитувачите. Во образованието со методолошки пристап, во изминатите 3 години во три наврати СДСМ ги зголеми личните приходи на наставниците за над 21%.

Платите на вработените во градинките се зголемија за повеќе од 21% што во просек значи покачување од 4.300 денари за негувателки до 5.700 денари за воспитувачките, што е историски најголемо покачување до сега за овој кадар.

Исто така, за прв пат во образованието се воведе кариерен напредок на наставниците кој подразбира стекнување на дополнителен паричен надомест.

Со растот на минималната плата следува усогласување на сите плати, согласно членот 8-А од Законот за минимална плата.

Во исто време кога опозициската ВМРО-ДПМНЕ цела година го блокира Законот за наставници и стручни соработници, кој обезбедува, меѓу другото и поголеми плати.

Бараме од ВМРO-ДПМНЕ да прекине со политизација на штрајкот на СОНК, тоа е на штета на наставниците и на учениците.

Toa e последната партија којашто може да зборува нешто за образование или плати на наставници.

Убедени сме дека решенијата се возможни само преку социјален дијалог на синдикатите и надлежните институции.

Не со условувања туку со дијалог.

Заеднички да обезбедат одржливи и системски решенија во врска со зголемувањето на платите на наставниците и подобрување на нивниот економско-социјален статус“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 7 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 11 час

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања