Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Не бегам нека постапат по пријавата, ако нема одговорност ќе чекам Левица да се извинат оти може да има и спротивна пријава, вели Мицкоски за кривичната

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
Untitled-1

Премиерот Христијан Мицкоски очекува извинување од Левица, ако Обвинителството не утврди одговорност кај него дека ги прекршил законите, а по обвинувањата кои ги доби дека правел пазар со обвинителот Љупчо Коцевски.

— реклама —

„Јас го повикувам Обивнителството да се произнесе по пријавата и ако постои такво кривично дело, да постапи по истата. Јас не се кријам и не бегам. Ако сум го прекршил законот, спремен сум да одговарам пред граѓаните. Да не чекаат ниту една минута. Прашањето има повеќе политика отколку право. Ако нема моја кривична одговорност, очекувам правниците во Левица да се извинат. Зошто може да има спротивна кривична пријава, за лажно пријавување и клевета“, рече Мицкоски.

— реклама —

Претходно:

— реклама —

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев со пратениците поднесоа кривична против Мицкоски: Поради политички договор за предметот за Кочани, Коцевски не е разрешен

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев кажа дека поднеле кривична пријава против премиерот Христијан Мицкоски, бидејќи сметаат дека тој ја попречува правдата кога во прашање е случајот за пожарот во Кочани. Според нив, гледаат судир на интереси помеѓу републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски и Мицкоски, бидејќи иако започнала постапката за разрешување, таа е стопирана. Според Левица, за возврат, Коцевски не ги гони функционерите од ВМРО-ДПМНЕ, за кои, тие сметаат дека имаат вина.„Сите седуммина мораше да бидат опфатени во истрагата. Сметаме дека нудењето корист е прво овие вмровски функционери да не бидат опфатени, некои му биле советници на Панче Тошковски и имале шеми за испомпување на пари од МВР. Договорот е да му го продолжат мандатот, а овие да го заштитат од кривичен прогон. Обвинението е криво поставено“, рече Апасиев.Тој замерува што никој не е обвинет за корупција. Посочува дека како доказ предложиле и распит на премиерот.„Се надеваме дека ќе смогне Обвинителството сили да го викне на распит“, додаде тој.Потоа, тој објасни дека го пријавиле премиерот и за оддавање на службена тајна.„Имаме обезбедено писмени докази“, посочи Апасиев.

Македонија | пред 10 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 5 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 9 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 16 часа

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања