Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

„Не сум диктатор“ – Вучиќ остро на новинари од австриската делегација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
490506140_1221633092883168_4859003472972009158_n

Србија и Австрија ќе ја зајакнуваат соработката во сите области, особено во економијата, изјавија српскиот претседател Александар Вучиќ и австрискиот канцелар Кристијан Штокер по денешните разговори во Белград.

— реклама —

Штокер, кој претходно престојуваше во Подгорица, во рамки на својата регионална турнеја за првпат го посети Белград. Таму имаше одвоени средби со премиерот Ѓуро Мацута и со претседателот Вучиќ.

— реклама —

Вучиќ го пофали гостинoт, нагласувајќи дека Белград „на патот кон ЕУ секогаш добива помош од Виена“, а Штокер возврати дека „Србија е важен трговски партнер на Австрија и треба да стане дел од ЕУ“.

— реклама —

Сепак, првите прашања од австриските новинари за повеќемесечните протести против корупцијата и застојот во евроинтеграциите го извадија Вучиќ од такт.

„Не сум диктатор, како што ме претставувате“, одговори остро двапати, пренесува Nova.rs.

Канцеларот Штокер подоцна призна дека бил изненаден од реакцијата на Вучиќ. „Му реков дека и јас секојдневно се соочувам со критички прашања. Тоа мора да се издржи. Тоа е слобода на медиумите“, изјави тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ: Разговарав со Путин, добивме поевтин гас и го информирав за „сојузот меѓу Загреб, Приштина и Тирана“

Свет | пред 10 часа

media-librarytdjc4885eie333kQMVZ

Вучиќ прогласи победа „10-0“: СНС освои во сите општини

Свет | пред 16 часа

media-library4dngb41tvd1q3Cw2dvI

Инциденти и обвинувања на изборите во Србија: Две различни слики од теренот

Свет | пред 1 ден

vucic-brnabic

Брнабиќ ја обвини опозицијата: „Не бараат избори за демократија, туку за конфликти“

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања