Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

„Нема да бидат мигранти, туку економски работници“ – СДСМ обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ подготвува модел за прием на странци под нов статус

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library73pbbms5j3bm9ugWWcC

СДСМ реагира дека ВМРО-ДПМНЕ наводно планира да воведе нова категорија на странци во земјата под името „економски работници“, со што, како што тврдат, би се прикрил вистинскиот карактер на наводната размена „мигранти за пари“. Според СДСМ, ова е причината зошто опозициската партија одбива да ја поддржи Резолуцијата за прекин на процесите поврзани со примање мигранти.

— реклама —

Во реакцијата се наведува дека изјави од функционери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и Антонио Милошоски, укажувале на можност странците што би дошле во земјата да се водат како економски работници, а не како мигранти или азиланти. СДСМ тврди дека тоа значи дека за нив би се предвидувале работни места, сместување и долгорочен престој.

— реклама —

Како аргумент за своите сомнежи, СДСМ го посочува и интервјуто на Милошоски во кое тој вели дека „странските работници што доаѓаат преку дозволи и агенции немаат врска со азиланти“, што партијата го толкува како обид да се промени дефиницијата со која би се вовеле овие лица.

— реклама —

Дополнително, СДСМ тврди дека планот вклучувал и земање кредит, наведувајќи дека државата се соочува со финансиски дефицит, поради што, според нив, моделот би се реализирал по изборите во јуни 2026 година.

Од партијата предупредуваат дека ВМРО-ДПМНЕ „веќе бара редефинирање на терминот мигранти“, и додаваат дека затоа опозицијата одбива да ја потпише понудената Резолуција. СДСМ ја повторува пораката дека „борбата продолжува“ и дека, како што велат, нема да дозволат имплементација на ваков план.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 1 час

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 3 часа

media-libraryg16a1eca1pu85Xs2wiA

Кузеска: Предавникот Мицкоски сака децениска изолација за свои лични профити

Македонија | пред 6 часа

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 8 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања