Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Нема операции на Кардиохирургија, дали министерот за здравство работи за приватните клиники?, прашува СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
operacija-1

На денешната прес-конференција, претставничката на Комисијата за здравство на СДСМ, Елена Радеска, остро ја критикуваше состојбата во јавното здравство, оценувајќи ја како „катастрофална“.

— реклама —
— реклама —

„Неспособноста на власта создаде хаос во кој болниците остануваат без лекари, а пациентите сами се борат со својата мака. Недостигот на специјалисти е огромен проблем кој секојдневно се продлабочува“, изјави Радеска.

— реклама —

Според неа, Клиниката за кардиохирургија е во толку тешка состојба што поради недостиг на стручен кадар во моментов нема кој да извршува операции.

„Нема нови интервенции, нема надеж. Тоа го признава и актуелниот министер, но владата на ВМРО-ДПМНЕ нема решение“, рече Радеска, додавајќи дека пациентите се принудени да бараат спас во приватните болници или да чекаат привремено да пристигнат лекари од странство.

Како дополнителен пример за негрижа таа ја посочи и ситуацијата со факторите на коагулација.

„Наместо да се обезбеди рекомбинантен фактор VIII, тендерот пропадна. Сега се користат плазматски препарати од четврта генерација, што носи енормни трошоци, а пациентите живеат во страв дали воопшто ќе има терапија“, истакна Радеска.

Таа порача дека секое одложување, погрешна одлука или пропуштена шанса во здравството значи човечки животи и побара одговорност од надлежните.

„Граѓаните заслужуваат здравствен систем кој навистина се грижи за нив и за нивните семејства“, заврши Радеска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 5 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 10 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања