Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Нетанјаху го прифати повикот на Трамп за Одборот за мир за Газа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
netanjahu

Израел и Азербејџан потврдија дека го добиле и го прифатиле повикот на американскиот претседател Доналд Трамп да се приклучат на Одборот за мир за Газа, соопштија денеска официјални претставници на двете земји.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го прифати повикот на Трамп да се приклучи на оваа иницијатива, која, според најавите, би можела да биде проширена и за решавање на други меѓународни конфликти, објави кабинетот на Нетанјаху на социјалната мрежа Икс.

— реклама —

И Министерството за надворешни работи на Азербејџан соопшти дека земјата го прифатила повикот на Трамп за приклучување кон Одборот за мир.

„Азербејџан, како и секогаш, е подготвен активно да придонесе за меѓународната соработка, мирот и стабилноста“, се наведува во соопштението.

— реклама —

Азербејџан и Ерменија речиси четири децении беа во конфликт околу планинскиот регион Нагорно-Карабах, а минатиот август постигнаа мировен договор со посредство на Соединетите Американски Држави, по средба со Трамп во Белата куќа.

Вчера, кон Одборот за мир на Трамп се приклучи и ерменскиот премиер Никол Пашињан.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryauk52e2nvaoi6s7zbhP

Пакистан се залага за траен договор меѓу САД и Иран

Свет | пред 18 часа

— реклама —
media-libraryif1oq0r658kfdHOMwCP

Речиси милијарда долари иранска нафта ја заобиколила американската блокада

Свет | пред 20 часа

media-libraryotp04iork40b92aI4vG

САД трошат алармантно брзо ракети: Украина загрижена за одбраната

Свет | пред 20 часа

media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS

Зеленски: Американците одат во Москва, а го заобиколуваат Киев – тоа е непочитување

Свет | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања