Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Нетанјаху предупредува еден ден пред примирјето: „Наше право е да ја продолжиме војната во секое времe“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
netanjahu

Израел го задржува правото да ја продолжи војната против Хамас во секое време, со поддршка од САД, според условите на договорот за прекин на огнот што треба да стапи на сила во недела, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху во саботата навечер.

— реклама —

Во своето прво обраќање до нацијата откако беше договорен прекинот на огнот, тој рече дека Израел го задржува правото да ја продолжи борбата против Хамас „ако е потребно“, односно доколку пропаднат натамошните преговори.

— реклама —

„Како што ви ветив, го променивме лицето на Блискиот Исток и како резултат на тоа Хамас остана поразен и сам“, нагласи Нетанјаху.

— реклама —

Тој вети и дека ќе ги врати сите заложници кои се држат во Газа.

Тој рече дека 33 „браќа и сестри ќе се вратат дома“, повеќето од нив се уште се живи, поради „нашиот (израелски) цврст став“.

Египет, еден од посредниците во примирјето, во саботата рече дека Израел во првата фаза ќе ослободи 1.890 палестински затвореници во замена за 33 израелски заложници кои ги држеше Хамас.

Нетанјаху рече и дека договорот за прекин на огнот е постигнат благодарение на помошта на американскиот претседател Џо Бајден и новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

Израелскиот премиер претходно изјави дека Израел нема да продолжи со процесот за прекин на огнот додека не добие список од 33 заложници што треба да ги ослободи Хамас во првата фаза од договорот.

„Нема да продолжиме со договорот додека не добиеме список на заложници што треба да бидат ослободени, како што е договорено. Израел нема да толерира прекршување на договорот. Единствената одговорност е на Хамас“, рече Нетанјаху.

Според договорот за прекин на огнот, имињата треба да се достават најмалку 24 часа пред времето на размената, што беше во 16 часот по локално време или 15 часот по средноевропско време во саботата.

Според израелски извори, палестинската група Хамас се уште не ги именувала тројцата заложници кои треба да бидат ослободени во недела.

Шестнеделниот прекин на огнот треба да стапи на сила во недела, кога ќе се одржи првата од серијата размени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Нетанјаху побарал средба со кралот на Јордан, сите покани се одбиени

Свет | пред 6 часа

media-libraryu38oa7greq2telYjcyF

Ново вооружување: Десетици илјади гранати за израелската армија

Свет | пред 14 часа

media-library99mhdrsrno4s5BYH4zw

Нападат центар за итна помош во Либан, избувна голем пожар

Свет | пред 14 часа

izrael

Скандал за Цветници: Израелска полиција го запре влезот на кардиналот во свето место

Свет | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања