Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Нетанјаху: Војната нема да трае со години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
netanjahu

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека војната на САД и Израел против Иран би можела да потрае „одредено време“, но дека нема да трае со години.

— реклама —

Нетанјаху ја отфрли можноста конфликтот да трае со години, како што беше случај со некои претходни војни во регионот.

— реклама —

Реков дека може да биде брза и одлучна. Можеби ќе потрае извесно време, но нема да трае со години. Ова не е бесконечна војна“, изјави тој во емисијата „Hannity“ на телевизијата Fox News.

— реклама —

Израелскиот премиер додаде дека војната ја гледа како можност за траен мир на Блискиот Исток, вклучително и меѓу Израел и Саудиска Арабија.

Тој посочи дека заедничката воена кампања на САД и Израел создава услови иранскиот народ сам да ја смени својата влада.

Секако, на крајот е на народот на Иран да ја промени владата, но ние создаваме – Америка и Израел заедно создаваат – услови тоа да се случи“, изјави Нетанјаху.

Американскиот претседател Доналд Трамп првично процени дека војната ќе трае четири до пет недели, но додаде дека би можела да потрае и подолго, настојувајќи да ја оправда пошироката, временски неограничена кампања против Иран.

media-library7a6p6ihqqfokfxQdE20

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи засекогаш

По полноќ во Вашингтон, американскиот претседател Доналд Трамп објави порака на својата платформа Трут Соушал, во која порача дека САД располагаат со рекордни залихи муниција од среден и повисок дострел.Како што наведе, му било соопштено дека Соединетите Американски Држави имаат практично неограничени резерви од тоа вооружување.Војните можат да се водат засекогаш и многу успешно користејќи ги само тие залихи“, напиша Трамп.Тој го обвини својот претходник Џо Бајден (Joe Biden) дека потрошил стотици милијарди долари американски средства испраќајќи врвно оружје во Украина, без при тоа да ги обнови резервите. Трамп тврди дека за време на неговиот прв мандат ја обновил војската и дека тоа продолжува да го прави.Соединетите Американски Држави се добро снабдени и подготвени да извојуваат ГОЛЕМА ПОБЕДА“, заклучи тој.

Свет | пред 3 седмици

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Претседателот на Египет до Трамп: „Ве молам, запрете ја војната“

Свет | пред 6 часа

media-libraryoilhi33moenp3cStO1e

Стармер: Британија нема да испрати војници во Иран

Свет | пред 6 часа

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио со жестока порака до Иран: „Ова нема да се дозволи“

Македонија | пред 7 часа

media-libraryu2851kdd8n807FhzUcJ

Иран потврди смрт на важен командант

Свет | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања