Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Николоски: Бугарија работи на алтернативна пруга на Коридор 10 и затоа е важно ние што поскоро да изградиме брза пруга

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-28-6180PM

Пруга кон Бугарија е во интерес за Македонија, но со изградба ќе продолжиме откако ќе се ревидираат сите недостатоци со посредство на Европската Унија, истакна вчеравечер во емисијата “Топ Тема” на ТВ Телма, вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски.

— реклама —

Како што рече министерот Николоски, проектот има три главни недостатоци меѓу кои цената, изводливоста и тунелското решение.

— реклама —

„Во однос на цената договорена e ревизија помеѓу македонската страна, бугарската страна и Европската Унија. Да видиме како се дошло до овие суми и кој тие суми така ги предвидувал. Многу е добро што во ревизијата ќе учествува и Европската Унија и тие ќе видат многу работи и ќе ги извадиме сите работи во јавноста. Друга работа, кај се видело тунел да се гради до половина? Да,ќе градиме пруга кон Бугарија, но не по овој проект. Македонија е единствена во моментов која има активности на коридорот 8 во железничкиот сообраќај”, истакна министерот Николоски и додаде:

— реклама —

„Компанијата која што го има проектирано третиот дел од пругата кон Бугарија е истата компанија која што не ја заврши штипската болница и со која што сега Република Македонија е на арбитража. Затоа е многу добро што од Европската Унија се согласија да се прави ревизија на цената и на проектот”, истакна министерот Николоски.

Во однос на прашањето зошто во бугарска страна нема активности на проектот за изградба на пругата, министерот потенцираше дека Бугарија работи на алтернатива на коридорот 10 и поставување на Македонија во незавидна положба.

„Бугарија има приоритет да работи на алтернатива на коридорот 10 и тоа е најголемата битка која што се случува позади сцената во моментов бидејќи коридор 10 во Јужна Европа е најисплатлив коридор. Бугарија прави огромни притисоци да изработи алтернатива на коридор 10, односно од Ниш, наместо пругата да се спушта надолу кон Скопје и кон Солун, истата да оди источно кон Босилеград, а потоа по реката Струма да се спушта низ Бугарија и после тоа да се поврзува со Солун. Тоа е битката што позади завесата се случува во моментов. Доколку оваа битка се реализира, Македонија ќе стане слепо црево на Балканот. И затоа се нервозни, затоа што ние им ја разбиваме таа стратегија, со тоа што ставаме фокус на коридор кој што е економски најисплатлив и кој што најприроден, во исто време го градиме и коридор 8”, истакна министерот Николоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarym0m9gkp8hijf3mLUncV

Николоски: Бизнис форумот во Будимпешта отвора нови инвестициони можности

Македонија | пред 4 часа

media-library6p39a315gen96uL3GTW

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромит

Македонија | пред 1 ден

media-library31l07vf1pj94c7E83Li

Отворена „ТЦ Централа“ во Скопје – симбол на енергетска трансформација

Македонија | пред 3 дена

media-librarymonvddctngbddjDrX6s

Николоски: УМС е домаќин на најголемиот европски настан на кој се усвојуваат нови политики во делот на младинското и студентското организирање

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања