Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Николоски: До крајот на 2029 ќе се вози по автопатот Гостивар–Букојчани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library517bg4486n4gfVonK4X

Александар Николоски изјави дека изградбата на автопатот Гостивар–Букојчани, дел од Коридор 8, се одвива со силна динамика и очекува делницата да биде пуштена до крајот на 2029. Заедно со премиерот Мицкоски и претставници од САД и институциите извршија увид на терен. Се работи на поврзување со автопатот кон Тетово и понатаму кон Кичево, Охрид и Струга, со очекувани економски и туристички придобивки. Експропријацијата е речиси 90% завршена, исплатени се околу 470 милиони евра, а финансирањето оди навреме; вклучени се и факултети за студентска пракса. Работи има и на Тетово–Гостивар и Прилеп–Битола.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, изјави дека изградбата на автопатот Гостивар–Букојчани се одвива со силна динамика и дека очекува до крајот на 2029 година граѓаните да возат по оваа делница.

Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски, времената вршителка на работите во Амбасадата на САД, Никол Варнс, како и со претставници на институциите, извршија увид во изградбата на делницата, која е дел од западното крило на Коридор 8.

— реклама —

Според Николоски, се работи интензивно на секцијата што треба да го поврзе автопатот од Гостивар до Букојчани со постојниот автопат кон Тетово, а понатаму и со делницата кон Кичево, Охрид и Струга. Тој оцени дека проектот ќе донесе значителен економски придонес, ќе ја подобри регионалната поврзаност и ќе придонесе за развој на туризмот и бизнисот.

Министерот посочи дека експропријацијата е завршена речиси 90 проценти, што, како што нагласи, е клучен предуслов за непречена реализација. Досега се исплатени околу 470 милиони евра, сума што, според него, е значајна за буџетот на државата. Тој додаде дека финансирањето се одвива навремено и дека државата ја обезбедува потребната логистика.

— реклама —

Николоски истакна дека градежништвото бележи раст од 21 процент во третиот квартал од минатата година, што го оцени како историски резултат во независна Македонија. Посочи и дека во проектот се вклучени Градежниот и Архитектонскиот факултет, со цел студентите да стекнуваат практично искуство на реални инфраструктурни проекти.

Тој најави дека покрај оваа делница, интензивно се работи и на автопатот Тетово–Гостивар, како и на делницата Прилеп–Битола, со цел да се заокружи современата патна мрежа во западниот дел од државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarybmiga00cqp0f6TLTizh

Николоски: Скопскиот и охридскиот аеродром лидери во регионот, раст на патници и нови линии

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryt8vuk4c0pcqmaskAjEL

Модернизација во Пошта: нови пикапи и комби возила за подобра ефикасност

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg4qotlelsv989kKIZ4A

Николоски: Имаме најниски цени на горивата во регионот

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg4qotlelsv989kKIZ4A

Николоски: Дали Арбен Таравари се уште е во заложништво од скандалот со Ѓока?

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања