Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Николоски и Зеколи-Шаќири: Ја подржуваме професионализацијата во системот на воздушна навигација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
nikoloski-2

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и заменик минстерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири, денеска се обратија на конференцијата во организација на Меѓународната федерација на здруженија на контролори на летање.

— реклама —

Во своите обраќања тие ја потенцираа важноста за професионализација на оваа дејност, суштинска за давање на услуги во делот на воздухопловната навигација.

— реклама —

Министерот Николоски исткна дека Владата и министерството дава подршка на овој сектор преку обезбување на висока професионалност и унапредување на авиосообраќајот во земјава.

— реклама —

„Како потпретседател на Владата и како министер давам подршка за професионализација на оваа дејност. Овде мора да се употребат највисоките стандарди бидејќи нема простор за грешки и волунтеризам. Работиме на тоа да го зголемиме обемот на ависообраќајот во земјава притоа имаме јавен повик за субвенционирање нови линии преку патници во доаѓање. Во моментов тече евалуцација на понудите и наскоро ќе објавиме нови линии од аеродромите во Скопје и Охрид. Имаме идеја која сакам да ја споделам со вас, а тоа е да воведеме и прекуокеански летови од скопскиот аеродром. Имаме голема дијаспора, ова е голема амбиција но ќе повторам ова е само идеја на која треба да работиме но веруваме дека ќе имаме голем бенефит ние и цел регион”- истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Заменик министерката Калтрина Зеколи Шаќири во совето обраќање истакна дека дека Меѓународната федерација на асоцијации на контролори на летање има мисија да ја подобри безбедноста на воздушниот сообраќај, да ја промовира професијата и да ја обликува иднината во управувањето со воздушниот сообраќај.

„Оваа мисија, заснована на професионализам и најдобри интереси на воздухопловството, е целосно неполитичка. За нас во Македонија ова претставува предизвик. Да се ​​чува политичкото влијание подалеку од воздухопловниот сектор и да се осигури дека одлуките се носат исклучиво врз основа на ефикасноста и безбедноста е задача на која нашето Министерство за транспорт е целосно посветено да ја реализира” истакна заменик министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири.

Настанот беше коорганизиран од Македонското здружение на контролори на летање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarym0m9gkp8hijf3mLUncV

Николоски: Бизнис форумот во Будимпешта отвора нови инвестициони можности

Македонија | пред 5 часа

media-library6p39a315gen96uL3GTW

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромит

Македонија | пред 1 ден

media-library31l07vf1pj94c7E83Li

Отворена „ТЦ Централа“ во Скопје – симбол на енергетска трансформација

Македонија | пред 3 дена

media-librarymonvddctngbddjDrX6s

Николоски: УМС е домаќин на најголемиот европски настан на кој се усвојуваат нови политики во делот на младинското и студентското организирање

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања