Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Николоски: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ за 4 години ќе инвестира 10 милиони евра во општина Неготино за инфраструктурни проекти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

,,Прво сакам да му честитам на градоначалникот, на општинската организација на советот, навистина се прави една огромна работа, доволно е само да погледнете околу нас и да видите дека навистина се решава огромен проблем за голем број на жители кои што живеат тука во ова населено место, целосна инфраструктура како што кажа и градоначалникот одвод, довод.

— реклама —

Понатаму, асфалтирање на улиците, тротоарско решение, нешто што ќе го подобри значајно квалитетот на живот на сите овие луѓе тука.

— реклама —

Тука има и доста млади брачни парови со деца кои ќе можат да имаат едно пристојно место за живеење. Јас морам да признам дека е исклучително убава оваа населба и дека ќе е најубавото место за живеење во општина Неготино.

— реклама —

Тоа што ние сме договорени со градоначалникот е дека после парламентарните избори и формирањето на влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, сериозни големи средства ќе влегуваат во општина Неготино. Планираме децентрализација на средствата од буџетот, на државно ниво планираме околу 250 милиони евра годишно да слегуваат во општините.

За општина Неготино најмалку повторувам најмалку ќе слегуваат од 2 до 2.5 милиони евра што значи дека ќе имаме еден циклус четиригодишен од 10 милиони евра кој што треба да ги затворат сите отворени прашања во општината, поврзани со инфраструктурни прашања, како што се канализациони и водоводни системи, пречистителна станица доколку е потребно, асфалтирање на сите улици кои што не се асфалтирани.

Понатаму решавање на сите пешачки патеки, понатаму состојбата со градинките и училиштата, како би можеле после четири години овие прашања да ги затвориме еднаш засекогаш, да има квалитетен живот за секој граѓанин на општина Неготино и на сите останати општини во државата, како би можеле после тоа да решаваме поголеми проблеми.

Така што ќе имаме еден силен инвестициски циклус кој што да најавам ќе почне уште од летото затоа што нашиот план е во текот на месец јуни да ја формираме Владата, веќе јули да има ребаланс на Буџет и онаму каде има готови проекти веќе од август да почнат да се работат тие проекти. Така што сум убеден дека ќе доаѓаме на отворање на многу, многу проекти како што е навистина овој убав проект еве каде што сме денеска.

Исто така денес ќе имаме средба и со земјоделците со претставниците на земјоделскиот сектор каде ќе поразговараме за актуелните состојби во земјоделието. Тие се лоши, тие се катастрофални, пред се од негрижата на Владата за земјоделците да се промени начинот на субвенционирање, тоа доведе до преполовување на земјоделското производство.

Овој начин на субвенционирање на земјоделието не само што не дава резултати, туку ги брка земјоделците од нивите и ги тера да си ја бараат среќата по Германија, Швајцарија, Австрија, да ја напуштаат Македонија тоа е жално и затоа ќе работиме на сериозна промена на системот на субвенционирање, враќање на добрите пракси од минатото и воведување на нови пракси кои ги носи новото време со цел подобрување на состојбата на земјоделците, зголемување на површините кои се под обработка и многу повеќе луѓе да си ја наоѓаат среќата во земјоделието.", вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarym0m9gkp8hijf3mLUncV

Николоски: Бизнис форумот во Будимпешта отвора нови инвестициони можности

Македонија | пред 4 часа

media-library6p39a315gen96uL3GTW

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромит

Македонија | пред 1 ден

media-library31l07vf1pj94c7E83Li

Отворена „ТЦ Централа“ во Скопје – симбол на енергетска трансформација

Македонија | пред 3 дена

media-librarymonvddctngbddjDrX6s

Николоски: УМС е домаќин на најголемиот европски настан на кој се усвојуваат нови политики во делот на младинското и студентското организирање

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања