Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Николоски: Имаме три варијанти за брза пруга, набрзо ќе ја избереме најдобрата траса

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
nikoloski-delnica-Gostivar-Bukojcani_9

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето во Топ Тема на ТВ Телма истакна дека за брзо време ќе се избере трасата по која ќе се гради брзата пруга на Коридор 10.

„Имаме три варијанти за брзата пруга. Во наредиов месец дена треба да пресечеме која варијатна ќе ја избереме. Едната е по Вардарската долина по постојната пруга, втората е малку источно од Вардарска долина над постојниот автопат, значи се качува над Вардар и третата варијатана е таа од 1978 година, проект од време на претходната држава со проектирана брзина од 250 км на час која оди Табановце, Куманово со триаголник до аеродром и Скопје, потоа до Штип, Струмица, Гевгелија и Солун. Цената за изградба е индикативна бидејќи кога ќе имаме проект ќе имаме и цена, односно за брза пруга со две линии е некаде околу 10 милиони евра по километар, што значи ако Македонија треба да изгради меѓу 210 до 225 километри брза пруга тоа би било некаде околу 2 милијарди евра инвестиција“, истакна министерот Николоски

— реклама —

Тој додаде дека паралелно ќе се работи на реконструкција на постојаната пруга на коридор 10 и изградба на нова. Во однос на финансирањето најави дека проектот ќе се реализира во соработка со компании и средства од земји од НАТО, односно нема да се финансира со заеми од Унгарија, Русија Кина и од арапските земји.

Министерот исто така потенцираше дека во моментов се работи на проект за реконструкција на постојната пруга, додека за изградба на брза пруга потребно е време од 5 години откако ќе се изготви проект и ќе се започне со градба на истата.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarybmiga00cqp0f6TLTizh

Николоски: Скопскиот и охридскиот аеродром лидери во регионот, раст на патници и нови линии

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryt8vuk4c0pcqmaskAjEL

Модернизација во Пошта: нови пикапи и комби возила за подобра ефикасност

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg4qotlelsv989kKIZ4A

Николоски: Имаме најниски цени на горивата во регионот

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg4qotlelsv989kKIZ4A

Николоски: Дали Арбен Таравари се уште е во заложништво од скандалот со Ѓока?

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања