Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Николоски: Кога бевме опозиција отворив толку корупциски случаи, не може ова правосудство да не може да процесуира ништо

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarytdi5g94fofqi2wdggDK

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во своето гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, се осврна на повеќе теми меѓу кои и темата за правосудството во земјава. Тој зборуваше за нефукнционалноста на судството, и го посочи како најголем проблем во земјата, при што истакна дека Владата не може да нема слух за истото.

— реклама —

„Проблем е, што или не работат или ги ставаат работите под тепих, или нешто ако сработат најчесто им е да удрат некој бизнисмен. На тоа се сведе судството и обвинителството во Македонија, и на седење по кафани“, кажа Николоски и додаде:

— реклама —

„Добри се закониве, немаме ништо проблем во законите. Мали им се сега плативе. Повисоки плати имаат и од министри, и од премиер, и од претседател на држава“.

— реклама —

Како што вели тој, Владата донела принципиелен став и ги намалила коефициентите за платите на функционерите, а она кое што судиите и обвинителите моментално го бараат се 4 просечни плати.

„Уставниот суд ја укина одлуката за замрзнување на платите, кога наеднаш скокнаа платите за 78%. Ние имаме принципиелен став, дека од ова ниво нагоре платите нема да растат и ги намаливме коефициентите. Ако порано министер бил 3,5%, 3 и пол просечни плати, ако бил пратеник 3 и пол просечни плати, ако бил потпретседател на влада 3,7 просечни плати, премиер 4, претседателот 4,5, сега ги намаливме сега е 2,83. За судиите и за обвинителите да не важело. Па помножете 4 просечни плати во моментов ќе видите колку пари доаѓаат, ќе видите колку е тоа што го бараат судиите“, рече Николоски.

Николоски посочи дека правосудниот систем е проблем број 1 во земјата и за истото не може Владата да нема слух.

„Ние сме најмногу да бидат независни. Нека испорачуваат резултати, нека си работат и ние да немаме дебата, ама ова е проблем број 1. Поразговарајте со било кој граѓанин, ова ви го отвора како проблем број 1. Ние не можеме неми да бидеме. Да велиме само затоа што ние немаме надлежност таму, ние ќе ќутиме“, истакна Николоски.

Николоски укажа дека само тој додека ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција отворил многу корупциски случаи, но никако да се види било каков резултат од правосудството.

„Не може сите случаи да се утнати, од толку корупциски случаи нешто да беше почнато, ако мислат дека не треба нека кажат“, посочи Николоски.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarym0m9gkp8hijf3mLUncV

Николоски: Бизнис форумот во Будимпешта отвора нови инвестициони можности

Македонија | пред 7 часа

media-library6p39a315gen96uL3GTW

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромит

Македонија | пред 1 ден

media-library31l07vf1pj94c7E83Li

Отворена „ТЦ Централа“ во Скопје – симбол на енергетска трансформација

Македонија | пред 3 дена

media-librarymonvddctngbddjDrX6s

Николоски: УМС е домаќин на најголемиот европски настан на кој се усвојуваат нови политики во делот на младинското и студентското организирање

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања