Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Николоски: Обвинителството да го повика Сотир Ампов и да истражи како е во комуникација со Артан Груби, помагање на бегство од правдата е кривично дело

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryhieg2cm8pmjp1jCACXB

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 4, се обрати на денешниот народен митинг во општина Ново Село, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година, чиј слоган е Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина! Николоски се осврна на актуелниот лидер на СДС, Венко Филипче, при што истакна дека Филипче наоѓа договори, а сумата не ја споменува од причина што истата таа сума Филипче ја троши за 5 дена за неговата јахта. И покрај се ова, според Николоски, Филипче јавно кажува дека е во комуникација со Артан Груби, бегалец од правдата, Зоран Заев, а го изостава Сотир Ампов, човек кој што имал фабрика за долен веш, а потоа наеднаш добива работа за надзор на изградба на автопати.

,,Венко Филипче вчера, нашол еден договор во железница на цели 45 илјади евра, внимавајте сумата не ја кажуваат, затоа што 45 илјади евра, Венко за јахтата троши отприлика за 5 дена, ако прави подолга дестинација или побрзо ја вози за 3 отприлика одат само за бензин“, кажа Николоски и додаде:

— реклама —

,,И велат еве тоа е доказот, дека тоа што го правеле додека биле на власт било добро, затоа што и ВМРО-ДПМНЕ со истата компанија потпишала договор. И се фатија за железница која што ја оставија минатата година опустошена. Во двете железнички претпријатија преку 3000 луѓе без плата“.

Николоски посочи дека Филипче, случајно или не, го изоставил Сотир Ампов, кого го нарече главна фигура во целиот конзорциум. Тој додаде дека и покрај очигледните сомнежи, обвинителството веќе една година избегнува да го истражува Ампов.

— реклама —

,,Случајно или не, Венко Филипче вчера заборави да го спомене главниот во целата таа композиција, во целиот тој конзорциум како што го нарекуваа. Оној кој што имаше фабрика за долен веш, ама наеднаш почна да добива работа за надзор на изградба на автопати. И случајно или не, вчера заборави Сотир Ампов да го спомене, неговото семејство и двете нивни фирми коишто случајно или не, обвинителството еве една година одбегнува да ги истражува. Би сакал да ги повикам конечно да почнат тоа да го прават“, истакна Николоски.

Според Николоски, обвинителството треба да испита како може Филипче да биде во комуникација со бегалец од правдата. Тој исто така нагласи дека токму поради ваквите случаи на злоупотреби и сомнителни врски, на претстојните локални избори граѓаните треба масовно да излезат и да стават крај на, како што вели тој, криминалната банда на СДС.

,,А паралелно истиот тој случајно или не, се фали дека е голем пријател на Зоран Заев и еден од ретките којшто комуницира со Артан Груби. Па ако не истражуваат за начинот на којшто работеле во минатото еве од обвинителството, нека истражат како е тоа тој човек во комуникација со бегалец од правдата и мислам дека час поскоро, минута поскоро после ова што го кажувам треба да го повикаат, барем на разговор во обвинителството , затоа што помагање на бегство е исто така кривично дело“, заклучи Николоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarybmiga00cqp0f6TLTizh

Николоски: Скопскиот и охридскиот аеродром лидери во регионот, раст на патници и нови линии

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryt8vuk4c0pcqmaskAjEL

Модернизација во Пошта: нови пикапи и комби возила за подобра ефикасност

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg4qotlelsv989kKIZ4A

Николоски: Имаме најниски цени на горивата во регионот

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg4qotlelsv989kKIZ4A

Николоски: Дали Арбен Таравари се уште е во заложништво од скандалот со Ѓока?

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања