Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Николоски: Предвидените проекти на главните транспортни коридри ќе придонесат за зарбрзан економски и инфраструктурен развој

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library38aep991k2kpfAYTTvI

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста, амбасадор на САД во земјава.

— реклама —

На средбата се разговараше за реализацијата на капиталните проекти со посебен фокус на изградба на автопатите Битола - Прилеп, Кичево -Гостивар (Стража) и Тетово -Гостивар.

— реклама —

САД се долгогодишен стратешки партнер и силен подржувач на Македонија во реформските процеси во државата,  јакнење на институционалните капацитети, владеење на правото и борбата против корупцијата, беше истакнато на средбата.

— реклама —

Стратешкото партнерство меѓу двете земји е гарант за обезбедување на стабилност во земјата и регионот, особено во услови на силни економски и геополитички потреси во различни делови во светот.

Економските односи уште еднаш беа во фокус на разговорите каде беа потенцирани добрите трговски врски меѓу двете земји кои бележат континуиран раст и се од огромно значење за деловната клима и инвеститорите.

Вицепрмиерот Николоски, ја нагласи силната заложба на Владата за економски развој преку реализација на крупните капитални проекти, со посебен акцент на регионалното поврзување и интеграција. Истакна дека предвидените проекти на главните транспортни коридори ќе придонесат за зарбрзан економски и инфраструктурен развој во државата и регионот.

На средбата се нагласи и поддршката на САД во делот на размена на искуства и знаења во различни дејности.

Двајцата говорници потеницираа дека постојат реални можности за интензивирање на економската и трговска соработката и во насока на добрите пријателски односи меѓу двете земји, истакнаа заедничка подготвеност за унапредување на соработката во области од заемен интерес.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarym0m9gkp8hijf3mLUncV

Николоски: Бизнис форумот во Будимпешта отвора нови инвестициони можности

Македонија | пред 4 часа

media-library6p39a315gen96uL3GTW

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромит

Македонија | пред 1 ден

media-library31l07vf1pj94c7E83Li

Отворена „ТЦ Централа“ во Скопје – симбол на енергетска трансформација

Македонија | пред 3 дена

media-librarymonvddctngbddjDrX6s

Николоски: УМС е домаќин на најголемиот европски настан на кој се усвојуваат нови политики во делот на младинското и студентското организирање

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања