Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Николоски: Власта расипнички троши 250 милиони евра за транспортни хеликоптери на компанија поврзана со огромен корупциски скандал во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

За хеликоптерите сакам неколку аспекти за искоментирам, првата работа е дали Македонија во моментов воопшто има потреба од транспортни хеликоптери, бидејќи за да знае јавноста се работи за хеликоптери кои ќе бидат за транспорт на персонал и војници, а за борбени хеликоптери, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски при посетата на Прилеп одговарајќи на новинарско прашање поврзано со набавката на хеликоптери од министерство за одбрана.

— реклама —

Николоски посочи дека со ваква набавка одбранбената готовност на Македонија и армијата со ова не се подобрува, а исто така 250 милиони да се потрошат на ова е расипништво.

— реклама —

Во исто време кажуваме дека 250 милиони евра ќе впуштиме во сите општини во Македонија. Ако само за ова не ги трошат парите, за една година сите општини во Македонија ќе можат веќе да почнат со препород и со решавање на децениските проблеми на граѓаните. Министерката за одбрана на јавноста и должи одговор како е возможно во веќе почнат изборен период, распишани се избори да врши толку голема јавна набавка која треба да ја плаќа следната влада, рече Николоски.

— реклама —

Николоски исто така вели дека мора да се одговори зошто и како баш оваа компанија Леонардо од Италија е избрана а не се избрани другите компании, конкурирале француско-германски огромен конзорциум, шведски и американски производител.

Зошто е избран токму Леонардо, и дали причината за изборот е огромниот корупциски скандал кој беше прв на владата на Зоран Заев, а тоа е набавката на радарски систем од страна на компанијата Леонардо, кој според разговорите кои ги слушнавме во јавност чинел 1 милион евра повеќе од проценетата вредност за што тогашниот генерален секретар на владата Драги Рашковски заврши во затвор. Се дава набавка на компанија која е веќе поврзана со огромен скандал во Македонија. Ова покажува расипничко трошење и за ова ќе има одговорност, ако е прекршен законот, истакна Николоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarym0m9gkp8hijf3mLUncV

Николоски: Бизнис форумот во Будимпешта отвора нови инвестициони можности

Македонија | пред 4 часа

media-library6p39a315gen96uL3GTW

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромит

Македонија | пред 1 ден

media-library31l07vf1pj94c7E83Li

Отворена „ТЦ Централа“ во Скопје – симбол на енергетска трансформација

Македонија | пред 3 дена

media-librarymonvddctngbddjDrX6s

Николоски: УМС е домаќин на најголемиот европски настан на кој се усвојуваат нови политики во делот на младинското и студентското организирање

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања