Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Николоски во Загреб побара поддршка од Хрватска за решавање на проблемот со транспортерите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarydvvn1vmbt6qddeJ3NeN

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски утрово во Загреб оствари работна средба со потпретседателот на Владата на Хрватска и министер за поморски работи, транспорт и инфраструктура Олег Бутковиќ, на која беше потврдена добрата билатерална соработка меѓу двете земји и беше отворено прашањето за актуелните предизвици во транспортниот сектор.

Во фокусот на разговорите доминираше проблемот со македонските и регионалните транспортери поврзан со новиот систем за електронска евиденција за престој во земјите од Шенген-зоната. Николоски потенцираше дека станува збор за суштински проблем кој не се однесува само на Македонија, туку на целиот регион на Западен Балкан, нагласувајќи дека неговите последици ги чувствуваат и компании од Европската Унија кои инвестирале во регионот и се извозно ориентирани кон европските пазари.

— реклама —

Во таа насока, тој побара силна и активна поддршка од Владата на Хрватска за изнаоѓање соодветно решение на ниво на Европската Унија, со кое би се олеснило работењето на македонските и регионалните превозници и би се спречиле дополнителни економски штети.

На средбата беше отворено и прашањето за унапредување на соработката во транспортниот сектор, со посебен акцент на железничкиот транспорт. Двајцата вицепремиери разговараа за можностите за набавка на нови возови и локомотиви, како и за модернизација на возниот парк за потребите на МЖ Транспорт, што би придонело за поголема ефикасност и поврзаност во регионот.

— реклама —

Дополнително, беше разгледана и можноста за зголемување на економската и трговската соработка меѓу Македонија и Хрватска, со фокус на инфраструктурни проекти и потенцијално учество на специјализирани хрватски компании во нивната реализација.

Двајцата соговорници ја нагласија важноста на средбата и потребата од силна поддршка за Македонија во евроинтегративните процеси, изразувајќи заедничка заложба за натамошно интензивирање на економската соработка меѓу двете држави.

Во рамки на денешната работна посета на Загреб, Николоски ќе оствари и средби со претседателот на Стопанската комора на Хрватска, претставници на бизнис-заедницата, како и со членови на Собранието на Хрватска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarybmiga00cqp0f6TLTizh

Николоски: Скопскиот и охридскиот аеродром лидери во регионот, раст на патници и нови линии

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryt8vuk4c0pcqmaskAjEL

Модернизација во Пошта: нови пикапи и комби возила за подобра ефикасност

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg4qotlelsv989kKIZ4A

Николоски: Имаме најниски цени на горивата во регионот

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg4qotlelsv989kKIZ4A

Николоски: Дали Арбен Таравари се уште е во заложништво од скандалот со Ѓока?

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања