Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Николова: За ДПМНЕ е важно само како да прибира политички поени и да манипулира со јавноста

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Daniela-Nikolova-Intervju-Alsat-M

Манипулациите со кои се служи власта се видоа уште кога најавија поддршка за општините од 250 милиони евра. Потоа велеа 100 милиони евра до крајот на годината, за денес да испаднат 65 милиони евра, рече пратеничката на СДСМ, Даниела Николова, на гостувањето во вестите на Алсат телевизија.

— реклама —

- Ќе потсетам само на искуството од минатото, дека кога владеела ДПМНЕ, најмалку од се ја интересирала објективноста, туку само како да прибира дневно политички поени и секогаш тоа биле голи манипулации со информациите кои ги пласираат во јавноста, рече Николова.

— реклама —

Прашана зошто општина Струмица не доби никаков буџет за реализација проекти, Николова рече не е исклучен и политички реваншизам.

— реклама —

- Од искуството што го имаме наназад, може да има услови и за политички реваншизам. Сè уште немам информации дали општините кои ги добија парите ги исполнуваат условите или не, но ќе посетам, ова се случува само кога се ДПМНЕ на власт, рече Николова.

Таа потенцираше дека во времето кога СДСМ беше на власт, редовно се префрлаа пари од централниот буџет за општините каде градоначалници беа од ДПМНЕ и коалицијата и немаше никаква селективност.

- Еве конкретно општина Аеродром, па таму ниту еден проект немаше да се реализира ако не се слеваа пари од централниот буџет бидејќи градоначалникот, сега актуелен министер за надворешни работи Тимчо Муцунски, буквално не реализира ниеден проект од нивната програма во Аеродром, рече Николова.

Јасно е дека ДПМНЕ, освен манипулации со јавноста немаат ниту план ниту стратегија. Тоа се покажа во многу сегменти. Од нивата предизборна реторика, „никогаш Северна, само Македонија“, денес гледаме како го прифаќаат тоа Северна, а и Преспанскиот договор. Од нивните ветувања не видовме ништо, само лаги и манипулации.

-Најсвеж пример е министерот за транспорт за врски, кој за железничката пруга со Бугарија, Коридорот 8, проект започнат во времето на СДСМ, велеше дека средстава ќе ги прнаманува затоа што проектот бил лош и завршувал во слеп тунел. Но откако доби опомена од ЕУ, сега вели дека проектот е добар и ќе се зборува за динамиката како да се гради. Ова кажува дека ДПМНЕ немаат ниту став ниту стратегија, рече пратеничката на СДСМ Даниела Николова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 9 часа

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 11 час

media-libraryg16a1eca1pu85Xs2wiA

Кузеска: Предавникот Мицкоски сака децениска изолација за свои лични профити

Македонија | пред 14 часа

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања