Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Николовски: Да не се лажеме, Владата нема цел да ја внесе земјата во ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
nikolovski

,,Владата нема за цел да ја внесе државата во ЕУ, ги влошува односите со соседите и повторно се враќаме назад. Додека нашите соседи напредуваат, ги слушаме послендите информации за Албанија, рече пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски во емисијата „Објектив“ на националната телевизија МТВ.

— реклама —

-Додека земјите од регионот одат кон ЕУ, нас никој нема да не чека да си зборуваме за фрустрациите. После НАТО, членството во ЕУ е наша стратешка цел и друга алтернатива немаме. На младите генерации им е преку глава од национализам и политикантство. Тие очекуваат реформи, пристап до отворениот пазар на ЕУ и до фондовите како и брзо остварување на стратешката цел за членство, а со тоа и враќање на довербата во системот и европски квалитет на живот за да останат дома. Пример е секторот земјоделството и храна каде со многу работа остваривме силен напредок, ги спроведовме реформите и сме лидери во искористеноста на европските фондови. За жал, оваа Влада не враќа назад и после успешниот скрининг не прави ништо на овој план додека земјите од регионот одат напред и се одвојуваат од нас, рече Николовски.

— реклама —

Клучното ветување во кампањата на ДПМНЕ беше дека ќе ја менуваат преговарачката рамка, ајде сега нека обезбеди промена на преговарачката рамка со одложено дејство на уставните измени, со две раце тоа ќе го поддржиме, нека ги убедат сите земји членки во тоа ние ќе го поздравиме, но знаат дека тоа не е можно, додаде Николовски.

— реклама —

-Да не се лажеме, оваа Влада нема цел да ја внесе земјата во ЕУ, рече пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски, во дебатната емисијата „Објектив“, на МТВ кој додаде дека со ДПМНЕ, денес сите сме понижени од само една средба во Софија од влада која нема капацитет да ја однесе земјата во полноправно членство во ЕУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 7 часа

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 9 часа

media-libraryg16a1eca1pu85Xs2wiA

Кузеска: Предавникот Мицкоски сака децениска изолација за свои лични профити

Македонија | пред 12 часа

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања