Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Николовски: Трипуновски наместо да ја дефокусира јавноста да си поднесе оставка за скандалот со ИПАРД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarybhdl32kn3bvs4zYE8mu

Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, во интервјуто за емисијата „Аргумент +“ на ТВ 24, посочи дека актуелниот министер за земјоделство Цветан Трипуновски по скандалот со ИПАРД програмата, нема кредибилитет да ја врши функцијата и треба да си поднесе оставка.

„Трипуновски, сака да ја дефокусира јавноста и да ја избегне одговорноста и оставката која, што  впрочем и  мора да ја поднесе, заради тоа што нема кредибелитет да ја врши функцијата, заради тоа што се обиде да го скрие целокопниот случај. Прво велеше дека нема опасност за ИПАРД фондовите, и   кога објавивме дека има одлука за суспендирање, мораше да ја потврди. Грам грижа не покажа за сите оние земјоделци кои што набавуваат механизација, оние кои што градат, кои што земале кредити, кои што ги користат овие средства. Тој со денови, молчеше или прикриваше одредени работи, велеше дека нема врска со Платежната агенција, па излезе дека негов близок соработник меѓу опфатените опфатените“, рече Николовски.

— реклама —

Николовски во интервјуто посочи дека и Европската комисија во извешрајот укажува на слабостите во Платежната агенција.

„Европската комисија точно потенцира во поглавјето 11 кластер 5, во делот на земјоделство, конкретно во делот за ИПАРД дека се потребни антикорупциски мерки, нешто што за прв пат е нотирано. Тоа беше доволен аларм, но за жал се случи тоа за што алармирав повеќе пати и од собраниската говорница - сега штетите се големи“, рече Николовски.

— реклама —

Тој додаде дека во моментов поради скандалот со ИПАРД под суспензија се 130 милиони евра кои не може да користат, односно тоа се  453 договори, од кои што 180 договори се во тек на реализација.

„Луѓето ги очекуваат парите, влегле во инвестиции, тоа се многу хотели, фарми, објекти, преработувачки капацитети, мали бизниси во руралните средини, за кои што видовме дека воопшто нема загриженост, како што видовме министерот Трипуновски рече дека  воопшто не биле битни бројките.  Ако земеме во предвид дека сите овие проекти се реализираат од многу компании, подинвеститори, добавувачи - штетите и последиците од овој корупциски скандал во кој што се наоѓа државата, Платежната агенција, се огромни“, рече Николовски.

Во интервјуто Николовски посочи дека втор пат кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт се случува суспензија на средствата од ИПАРД и додаде дека како претседател собраниската комисија, стои на располагање на помогне со  конкретни акциски планови, да не се повтори ИПАРД 1 кога беа тотално изгубени парите и имаше најниска реализација на ИПАРД.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarypmuc4rg3to8mcHpc499

„Нова бомба: Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ОКГ“ , вели Кузеска

Македонија | пред 3 минути

— реклама —
vlada-2024-mickoski

СДСМ со закон: Двојно државјанство да не можат да имаат ниту министри, ниту вицепремиери – од моментов!

Македонија | пред 1 час

media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

СДСМ: Не се создадени услови за укинување на техничката влада и мора да остане

Македонија | пред 1 час

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања