Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Низа инциденти во Скопје: напади, тепачка на Бит Пазар и пожaр во Шуто Оризари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Македонија
media-library1mf4i5o2oikv8Ad7wr4

Физички напади, тепачка по кражба и пожар во куќа – неколку инциденти се пријавени во Скопје во текот на 20 април.

Од МВР информираат дека во 04:30 часот, 58-годишен скопјанец пријавил дека околу 02:45 часот на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од 31-годишно лице од Скопје. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

— реклама —

Во 13:00 часот било пријавено нарушување на јавниот ред и мир на Бит Пазар, каде по претходно извршена кражба во продажен објект, настанала физичка пресметка меѓу две жени на возраст од 56 и 64 години, двете од Скопје.

Истото попладне, во двор на средно училиште во Кисела Вода, малолетник бил физички нападнат од неколку други малолетници, при што бил употребен и тврд предмет. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

— реклама —

Околу 13:00 часот бил пријавен и пожар во куќа во Шуто Оризари, сопственост на 57-годишен скопјанец. Огнот зафатил и дел од ѕид на соседна куќа, но бил изгаснат од противпожарната единица, без повредени лица.

Во уште еден случај, во 21:00 часот, 57-годишен скопјанец пријавил дека околу 15:15 часот во Центар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Според пријавата, инцидентот настанал откако малолетници фрлиле балонче со вода кон мотоцикл и го погодиле во задното тркало, по што возачот ги бркал, стигнал едно од децата и го нападнал, а се обидел да прегази и друг малолетник кој успеал да побегне.

Полицијата презема мерки за расчистување на сите случаи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryufankrd0ebkreVllJME

МВР: Потврдите за платени казни од „Безбеден град“ повеќе не треба да се носат во полиција

Настани | пред 8 часа

— реклама —
media-library52ut6bais8dgdX4Quku

Шест возачи уапсени за безобѕирно возење без дозвола

Македонија | пред 9 часа

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

МВР: Пет пријави за семејно насилство, четворица уапсени

Македонија | пред 10 часа

media-library7fq9g456k7fl60Baf8m

На аеродром Скопје уапсен гостиварец баран со меѓународна потерница

Македонија | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања