Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ноќна полициска акција: Приведен и ексдиректор на ДУИ за финансиски проневери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library4cs1nq6ofkh13QXNepr

Во ноќна полициска акција е уапсен Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги, дознава „Скопје1“.

— реклама —

Заедно со Дардишта се уапсени уште неколку лица, а паралелно се извршени и претреси на повеќе локации низ државата. Од Јавното обвинителство засега не соопштуваат детали за идентитетот на другите приведени.

— реклама —

Бујар Дардишта е кадар на ДУИ и во изминатите години извршувал повеќе раководни функции во државната администрација. Најпознат е по мандатот како директор на Управата за водење на матични книги, а подоцна беше именуван и за управител во ЕСМ Дистрибуција.

— реклама —

Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информираат дека акцијата се спроведува под раководство на јавен обвинител, а во неа учествуваат полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност на МВР.

„Од ноќеска се преземаат координирани активности на повеќе локации во Скопје и Куманово, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела од финансиско-економска природа“, соопштија од ОЈО ГОКК.

Од Обвинителството најавуваат дека повеќе информации ќе бидат споделени по завршување на теренските активности.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library66ntksuu8f0ccZNUhnh

Обвинителската служба доби колективен договор и најавено зголемување на платите

Македонија | пред 7 часа

media-librarygvjkn3rgmo1q7gRNdgY

Обвинителството: Нема застој во предметите за „Пулс“, ЗНМ да гарантираат воздржаност при јавно коментирање на вакви трагедии

Македонија | пред 1 ден

media-library6h6ho6cnbg5n1Nuyr4y

Трка за шеф на Вишото обвинителство и обвинители во ОЈО-ГОКК

Македонија | пред 3 дена

tepa-dete

Го тепал 10-годишниот син со боксови и клоци, па го фатил за коса и го кренал: Нов случај на семејно насилство во Охрид

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања