Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Нов притисок врз Москва: Санкции за нафтата ако нема мир со Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
tramp-putin

Соединетите Американски Држави подготвуваат нов пакет санкции насочени кон рускиот енергетски сектор, со цел да го зголемат притисокот врз Москва доколку рускиот претседател Владимир Путин одбие мировен договор со Украина, објави „Блумберг“, повикувајќи се на извори запознаени со плановите.

— реклама —

Според овие информации, Вашингтон разгледува повеќе опции, меѓу кои и санкционирање на бродовите од таканаречената руска „флота од сенка“ – нелегални танкери што се користат за транспорт на руска нафта, како и трговците вклучени во тие трансакции. Дел од мерките би можеле да бидат објавени уште оваа недела.

— реклама —

Американскиот министер за финансии, Скот Бесент, веќе разговарал за овие планови со група европски амбасадори, во рамки на координација со сојузниците. Целта на санкциите е дополнително да се ограничат приходите на Русија од извоз на енергенси, кои се клучни за финансирање на војната во Украина.

— реклама —

Овие најави доаѓаат во момент кога американско-европскиот мировен план предвидува зајакнување на украинската армија, распоредување европски сили во земјата и зголемена разузнавачка поддршка од САД. Планот треба да послужи како основа за прекин на огнот, но и да ја убеди Украина на територијални отстапки и откажување од формално членство во НАТО.

Иако во Берлин е постигнат одреден напредок во разговорите меѓу САД, Европа и Украина, Русија останува клучната пречка. Москва бара дополнителни отстапки и одбива присуство на сили поврзани со НАТО во Украина, додека западните земји најавуваат дека ќе го зголемат притисокот доколку не дојде до договор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kremlj

Кремљ: Нема да стоиме на страна додека Куба страда

Свет | пред 14 часа

peskov-putin1

Кремљ: Србија е „пријателска и братска земја“, испораките на гас продолжуваат

Свет | пред 15 часа

media-libraryme5079vgccp59EEe3b8

(Видео) Руски аналитичар тврди: „Осудени сме на пораз во Украина“

Свет | пред 18 часа

media-libraryetjmqfmacn7u0iabNim

Рускиот ФСБ разоткри британски дипломат во Москва – мора да ја напушти земјата

Свет | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања