Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Нов закон: Возачите со Б категорија ќе можат да возат мотоцикли до 125 кубици, само треба да имаат четиричасовна обука

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
policija-2

Возачите кои поседуваат возачка дозвола од Б категорија ќе можат да управуваат мотоцикли од А1 категорија, но под строго утврдени услови, предвидува новиот предлог за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Како ќе се спроведува обуката и изгледот на потврдата, ќе ги пропишува министерот за внатрешни работи во рок од 15 дена од стапување на сила на законот. Автошколите ќе мораат да издаваат потврда за посетена четиричасовна теоретска обука за сообраќајни правила и прописи и за тоа да го известуваат МВР.

— реклама —

Предлогот, поднесен од пратеничката група на ЗНАМ, предвидува дека лицата со Б категорија ќе можат да управуваат мотоцикли со автоматски менувач од А1 категорија, со зафатнина до 125 кубни сантиметри и моќност до 11 киловати.

Според нив, правото ќе важи за лица кои имаат наполнето најмалку 23 години, поседуваат возачка дозвола од Б категорија најмалку пет години и имаат завршено задолжителна теоретска обука.

— реклама —

Според предлагачите, целта на законските измени е да се поттикне користењето на мотоцикли како поекономично и поефикасно превозно средство во секојдневието, со што би се намалиле сообраќајниот метеж и трошоците за транспорт.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2usa516otu319IXcNE8

Собранието ја помина првата фаза за укинување на техничката влада со 67 гласови „за“

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
275715101_420339626528230_744779867548015241_n

Ќе има обид да се укине преодната техничка Влада, СДСМ алармира за „шверцерски“ закон

Македонија | пред 21 час

media-library0b8c6746947deE9ySDv

Предлог-закон: Пратеник да може да има само македонско државјанство

Македонија | пред 1 ден

media-librarymqsd4segr0igbhf1sDO

Во Собранието презентирани извештаите на Транспортната заедница за 2025 година

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања