Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Нов закон за Советот на јавни обвинители: зајакната независност и транспарентност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-39-2680PM

На денешната седница, Владата на Република Македонија, по предлог на Министерството за правда, го утврди Предлог-законот за Советот на јавни обвинители, со кој, како што соопштуваат од Министерството, се прави значаен исчекор кон зајакнување на независноста, отчетноста и транспарентноста на јавнообвинителскиот систем.

— реклама —

Со предложените законски решенија детално се уредува постапката за разрешување на претседателот и заменик-претседателот на Советот, која ќе може да се покрене врз основа на образложено барање поднесено од најмалку четири члена на Советот. Истовремено, се засилува улогата на Советот во постапката за избор и разрешување на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, при што се предвидува и можност Советот да поднесе иницијатива за разрешување до Собранието.

— реклама —

Предлог-законот предвидува и зголемена транспарентност во работењето на Советот, преку воведување јавност во второстепената дисциплинска постапка, со јасно утврдени исклучоци кога е неопходна заштита на личните податоци, угледот на странките и други легитимни интереси. Со ова, според Министерството за правда, се воспоставува појасна рамка за јавен увид во работата на Советот, без да се нарушат основните права на вклучените страни.

— реклама —

Во делот на кадровските решенија, се воведуваат прецизни и јасни критериуми за избор на членовите на Советот, со кои се гарантира стручност, професионално искуство и интегритет, по примерот на новиот Закон за Судскиот совет. Дополнително, детално е уредена и постапката за разрешување на член на Советот, со строго дефинирани рокови и јасни критериуми за постапување.

Од Министерството за правда информираат дека Предлог-законот за Советот на јавни обвинители, заедно со Предлог-законот за Јавното обвинителство, добил заедничко позитивно мислење од Венецијанската комисија, што, според нив, претставува дополнителна потврда дека предложените решенија се во согласност со европските стандарди и добрите меѓународни практики во областа на владеењето на правото.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryp2dfqniqeossffhhmkH

Советот на обвинители ја одби Ленче Ристоска: Нема докази за политички притисоци

Македонија | пред 11 час

media-library6sdah25mo14lbbf9Urj

Мицкоски го одби Савески за зголемен буџет за плати на обвинителите: Во тој дел нема да имаме разбирање, но за ресурсите – да

Македонија | пред 1 седмица

media-librarygvjkn3rgmo1q7gRNdgY

Ненад Савески избран за државен јавен обвинител, го поддржаа 66 пратеници

Македонија | пред 1 седмица

media-library271n70jac5nfbQSOCoz

Застој во борбата против криминалот: Пет обвинители кои гонеа организиран криминал останаа без мандат поради ненавремениот избор од Советот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања