Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Нова истрага: Три лица фалсификувале документи за регистрација на луксузни автомобили

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
policija-policaec-35

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, од кои првиот е осомничен за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, додека другите двајца за продолжени кривични дела – Фалсификување исправа од член 378, како и за поттикнување на првоосомничениот да изврши злоупотреба на службената положба.

— реклама —

Во периодот од јули 2020 година до мај 2021 година, првоосомничениот како службено лице – референт во МВР – ОУР Скопје, поттикнат од другите двајца, ја искористил својата службена положба и овластување и со умисла извршил повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на истото дело. Со тоа на осомничените им остварил значителна имотна корист од 174.052 евра.

— реклама —

Вториот и третиот осомничен, во наведениот период, поднесувале фалсификувани документи за регистрација на луксузни автомобили на кои им било извршено прикривање и промена на оригиналните идентификациски броеви. Првиот осомничен, без да ги направи неопходните проверки на целокупната документација, им овозможувал да ги регистрираат возилата и потоа да ги препродадат на трети лица.

— реклама —

За тројцата осомничени, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи постои опасност да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоци или да го повторат делото за кое се осомничени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library66ntksuu8f0ccZNUhnh

Обвинителската служба доби колективен договор и најавено зголемување на платите

Македонија | пред 7 часа

media-librarygvjkn3rgmo1q7gRNdgY

Обвинителството: Нема застој во предметите за „Пулс“, ЗНМ да гарантираат воздржаност при јавно коментирање на вакви трагедии

Македонија | пред 1 ден

media-library6h6ho6cnbg5n1Nuyr4y

Трка за шеф на Вишото обвинителство и обвинители во ОЈО-ГОКК

Македонија | пред 3 дена

tepa-dete

Го тепал 10-годишниот син со боксови и клоци, па го фатил за коса и го кренал: Нов случај на семејно насилство во Охрид

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања