Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Обука во Идризово: Полицијата се подготвува за модерни воздухопловни операции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-libraryijak93c0uj26eH4CH3P

Од 20 до 24 април во Центарот за обука – Идризово, припадници на Одделот за воздухопловни единици при МВР посетуваат обука во рамки на ЕУ Твининг Лајт проект за зајакнување на капацитетите за воздухопловни операции, водена од Фабио Николаи (ENAC) и италијански експерти. Проектот започнал во јануари 2026 и ќе трае 10 месеци, со поддршка од Eutalia и Делегацијата на ЕУ. Целта е усогласување со европски и меѓународни стандарди и зголемување на безбедноста и ефикасноста на полициските активности, вклучително спасувања, пожари и борба против криминал.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Во периодот од 20 до 24 Април во Центарот за обука - Идризово, припадниците на Одделот за воздухопловни единици при Министерството за внатрешни работи, во рамки на активностите од ЕУ Твининг Лајт проектот "Зајакнување на капацитетите на Министерството за внатрешни работи за спроведување на воздухопловни операции", присуствуваат на обука која се спроведува од страна на заменик-директорот на ENAC - Ente Nazionale per l'Aviazione Civile (Агенцијата за цивилно воздухопловство на Италија) г-дин Фабио Николаи, заедно со италијански воздухопловни експерти.

„Твининг проектот официјално започна во Јануари 2026 година и ќе се реализира во период од 10 месеци со директна логистичка и административна поддршка на Eutalia и Delegation of the European Union to North Macedonia, кои имаат клучна улога во неговата успешна имплементација.

— реклама —

Целта на проектот е зајакнување на оперативните капацитети на Одделот за воздухопловни единици во рамките на Министерството за внатрешни работи, со што извршувањето на воздухопловните операции ќе се издигне на ниво на европските и меѓународните стандарди, а истовремено ќе се зголемат безбедноста и ефикасноста на полициските активности.

Одделот за воздухопловни единици има клучна улога во реализацијата на спасувачки мисии, справувањето со пожари, борбата против криминалот како и во поддршката на останатите полициски активности.

— реклама —

Во таа насока, преку овој проект, Министерството за внатрешни работи ја потврдува својата посветеност кон унапредување на европските стандарди и практики, со крајна цел - зголемување на безбедноста на граѓаните“, информираат од МВР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryfgahgj8e42tl9m4VLLa

Посебен сообраќаен режим во Скопје во недела поради меморијална дуатлон трка „Ѓоко Кузмановски“

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryrs32c86tsk4aawdTXmk

(Видео) Уапсен скопјанец, пронајдени оружје, муниција и сомнителни материи

Македонија | пред 5 часа

media-libraryrghoesd5noc53222E2m

Уапсени 12 возачи, еден со 3,95 промили алкохол и 11 без возачка дозвола

Македонија | пред 6 часа

media-libraryk8387nohl9q59RkO77y

Уапсени двајца романски државјани по измама на 83-годишна скопјанка од околу 300.000 денари

Македонија | пред 6 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања