Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Обвинителката Ленче Ристоска бара извинување од ВМРО-ДПМНЕ и им најави тужба, смета дека ја заплашуваат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-08-01-at-12.06.16

Обвинителката Ленче Ристоска, поранешна обвинителка во Специјалното јавно обвинителство, реагираше на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, со наслов „Ристоска – тажен симбол за неправда со државни бонуси и службена картица во служба на Заев и Груби“. Таа изјави дека го доживува соопштението како обид за притисок и заплашување од страна на политичка партија против јавен обвинител, кој во моментов постапува по предмети во кои самата партија е обвинета.

„Јас постапувам по два предмети со кои е засегната политичката партија ВМРО-ДПМНЕ – еден каде партијата е обвинета за перење пари и друг каде има својство на лице врз кое е пренесена имотна корист прибавена со кривично дело. Двете постапки се во фаза на судење, а со судска одлука замрзнати се партиското седиште и уште 68 недвижности опфатени со обвиненијата“, наведе Ристоска.

— реклама —

Таа посочи дека соопштението не е само политичка критика, туку намерен обид за влијание врз нејзината работа како јавен обвинител, бидејќи содржи пораки за „крај“ и „време на вистинска правда“ кои, според неа, претставуваат обид за заплашување.

„Ова е уште еден во низата напади на кои сум изложена изминатиот период“, истакна Ристоска, додавајќи дека документот објавен од партијата содржи невистинити и навредливи тврдења, меѓу кои дека нејзиното професионално делување било инструирано од политички и криминални структури, дека самата си исплаќала бонуси и користела службени картички и дека ја симболизира моралната деградација на обвинителството.

— реклама —

„Барам политичката партија јавно да се извини во рок од седум дена или да ги докаже своите тврдења. Во спротивно, ќе поведам постапка за граѓанска одговорност за клевета и навреда против правното лице кое го објавило текстот“, порача Ристоска.

Таа истакна дека како обвинител има право и обврска јавно да реагира кога се загрозува независноста на обвинителството, владеењето на правото и принципот на поделба на власта, нагласувајќи дека нејзината работа секогаш се темели на заштита на јавниот интерес, без разлика кој е сторителот на кривичното дело.

„Мојата работа е борба со криминалот – и таа не зависи од тоа кој е на власт“, заврши обвинителката Ристоска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryg0o62t6ufrm1fsCBLK2

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryb766v9mr1t78dpbpJfe

ВМРО-ДПМНЕ: Обидите за дискредитација нема да ја промени реалноста дека СДС се соочува со сопствениот политички крај, а ВМРО-ДПМНЕ ја гради иднината

Македонија | пред 13 часа

Screenshot-2024-12-11-202144

Стојаноска: „Ќе видиме кој навистина е за, а кој блефира околу двојното државјанство“

Македонија | пред 18 часа

media-libraryhrf77p58a3h8cbk83Qn

ВМРО-ДПМНЕ: Димитријевиќ се сретнал со Ружиќ – СДС работи со српската опозиција

Македонија | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања