Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Од дипломатската офанзива на Владата и премиерот Мицкоски единствени добитници се граѓаните, рече Лефков

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Lefkov-13.08

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков, кој дискутираше за актуелни теми, за посетата на премиерот Мицкоски и бенефитите од неа како и актуелната тема за менување на грбот и химната.

Уште на самиот почеток Лефков потенцираше дека посетата на премиерот Мицкоски поттикнува меѓународна поддршка и претставува историски момент за Македонија која гради одлични релации со администрацијата на претседателот Трамп и единствени добитници на ваквата дипломатска офанзива се граѓаните.

— реклама —

„Посетата не чини меѓународна поддршка и не чини живеење на едни историски моменти кога премиерот на Македонија, гледате во еден краток период беше единствен лидер од балканот кој што беше гостин на инаугурација, светот гледате дека брзо се менува, се менува глобалната сцена со преземањето на власта на администрацијата на Трамп и гледате дека Македонија за среќа гради и има одлични релации со неговата администрација, со највисоките ешалони, сега е интересно да гледаме како овие од опозицијата успеаваат да ја минимизираат, сакаат да ја релативизираат таа улога, единствени добитници на ваквата дипломатска офанзива можат да бидат само нашите граѓани“, рече Лефков.

Лефков ги потенцираше бенефитите од посетата и истакна дека сето ова коешто се прави од страна на Владата е само на добробид на граѓаните кое резултира со одлично лобирање и обезбедување на меѓународна поддршка кај сите пријатели од Европа.

— реклама —

„Сето ова кое што се прави може да биде само на добробид на граѓаните, односно во светот којшто брзо се менува имаме лидер кој навистина гради историја и е во чекор со она коешто се случува во светот и впрочем тоа ни треба одлично лобирање, одлично обезбедување на меѓународна поддршка кај сите пријатели во Европа, токму тоа што ни требаше, токму тоа што се најавуваше оди онака како што е најавено се со цел да не влеземе во ќор сокак како што многу пати до сега тоа го направивме“, објасни Лефков.

Во врска со актуелното прашање за промената на грбот и химната Лефков беше дециден и одговори дека нема и ќе нема разговор за менување, и потенцираше дека СДС имаат најмалку кредибилитет за коментирање било што во врска со Уставот.

„Нема разговор за менување на химната, нема да има, ниту било кога ќе дозволиме, разговори за менување на грбот се стари и потекнуваат уште пред една декада, во ниту еден случај не се за да се оттргне вниманието од актуелните теми. Меѓутоа ќе ве потсетам на една работа, на еден поразителен факт што дозволи власта на СДС и ДУИ да биде отворен Уставот, практично и да му дозволиме на Талат Џафери да не го почитува, една цела глава во Деловникот кога требаше да го стави на гласање и да го стави во фиока практично да каже дека тој сам ќе го одреди денот кога да се гласа, ние дозволивме отворен Устав, постапка од отворен Устав да биде ставена во фиоката на Талат Џафери така да сметам дека од денешната опозиција коишто функционираа заедно, коишто заедно дозволија отворен Устав да биде ставен во фиоката на една човек не можат да имаат ниту еден коментар дека се заговара вакво или такво отварање на Уставот. Оние коишто дозволија да се прекрши една цела глава од деловникот за да му се дозволи на Талат Џафери да има вонуставни ограничувања тие денеска немаат кредибилитет да зборуваат за евентуално отворање на Уставот“, дециден е Лефков.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryg0o62t6ufrm1fsCBLK2

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryb766v9mr1t78dpbpJfe

ВМРО-ДПМНЕ: Обидите за дискредитација нема да ја промени реалноста дека СДС се соочува со сопствениот политички крај, а ВМРО-ДПМНЕ ја гради иднината

Македонија | пред 13 часа

Screenshot-2024-12-11-202144

Стојаноска: „Ќе видиме кој навистина е за, а кој блефира околу двојното државјанство“

Македонија | пред 18 часа

media-libraryhrf77p58a3h8cbk83Qn

ВМРО-ДПМНЕ: Димитријевиќ се сретнал со Ружиќ – СДС работи со српската опозиција

Македонија | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања